МОДЕРНА ФИЛОЗОФИЈА Најзначајната карактеристика на 19 век (модерната епоха на човештвото) е развојот на науката. Науката за прв пат суштествено се одделува од филозофијата токму во овој период. Се создаваат голем број на посебни науки кои се занимаваат со природата и кои му овозможија на човекот да го освојува светот за себе. Теоријата на Дарвин го потресe светот, а еволуционизмот станува основна позиција на научната мисла. Од настанувањето на цивилизацијата, ова е период на најголем развој на човековите сознанија. Но, науките не се поврзани со филозофијата. Тие градат свои методи на истражување, а филозофијата ги следи науките, кога нешто ќе открие во нејзините рамки, тоа станува основа за појава и развој на поединечните науки. Во овој период и од науките и од филозофијата се очекува да дадат такви сознанија кои ќе бидат корисни за непосредното живеење на човекот. Науката стана производна сила. Се појавува тенденцијата за ограничување на метафизиката и за изградба на филозофијата како позитивна наука. Филозофијата во овој период започнува да се развива како сноп од дисциплини. Сепак на речиси сите Универзитети таа станува основната дисциплина, а филозофите се најзначајните наставници и раководители. Ова е и времето во кое филозофските дела се пишуваат на националните јазици, а не само на латински јазик.
ИМАНУЕЛ КАНТ Кант е основач на германската класична идеалистичка филозофија. Се смета за еден од најголемите умови што го дало човештвото. Роден е во Кенигсберг – Прусија. Во младоста бил домашен учител во богатите семејства а, подоцна станал универзитетско професор. Целиот свој живот го посветил на науката. Во филозофијата бил под влијание на Њутн, Хјум, Русо. Неговиот мисловен развој поминува низ 2 периода: I Предкритички период Во овој период тој се занимава со природо-научни проблеми. Во овој период ја дал својата теорија за потеклото на Сончевиот систем. Њутн мислел дека небесните тела, а со тоа и Сончевиот систем вечно постојат, создадени од вечен творец (Бог). Кант тргнал од овде и сакал од оваа област да ја исфрли теологијата. Според него Сончевиот систем настанал од една хаотична материја чии честички се движат по строгите закони на механиката. Со нивно привлекување и одбивање се формирале планетите а јадрото од оваа материја е Сонцето. Тој рекол – дајте ми материја и јас ќе ви покажам како настанал светот. До оваа теорија, но по математички пат и независно од Кант, дошол и францускиот астроном Лаплас, па оваа теорија е позната како Кант-Лапласова теорија. Денес таа е модифицирана, прифаќана, критикувана, но како и да е таа е важна карика во ланецот на научните објаснувања на настанувањето на светот. II Критички период Централен проблем во овој период е проблемот – човек. Затоа основното прашање во Кантовата филозофија е Што е човекот? Ова прашање има свои три потпрашања: • Што можам да знам? – Логика, на него одговара во своето дело „ Критика на чистиот ум“. •
Што треба да правам? – Етика, на него одговара во своето дело „ Критика на практичниот ум“.
•
На што можам да се надевам? – Естетика, на него одговара во своето дело „ Критика на моќта на судењето“.
Во овие дела тој ја изградил својата оригинална филозофска размисла позната како критицизам или трансцедентален идеализам (поради методот што го применил и резултатите до кои дошол). Кант се обидел да ги надмине спротивностите и недостатоците на емпиризмот и рационализмот. Затоа тој се насочил кон теоретско-познајната и практичната дејност на човекот.
Теорија на познание Во теоријата на познанието тој започнува од судовите. Целото наше познание се состои од судови. Тие можат да бидат: аналитички и синтетички. Аналитичките судови не го прошируваат нашето знаење, предикатот само ја анализира содржината на субјектот и не открива ништо повеќе. Пр.„ Ерген е неженето момче“. Но, овие аналитички судови се и a priori (општи и нужни). Судовите кои не го прошируваат знаењето не се судови на науката бидејќи науката го проширува нашето знаење. Синтетичките судови во предикатот ни кажуваат нешто ново за субјектот, тие го прошируваат нашето знаење. Пр. „телото е тешко“ или „тревата е зелена“, се судови кои го прошируваат знаењето. Телото е тешко, но може да биде и лесно. Тревата е зелена но, може да биде и жолта. Синтетичките судови го прошируваат знаењето, но не се општи и нужни. Тие се a posteriori. На вакви судови неможе да се темели науката. Затоа Кант се обидува да пронајде такви судови во познанието кои ќе бидат општи и нужни и кои воедно ќе го прошируваат нашето знаење. Тој тврдел дека постојат синтетички судови a priori. Дека постојат такви судови, сведочи математиката. Затоа тој нема понатаму да вели дали се можни овие судови, туку како се можни овие судови. Пр. 7+5=12. 12 кој е парен број кажува нешто повеќе од 7 и 5 кои се непарни броеви. Човекот располага со три сознајни моќи: сетила, разум и ум. Кант се сложува со емпиристите дека нашето сознание започнува со искуството, но тоа не е сето искуство. Според него постојат два вида сознанија • Сознанија a posteriori кои потекнуваат од искуството. • Сознанија a priori кои не потекнуваат од искуството. Благодарејќи на она што не е искуство а, е пред искуството и истото го овозможува, човекот може да ги среди осетите еднододруго (простор) и едноподруго (време). Така се надминува хаосот на впечатоците. Позннанието, покрај моќта на сетилноста располага и со моќта на разумот. Таа моќ овозможува она што е суредено од чистата сетилност да се оформува во појава (феномен) односно во предметно познание. Тоа настанува со категориите (најопштите поими) кои според Кант ги има 12 и кои се a priori независни од искуството(според квантитет –едност, мноштвеност и се’; според квалитет-афирмација, негација, лимитација; според релација – акциденцијаесенција, причина последица, заемно дејствување; според модалитет-можностневозможност, стварност-нестварност, неопходност-случајност). Со помош на категориите се плете мрежа на секоја појава, предмет во познанието. Така предметите кои се пред нас и во објективниот свет воопшто се наши плетенки од осети, простор, време и категории. Исто така тие се причинско-последично поврзани. Принципот на каузалитет е a priorna форма на познанието која ни овозможува да сознаваме. Искуството започнува со претпоставката за каузалитетот, за нужните врски кои постојат во светот и стварноста. Искуството без априорното е хаос, а априорното без искуството е празна форма, ништо. Но, човекот поседува уште една моќ- моќта на умот. Умот е способност да се минат границите на појавниот свет. Умот создава идеи. Идеите не се она предметното, тие се нешто кон што се стреми нашето познание а, никогаш нема
да го достигне. Така Кант, вели дека светот постои објективно и независно од нас. Тој свет го нарекол „ствар по себе“. Човекот со своите моќи неможе да ја сознае „стварта по себе“бидејќи таа се наоѓа надвор, од онаа страна на границите на нашето сознание (трансцеденс). Она што човекот може да сознае е „стварта за нас“ (нештата за нас) а, тоа е надворешноста, појавната страна на светот. Затоа велиме дека тој е агностичар. Ако човекот настојува да ја дознае „стварта по себе“ тогаш неговиот ум се заплеткува во противречностикои ги нарекол антиномии: • Дали душата е смрттна или бесмртна? • Дали Бог постои или не постои? • Дали светот има почеток и крај во просторот и времето? • Дали се е нужно или има и слобода и случајност? • (стварите се деливи бесконечно или се деливи на најситни честички, атоми?) Вака Кант, ја урнал метафизиката како теоретска наука. Но, ако идеите неможат да се докажат тоа не значи дека можат и да се побијат. Идеите се потребни за регулирање на практичното поведение без кое неможе да опстои ниту една заедница. Етика Како физичко суштество, човекот мора да се покорува на законите на природата. Но, како морално суштество тој се покорува на својата сопствена волја. Чистата слободна волја си препишува самата на себе еден закон кој Кант го нарекол категорички императив. Овој закон може да се разгледува од две страни: формална и содржинска. Од формална страна тој гласи: постапувај секогаш така да максимата на твојата волја може истовремено да биде и закон за сите луѓе. Од содржинска страна тој гласи. Постапувај секогаш така да човекот ти биде цел а, не средство. За Кант, морално е само она што е сторено од чиста должност. Тоа е она што не е мотивирано со ништо (љубов, симпатија, сожалување). Во неговата етика постои и хипотетички императив. Тој е условен. Делата кои се условени од нешто, може да бидат корисни, дозволени, легални но не се нужни и морални. Од ова може да се заклучи дека Кантовата етика е врв во изразувањето на етичките идеи на просветителството и хуманизмот, бидејќи човекот го смета за нешто свето и го става на прво место. Кант стоел со восхит и стравопочит пред две нешта: ѕвезденото небо над нас и моралниот закон во нас. Токму ова биле тајните кои тој сакал да ги одгатне. Во делото „Вечен мир“ги изложил своите идеи против држењето војска и водењето војни меѓу државите. За таа цел тој го вовел терминот пацифизам. Естетика Во својата естетика тој ги обединува природната нужност и моралната слобода. Според него, теоријата на убавото, естетиката се израз на синтезата на нужното и слободата. Уметникот работи според правила, но нив ги создал самиот тој.
Неговата естетика е формалистичка. За Кант, убаво е она што со својата форма, без интерес, на сите нужно им се допаѓа.