Полугодишен тест по македонски јазик Име и презиме________________________ оцена______
одд______________ бод.________
1. Како се вика науката која ги изучува гласовите? ________________________ 2. Која зборовна група зазема централно место во именската група зборови , од која произлегуваат заедничките граматички категории? _________________ 3. Како се викал првиот литературен словенски јазик? ________________________ 4. Определи во кој збор од реченицата: Рацете на Марко станаа црвени од работа, има слоготворно Р.________________ 5. Определи во кој збор од реченицата: Ристе поправајќи го преградениот ѕид откопа грне, има слоготворно Р.________________________ 6. .Пронајди го зборот кој е погрешно напишан (така звучи, но поинаку се пишува). Воз ориз леб брс __________________________ 7. Кај која зборовна група од наведените, ги бележиме граматичките категории: род, број и член?(подвлечи) Заменки глаголи предлози придавки 8. .Која од наведените реченици содржи именка кај која има колебање во родовата припадност?(подвлечи) Ставија крупен песок во аквариумот. Не дојдоа во училницата. Денес нема да имаме математика. 9. Кога е создадена глаголицата?_________________________________ 10. . Зборовите со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими се викаат:______________________________________ 11. Определи на кој слог се бележи акцентот во зборот седум-осум. (обележи) 12. Пронајди го зборот во кој е застапено отстапување од третосложното акцентирање.(подвлечи) летово дете разговор учебници 13. Согласките на преградни, теснински и преградно-теснински се делат според: ____________________________________________________________ 14.Во македонскиот јазик која согласка може да биде слоготворна? ____________ 15.Пронајди го зборот во кој е застапено отстапување од третосложното акцентирање.(подвлечи) желба дикција акцент мислејќи 14. . Во кое лице раскажува јас – раскажувачот?_______________________ 15. Поимот наратор има исто значење што и зборот:__________________________
16. . Песните во кои се пее за борбата за слобода, љубовта кон татковината, ослободувањето на земјата од ропство се викаат:______________________ 17. . Од колку стихови ќе составиш строфа за да биде дистих?__________________ 18. Во една песна кога римуваните зборови имаат по два слога таа рима се вика:______________________________________ 19. . Според мотивот на кој вид песна припаѓаат стиховите: „Модерна си имам жена, пријатели мои, Граѓанка од добра куќа и од добар сој. Косата си зачешлала како скубана, Како квачка накострешена со сто пилиња.“ __________________________________________________ 20. . Одреди која стилска фигура е застапена во следниве стихови: „Заиграло јунакоо срце Како вино во стребрена чаша, Как’ ракиа златна викиа“. _________________________________________ 21. Според мотивот на кој вид песна припаѓаат следните стихови: „Над мојата земја до небото Пирин се крева. Боровите в бура илинденски приказни пеат. Над Охрид модрината во просторот се слева, а подолу уште на Егејот далги се леат.“__________________________ 22. Како се викаат песните кои немаат строфи, каде стиховите се подредени еден под друг? _______________________ 23. Определи каква каква рима има во посочениве стихови: „Сламки-кал-сламки-кал дом пријатен, убав, мал. Сламки- кал-сламки-кал дом пријатен, убав, мал.“________________________________ 26. Определи во кое лице раскажувачот (нараторот) го раскажал дадениот извадок: „...Одев покрај ѕидовите на куќите внимателно гледајќи да не навлезам во осончаниот простор. Здогледав еден чуден човек на кого му пријдов и со истиот веднаш започнав разговор...“______________________________________ 27.Која особеност од наведените е карактеристична за македонската варијанта на црковнословенскиот јазик?(подвлечи) замена на ерови, степенување, членување, вокативна форма 28. Настанот за кој сме слушнале или за него сме читале го: а)раскажуваме б)прераскажуваме 29. Авторската поезија се разликува од народната според:_________________________________________________________________________ ______________________________________________________________________ 30.Заокружи го големото ер! Й
Ъ
Ь
Ю
За секое точно одговорено прашање добивате по 1 бод. 14=2; 15-20=3; 21-25=4 ; 26-30=5 (среќно)
Од 0-9=1; 10-