ФИЛОЗОФИЈА СРЕДНОВЕКОВНАТА ФИЛОЗОФИЈА 1лекција: Средниот век и мислата во него 1. Антиката и религијата: -во 2-3век на новата ера настапи нова епоха на човештвото која ја придружуваше и нова духовност, тоа е религијата -и филозофијата стана бликса до религијата 2. Појава на монотеистички религии: -анимизам=верување дека сите нешта се одуховени -магија=постапки за здобивање на наклонетост од силите и божествата -мистерии=заедници и обреди на особено почитување на некое божество со специјални карактеристики, кое има последици за човековиот живот -основен и најраширен бил политеизмот=вера во повеќе богови -прва монотеистичка религија бил јудаизмот. Јудаизмот е вистински и дејствен монотеизам. Има еден Бог, кој е апсолутен и надреден над се во вцелената и животот. Тој го создал светот од ништо, со својата воља и дејство; ги создал сите пројави во светот, меѓу кои и живите суштества; тој го создал човекот, кого што особено го сака и се грижи за него. Бог му е надреден на човекот како негов создавач, строг господар и неприкосновен судија. -античките филозофи помогнале во ширење на духоот на монотеизмот -по јудаизмот е создадено и христијанството(прва универзална монотеистичка религија) -монотеистички религии: Јудаизам (Стар Завет) Христијанство (Стар и Нов Завет) Ислам ( Коран) 3. Духовна универзалност: - Јудаизмот, христијанството и исламот имаат иста духовна и етичка основа -Бог бара единство на мислите и делата од секоја единка и од секоја заедница=единство на духовните стремежи. -Верата во Бога е најбитна карактеристика и етички дострел на човекот 4.Односот меѓу религијата и филозофијата: -религијата станува надредена над филозофијата -се развива мистиката=приклонување кон Бога со внатрешна посветеност -има само една вистина. Неа Бог ја искажал преку откровението, јавувајќи им се на пророците или претставувајќи ја преку разни дела. -во таа епоха главна духовна дејност е теологијата=наука за Бога, филозофија за Божјите нешта, пораки и намери. -Филозофијата се претвара во слугинка на теологијата. -Идеја за 2 света-Божјиот ии земниот, оној и овој, идеалниот и ограничениот, духовниот и световниот. 5.Теократски општества: -општествата тогаш биле теократски (теос=бог, кратеин=владеење)
2лекција: Раѓањето на христијанството 1.Исус Христос: -неговиот живот и пораки се опишани во 4евангелија од неговите ученици Матеј, Марко, Лука и Јован, како воведни делови на Новиот Завет. -Од разни зборови на Христос (Беседа на Гората-едно од најпознатите морални извори на човештвото, кој ги инспирира луѓето за етичкото сознание, соземање, определба и соодветно постапување) -Исус најмногу го бара простувањето, зошто со тоа се возобновува довербата меѓу луѓето -Неговот етичко правило гласи: “Се она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие!“ -На крајот на светот ќе се одржи Последен суд (со кој заседаваат Бог и Исус) и таму ќе се оцени кои души вечно ќе страдаат, а кои ќе бидат спасени. -Кај Исус е претставена одговорноста на луѓето за еден совршен морал, кој е израз на добрата воља во човекот и кој треба да гради братство меѓу луѓето -на 33год бил осуден во Ерусалим и е распнат на крст. Тој воскреснал во мугрите на Велигден. 2. Христовата љубов: -Основната вредност за Исус е Љубов, тој поттикнал религија на љубовта наспроти строгиот јудаизам. -Исус бил апсолутен светец -за тајната на постоењето најважни се добри односи меѓу сите луѓе со добра воља на светот -Великиот завет, порака, молба и барање од Исус, како смисла на христијанството и на сета човекова посојба на Земата гласи : “Љубете го ближниот свој како себеси!“ 3.Почетоците на христијанската религија: -12 апостоли тргнале низ сите краишта да ја пренесат веста за Христовото воскресение -новата религија е наречена христијанство според својот пророк -најзначаен творец на оваа религија е апостолот Павле -зборот религија потекнува од поврзани во заедница -Св.Павле објаснил дека клучот на живеењето и на надежта се верата во Христа, љубовта кон него и следењето на неговите поуки и дела -целта е да изврши преродба на личноста, да се создаде нов човек, со тоа што ќе се развие неговата подобра страна -Луѓето треба да живеат во суштествена заедница со Христос—преку врската во црквата како религиозна заедница -Св.Павле понудил оптимистички поглед 4.Настанувањето на христијанската филозофија: -Хрис.прво било религија на сиромашните и потиснатите и се обединиле во општини -први филозофски толкувачи на христијанството-апологети(Јустин Маченик и Климент Александриски -почетната христијанска филоз. се нарекува патристика-мисла на првите црковни духовни Отци. Најпознат бил Ориген(имал желба да ги помири христијанството и платонизмот) 3лекција: Августин 1. Латинската патристика: -дејноста на првите латински христијански мислители е наречена латинска патристика
Тертулијан: -првиот латински христијански мислител -дело: “Апологија“-ја негира филозофијата како нешто паганско -изрека: “Верувам затоа што е апсурдно“ Лактанциј: -беседник -истакнувал дека човековото срце е Божји храм Свети Хиероним: -ја превел Библијата на латински јазик Амброзиј: -според него царот треба да му служи на Бога 2.Аврелиј Августин: -најпознатиот теолог од првите векови на христијанството и највлијателен автор на западното христијанство се до Тома Аквински -попознати дела: “За Божјата држава“, “За христијанското учење“, “За среќниот живот“ , “Исповеди(зборува за смислата на човечкиот живот)“ 3.Сомневање и извесност: (според А.А.) -Августин го брани христијанството -во делото “Солилоквиј“ воскликнува: “Сакам да го сознаам Бога во душата! Ништо повеќе!“ -дал теориски придонес за самоизвесноста. Првата извесност на А.А. е поврзана со нашето мислење-ако се сомневам, значи дека постојам -Бог е извор на за сето постоење и најважна е верата -А.А. вели: “Верувам за да разберам“ -се е предестинирано(однапред определено, па така и нашиот спас) -според А.А., кај човекот најважна волјата. 4.Божјата држава: -најзначајно дела на А.А. е “За Божјата држава“: дава прва филозофија на историјата. Зборува за развитокот на две држави-земна и Божја. Пред да го создаде светот Бог имал план за овој развиток. Историјата е нешто сеопфатно и неделиво. Го истакнува единството на човечкиот род, како нов поглед на светот кој произлегува од универзалноста на религијата.
4лекција: Византиска филозофија 1. Христијанството и Византија: -Константин во 324година стана единствен император, а христијанството го прогласи за официјална религија на Царството. -Во 330година Константин, го определил Визант во Босфор за главен град на Царството наречен е Константинопол(Словенците-Цариград, од Турците-Истанбул) Така започнала историјата на Византија. -неколку пати имало големи судири по теолошки и политички прашања меѓу источното и западното христијанство, што резултирало со раскол во 1054год: православие (ортодоксија-православие, целосна согласност со изворното црковно учење) и католичанство (католикос-она што се однесува на целината) 2.Висантиската култура и филозофијата:
-во Бизантиската култура се појавуваат траги од старохеленската и од римската култура=христијански дух -главна вредност е побожноста -државата е теократска, а културата религиска -Атинската Академија е затворена во 529год. заради сомневања за нејзината нехристијанска дејност -главен центар бил Александрија 3.Првите бизантиски филозофи: -се сметаат Ориген и другите апологети на христијанството(Атанасиј Велики, Василиј Велики, Григориј Назијански, Григориј од Ниса и Јован Златоуст) -Филозофијата и теологијата од првиот период на визнатиското христијанство е блиска со неоплатонизмот(има идеи слични на христијанските), во тоа се истакнува ПсевдоДионизиј Ареопагит 4. Псевдо-Дионизиј Ареопагит: -Бог: позитивна теологија(добро, светлина, убавина) и негативни определби(бесконечен, несоздадден, неограничен..) -Бидејќи Бог е е непознат и дедофатлив, зашто има трансцедетална суштина, сознанието за него има посебен метод и напредува преку негативни дефинирања, ова е негативна или апофатичка теологија -суперлативна теологија-кога за Бог се зборува дека е над-Битието, над-доброто, надживотот, совршен, најзначаен... -мистичното незнаење бил вистинскиот однос со Бога. Бог е совршено единство на светот, тој е Едно, тој е почеток и крај на сето множество, се поаѓа од него и се се враќа таму. -неговите поставки влијаеле и во источната и западната теологија 5.Јован Дамаскин: -во неговото дело “Извор на знаењето“го систематизира сето тогашно знаење, а и прави спој на мистицизмот, догматизмот и рационализмот -смета дека верата доаѓа пред разумот -Бог е нетелесен, неменлив, непропадлив, несфатлив и неспознатлив, бескраен и недофатлив. Бог е од онаа страна на реалноста што ни е достапна. Бог ја поседува бескраен и безграничен океан на реалноста -во реалноста има само поединечни нешта, кај нив разликуваме супстанција(суштина) и акциденција(предикати) -ставот од можноста да ја загуби егзистенцијата човекот може да го надмине си приближувањето кон Бога. -поборник на иконофилството, а против иконобарството(отфрлање на икони -вистината се содржи во откровението 6.Византискиот хуманизам Фотиј: -дела:“Библиотека“ и “Лексикон“ -бил учител и покровител на Светите Кирил и Методиј и инспирација за нивната просветителска мисија Михаил Псел:-според ориентацијата е платонист -неговиот идеал е поврзување на филозофијата, реториката и политиката -поимите се од Бога
-до вистината се доаѓа по пат на внатрешното, непосредно просветлување, додека рационалното, разумското е потчинето на ова и е второстепено Јован Итал:-твдрел дека умот е единствена основа на знаењето 7.Спор околу исихазмот: -исихазмот(молчење, живеење во молк, внатрешна концентрација, духовно спокојство), развиено меѓу монасите од Атос(Света Гора) -патот до Бога и до сознавањето на Бога се води преку доживувањето на Божјото присуство во душата. - претсттавници биле Симеон Нови Богослов и Григориј Синаидски. -спор меѓу Варлаам и Григориј Палама 8. Крајот на Византија -На самиот крај на Византија,кој се случил со заземањето на Цариград од османлиите се појавил Георгиј Гемистос Плетон со делото “Опис на Законите“
5леција: Првите словенски просветители 1.Просветлување на словените: -Кирил и Методиј -родени во Солун, учеле во Цариград, Методија право, Кирил филозофија -религиозни мисли: Арапите, Хазарите и Моравската -Моравската мисија: да ги покрстат и описменат Словените, создале нова азбука глаголица и превеле-создале први словенски книги -Кирил изнел теорија на културата и дал објаснување за нужноста да се употребува својот јазик -Методиј го напишал првото правно дело на Словените -Св.Кирил и Методиј од Папата Јован ПавлеII биле прогласени за сопокровители на Европа 2. Првата дефиниција на филозофијата: -творец е Кирил: Филозофијата е разбирање на Божјите и на човековите нешта, за човекот да може да му се доближи на Бога. Таа го учи човекот со делата да биде слика и суштина на Оној што него го создал. -етичка дефиница на филозофијата-љубовта кон мудроста -Кирил ја насочува човековата интелектуалност да го пронајде она што е вистинско и добро -Св.Кирил е автор на првото оригинално теолошко дело на словенски јазик -Методиј имал текст со наслов: “За вистинската вера“ 3.Седумте численици: -Св.Кирил и Методиј и нивните ученици Седум численици(Климент, Наум, Горазд, Сава и Ангелариј) 4.Свети Климент -основал прв словенски Универзитет -изработил нова словенска азбука-кирилица -првиот словен кој станал епископ -укажува на единството на мудроста и моралноста -поучно слово “За празниците“ или “Поука кон луѓето“
-бара луѓето да се надминуваат еден со друг со добрина -етичката порака е изразена во форма на категорички императив “Тргај се од злото и прави добро“ -најучена личност во македонската култура и нај најзначаен етичар 5.Богомилите: -верска секта инспирирана од тогашните дуалистички учења -основата им е во мислата на Заратустра -го добиле името според основачот/водачот на сектата-поп Богомил од околината на Велес -учеле дека има 2 бога-добар и лош -за нивното учење се дознава од делото на Презвитер Козма: “Беседа за ереста“ 6лекција: Арапска филозофија -Настанок на арапската филозофија(исламот) е почетокот на средниот век.610-632 во арабија. (монотеистичка религија) -Света книга-Коранот(Алах го објавува патоказот и божјата волја и заповедите) -Во коранот се наоѓаат основните божји намери и цели. -Со појавата на хиџра се смета исламското време. -Волјата на бог е безмерна тој еден семокен и сезнаен.Тој е творец тој е вистината.Бог има два атрибута праведност и љубов. -Според Коранот суштината и вистинската цел на човекот е да ги асимилира божјите атрибути. -Шартови-услови *5 столбови на исламот-морални норми --Лугето мора да живеат во заедница и коранот дава значење за егзистенцијата на земјата и мир. *Основна поделба: 1.Сунити(Го бранат правоверниот ислам и се против останатите) 2.Шиити(Само Али и неговото потомство имаат право да бидат водачи) 3.Хариџити(сметале дека водачот треба да биде избран слободно од верниците) Поделбата е направена според верскиот водач. 2)Теолошко филозофски правци -Мутазилизам( Строги рационалисти све треба да се суди со умот,они се против детерминизмот. Основач е Васил Ибн Ата) -Ашаризам(Обид да се создаде ортодоксна исламска теологија. Веруваат во догмата и не сакаат иновативности во исламот. Најпознат бил Ал Ашари) -Ихван Ал Сафа(Цел е да изградат етичко духовна заедница. Името значи вистински пријатели односно верни другари.Проповедаат мир во светот-светска религија. Оној кој прави добро се нарекува мудрец, филозоф и совршен човек) *Софизмот-Животен принцип е верската посветеност и моралната строгост.Суф(волна). Основно е срцето а не размуот. Софистот е посветен на служење на бога. *Првите Арапски Филозофи 1.Алкин (потомок на мухамед. Крајна цел на филозофијата е адекватно и сигурно сознание на бога,сакал да воспостави согланост мегу религијата и филозофијата) 2.Ал Фараби(наречен втор учител по Аристотел. Сите дела се поврзани со аристотеловиот органон. Со логиката ја разликуваме вистината од невистината и целта
на филозофијата е доагање до вистина. Поврзува религија и филозофија) 3.Ибн Сина (латински име Авицена. Бог е творец.) *Критика на филозофијата 1.Ал Газали (студирал кај суфистите. Мистичните елементи се најбитни за верата.Бог е творец. Тој е конечна причина основа на сите суштества.Ги критикува филозофите. Сознанието е вовед во сознанието на Бога.) *Мислители на Исламскиот запад 1.Ибн Баџа(ова светло во срцето е мисла преку која срцето ги гледа нештата) 2.Ибн Туфаил(бил судија и лекар.Доагање за едно највисоко нетелесно и нужно суштествување кое влијае на човековот однесување. Пред се е здравиот разум) 3.Ибн Рушд(сите дела му се одбрана на филозофијата, за тоа се залага.Целта на религијата е определена со филозофски термин.Според него има 3вида луге и тоа: филозофи(се занимаваат со докажување) , теолози (пренесување на официјалното учење за да донесат на обичните луге) и обични луге. Филозофијата според Рушд е билзначка на религијата.Двојната вистина е најдобра според него. 7лекција: Тома Аквински 1)КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКОЛАСТИКАТА -После големата преселба на Народите се уништени последните останки на Римската империја на запад и се појавуваат нови држави кои немаа развиено култура. Тогаш се јавува потребата за да се изгради нова филозофија за христијанството. -Стремежот во Западна Европа во развиениот Среден век за обнова на теолошката мисла со посебен осврт врз идеите на Аристотел е наречен сколастика (скола=школа,расправа, истражување). -Филозофијата и натаму имаше улога на “слугинка на теологијата” , помагаше рационално да се образложат и толкуваат верските ставови, што беше задача и на Црквата. -Во овој период на запад почна осамостојување на филозофијата, преку оригиналните толкувања на религиски погледи од филозофска гледна точка. -пројави во духовна смисла-ставот има две вистини-религиозна/догматска и научна/филозофска. -развивање на училишна дејност-почнуваат со работа и првите Универзитети во Болоња,Париз,Италија,Англија,сите се основани од црквата или со нејзина дозвола -создаден е Индекс на забранети книги, список на дела за кои верските авторитети сметаат дека се во расчекор со догмата ( востановено,неменливо,основно учење ). -при студирање студентите мора да ги научат одговрите така како што се одобрени-метод на катехеза -подоцна поимот сколастика станува погрден збор со кој се означува неинвентивна, повторувачка мисла,догматски начин на мислење -со сознанијата донесувани од исток имало промени во погледот на светот, биле кренати најголемите цркви кои придонесувале за културниот развиток на граѓаните, имало развиток и во музиката,сликарството,театарот,литературата итн. -големите градови како Фиренца станале големи културни центри и имало личности како Данте Алигиери кој со своето дело Божествена комедија пишувана со теолошки дух, навестува сосема нова духовност -почнале да се користат националните јазици -појава на секти,кои се појавувале за да нагласат една страна на верата,а всушност се спротивставувале на официјалната религија (дуалистички секти патарени, албигензи, катари)
-значајни и Осумте крстоносни војни, потикнати од религиозниот занес за конфронтација со Исламот од стремежот да се ослободи Ерусалим -еден од изворите на сколастиката и развитокот на филозофијата е арапското,а донекаде и византиското духовно творештво 2)НАЈЗНАЧАЈНИТЕ СКОЛАСТИЧКИ ФИЛОЗОФИ Сколастиката од IX век до зачетоците на ренесансата Јохан Скот Ериугена -прв мислител бил Јохан Скот Ериугена, кој најпознато дело му е “За поделбата на природата” -сметал дека верата и филозофијата не се исклучуваат, зошто двете го проучуваат Бога, а вистина е само тоа што е утврдено со разумот. -според него се е Бог, тој е насекаде, Бог е идентичен со природата. Има четири вида природа: несоздадена и творечка (Бог во чистиот вид), создадена и творечка (идеи), создадена и нетворечка (свет на тела) и несоздадена и нетворечка природа (Бог како крајна цел). Анселмо Кентербериски -пишувал за вистината и логиката,како и за онтолошкиот доказ за постоењето на Бог (дела Прослогион и Монологион) -Се враќа кон идеите на Августин- вистинското сознание е она што е постигнато преку верата. Верата е претпоставка за умот. Верата е доволна за самата себе,но сепак бара доказ за своите ставови. -Анселмо изградил онтолошки доказ за божјото постоење,која се докажува со идејата што ја имаме за Бога,неа ја имаме сите што е доказ дека Бог постои. Бог е апсолутно совршенство, истовремено најреално,најпостојно суштество -голема филозофска расправа која се водела за проблемот на универзалиите. Три струи за ова прашање: реалистите тврделе дека идеите постојат , единечните нешта се менливи, се се случува според општиот закон идеите се пред предметите и управуваат со нив; номиналистите тврделе дека општите нешта се само имиња,а постојат само единечните нешта,ова го изучувал Росцелин за кого општото е празен збор,а реално есамо индивидуалното. Спротивен одговор на тоа дава Гијом од Шампо за кого постои само универзалниот човек чија слика ја создал Бог. Концептуализмот е средна струја,за која идејата е општ поим. Пјер Абелар тврди дека универзалиите не се пред нештата,ниту по нештата,туку во нив. -силна станала и мистичката струја,која добивала инспирација од арапските филозофи. Бонавентура и Александар од Хал ,ја сметале филозофијата како напор да се определи сигурен пат кон Бога,дека треба да се сознае и докаже тоа што е најопшто. 3)ТОМА АКВИНСКИ -неговиот учител Алберт Велики настапил против Платон и Августин ,а го подржал Аристотел за христијанските учења.Правел разлика меѓу филозофското и теолошкото сознание. -Тома Аквински се воодушевил од учењата на Аристотел и имал желба да ги возобнови -негови дела се “Теолошки Зборник” и “Зборник против неверниците” -направил систем на сколастиката,бил систематичар на католичката догма врз основа на Аристотеловото учење -вистина на верата (теолошки вистини и вистини на разумот(филозофски)-се во согласност, но сепак први се теолошките) -Бог го создал светот од првата материја, Бог е чиста форма,чист акт,чиста реалност,чист ум и вистинска мудрост.Божјата воља се стреми кон најдоброто,најразумното -познанието почнува со сетилата,но општите поими се дадени на три начини: во умот на Бога, во стварите,во умот на човекот. -цел на човековиот живот – да се постигне блаженство во кое тој може со свои духовни очи непосредно да го гледа Бог(да контемплира) -државата е највисок човеков производ
-монарховата власт е израз на Божјата воља -Папата е намесник на Христа и треба да е над сите земни владетели -телата на поданиците им припаѓаат на световните власти,а душите на црквата -бара казнување на еретиците