СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито” Битола
МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ИСТОРИЈА НА ТЕМА
Интервенцијата на НАТО врз Србија и бегалската криза во Македонија
ментор:
изработил:
Гордана Петковска
Виктор Јаневски IV³
март, 2012 година
1
Оваа тема за матурска прокетна задача по предметот историја ја избирам со цел да дознаам нешто повеќе за настаните во 1999 година на територија на соседна Република Србија, како и на територијата на денешно Косово. Денес и Република Србија и Косово се самостојни и суверени држави кои се признати од страна на Република Македонија. Република Србија покрај тоа што е призната од нашата држава, истата е и членка на Обединетите Нации и е призната од страна на сите држави меѓу кои и големите светски сили како Русија, САД, Кина... За разлика од Србија, Косово е новофоримирана држава, истата е основана на 17 февруари 2008 година со декларација за независност која ја освои косовскиот парламент. Косово како држава е признато од страна на Република Македонија како и од страна на САД и повеќето европски држави, но сепак Република Србија и голем број на држави сеуште не го признаваат како суверена и самостојна држава, а истотака Косово не е членка на Обединтетите Нации. Двете сегашни држави, Република Србија и Република Косово, за време на настаните во 1999 година беа дел од една држава која беше наречена Сојузна Република Југославија. СР Југославија беше составена од две самостојни и суверени држави: Република Србија и Република Црна Гора, а во склоп на Република Србија влегуваа и две автономни покраини: Војводина и Косово Настаните од 1999 година имаат големо значење за политичката и безбедносната состојба на Балканот. Во 1999 година од страна на НАТО врз СР Југославија беше извршена воена интервенција, која беше почеток на отцепувањето на Косово од Република Србија и формирањето на една нова балканска држава. Интервенцијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија претставува воена операција на НАТО против Сојузна Република Југославија. Воената операција траела од 24 март до 10 јуни 1999 година. Оваа операција на НАТО е втора по големина борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година. Операцијата била спроведена под оперативно име “Сојузничка сила” и истата била дел од Косовската војна.
2
При бомбардирањето од страна на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз цивилни и стопански објекти. Нападите траеле 78 дена без престан. При бомбардирањето тешко се оштетени голем број на инфраструктурни објекти, здравствени установи, училишта, медиумски куќи, стопански објекти, споменици на културата, како и голем број на цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви при оваа операција изнесува околу 1.200 до 2.500 жртви. Економската штета направена врз Сојузна Репубилка Југославија се проценува на околу 30 милјарди долари. Интервенцијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија се одвиваше без согласност на Обединетите Нации, каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции. Согласност за отпочнување на интервенција немало ни од Американскиот Конгрес, којшто ги отфрлил идеите на тогашниот Американски претседател Бил Клинтон за напад на Сојузна Република Југославија. Како резултат на оваа воена интервенција од страна на НАТО врз Сојузна Република Југославија се јавува и бран на бегалци кон Република Македонија од страна на Косово. Проблемите на Косово започнуваат уште од самото основање на Југославија, па и многу порано. Косово фигурирало како автономна покраина во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а подоцна Сојузна Република Југославија (СРЈ). Тензиите помеѓу Југословенските власти и власитите на Косово биле пристуни уште од почетокот на дваесетиот век. Неколку пати овие тензии се разгореле за време на Првата Балканска Војна, Првата Светска Војна и Втората Светска Војна. Владата на Југославија на чело со Јосип Броз Тито забранувала одржување на националистички манифестации, со цел да се осигура дека нема да се случи некоја од републиките на тогашна СФРЈ или пак некоја од националностите да доминира над другите. Во 1956 година југословенските власти осудиле голем број на Албанци, кои живееле на Косово, поради предавство и шпиунажа. Опасноста од сепаратизам тогаш била сведена на минимално ниво, бидејќи Албанските групи кои се залагале за унија на Косово и Република Албанија биле во многу мал број, речиси незначителен. Сепак со тек на време нивното вилјание станувало се посилно и повлијателно особено по формирањето на Револуционерната Организација за Албанско единство од страна на Адем Демаќи. Поради ваквите активности Демаќи, во 1964 година, од страна на безбедносните структури на Југославија бил затворен заедно со неговите соработници. 3
Во 1968 година во Белград избиле студентски протести и безредија, а подоцна, во ноември истата година протестите се префрлиле на територијата на тогашната Автономна Покраина Косово. На овие протести од страна на одредена група студенти биле побарани повеќе права за Албанците, како и учествување на Албанците во Српската и Југословенската власт и подобро признавање на Албанскиот јазик, кој во рамките на државата бил веќе признат. Протестите набзро биле задушени од страна на безбедносните сили на СФР Југославија. Со тек на време албанскиот национализам и сепаратизам резултирал со тензии помеѓу албанското и српското население. Нерешавањето на проблемите на Косово претставувало поттик на Српската Академија на Науки и Уметности (САНУ) да спроведе анкета врз Српското население кое го напуштило Косово во периодот од 1985 и 1986 година. Резултатите од спроведената анкета покажале дека Србите воглавно ја напуштале покраината под притисок на албанското население кое живеело на Косово. САНУ подоцна издало и меморандум кој бил оценет како контроверзен, а истиот ги истакнувал политичките потешкотии кои ги имаат Србита надвор од Србија. Србите околу прашањето на овај меморандум биле поделени, едни го поддржувале, а други ја напаѓале неговата содржина. Во ноември 1988 година на Косово е уапсен раководителот на провинцискиот комитет на Косово. Во март 1989 година, со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт, започнува период на така наречена Анти бирократска револуција, со која Милошевиќ се ослободува од неистомислениците и истовремено ја укинува автономијата која дотогаш ја имале Косово и Војводина. Со оваа револуција настанува нарушување на слилите помеѓу републиките на тогашна СФРЈ, а истотака избиваат и насилни демонстрации на Косово кои резултираат со 24 жртви, меѓу кои и двајца припадници на полицијата. Заради ваквите случувања на Косово е прогласена вонредна состојба. Двете покраини и покрај тоа што ја зигубиле автономијата имале рпаво на глас во осумчленото преседателство на СФР Југославија. Политичките промени во Србија биле ратификувани со референдумот кој се одржал на 5 јули 1990 година на цела територија на Република Србија, вклучувајќи го и Косово. Како резултат на овие мерки и реформи приближно 80 000 Косовски Албанци биле избркани од нивните работни места, а биле отворени нови српски
4
работни места во високообразовните институции. Подоцна ова резултирало со паралелен образовен систем од страна на Албанците на Косово. Со укинаувањето на сојузот на кумунистите на Косово од страна на Милошевиќ, Албанците формирале Демократски Сојуз на Косово на чело со Ибрахим Ругова. Во семтември 1991 година Косовскиот Парламент организирал референдум кој резултирал со 90% одзив на Албанското население и победа и формирање на независна Република Косово. Во мај 1992 година на Косово бил одржан и втор референдум со кој Ибрахим Ругова бил прогласен за претседател на Косово. Од страна на Србија двата референдуми биле прогласени за илегални, а нивните резултати фалсификувани и неважечки. Преседателството на Ругова се залагало Косово да остане мирно за време на војната која се водела во Словенија, како и за време на војните во Хрватска и Босна во текот на деведесеттите години. И покрај ваквите залагања сепак дошло до формирање на Ослободителна Војска на Косово (ОВК), која според информаиите на тајните служби е форимирана во близина на Загреб, со помош на Албанците во Хрватска и Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ кој им дал прибежиште и финансиска помош. ОВК била поддржана од Албанците, а добивала помош и од Албанската дијаспора. Ситуацијата на Косово со тек на време станувала се понапната, само прашање на време било кога новоформираната паравоена формација ОВК ќе ги отпочне своите дејствија. Без многу да му се придаде на значење во јавните гласила, војната на Косово започнала на 22 април 1996 година со вооружена престрелка помеѓу припадниците на паравоената ОВК на едната страна и припадниците на југословенската полиција на другата страна. Оружјето со кое била снабдена ОВК потекнувало од воените магацини на Република Албанија, кои биле ограбени за време на протестите во државата поради падот на пирамидалниот систем во банките. Оружјето кое било ограбено од воените складишта подоцна било однесено на територијата на СР Југославија, а одреден дел влегло и на територијата на Република Македонија. Оружјето со помош на коњи и магариња, како и други видови на стока, било пренесено преку тешко проодните планини на албанско-југословенската граница. Истотака на територијата на Република Албанија ОВК имала свои центри за обука и тренинг. Српската политика во тогашно 5
време го радикализирала Албанското население, па во текот на април 1996 година биле извршени четири терористички напади во неколку делови на Косово. Одговорноста за овие напади, преку писмено соопштение, ја презела дотогаш непозната група која се нарекла ОВК. Со текот на немирите паднале и првите жртви на страната на ОВК. Првите жртви на ова паравоена организација биле Албанци кои биле во редовите на Министерството за внатрешни работи (МВР) на СР Југославија или на некој друг начин соработувале со југословенските власти. Есента 1997 година, ОВК ги продолжила своите терористички напади. Нападите биле извршувани од група на луѓе, меѓу кои најпозната била дреничката група на Адем Јашари. По неоколкуите напади на позиции на Српската полиција и неуспешните обиди за апсење на Адем Јашари, на 5 март 1998 година, полицијата ја опколила куќата на Јашари во Долно Перказе. При оваа акција на Српското МВР Адем Јашари бил убиен во борба, а покрај него смртно страдале и уште 60 други лица помеѓу кои и жени и деца. Оваа акција ги заострила односите помеѓу албанското и српското население. После оваа акција на МВР на СР Југославија, албанското население почнало масовно да се приклучува на терористичката организација ОВК, а САД и Европската унија ја обвиниле СР Југославија за прекумерна употреба на сила. Србија на 23 април 1998 година одржала референдум на кој, со 95 % гласови, било одлучено дека доаѓање на странски сили на Косово е непотребно. На почеток на летото 1998 година ОВК борела околу 25.000 припадници и успеала да завладее со околу 40% од територијата на Косово, главно села и помали општини. Од селата каде била сместена ОВК дејствувала врз одвивањето на сообраќајот, а нејзина цел била да се оневозможи нормалниот проток на сообраќај и така на некој начин да се парализира покраината. На ваквите обиди на ОВК одговорила полицијата на Србија со поставување на пунктови и полициски патроли на критичните места на патните правци. Најдраматично било кај местото Дечани, кое било одсечено од територијата на Србија, но било под контрола на српските полициски сили. Деблокадата на ова место започнала во јуни 1998 година, каде во борбите со ОВК за прв пат била вклучена и армијата на СР Југославија. При ова акција, според проценките на Обединетите нации (ОН), погинале околу 65.000 Албанци, а Србија била обвинета од страна на САД и ЕУ за вршење на воени злосторства, етничко чистење и хуманитарна катастрофа. Поради 6
ваквите настани и случувањата на Косово НАТО одлучило да распореди свои трупи на територијата на Република Албанија и Република Македонија. Охрабрени од интервенцијата од Западните сили, ОВК ги продолжила совите дејствија против Српските безбедносни сили на територијата на Косово. И покрај предупредувањата на САД и ЕУ борбите на Косово продолжиле, па кон крајот на 1998 година НАТО решава да распореди голем број на борбени авиони околу СР Југославија, а ја покачува и борбената готовност на базите во Италија. Истотака извесен број на носачи на авиони и подморници, пред се во припадност на САД и Франција, влегуваат во водите на Јадранско море. Воената интервенција од страна на НАТО започнала на 24 март 1999 година со цел да се стави под контрола хуманитарната катастрофа и да се стабилизира состојбата на Косово и во регионот. Нападите и операциите извршени од страна на НАТО алијансата биле познати под името “Сојузничка сила” и траеле 78 дена. Интервенцијата на НАТО следела по повеќе од едногодишните борби во покраината и по нуспехот на дипломатските преговори кои се воделе во дворецот Рамбеј во Франција кој се наоѓа на 44 километри југозападно од Париз. До крајот на 1998 година околу 300.000 граѓани на Косово ја имале напуштено покраината, договорите за прекин на огнот постојано биле прекршувани, а преговорите постојано се одлагале. Двете рунди преговори во февруари и во март во дворецот Рамбује не успеале да ја поместат ситуацијата од мртва точка иако биле исцрпени сите дипломатски средства. Предлогот Косово да има поголема автономија во рамките на Сојузна Република Југославија и истата да биде гарантирана од НАТО алијансата, од албанската страна бил прифатен, но српските претставници на тоа не се согласиле. По неуспехот на преговорите НАТО алијансата ја отпочнала својата операција “Сојузничка сила” која траела 78 дена. Во текот на 78-те дена, додека траеле воздушните напади, биле реализирани повеќе од 38.000 борбени летови, а од сите нив 10.484 летвои биле во напад без ниту една жртва на страната на НАТО пактот. По првите напади врз воздушната одбрана на Сојузна Република Југославија, НАТО алијансата постепено ги засилувала своите напади и при тоа користела најсовремена технологија и најсовремени системи за прецизно наведување, со цел бројот на настрадани цивили да биде што е можно помал. НАТО алијансата своите цели ги избирала на повеќе командни нивоа со цел да се осигура дека тие се восогласност со 7
меѓународните закони, дека се воено оправдани и за да се минимизира ризикот по животите на цивилите и нивнио имот. Со почетокот на бомбардирањето на НАТО врз територијата на СР Југославија, владата на СР Југославија веднаш прогласила вонредна и воена состојба на територијата на цела држава. По само неколку дена од оваа одлука на сојузната влада, властите во Црна Гора ја повлекле вонредната и воената состојба на територијата на Црна Гора со образложение дека на нивна територија не биле преземени никакви воени операции и напади. Во нападите од страна на НАТО и покрај тоа што биле користени најсовремени средства за бомбардирање со наведување биле погодени и тешко оштетени инфраструктурни објекти, земијоделски објекти, училишта, манастири, цркви, здравствени установи, телевисзиски куќи, културни споменици и други објекти кои немаат никакво воено значење. При оваа операција НАТО алијансата користела и бомби со осиромашен ураниум и кастени бомби кои се забранети за употреба според меѓународните договори. Покрај тоа во овие НАТО интервенции за прв пат е користен и стелт-бомбардер од тогаш најновата генерација, Б-2, кој полетал директно од воена база од САД, истиот бил вооружен со бомби и ракети кои биле наведувани преку сателит. Наводно бомбардери од овој тип ја погодиле зградата на националната телевизија РТС и зградата на кинеската амбасада во Белград. Доминантна сила во извршувањето на нападите била САД, но во одреден степен биле поврзани и повеќе земји членки на НАТО , па дури и Грција која се противела на бомбардирањето, па и Германија за која оваја операција била прва неодбрамбена операција по завршувањето на Втората светска војна. Бомбаридрањето главно било насочено кон Србија, а особено во спорната покраина Косво. За разлика од Србија, Црна Гора речиси и да не била бомбардирана, бидејќи цел на НАТО било и тоа да ја зајакне позицијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наспроти позицијата на Слободан Милошевич. По отпочнувањето на воените операции од страна на НАТО започнал да се создава масовен бран на бегалци од страна на Косво. Околу овај бегалски бран постои несогласување според тоа од чија страна бил предизвикан овај бран. Спроед некои бранот е предизвикан од бомбардирањата, а друга страна тврди дека овај бран на бегалци е предизвикан од прогонувањата на албанците од страна на српските 8
безбедносни сили и српските паравоени формации кои делувале во тоа време на територијата на Косово На 9 јуни 1999 година во Куманово, Р. Македонија е потпишан мировен догоров помеѓу СР Југославија и НАТО алијансата и според тој договор на територијата на Косово треба да се семстат 45.000 војници на НАТО со мандата од Обединетите Нации, а српската војска и полиција да се повлечи од Косово. Со тоа се постигнува согласост Советот за безбедност на Обединтетите Нации да донесе Резолуцијата 1244, која е усвоена на 10 јуни 1999 година. Како последица на овај воен конфликт се создава еден голем бран на бегалци кој доаѓа од територијата на Косово. Овој бран бегалци се состои најмногу од албанско население кое живеело на Косово се до почетокот на оружените дејствија на територијата на Косово. Постојат најразлични податоци за тоа колкава била бројката на лица кои го напуштиле Косово и барале спас во соседните држави како Албанија и Република Македонија, но според Обединетите Нации оваа бројка се движи некаде околу 850.000 лица. Бранот на бегалци од Косово се шири во два правци, едниот кон Република Албанија, а другиот кон Република Македонија. Бранот на бегалци кон Република Македонија бил многу поголем од оној кој заминал кон соседна Република Албанија. Според некои податоци на Министерството за внатрешни рабои на Република Македонија, од вкупниот број бегалци, кон Македонија пребегале некаде околу 350.000 лица, додека останатите пребегале кон соседна Република Албанија. Од страна на тогашната власт во Република Македонија, бегалците се прифатени и сместени во привремени кампови околу главниот град Скопје, а исто така голем број на бегалци биле сместени и во градот Тетово и неговата околина. Најголем камп со бегалци бил кампот Стенковец во близина на Скопје, а истотака постоел и капм на потегот ТетовоГостивар. Денес овие кампови повеќе не постојат, а најголем број од бегалците, со авиони, беа преземени од страна на земјите членки на Европската Унија. Со мировниот договор во Куманово престануваат нападите на НАТО врз тогашна СР Југославија, престануваат и борбените дејствија на Косово, но пследиците и штетите направени од овај воен конфликт се огромни. Според економските експерти штета нанесена врз СР Југославија од страна на НАТО изнесува околу 100 милјарди американски долари. Конечниот број на жртви од оваа воена интервенција никогаш не 9
е официјално соопштена, а се претпоставува дека се настрадани од 1.200, па до 2.500 лица. Со доаѓањето на меѓународните мировни сили на Косово, територијата ја напуштиле околу 230.000 срби, а околу 800.000 претходно раселени албанци се вратиле во своите домови. За време на воздушните напади врз СР Југославија е користена муниција со осиромашен ураниум и касетни бомби кои според меѓународните договори се забранети за употреба. На територија на денешна Република Србија, за време на воената операција од страна на НАТО се исфрлени околу 1.000 касетни бомби на 219 локаци на површина од околу 23.000 квадратни километри. Овој воен судир претставува едно значајно поглавје како во балканската така и во светската историја. Со завршувањето на овој судир Балканот сврти една нова страница во својата Историја, се прекројуваат неговите граници и се создава една нова држава, Република Косово, која денес е независна и самостојна држава. Иако делува самостојно и независно од Република Србија, Косово од страна на Србија сеуште не е признато, а Србија со помош на Русија води спор против САД и Европската Унија околу суверенитетот на Косово, тврдејќи дека независноста и суверенитетот на Косово не се во склад со меѓународното право.
10
Прилози:
Сл.1 Белград за време на бомбардирањето
11
Сл.2 Разрушен мост како последица на воздушните напади на НАТО
Сл.3 Граничниот премин помеѓу СР Југославија и Р. Албанија
12
Сл.4 Воените сили на СР Југославија
Сл.5 Оштетен аеродромот во Ниш
13
Сл.6 Полициските сили на СР Југославија
Сл.7 Нападнато полициско возило 14
Сл.8 Оклопно возило на безбедносните сили на СР Југославија
Сл.9 Бегалци од Косово
15
Сл.10 Капмот Стенковец
Сл.11 Борбен авион од типот Б-2
16
Користена литература: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%90%D0%A2%D0%9E%D0%B2%D0%BE_%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8% D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%A0_%D0%88%D1%83% D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0
http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%90%D0%A2%D0%9E_%D0%B1%D0%BE%D0%BC %D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%A1% D0%A0%D0%88 http://en.wikipedia.org/wiki/1999_NATO_bombing_of_Yugoslavia http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D0%B E%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%83_%D0%B8_%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%85 %D0%B8%D1%98%D0%B8 http://www.wsws.org/sh/1999/maj1999/nato-m15.shtml http://www.scribd.com/doc/61112338/Albanski-Terorizam-i-Rat-Na-Kosmetu http://www.hrw.org/reports/2000/nato/Natbm200-01.htm Министерство за ванрешни работи на Р.Македонија Министерство за труд и социјална политика на Р.Македонија
17