Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Факултет за туризам и бизнис логистика – Скопје
Проектна задача по предметот Меѓународна трговија
Тема: Meѓународен франшизинг
Ментор:
Изработил :
Вон. Проф, Д-р. Марија Ацковска
Дарко Димчевски 173548
Асс. М-р Оливер Филипоски
Содржина Апстаркт ......................................................................................................................... 3 Франшиза како начин на работа................................................................................... 4 Предности и недостатоци на франшизата .................................................................. 6 Меѓународен франшизинг и франшизингот во Република Македонија .................... 8 Заклучок ....................................................................................................................... 11 Користена литература :.............................................................................................. 12
2
Апстаркт Поимот франшиза во англиската терминологија означува привилегија, право,
лиценца. Неговото
потекло е од францускиот јазик
и означува
ослободување од некој товар, осигурување од некои штети и сл. Франшизата е всушност деловен брак помеѓу два субјекта кои остануваат правно независни. Практично со франшизата се врши трансфер на технологија на работење.1 Меѓународната претприемачка асоцијација ја дефинира франшизата како: Франшиза е континуирано сродство помеѓу продавачот на франшизата и купувачот на франшизата, во коешто целокупното значење, имиџ, успех, производствени и пазарни техники на продавачот на франшизата се доставени до купувачот на франшизата за разгледување. Продавачот на франшизата се нарекува франшизер а купувачот на франшизата е франшизант. Поради се поголемата популаризација на франшизата во бизнис секторот, формирана е Меѓународна Франшизинг Организација (IFA) а постои и Европска Франшизинг Федерација. Кај нас постојат скромни искуства по прашањето на купување на франшиза, како што се: Пивара Скопје со Coca Cola, Пивара Прилеп со Pepsi Cola, McDonald's, Holiday Inn, некои производители на цигари, козметички салони, школи за странски јазици и др. Во Европа доаѓа до брза експанзија на почетокот на осумдесттите години на минатиот век, додека во САД тоа се случило значително порано.Како попознати продавачи на франшиза се: McDonald's, Service-Master, Coca Cola, Pepsi Cola, Holyday Inn, Pizza Hut, Burger King.
Клучни зборови: франшиза, франшизер, франшизант, лиценца .
1
Надворешна трговија, проф. Д-р Аритон Жиков и Доц. Д –р Ирена Кикеркова, 2000 година
3
Франшиза како начин на работа Кога ќе се купи франшиза, се станува дел од голема организација со сите предности што одат со тоа. Рекламирањето на поширок регион со реклами подготвени
од
централата
е
само
дел
од
предностите.
Процентот на продадени франшизи, според неодамна собраните податоци, е
малку
поголем
Постојат
неколку
од
независните
типови
на
франшизи
бизниси. и
тоа:
1. Франшизите на производот. Карактеристика на ова работење е тоа што дилерите имаат право да дистрибуираат стока, а за тоа плаќаат надомест. 2. Производствена франшиза има широка употреба во индустриј ата на безалкохолни пијалоци. Дилерот има ексклузивно право да произведува и дистрибуира
производ
во
одредена
област.
3. Бизнис франшизата е најпопуларна форма на франшиза. Понудувачот на франшизи нуди широк спектар на услуги, а за тоа прима одреден надомест.2 Карактеристики кои што ги одликуваат успешните купувачи на франшизата се маркетинг, стратешко планирање, обука, подготвување на оперативните прирачници
и
стандатрди,
како
и
контрола
на
квалитетот.
Купувачите на франшизата треба да извршат сопствени испитувања на пазарот
за
да
го
проценат
бизнисот
во
којшто
влегуваат.
Купувачот на франшизата плаќа договорена сума, а за возврат добива право да: •продава
извесен
производ
•користи
некое заштитно име
или
услуга
•користи заштитни знаци Две
дополнителни
карактеристики
се:
• користи техника на операција или технолошки процес којшто го поседува продавачотна
2
франшизата
Претприемништво – прирачник , Марија Магдинчева Шопова
4
• Купувачот на франшизата се согласува да одржи одредени стандарди на операциите специфицирани од продавачот. Пред да се одлучи дали ќе се купи франшизата и дали да се отпочне со таков начин на работењето треба да се изврши детална проценка на квалитетот на понудената франшиза. Бидејки не се сите франшизи исти, има добри франшизи и помалку добри, па може да се каже и лоши франшизи. 3 Дел од проценката треба да ја изврши самиот купувач на франшизата бидејки и тој поседува одредени сознанија за бизнис со кој сака да се занимава, додека останатата проценка најдобро е да ја направи адвокат кој има искуство во слични договори. Бидејки продавачите на франшизата се искусни имаат потпишано повеќе договори и често пати со „ситни букви“ ставаат одредени членови кои во понатамошен тек на работењето добиваат големо значење и може да претставува голема обврска за купувачот на франшизата. А може и финансиска штета да биде нанесена со невнимателно потпишување на вешто составени договори. Затоа е најдобро да се напише листа за проверка и да се проверува секоја реченица и секоја можна ситуација за да се обезбеди сигурност во понатамошниот тек на работењето. Франшизата е продавање на know-how, кој се пренесува преку прирачник (Operating Manual) и е деловна тајна. Знаењето може да се пренесува и усно, преку обука и со консултанции. Со франшизата се врши трансфер на технологија на работење. За да успее франшизата потребно е континуиран однос помеѓу продавачот и купувачот на франшизата. Односот продавач и купувач на франшиза е однос на симбиоза. Едниот му дава на другиот нешто што не би го имал кога би бил сам. Од оваа врска и двајцата добиваат и тие се меѓусебно зависни. Давателот на франшиза обично нуди и други видови услуга на почеток на работата.
3
Надворешна трговија, проф. Д-р Ирена Кикеркова , 2006 година
5
Предности и недостатоци на франшизата
Основни предности:
1. со користење на франшизинг-системот, се намалува ризикот од евентуален неуспех на новите претпријатија. Бидејќи се развиени и стабилни претпријатија
им
продаваат
франшиза
на
други,
новоотворени
претпријатија. 2. Сите клучни операции во процесот на производството и продажбата претставуваат разработен систем на работа. Ова влева надеж во успешноста на работењето. 3. Претприемачот има пристап до сите техники, па не му треба големо искуство во работењето, односно тој може веднаш да започне со работа. 4. Шпекулациите и манипулациите во работењето се минимални, бидејќи постои систем на контрола од страна на продавачите на франшизата. 5. Предноста да се привлечат поголем број потрошуачи отколку оддлените претприемачи и да се борат во конкуренција. 6. Предностите
на
франшизата
овозможуваат
добивање
различни
консултантски услуги, обука за менаџерите, маркетинг и др. 7. Голема предност за купувачот на франшизата е можноста за добивање финансиска помош преку финансирање на почетните активности во работењето. 8. Продавачот на франшизата обично помага при изборот на адекватни локации.
6
Основни недостатоци:
1. Продавачот на франшизата диктира темпо и поставува правила на однесување кои мораат строго да се почитуваат. 2. Бидејќи условите за работење ги поставува продавачот на франшизата, очигледно се јавува нерамнпоравност при донесувањето на одлуките. 3. Договорот го ограничува трансферот на сопственоста. 4. Купувачот на франшиза може да биде оштетен, бидејќи, во согласност со договорот, опремата и суровините мора да ги купува само од фирми одобрени од давателот на 5. франшизата. 6. Се смета дека со франшизинг-системот се зголемуваат трошоците за работа за 2-6%. 7. Корисникот на франшизата му плаќа на продавачот одреден процент од годинешниот профит, со што го намалува сопствениот профит. 8. Проблемите во франшизинг системот се заемни и за купувачот и за продавачот, бидејќи се поврзани во еден единствен систем на работа и дејствување. Тоа значи дека со лошото работење на купувачот на франшизата ќе му се наштети на угледот на продавачот на франшизата и обратно. Па затоа и продавачите на франшизата не се лесни при продажба и склопување на договор со купувачот.4
Тезата дека идентитетот на претприемачите се губи со франшизингсистемот некои автори ја отфрлаат со образложение дека независноста на претприемачот не може да биде апсолутна и дека честопати во практика тоа е многу тешко да се процени. Секое мало претпријатие е дела од широката мрежа на економска поврзаност и од некого зависи.
4
Претприемништво – прирачник, проф. Марија Магдинчева Шопова
7
Меѓународен франшизинг и франшизингот во Република Македонија Меѓународен франшизинг
Меѓународниот франшизинг е истовремено и офанзивна и дефанзивна стратегија , која се користи и од големите и од страна на малите и од страна на големите компании, со цел да се прошират на странските пазари – со што фирмата би била многу помалку зависна од приходите и побарувачката во матичната земја.Некои компании користејќи ја или продавајќи ја франшизата успеале над 80 % од добивката да им се темели од меѓународни приходи и операции. Меѓународниот франшизинг е стратешки начин да се намали зависноста на домашната побарувачка, а со тоа и изградба на нови, идни франшизинг иповеќе од 400 американски компании да учествуваат на меѓународниот франшизинг пазар. Еве неколку примери: 7 -Eleven има повеќе од 25.000 меѓународни локации , Мек Доналдс над 11.000 , KFC повеќе од 6000 . Curves , фитнес студио за жени, е пример на не- прехраннбена франшиза која го следи примерот со повеќе од 2.000 меѓународни локации. Заради определување на општите услови на работењето на на оваа деловна форма во 1960 година во Чикаго е формирано Меѓународното здружение за франшизинг (International Franchising Association – IFA). Таа е најголемата и најстарата глобална франшизинг организација, која е составена од повеќе од 1300 франшизинг системи , како и повеќе од 10,000 франшизи. Една од главните цели на IFA e одржување на редот во франшизинг индустријата, преку воведување и следење на најдобрите практики меѓу членовите.5
5
Franchise.org/about
8
Франшизинг во Република Македонија
Франшизингот како бизнис модел станува се повеќе присутен во државите во транзиција каде што економиите се во развој. Благодетите од ваквиот начин на работа во земјите во транзиција што се веће членки на ЕУ, најнапред ги прифатила Унгарија каде во моментот работат 400 франшизни ланци, потоа следуваат Полска, Словенија и Хрватска со по 120 франшизи, додека Чешка има 55 фирми кои работат врз база на добиена франшиза. Во Македонија корисниците на франшизи можат да се избројат на прстите од една рака. Тоа се Манго, МекДоналдс, Динерс, Форнетти и единствениот македонски давател на индустриска франшиза Алкалоид кој успеал да го продаде брендот Кафетин во Русија. На многумина од бизнис круговите франшизингот како бизнис модел им е добро познат: се јавува кога компанијата која е давател на франшизата го лиценцира својот бренд и начинот на работа на одредена личност која е корисник на франшизата и која се согласува да работи во склад со условите од договорот (договор за франшиза).За возврат корисникот на франшизата плаќа одредена сума на пари кои се прецизирани во договорот на давателот на франшизата. Едноставно кажано при купување на франшизата вие купувате правила на работење е сведен на минимум.6 Искуствата на развиените економии укажуваат на тоа дека давателите на франшиза треба да се ориентираат на мали и средни претпријатија. Само како пример ќе ја наведеме компанијата Генерал Моторс кој соработува со 2.500 мали и
средни
претпријатија
кои
се
нејзини
франшизери.Европски
пример
е
Металуршкит комбинат Феср Алпинеу - Австрија со околу 4.000 франшизанти, додека некои претпријатија од хемиската индустрија ваква врста на соработка имаат со дури 6.000 мали и средни претпријатија. Еден од поинтересните брендови кој неодамна пристигна на Балканот е американскиот производител на
6
Pretpriemac.mk
9
кафе Старбукс.За овој производ ексклузивно право да даваат франшиза во регионот имаат Грците. ”Цената на ’лиценцата’ односно франшизата зависи од големината на брендот кој се купува како и од неговата присутност или отсутност во регионот. Нормално посилен бренд кој не е многу застапен во некои регион да постави повисока цена за користењето на неговата франшиза. За да една компанија се стекне со правото да стане корисник на франшиза, не е доволно само плаќањето на одредена финансиска такса. Корисникот на франшизата предходно треба да има искуство во областа во која бара да ја добие франшизата. Многу важна е и добрата репутација која е гаранција пред давателот на франшизата дека компанијата е способна да го одржу брендот. Ако некоја компанија е финансиски моќна да го купи брендот на значи дека автоматски ќе стане сопственик на франшиза. Треба едноставно да го убедите давателот на франшиза дека сте во состојба да го одржувате брендот кој тие веќе го имаат изградено. По склучувањето на договорот за партнерство примателот на франшизата е обврзан да ја одреди структурата на компанијата според инструкциите кои се одредуваат од страна на давателот на франшизата. Она што е многу интересно да се напомене е што сите корисници на франшиза во светот работат по ист терк, со еднакви правила на работа кои се одредуваат
според
интернационалниот
правилник
ИОМ
(Интернатионал
Оператион Мануал). На корисникот му е оставен сосема мал простор за лична креативност со цел работата да ја прилагоди кон потре-бите на локалниот пазар следејќи ги спецификите што секој регион ги носи со себе. Франшизата како модел покрај тоа што нуди препознатлив и загарантиран бренд носи бројни погодности. Секоја година давателот на франшизата организира конференции, обуки, курсеви во насока на континуирана едукација на персоналот со цел да се подигне продуктивноста на ниво на компанија. Доколку во текот на работата се јават одредени проблеми, многу брзо и едноставно се добива совет од другите корисници на франшиза кои веќе се соочиле со истиот проблем и го разрешиле.
10
Заклучок Во оваа семинарска работа се потрудив да го објаснам поимот франшиза, моделот на негово користење, предностите и недостатоците, меѓународниот франшизинг и ИФА, како и за франшизингот во РМ. За многу луѓе сонот за вработување и финансиска независност се реализирал со купување франшиза. За многу други тоа купување донело тага и финансика пропаст. Да се купи франшиза е потег кој мора темелно да се испита.Иако постои правна заштита, најдобра стратегија е изгрпното прибирање на информации и стриктно водење евиденција за секоја точка од договорот.Од друга страна, со манипулативното однесување можно е одделни точки од договорот да се искористат за да се одземе франшизата, за некој друг да профитира или да заземе поволна позиција. Од сето ова , можеме да кажеме дека постои франшиза, кога трговските знаци или марки се лиценцираат заедно со знаењето, снабдувањето, рекламирањето и сл. Односно во кратки црти тоа претставува Изнајмување на бизнис.
11
Користена литература : 1. Надворешна трговија,2006 година, проф. Д-р Ирена Кикеркова 2. Надворешна трговија,2000 година, проф. Д-р Андон Жиков 3. Franchise.org 4. Претприемништво, Д-р Марија Магдинчева
12