Испит: ПРАВОСУДЕН ИСПИТ 1. ГРАЃАНСКО ПРАВО 1. Судот нема да ги уважи располагањата на странките кои се: -во спротивност со присилните прописи; во спротивност со одредбите на меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на РМ и во спротивност со моралот(чл.3 ЗПП) 2. Судот одлучува за тужбеното барање по правило врз основа на: -усно, непосредно и јавно расправање.(чл 4 ЗПП) 3. Ако тужениот по поднесување на живеалиштето, тогаш
тужба го смени
-судот што бил надлежен во времето на поднесувањето на тужбата останува и натаму надлежен иако поради овие промени би бил надлежен друг суд. (чл. 14 ЗПП) 4. Приговорот за месна ненадлежност тужениот може да го поднесе најдоцна -во писмениот одговор на тужба (чл.19 ЗПП) 5. За судење во спорови за сопственост на недвижност -за определување на вредноста на спорот меродавна е прометната вредност на имотот, предмет на спорот, што тужителот е должен да ја определи во тужбата. (чл. 33 ЗПП) 6. Доколку судот во текот на постапката утврди дека за решавање на спорот е надлежен друг домашен орган, тогаш судот -ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата. (чл. 15 ЗПП) 7. Странката е должна да поднесе барање за изземање на судија кога ќе узнае дека постои причина за изземање -а најдоцна до завршување на главната расправа пред првостепениот суд, а ако главна расправа не се одржала, до донесување на одлуката. (чл.66 ЗПП) 8. Доколку тужениот е физичко лице и во текот на постапката се покаже дека редовната постапка околку назначување на законски застапник на тужениот би траела долго, па поради тоа за една или за двете странки би можело да настанат штетни последици -судот ќе му назначи на тужениот привремен застапник. (чл.76 ЗПП) 9. Полномошник на странка може да биде 1
-адвокат; лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен. (чл.81 ЗПП) 10. Странките и другите учесници во постапката кои зборуваат друг службен јазик, кој исто така е службен јазик во РМ, во постапката -имаат право при учество на рочиштата и при усно преземање на други процесни дејствија пред судот да го употребуваат својот јазик. (чл. 93 ЗПП) 11. Поднесоците кои се поднесени од полномошник -имаат исто правно дејство како да ги поднела странката. (чл. 83 ЗПП) 12. Роковите што не се определни со Закон, надвор од рочиште за главна расправа ги определува -судот со оглед на околностите на случајот. (чл.103 ЗПП) 13. Кога судот ќе го одложи рочиштето, новото рочиште ќе се одржи -во рок од најмалку 8 дена, односно во рок од најмногу 45 дена од денот кога рочиштето било одложено. (чл.108 ЗПП) 14. Нема да се дозволи враќање во поранешна состојба, ако тужителот кој го поднел предлогот за враќање во поранешна состојба -го пропуштил рокот за поднесување предлог за враќање во поранешна состојба или ако е пропуштено рочиштето определено по повод предлог за враќање во поранешна состојба. (чл.111 ЗПП) 15. За преземените дејствија на рочиштето -се составува записник во писмена форма, електронска форма или во форма на тонски запис. (чл. 115 ЗПП) 16. Во која форма судот донесува одлука -во форма на пресуда или решение. (чл. 121 ЗПП) 17. Судските писмена во текот на постапката -се доставуваат по пошта, по електронски пат, преку службено лице на судот, непосредно во судот, преку нотар, извршител или друго лице определено со закон. (чл.125 ЗПП) 18. Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште а не се јави пред судот -судот нема натамошна обврска да ја повикува. (чл. 126 ЗПП) 2
19. Доставувањето на поканите до воени лица може да се врши -преку нивната команда, односно преку непосредниот старешина, а по потреба може на тој начин да се врши достава и на други писмена. (чл. 130 ЗПП) 20. Дозвола за разгледување, препишување или копирање на списи -кога постапката е во тек дозвола дава претседателот на советот, односно судијата поединец, а кога постапката е завршена, претседателот на судот, односно овластеното лице во судот што тој ќе го определи. (чл. 144 ЗПП) 21. Ако до повлекување на тужбата дошло веднаш по исполнувањето на барањето од тужениот -тужителот не е должен на тужениот да му ги надомести трошоците во постапката. (чл.152 ЗПП) 22. Ослободување од плаќање на трошоци по постапката -судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоци во постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство; -ослободувањето од трошоци на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи; -судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство; при донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странкатаи приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство. (чл. 163 ЗПП) 23. Тужбата со која се поведува парничната постапката содржи
треба да
-определено барање во поглед на главната работа и на споредните барања, факти врз кои тужителот го заснова барањето, докази со кои се утврдуваат овие факти, како и други податоци што мора да ги содржи секој поднесок. (чл.176 од ЗПП) 24. До која фаза од постапката тужениот може да поднесе противтужба без согласност од тужителот -тужениот може најдоцна до првото рочиште за главната расправа кај истиот суд да поднесе противтужба, а без согласност на тужителот само 3
кога судот до заклучување на главната расправа дозволил преиначување на тужбата иако тужениот се противел на тоа. (чл.179 ЗПП) 25. Парницата почнува да тече -со доставувањето на тужбата до тужениот. (чл.184 ЗПП) 26. Тужителот може да ја повлече тужбата без согласност од тужениот -пред да се впушти тужениот во расправање за главната работа. (чл.183 ЗПП) 27. Повеќе лица можат со една бидат тужени ( сопарничари )
тужба да тужат односно
да
-ако во поглед на предметот на спорот се во правна заедница или ако нивните права, односно обврски произлегуваат од ист фактички и правен основ; -предмет на спорот се барања односно обврски од ист вид што се засноваат врз суштествено истовиден фактички и правен основ иако постои стварна и месна надлежност на истиот суд за секое барање и за секој тужен и -тоа е определено со друг закон. (чл.186 ЗПП) 28. Кои дејствија е овластен да ги превзема замешувачот -тој е овластен да истакнува предлози и да ги презема сите други парнични дејствија во рокови во кои тие дејствија би можела да ги презема странката на која и се придружил. (чл.196 ЗПП) 29. Доколку по заклучување на стечајната постапка и бришење на правното лице од соодветниот регистар, а кое нема правен следбеник -судот со решение ќе ја отфрли тужбата заради непостоење на странка во спорот. (чл.203 од ЗПП) 30. Должноста за товар на докажување се однесува -на секоја странка, која е должна да ги изнесе фактите и да предложи докази врз кои го заснова своето барање или со кои ги побива наводите и доказите на противникот. (чл.205 ЗПП) 31. Судот ќе определи изведување на доказ увид на лице место -на предлог на странката кога за утврдување на некој факт или за разјаснување на некоја околност е потребно непосредно забележување на судот. (чл.212 ЗПП)
4
32. Ако исправата се наоѓа кај трето лице и по својата содржина е заединичка за странката која се повикува на исправата -судот може на третото лице да му нареди да ја поднесе исправата. (чл.219 ЗПП) 33. Ако надлежниот орган не го ослободи сведокот од должноста за чување на службена или воена тајна -истото не може да се сослуша како сведок. (чл.221 ЗПП) 34. Ако вештакот уредно повикан нема да дојде на рочиштето, а изостанокот нема да го оправда -судот ќе го казни со парична казна од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност, а може во случај на неоправдан изостанок да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето, а по барање на странката судот може со решение да му наложи на вештакот да ги надомести трошоците што ги предизвикал со своето неоправдано недоаѓање или со неоправданото одбивање да врши вештачење. (чл.240 ЗПП) 35. Судот ќе изведе вештачење како доказ -ако странката со тужбата или одговорот на тужба го достави стручниот наод и мислење на вештакот. (чл.235 ЗПП) 36. Ако странката има полномошник, покана за рочиште на кое се изведува доказ со сослушување на странки, се доставува -до полномошникот, кој е должен за тоа да ја извести странката. (чл.253 ЗПП) 37. Доказот со сослушување на странки се изведува -без полагање заклетва. (чл.255 ЗПП) 38. Во постапката за обезбедување на докази -не може да се изведе доказ со сослушување на странките. (чл.257 ЗПП) 39. Обезбедување на докази може да се предложи -и откако одлуката со која постапката се завршува ќе стане правосилна, ако тоа е потребно пред или во текот на постапката по вонредни правни лекови. (чл.257 ЗПП) 40. Подготвување на главната расправа опфаќа -претходно испитување на тужбата, доставување на тужбата до тужениот на одговор, одржување на подготвително рочиште и закажување на главна расправа. (чл.262 ЗПП) 5
41. Тужениот со поканата со која се доставува тужбата, ќе се предупреди -дека е должен да даде писмен одговор на тужба во рок што ќе го определи судот, кој не може да биде пократок од 15 дена, ниту подолг од 30 дена од денот на приемот на тужбата. Судот е должен да го предупреди тужениот и на правните последици од недавањето на писмен одговор на тужба во определениот рок(донесување на пресуда поради недавање одговор на тужба) (чл.269 ЗПП) 42. Во која фаза од постапката странките се должни да ги изнесат сите факти и докази и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ -најдоцна на подготвителното рочиште (чл.271 ЗПП) 43. Ако на подготвително рочиште не дојде тужителот кој е уредно поканет, што ќе стори судот со тужбата -тужбата се смета за повлечена ако со тоа се согласил тужениот, а ако тужениот е не е присутен, тужбата че се смета за повлечена ако во рок од 8 дена по приемот на известувањето за повлекувањето не се изјаснил дека на тоа се противи. (чл.277 ЗПП) 44. На подготвителното рочиште судот ќе го определи денот и часот на одржување на рочиштето за главна расправа -во рок кој не може да биде пократок од 8 дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште.(чл.278 ЗПП) 45. Ако која било од странките не дојде на подготвително рочиште а изостанокот го оправда -рочиштето ќе се одложи (чл.277 ЗПП) 46. Ако странките на подготвителното рочиште се согласат спорот да се решава во постапка за медијација -судот ќе донесе решение со кое постапката се прекинува (чл.273 ЗПП) 47. За злоуотреба на правата што им припаѓаат на странките во постапката -судот е должен да внимава по службена должност и со парична казна од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се казни физичко лице (странка, замешувач, одговорно лице во правното лице), а со казна во висина од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се казни правно лице кое ќе ги злоупотреби правата што му припаѓаат во постапката. (чл.10 ЗПП)
6
48. Кои факти ќе ги земе како докажани судот одлучува по свое слободно судско уверување врз основа на -совесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка. (чл.8 ЗПП) 49. Судирот на надлежноста меѓу судовите го решава -заеднички непосредно повисокиот суд (чл.22 ЗПП) 50. При отварањето на главната расправа Претседателот на советот, односно судија поединец -го објавува предметот на расправањето. Потоа утврдува дали дали дошле сите повикани лица, па ако не дошле, проверува дали се уредно повикани и дали го оправдале својот изостанок. (чл.279 ЗПП) 51. До кога странката на главна расправа може да става приговори и предлози -до почетокот на доказната постапка.(чл.282 ЗПП) 52. Претседателот на советот односно судијата поединец -внимава во текот на главната расправа да се изведат сите прифатени докази. -со поставување на прашања и на друг целесообразен начин се грижи во текот на расправата да се изнесат сите решителни факти, да се дополнат нецелосните наводи на странките за важни факти, да се означат или дополнат доказните средства што се однесуваат на наводите на странките и воопшто да се дадат сите разјаснувања потребни за да се утврди фактичката состојба важна за одлуката. Судот, ако е тоа потребно, со странките може да ги разјасни правните прашања на спорот.(чл.283 ЗПП) 53. Странките можат да предлагаат нови докази на било кое рочиште од главната расправа -само ако сторат веројатно дека без своја вина не биле во можност да ги изнесат, односно да ги предложат во дотогфашниот тек на постапката. (чл.284 ЗПП) 54. Странката и нејзиниот законски застапник или полномошник можат непосредно да поставуваат прашања на спротивната страна, сведоците и вештаците -по одобрение од претседателот на советот. (чл.287 ЗПП) 55. Поставувањето на прашањата кои го содржат одговорот или не се однесуваат на предметот на спорот, ќе го забрани -претседателот на советот (чл.287 ЗПП) 7
56. Странките со завршни зборови се обраќаат на судот -по изведувањето на сите докази, со кои завршни зборови се резимираат правните и фактичките аспекти на предметот. (чл.289 ЗПП) 57. Советот може да ја заклучи главната расправа и кога останале да се прибават докази потребни за одлучување -ако странките се откажат од расправањето за тие докази. (чл.290 ЗПП) 58. Главната расправа која повторно е отворена заради дополнување на постапката, ќе се заврши -најдоцна во рок од 30 дена од денот на нејзиното повторно отворање. (чл.291 ЗПП) 59. На главната расправа можат да присуствуваат -само полнолетни лица. (чл.292 ЗПП) 60. Судот може да ја исклучи јавноста -за целата главна расправа или само за еден нејзин дел, ако тоа го бараат интересите за чувањето на службена, деловна или лична тајна, интересите на јавниот ред или причините на моралот; -советот може да ја исклучи јавноста и во случај кога со мерките за одржување на редот предвидени во овој закон не би можело да се обезбеди непречено одржув ање на расправата. (чл.293 ЗПП) 61. Исклучувањето на јавноста не се однесува -на странките, нивните законски застапници, полномошниците и замешувачите. (чл.294 ЗПП) 62. Со спојување на повеќе парници кои течат пред ист суд меѓу исти лица -ќе се забрза расправањето или ќе се намалат трошоците. За сите споени парници судот може да донесе заедничка пресуда. -советот може да определи заради заедничко расправање пред него да се спојат повеќе парници и тогаш кога за некои од нив е надлежен судија поединец на истиот суд. (чл.299 ЗПП) 63. Ако рочиштето за главна расправа се одржува пред изменет совет -главната расправа ќе продолжи, претседателот на советот накратко ќе го изложи текот на поранешните рочишта. Советот може да одлучи повторно да се изведат некои од веќе изведените докази. (чл.301 ЗПП) 64. Одржувањето на редот во судницата е должност на 8
-претседателот на советот (чл.303 ЗПП) 65. Странките пред парничниот суд можат да склучат судско порамнување -во текот на целата постапка (чл.307 ЗПП) 66. Судското поравнување се смета дека е склучено -кога странките по прочитаниот записник за порамнувањето ќе го потпишат записникот. (чл.308 ЗПП) 67. Ако судот утврди дека за предметот на спорот порано било склучено судско поравнување -ќе ја отфрли тужбата. (чл.309 ЗПП) 68. Кога за конечна одлука узреало само дел од тужбеното барање, судот -може во поглед на узреаното барање, односно за делот од барањето да ја заклучи расправата и да донесе пресуда(делумна пресуда) (чл.315 ЗПП) 69. Признанието на тужбеното барање тужениот -може и без согласност на тужителот да го отповика до донесувањето на пресудата. (чл.317 ЗПП) 70. Ако во спор за утврдување на татковство, тужениот го признае татковството -судот без натамочно расправање ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање (пресуда врз основа на признание) (чл.317 ЗПП) 71. Ако тужениот не поднесе одговор на тужба во определениот рок -судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање (пресуда поради неподнесување одговор на тужба) ако бидат исполнети следниве услови: -на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; -основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; -фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со општопознатите факти и -не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба. (чл.319 ЗПП) 72. Пресудата станува правосилна 9
-кога повеќе не може да се побива со жалба (чл.322 ЗПП) 73. Во посложени предмети судот може да го одложи донесувањето на пресудата -за 8 дена од денот на заклучувањето на главната расправа . Во тој рок судот е должен да одржи рочиште на кое ќе ја објави пресудата. Рочиштето за објавување на пресудата судот е должен да го закаже на рочиштето на кое главната расправа е заклучена и тоа ќе се одржи независно дали странките за тоа биле известени, односно дали пристапиле на тоа рочиште. (чл.324 ЗПП) 74. Во посложени предмети објавената пресуда мора писмено да се изработи -во рок од 15 дена од денот на објавувањето. (чл.326 ЗПП) 75. Ако судот пропуштил да одлучи за сите барања, а странката во рок од 15 дена од приемот на пресудата поднела предлог за дополнување на пресудата, судот 76. Поправање на одлука поради очигледни технички грешки при изготвувањето на истата, може странката да бара -во секое време.(чл.331 ЗПП) 77. Примерок од решение што е објавено на рочиште -ќе се достави до странките во заверен препис само ако против тоа решение е дозволена посебна жалба или ако врз основа на решението може веднаш да се бара извршување или ако тоа го бара управувањето со постапката. (чл.332 ЗПП) 78. Ако судот го одбие предлогот за учество на замешувачот во постапката -против ваквото решение не е дозволена посебна жалба (чл.263 ЗПП) 79. Поправањето на пресудата претставува -исправка на грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоци во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот. (чл.331 ЗПП) 80. Незадоволната странка против пресуда донесена во прв степен може да изјави редовен правен лек -во рок од 15 дена од денот на доставувањето на пресудата, ако во законот не е определен друг рок. (чл.337 ЗПП) 81. Навремено изјавената жалба, спречува
10
-пресудата да стане правосила во делот што се побива со жалбата. (чл.337 ЗПП) 82. Од кога странката може да се одрече од правото на жалба -од моментот кога е објавена пресудата или од моментот кога ќе и се достави преписот на пресудата. (чл.338 ЗПП) 83. Жалбата е нецелосна -ако врз основа на податоците од жалбата не може да се утврди која пресуда се побива или ако жалбата не е потпишана. (чл.340 ЗПП) 84. Ако странката во текот на првостепената постапка не истакнала приговор за застареност -тој приговор не може да го изнесе во жалбата. (чл.341 ЗПП) 85. Ако при донесување на првостепената пресуда судот бил непрописно составен -тогаш сторена е суштествена повреда на одредбите од парничната постапка (чл.343 ЗПП) 86. Жалбата се поднесува -до судот што ја изрекол првостепената пресуда во доволен број примероци за судот и за спротивната странка. (чл.346 ЗПП) 87. Ако странка која што во целост успеала во спорот поднесе жалба -може во жалбата да изнесе нови факти и да предложи нови докази кои се однесуваат на мани на волјата (поради тоа што изјавата за признание, односно за одрекување е дадена во заблуда или под влијание на присила или измама) (чл. 342 ЗПП) 88. Ако првостепениот суд при донесување на првостепената пресуда сторил суштествена повреда на одредбите на парничната постапка, а пресудата не била еднаш укината -второстепениот суд со решение ќе ја укине првостепената пресуда и ќе го врати предметот до истиот првостепен суд или ќе му го отстапи на надлежниот првостепен суд заради одржување на нова главна расправа. Во ова решение второстепениот суд ќе одлучи и кои спроведени дејствија, зафатени со суштествената повреда на одредбите на парничната постапка, се укинуваат. (чл.358 ЗПП) 89. Ако пресудата веќе еднаш била укината, а советот на второстепениот суд најде дека пресудата против која е поднесена жалба, се заснова на суштествена повреда на одредбите на парничната постапка
11
-второстепениот суд ќе закаже расправа и мериторно ќе одлучи. (чл.351 ЗПП) 90. Жалба против решение со кое се казнува сведок, може да поднесе -било која од странките (ако овој закон изрично определува дека посебна жалба не е дозволена, решението на првостепениот суд може да се побива само во жалбата против конечната одлука (чл.368 ЗПП) 91. Ревизија може да се поднесе -против правосилна пресуда донесена во втор степен во рок од 30 дена од денот на доставувањето на препис на пресудата (чл.372 ЗПП) 92. Поднесената ревизија -не го задржува извршувањето на правосилната пресуда против која е изјавена (чл.374 ЗПП) 93. Ревизија се поднесува -до судот што ја изрекол првостепената пресуда во доволен број примероци за судот и за спротивната странка (чл.379 ЗПП) 94. Ревизискиот суд одлучува -без расправа(чл.382 ЗПП) 95. Странките можат да изјават ревизија против второстепена пресуда ако вредноста на побиваниот дел -надминува 1.000.000 денари (чл.372 ЗПП) 96. Во спорови во кои во постапката по жалба второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда -ревизијата е секогаш дозволена без оглед на вредноста на спорот (чл.372 ЗПП) 97. Повторување на постапка може да се бара против правосилно завршена постапка -по предлог од странката ако: -при донесувањето на одлуката учествувал судија односно судија-поротник кој според законот морал да биде изземен, односно кој со речение на судот бил изземен; -на некоја странка со незаконито постапување, а особено со пропуштање на доставувањето не и била дадена можност да расправа пред судот;
12
-во постапката како тужител или тужен учествувало лице кое не може да биде странка во постапката или ако странката која е правно лице не ја застапувало овластено лице, или ако парнично неспособната странка не ја застапувал законски застапник, или ако законскиот застапник односно полномошник на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за одделни дејствија во постапката, доколку водење на постапката, односно вршење на одделни дејствија во постапката не било дополнително одобрено; -одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; -одлуката на судот се заснова врз исправа што е фалсификувана или во која е заверена невистинита содржина; -до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата-поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; -странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; -одлуката на судот се заснова врз друга одлука на суд или врз одлука на некој друг орган, а таа одлука ќе биде правосилно преиначена, укината, односно поништена; -странката узнае за нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка и -со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот. (чл.392 ЗПП) 98. Ако странката стекне можност да употреби докази, може да бара постапката да се повтори -ако доколку овие докази биле употребени во поранешната постапка за странката можела да биде донесена поповолна одлука (чл.392 ЗПП) 99. Во постапка во работни спорови постапката пред првостепениот суд мора да се заврши -во рок од 6 месеца од поднесувањето на тужбата (чл.405 ЗПП) 100. Во спорови поради смеќавање на владение ќе се расправа и докажува -само фактите за последната состојба на владението и за настанатото смеќавање (чл.412 ЗПП) 101. Тужителот може да бара извршување на решението поради смеќавање на владение 13
-во рок од 30 дена од истекот на рокот што со решението е определен за извршување на тоа дејствија (чл.415 ЗПП) 102. Судот ќе ја отфрли тужбата на тужителот со предлог за издавање платен налог -ако тужителот не го стори веројатно постоењето на правниот интерес или не побарал од нотар да донесе решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа (чл.418 ЗПП) 103. Во постапка по платен налог, судот може да се огласи за месно ненадлежен -само по приговор на на тужениот истакнат во приговорот против платниот налог (чл.425 ЗПП) 104. Спорови од мала вредност се спорови во кои тужбеното барање се однесува на побараување во пари кое не го надминува -износот од 180.000,оо денари (чл.430 ЗПП) 105. Во постапка од мала вредност -е дозволена посебна жалба само против решението со кое се завршува постапката (чл.433 ЗПП) -не се применуваат одредбите за подготвително рочиште (чл.436 ЗПП) 106. Во постапка за регрес за исплатена штета од страна на странска осигурителна компанија против домашна осигурителна компанија -странките можат да договорат надлежност на домашен или на странски избран суд, ако за тие спорови не е предвидена исклучителна надлежност на суд во РМ (чл.440 ЗПП) -суд во РМ е надлежен за судење кога неговата надлежност во спор со меѓународен елемент е изрично определена со закон или со меѓународен договор. Ако во законот или во меѓународниот договор нема изрична одредба за надлежноста на суд во РМ за определен вид спорови, тогаш суд во РМ е надлежен за судење во тој вид спорови и кога неговата надлежност произлегува од одредбите на законот за месната надлежност на суд во РМ (чл. 26 ЗПП) 107. Во стопански спорови суди судија поединец ако вредноста на спорот е -до 1.800.000 денари (чл.467 ЗПП) 108. Ако обете странки во стопанските спорови предложат рочиштето да се одложи за да се обиде спорот да се реши со поравнување 14
-судот ќе го уважи овој предлог и веднаш ќе ги извести странките за денот и часот кога ќе се одржи ново рочиште (чл.470 ЗПП) 109. Против второстепена одлука за доверување на деца на чување и воспитание -е дозволена ревизија ( чл. 372 ЗПП и чл.273 Закон за семејство) 110. Судот ќе донесе одлука за издржување на малолетните деца -со пресудата со која бракот се поништува или разведува (чл.274 Закон за семејство) -и во спорови за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство, кога донесувањето на оваа одлука, со оглед на исходот на спорот и околностите на случајот е можно и потребно (чл.275 Закон за семејството) 111. За постапување по предлогот за уредување на начинот на управување и користење на заеднички предмети -судот закажува рочиште на кои ги повикува сите носители на правата на заедничките предмети (чл.196 ВПП) 112. Судот во вонпроцесна постапка по изведување на доказите односите меѓу етажните сопственици ги уредува со донесување -решение (чл.208 ВПП) 113. Во постапка за уредување на меѓи, судот врши -обновување или исправање на меѓи (чл.228 ВПП) 114. Постапката за определување на надоместок за експроприрана недвижност се поведува -од страна на судот по службена должност, кога ќе му бидат доставени списите од надлежниот орган на управата (чл.242 ВПП) 115. Судски тестамент се составува -во просториите на судот или надвор од него, во станот на завештателот, во болница или на друго место, ако завештателот не е во состојба да дојде во судот. (чл.252 ВПП) 116. Ако лицето во чија корист е предаден предметот во депозит, во рок од 10 годни од предавањето на депозитот не го подигне депонираниот предмет -судот со решение ќе утврди дека депонираниот предмет станал сопственост на РМ (чл.307 ВПП) 117. Кога се отвара наследство
15
-со смртта на едно лице; -истото дејство го има и прогласувањето на едно лице за умрено (чл.120 Закон за наследувањето=ЗН) 118. Со способност за наследување се стекнува -лице кое е живо во моментот на отворањето на наследството; -детето веќе зачнато во моментот на отворањето на наследството се смета како родено ако се роди живо; -врз основа на тестамент можат да наследуваат и правни лица, доколку со одделни прописи нешто друго не е определено (чл.122 ЗН) 119. За недостојноста на наследување води сметка -судот по службена должност, освен во случај на повреда на обврската за издршка и неукажување на нужна помош. (чл.124 ЗН) 120. За да бидат релевантни причините за недостојност треба да постојат -во времето на составувањето на тестаментот (чл.47 ЗН) 121. Недостојноста за наследување може да престане -со проштевање на оставителот (чл.124 ЗН) 122. Правните лица може да се јават како наследници врз основа на -тестамент (чл.122 ЗН) 123. Вонбрачните деца на оставителот се наследници од -прв наследен ред (чл.13 ЗН) 124. Посвоеникот на оставителот е наследник од -прв наследен ред (чл. 13 и чл. 23 ЗН) 125. Во првиот наследен ред наследници се -потомците и брачниот другар на оставителот (чл.13 ЗН) 126. Брачниот другар може да се јави како наследник од првиот наследен ред доколку бракот траел -нема законска одредба која се однесува на должината на бракот, брачниот другар е наследник од првиот наследен ред без оглед на должината на бракот 127. Вонбрачниот другар може да се јави како наследник доколку
16
-умрениот не оставил други наследници од првиот првиот наследен ред и родители и браќа и сестри и ако трајната заедница траела најмалку 5 години непрекинато од засновањето на односите па се до смртта на оставителот (чл.29 ЗН) 128. Во вториот наследен ред како наследници може да се јават -родителите и брачниот другар на умрениот (чл.16 ЗН) 129. Во третиот наследен ред како наследници може да се јават -дедовците и бабите на умрениот (чл.20 ЗН) 130. Законски наследници во првиот наследен ред добиваат од оставината -еднакви делови (чл.13 ЗН) 131. Во првиот наследен ред делот на брачниот другар може да се намали ако -оставителот има деца кои не потекнуваат од бракот со надживеаниот брачен другар, а имото на овој брачен другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал при делбата на оставината на еднакви делови, тогаш на секое дете на оставителот му припаѓа двапати поголем дел отколку на брачниот другар. (чл.15 ЗН) 132. Доколку покрај брачниот другар оставителот оставил и 4 деца наследниот дел на брачниот дугар изнесува -1/5 од имотот на оставителот 133. Доколку оставителот оставил 2 малолетни деца, еден посвоеник и еден син од вонбрачна заедница . Оставината помеѓу наследниците се дели на по -1/4 134. Оставителот има брачен другар, татко, две сестри и двајца браќа, колкав дел од оставината ќе добие секоја од двете сестри. -1/20 135. Оставителот има татко, двајца браќа и лице што живеело непрекинато 5 години до смртта на оставителот. Делот што ќе го добие лицето што живеело во трајна заедница со оставителот изнесува -1/4 136. Оставителот има два сина, двајца внуци од порано умрен син, посвоеник, татко и двајца браќа. Секој од внуците ќе наследи од оставината 17
-1/8 137. Оставителот има брачен другар, татко, двајца браќа и син од вонбрачна заедница. Секој од браќата ќе наследи од оставителот. -браќата нема да наследат ништо од оставителот зошто има наследници од првиот наследен ред (брачниот другар и синот од вонбрачната заедница) (чл.13 ЗН) 138. Оставителот има три сина, двајца внуци од порано умрен син, брачен другар, татко, мајка и две сестри. Секој од синовите ќе добие од оставината -1/5 139. Оставителот има татко, мајка, двајца браќа и една сестра. Сестрата ќе добие од оставината. -нема да добие од оставината, родителите на умрениот ја наследуваат целата оставина на еднакви делови (чл.16 ЗН) 140. Оставителот има двајца правнуци, татко, брат и дедо и баба по мајка. Таткото ќе добие -1/2 141. Оставителот има дедо и баба и двајца чичковци а во лозата по мајка нема живи наследници. Бабата ќе добие -1/2 142. Оставителот има татко, мајка двајца браќа и лице што живеело во заедница со оствителот 5 години непрекинато до моментот на неговата смрт. Таткото ќе добие -1/3 143. Оставителот има брачен другар, татко, мајка, двајца браќа и две сестри. Секоја од сестрите ќе наследи -сестрите нема да наследат, наследуваат само родителите и брачниот другар на умрениот (чл.16 ЗН) 144. Оставителот има брачен другар и два сина од вонбрачна заедница. Имотот на брачниот другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал доколку оставината се дели на еднакви делови. Колкав дел од оставината ќе добие брачниот другар. -1/5 145. Оставителот има две сестри, двајца браќа и два сина – внуци од порано умрен брат. Секој од синовите на порано умрениот брат ќе наследат по. 18
-1/10 146. Оставителот има баба и дедо по мајка, дедо по татко и двајца чичковци. Секој од чичковците ќе наследат по -1/8 147. Оставителот има син, татко, мајка, две сестри . Таткото ќе наследи -таткото нема да наследи зошто целата оставина ќе му припадне на синот кој е наследник од првиот наследен ред 148. Оставителот има брачен другар, три сина, ќерка и две внуки од порано умрена ќерка. Секоја од внуките ќе наследи -1/12 149. Кои од наведените лица не може да бидат нужни наследници -нужни наследници се: децата на оставителот, неговите посвоеници и неговиот брачен другар. -потомците на децата на оставителот и на неговиот посвоеник се нужни наследници само ако во моментот на смртта на оставителот живееле во заедница со него или ако тој ги издржувал или ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. -родителите на оставителот и неговите браќа и сестри се нужни наследници само ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот. -лицата наведени во овој член се нужни наследници кога според законскиот ред на наследување се повикани на наследство. Сите други не можат да бидат нужни наследници . (чл.30 ЗН) 150. Нужниот наследен дел на брачниот другар на оставителот изнесува -1/2 од оној дел што би му припаднал според законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните наследници не бара дел од оставината, или е исклучен од наследство или е недостоен да наследи. (чл.31 ЗН) 151. Нужниот наследен дел на родителите на оставителот изнесува -1/3 од оној дел што би им припаднал според законскиот ред на наследувањето без оглед на тоа што некој од нужните наследници не бара дел од оставината, или е исклучен од наследство или е недостоен да наследи. (чл.31 ЗН) 152. Внуците на оставителот се јавуваат како нужни наследници 19
-само ако во моментот на смртта на оставителот живееле во заедница со него или ако тој ги издржувал или ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот (чл.30 ЗН) 153. Браќата и сестрите на оставителот се јавуваат како нужни наследници -само ако се трајно неспособни за работа и немаат нужни средства за живот (чл.30 ЗН) 154. Оставителот може да го лиши потомокот од неговиот нужен дел ако -е презадолжен или е растурач, завештателот може да го лиши во целост или делумно од неговиот нужен дел во корист на неговите потомци. (чл.49 ЗН) 155. Оставителот може да го исклучи наследникот од неговиот нужен дел ако -потешко се огрешил спрема оставителот со повреда на некоја законска или морална обврска и -со смисленост сторил некое потешко злодело спрема него или неговиот брачен другар, дете или родител. (чл.46 ЗН)
156. Доколку оставителот во тестаментот располагал со целиот свој имот неговиот единствен син кој не е тестаментален наследник ќе добие дел од осавината која изнесува -1/2 од она што би му припаднало според законскиот ред на наследувањето (чл.31 ЗН) 157. Како се обезбедува нужниот дел ако е повреден -со намалување на располагањата со тестаментот, па доколку нужниот дел со тоа не би бил намирен, тогаш се враќаат подароците сторени во последните 90 дена од животот на сторителот (чл.38 и чл.39 ЗН) 158. Правото да се бара враќање на подароците направени последните 90 дена од живото на оставителот заради обезбедувње на нужниот дел застараува во рок од -3 години од смртта на оставителот, односно од денот кога решението за неговото прогласување за умрен, односно решението со кое се докажува неговата смрт станало правосилно. (чл.45 ЗН) 159. Правото да се бара намалување на тестаменталните располагања заради обезбедување на нужниот дел застарува во рок од 20
-3 години од прогласувањето на тестаментот (чл.45 ЗН) 160. Делот на нужниот наследник исклучен од наследство преминува на -неговите наследници (чл.48 и чл.49 ЗН) 161. Едно лице се здобива со способност да состави тестамент -ако наполнило 15 години и ако е способно за расудување (чл. 62 ЗН) 162. Ако завештателот составил тестамент па подоцна ја изгубил способноста за расудување тестаментот ќе -остане полноважен бидејќи губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност (чл.62 ЗН) 163. Кои видови на тестамент не се предвидени со Законот за наследувањето на РМ -превидени се: своерачен тестамент (чл.66 ЗН), судски тестамент (чл.67 ЗН), тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (чл.71 ЗН), тестамент составен за време на воена состојба (чл.73 ЗН), меѓународен тестамент (чл.74 ЗН) и устен тестамент (чл.90 ЗН) 164. Своерачниот тестамент во кој не е наведена датата на неговото составување е -полноважен, бидејќи за неговата полноважност не е нужно, но е корисно, во него да е означен датумот кога е составен (чл.66 ЗН) 165. Судски тестамент го составува -по кажување на завештателот судија на основен суд, кој претходно ќе го утврди и9дентитетот на завештателот (чл.67 ЗН) 166. Сведоци кај судски тестамент се потребни -во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составил судијата (чл.68 ЗН) 167. Времето на важење на тестамент составен пред диполматко или конзуларното преставништво изнесува -нема определено време на важење 168. Tестаментот составен пред Дипломатско конзуларниот претставник се составува според одредбие што важат за -судски тестамент (чл.72 ЗН) 169. Меѓународен тестамент може да состави 21
-судија на основниот суд кој е надлежен и за составување на судски тестамент; -Меѓународен тестамент за државјанин на РМ во странство можат да состават и дипломатските или конзуларните претставници на РМ кои ќе ги определи шефот на дипломатското или конзуларно претставништво. (чл.76 ЗН) 170. Усниот тестамент престанува да важи -кога ќе поминат 30 дена од престанокот на исклучителните околности во кои е составен (чл.90 ЗН) 171. Доколку македонски државјанин се наоѓа на брод кој плови по исклучително јака бура по Медитеранот за време на својот пат може да состави -устен тестамент (чл.90 ЗН) 172. Тестаментот составен за време на воена состојба се составува според правилата на -судски тестамент (чл.73 ЗН) 173. Дали може оставителот да го отповика судскиот тестамент со подоцнежна изјава на волја дадена за време на негова тешка болест кога тој не може да дојде до судот, дадена пред двајца сведоци -да може (чл.117 и чл.90 ЗН) 174. Правно лице во РМ може да наследи врз основа на -тестамент (чл.122 ЗН) 175. Доколку оставителот е лице неспособно за расудување -тестаментот е ништовен (чл.62 ЗН) 176. Дали исто лице може да се појави како наследник на оставителот врз основа на закон и врз основа на тестамент -не може (чл.9 и чл.31 ЗН) 177. На првото јавно наддавање недвижноста може да се продаде -по утврдената цена или во поголем износ од утврдениот на понудувачот кој понудил највисока цена (чл.175 ЗИ) 178. Парични казни спрема должникот може да се изрекуваат, доколку должникот во определениот рок не ја исполни обврската која наместо него не може да ја изврши друго лице
22
-до достигнување на десеткратен износ на првата изречена казна (на физичко лице од 20.000 до 80.000 денари, на правно лице од 100.000 до 30.000.000 денари и на одговорното лице во правното лице од 20.000 до 80.000 денари )(чл.222 ЗИ) 179. Кога должникот може да поднесе предлог за противизвршување: -кога извршувањето е веќе спроведено, должникот може да поднесе до судот, односно органот кој ја донел извршната исправа, предлог за противизвршување, барајќи доверителот да му го врати она што го добил со извршувањето, ако извршната исправа е правосилно укината, преиначена, поништена или ставена вон сила. -предлогот за противизвршување може да се поднесе во рок од еден месец од денот кога должникот дознал за причината за противизвршување, а најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на извршувањето. (чл.78 ЗИ) 180. Субјективниот рок за поднесување на приговор против неправилности при извршувањето е: -3 дена од денот на осознавањето на неправилностите (чл.77 ЗИ) 181. Извршно дејствие што не се спроведува при извршување врз подвижнии педмети заради намирување на парично побарување. -се преземаат следните извршни дејствија: попис, процена, пленидба и продажба (чл.85 ЗИ) 182. Врз кој од наведените подвижни предмети може да се спроведе извршување. -не може да се спроведе врз: -облека, обувки, долна облека и други предмети за лична употреба, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и други предмети со вообичаена вредност што служат за задоволување на основните потреби за домаќинството, доколку му се потребни на должникот и на членовите на неговото домаќинство; -храна и огрев за потребите на должникот и на членовите на неговото домаќинство за три месеца; -работен и расплоден добиток, земјоделски машини и други орудија за работа, семе, добиточна храна, алат, машини и други предмети што на должникот земјоделец или занаетчија му се неопходни за одржување на земјоделското стопанство, односно за вршење на занаетчиската дејност, во мера во која е потребно со тоа да се оствари минимален приход за 23
неговото издржување и за издржување на членовите на неговото семејство; -книги и други предмети што му се потребни на должникот кој самостојно во вид на занимање со личен труд врши научна, уметничка или друга професионална дејност; -готови пари на должникот до месечниот износ кој според закон е изземен од извршување; -ордени, медали, воени споменици и други знаци на одликување и признание, венчален прстен, лични писма, ракописи и други лични списи на должникот, како и семејни фотографии и -помагала што на инвалидот или на друго лице со телесни недостатоци му се дадени врз основа на прописите или што ги набавил сам, а се неопходни за извршување на неговите животни функции. (чл.84 ЗИ) 183. По предлогот за противизвршување одлучува: -судот односно органот кој ја донел извршната исправа (чл.79 ЗИ) 184. Која од наведените постапки- дејства на извршување заради остварување на непарично побарување не е уредно со Законот за извршување. -уредени се предавање и испорака на подвижни предмети (чл.212 ЗИ), испразнување и предавање на недвижности (чл.218 ЗИ) 185. Што од наведеното не може да биде средство на извршување заради остарување на парично побарување -може да биде: продажба на подвижни предмети, продажба на недвижности, продажба на хартии од вредност и удели во трговски друштва, пренос на парично побарување, претворање во пари на други имотни права и пренос на средства што се водат на сметката кај носителна платен промет согласно со прописите за платен промет (чл.23 ЗИ) 186. Која од наведените недвижности е изземена од извршувањето -земјоделско земјиште и стопански згради на земјоделец во обем нужно неопходен за негова издршка и за издршча на членовите на неговото потесно семејство и на други лица кои според закон е должен да ги издржува. (чл.163 ЗИ) 187. Привремена мерка може да се дозволи: -пред поведувањето и во текот на судска или управна постапка (чл.31 Закон за обезбедување на побарувањата=ЗОП) 188. Судот може да дозволи привремена мерка за обезбедување:
24
-ако доверителот го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе располага со нив (чл.33 ЗОП) 189. Кој го спроведува извршувањето. -извршител (чл.31 ЗИ) 190. Што од наведеното не е содржано во условите за продажба на недвижност. -содржано е: поблизок опис на недвижноста со припадоците -назначување на службеностите и на стварните товари што ги презема купувачот -вредноста на недвижноста утврдена со заклучок на извршителот -цена по која недвижноста може да се продаде -рок во кој купувачот е должен да ја положи цената -начин на продажба и износ на гаранцијата (чл.170 ЗИ) 191. Ако според извршната исправа должникот е должен да стори определено дејствие кое наместо него не може да го стори друго лице, а должникот во определениот рок не ја исполни обврската, извршувањето се спроведува: -со спроведувањето на решението за изречената парична казна (чл.222 ЗИ) 192. Извршувањето врз парично побарување на должник се спроведува со -забрана и пренос (чл.106 ЗИ) 193. Проитв одлуката на претседателот на судот донесена по приговорот против неправилности при извршувањето: -странката или учесникот има право да поднесе жалба до апелациониот суд, на чие подрачје се наоѓа основниот суд (чл.77-а ЗИ) 194. Доверителот може да побара одлагање на извршувањето -за одреден временски период, а најмногу до 30 дена. Доверителот може да побара одлагање на извршувањето најмногу 2 пати. (чл.81 ЗИ) 195. Што не претставува услов за дозволување на привремена мерка
25
-услов е: доверителот да го стори веројатно постоењето на побарувањето и опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот, односно своите средства ќе ги отуѓи, прикрие или на друг начин ќе располага со нив. -доверителот немора да ја докажува опасноста ако стори веројатно дека со предложената мерка должникот би претрпел само незначителна штета -се смета дека опасност посоти ако побарувањето би требало да се оствари во странство (чл.33 ЗОП) 196. Основа за извршување е: -извршната исправа и решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар (чл.2 ЗИ) 197. Извршувањето започнува по барање на : -доверителот (чл.2 ЗИ) 198. Извршна исправа е -извршна судска одлука и судско порамнување -извршна одлука и порамнување во управна постапка, ако гласат на исполнување на парична обврска -извршна нотарска исправа -заклучок на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето -решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од нотар и -друга исправа која како извршна исправа е предвидена со закон. (чл.12 ЗИ) 199. Судска одлука е извршна: -ако станала правосилна и ако истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска (чл.14 ЗИ) 200. Извршување заради остварување на парично побарување се извршува со -извршување врз подвижни предмети -извршување врз парично побарување на должник -извршување врз побарувања да се предадат или испорачаат подвижни предмети или да се предаде недвижност -извршување врз хартии од вредност и врз удел во трговско друштво и 26
-извршување врз други имотни права. 201. Предмет на извршување заради наплатување на парично побарување може да биде -секој должников предмет или имотно право, што со закон не се изземени од извршување, односно доколку извршувањето врз нив не е ограничено со закон (чл.24 ЗИ) 202. Барањето за извршување на извршната исправа се доставува до -извршителот (чл.27 ЗИ) 203. Доверителот во текотна постапката може да го повлече барањето за извршување -без согласност на должникот, во целост или делумно, освен во случаите кога со повлекувањето на барањето се злоупотребуваат правата на доверителот (чл.28 ЗИ) 204. Извршувањето по правило се спроведува -секој ден од 06,00 до 21,00 часот (чл.74 ЗИ) 205. При превземање на извршни дејствија во станот на должниикот, извршителот е овластен -да ја отвори просторијата што е заклучена, а должникот не е присутен или не сака да ја отвори, во присуство на полиција и двајца полнолетни сведоци (чл.75 ЗИ) -да го отстрани лицето кое го попречува спроведувањето на извршувањето, а според околноста на случајот и да побара помош од полиција (чл.76 ЗИ) 206. За преземање на извршни дејствија во станот на должникот извршителот обезбедува писмена дозвола -претседателот на основниот суд на чие подрачје се спроведува извршувањето, во која не се назначува денот на преземањето на дејствијето (чл.75 ЗИ) 207. Странката или учесникот кој што смета дека при извршување се сторени неправилности може да поднесе приговор -до претседателот на основниот суд на чија територија извршувањето или пак дел од него се спроведува (чл.77 ЗИ) 208. Со решение претседателот на судот може -приговорот да го одбие или да го усвои (чл.77 ЗИ) 209. Претседателот на судот ако го усвои предлогот 27
-со решението со кое го усвојува приговорот ги утврдува сторените неправилности и ги става вон сила превземените извршни дејствија (чл.77 ЗИ) 210. Против решението на претседателот на судот жалба се поднесува во рок од -3 дена по приемот на решението (чл.77-а ЗИ) 211. Жалбата против решение на претседателот на судот -во рок од 3 дена ќе се достави до апелациониот суд, кој е должен во рок од 5 дена да одлучи по жалбата (чл.77-а ЗИ) 212. Предлог за противизвршување може да се поднесе во рок -од 1 месец од денот кога должникот дознал за причината за противизвршување, а најдоцна во рок од 1 година од денот на завршувањето на извршувањето (чл.78 ЗИ) 213. Судот односно органот со решение ќе го усвои предлогот на должникот за противизвршување ако -доверителот не поднесе одговор на предлогот, ненавремено поднесе одговор или пак изјави дека не се противи на предлогот (чл.79 ЗИ) 214. Претседателот на судот на барање на странката или учесникот може да го одложи извршувањето. -најмногу еднаш за одредено време но не подолго од 90 дена (чл.81 ЗИ) 215. Во времето за кое е одложено извршувањето по барање на доверителот, доверителот -го губи стекнатиот редослед за првенствена наплата кое го стекнал во времето на барање на извршувањето (чл.82 ЗИ) 216. Предмет на извршување може да биде -секој должников предмет или имотно право, што со закон не се изземени од извршување, односно доколку извршувањето врз нив не е ограничено со закон (чл.24 ЗИ) 217. Извршување врз плата и пензија заради ндомест на штета поради губење на работна способност може да се спроведе до износ од 1/2 од платата или пензијата (чл.105 ЗИ) 218. Извршување врз плата и пензија до износот од 1/3 од платата или пензијата може да се спроведе за
28
-било која основа (освен за побарување врз основа на законска издршка, надомест на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, одн осно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката каде може да се спроведе извршување до 1/2 од платата или пензијата) (чл.105 ЗИ) 219. Извршување врз примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента може да се спроведе само -на делот кој го надминува износот на најниската социјална помош која се исплатува на подрачјето на кое должникот има живеалиште (чл.105 ЗИ) 220. Извршувањето врз парично побарување кое по сметка кај банка му припаќа на фичичко или правно лице се спроведува -така што со налог за извршување и се наложува на банката паричниот износ за кој е издаден налог за извршување да го исплати на сметката на извршителот (чл.137 ЗИ) 221. Со налогот за пренос на должниково побарување извршителот ќе му наложи на должниковиот должник подвижните предмети кои се однесуваат на тоа побарување да ги предаде на -извршителот или друго лице на чување (чл.142 ЗИ) 222. Со налогот за пренос на должниковото побарување извршителот ќе му наложи на должниковиот должник недвижноста на која се однесува побарувањето да му ја предаде на -доверителот (чл.144 ЗИ) 223. Доверителот е должен да управува со недвижноста од името и за сметка на должникот како -добар стопанственик, односно добар домаќин и на должникот, по негово барање, да му положи сметка за управувањето (чл.144 ЗИ) 224. Дали должникот може да предложи друго средство за изршување по приемот на налогот за извршување и во кој рок -Да може во рок од 3 дена да предложи налогот за извршување врз недвижности да се спроведе врз друго средство на извршување или врз друга недвижност од онаа определена во налогот за извршување врз недвижности (чл.155 ЗИ) 225. Кон извршување врз невижност може да се пристапи -до донесување на заклучокот за продажба на недвижноста на купувачот (чл.157 ЗИ) 226. Со извршување врз невижност се намирува и 29
-заложниот доверител кој не барал извршување (чл.158 ЗИ) 227. Залогот врз недвижност се гаси со денот на -донесувањето на заклучокот за предавање на недвижноста во владение на купувачот и ако заложните доверители не се наполно намирени (чл.159 ЗИ) 228. Со продажба на недвижност не се гасат -ни личните службености ни стварните товари што се запишани во јавната книга пред правата на заложните доверители и правата на намирување на доверителот на чие барање е спроведено извршувањето (чл.160 ЗИ) 229. Не се изземени од извршување кај земјоделец -земјоделското земјиште и стопанските згради при извршување заради остварување на парични побарувања обезбедени со договорно заложно право над недвижности (хипотека) (чл.163 ЗИ) 230. Извршителот нема обврска да го доставува заклучокот за продажба на недвижност до -се доставува до сите учесници на на наддавањето (чл.175 ЗИ) 231. Усното јавно наддавање за продажба на недвижност се одржува -пред извршителот во простории што тој ќе ги определи (чл.169 ЗИ) 232. Рокот во кој купувачот е должен да ја плати цената не може да биде -подолг од 15 дена од денот на продажбата (чл.170 ЗИ) 233. Висината на гаранцијата за јавно наддавање при продажба на недвижност при извршување изнесува -1/10 од утврдената вредност на недвижноста (чл.171 ЗИ) 234. На второто јавно наддавање недвижноста не може да се продаде под -2/3 од утврдената вредност (чл.174 ЗИ) 235. Основ за стекнување на правото на сопственост на недвижноста продадена при извршувањето е -заклучок за извршена продажба (чл.175 ЗИ) 236. Договорот за продажба на недвижноста со непосредна спогодба го потпишуваат -купувачот и извршителот во име и за сметка на должникот (чл.176 ЗИ) 30
237. Ако недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање по предлог на доверителот -недвижноста ќе му биде продадена нему, по цена определена за продажба на второто јавно наддавање, со обврска доверителот позитивната разлика во цената да ја положи кај извршителот во рок што тој ќе му го определи (чл.180 ЗИ) 238. Ивршителот пристапува кон намирување -по донесување на заклучокот за извршено предавање на недвижноста на купувачот (чл.181 ЗИ) 239. Од износот добиен од продажбата најпрво се намируваат -трошоците на извршувањето и давачките пристигнати за последната година кои ја товарат продадената недвижност (чл.183 ЗИ) 240. Трошоците и каматата за последните три години до донесување на заклучокот за предавање на недвижноста на купувачот определен со извршната исправа се намирува -по истиот редослед како и главното побарување (чл.184 ЗИ) 241. Доколку доверителот или друго лице приговори на редот на намирување извршителот -не застанува со намирувањето, а лицето кое приговара на редот на намирување го упатува да заведе спор во рок од 30 дена (чл.187 ЗИ) 242. Побарувањето за кое во јавните книги е запишана прибелешка за спор заради бришење на заложно право се намирува. -на начин на кој се намирува побарување под раскинувачки услов (чл.191 ЗИ) 243. До кога може да се бара наплата на судски пенали -се додека не е барано извршување на извршната исправа (чл.197 ЗИ) 244. Предмет на извршување не може да бидат -предмети надвор од промет, како ни рудно богатство и други природни богатства (чл.198 ЗИ) 245. Ако доверителот во барањето за извршување не го определи редоследот на солидарните должниците налогот се врши по -оној редослед по кој должниците се наведени во барањето за извршување (чл.207 ЗИ) 246. Извршување заради предавање на недвижност се спроведува
31
-така што извршителот, откако ќе ги отстрани лицата и предметите од таа недвижност, му ја предава недвижноста во посед на доверителот (чл.218 ЗИ) 247. Барањето за извршување на извршната исправа според која работодавецот е должен работникот да го врати на работа може да се поднесе во рок -од 6 месеца од денот кога работникот стекнал право да го поднесе тоа барање (чл.226 ЗИ) 248. Заложното право врз недвижоста се заснова -така што извршителот наложува во јавната книга да се изврши соодветно запишување(чл.228 ЗИ) 249. Времето за кое е определена претходната мерка може да трае најдолго до истекот на -15 дена од денот на настанувањето на условите за присилно извршување (чл.27 ЗОП) 250. Што од наведеното не е вид на претходна мерка -видови се: попис на подвижни предмети -забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да наплати побарување, да ги прими предметите и со нив да располага -забрана на носител на платен промет на должникот или на трето лице, по налог од должникот, да исплати од неговата сметка паричен износ за кој е дозволена претходна мерка и -прибелешка на заложно право врз недвижност на должникот или врз право запишано врз недвижност (чл.24 ЗОП) 251. Барањето за надомест на штета должникот може да поднесе спрема доверителот предизвикана со определувањето и спроведувањето на претходната мерка во рок -од 3 месеца од денот на правосилноста на решението за запирање на постапката за обезбедување (чл.28 ЗОП) 252. Привремената мерка може да се дозволи -пред поведувањето и во текот на судска или управна постапка (чл.31 ЗОП) -ако доверителот го стори веројатно посотењето на побарувањето им опасноста дека без таква мерка должникот ќе ја осуети или значително отежне наплатата на побарувањето, со тоа што својот имот, односно
32
своите средства ќе ги отуги, прикрие или на друг начин ќе располага со нив (чл.33 ЗОП) 253. Што претставува стварното право во објективна смисла? -дел од објективното граѓанско право т.е. систем на норми со кои се уредуваат одредени имотно-правни односи кои имаат стварноправен карактер. Тоа се односи што настануваат по повод непосредната-директна власт на стварите. 254. Што претставува стварното право во субјективна смисла? -е облик на владение на стварта признато од објективното стварно право. Содржина на секое стварно право е непосредната-директна власт на одредена ствар која може да биде потполна(сопственичка) и делумна(друга). Власта може да биде фактичка-владение и правнасубјективно стварно право и се изразува низ повеќе овластувања на ствартаЧдржење, користење, располагање и др. 255. Што е предмет на стварното право ? -стварта 256. Видови стварни права се: -правото на сопственост, службеност, залог, реален товар и др. права 257. Основни карактеристики на стварното право се: -стварно-правноста, апсолутноста и законската определеност 258. Други карактеристики на стварното право се: -специјалноста, јавноста, трајноста и правото на првенство 259. Поим на ствар. -ствар е дел од материјалната природа што може дабиде во власт на човекот и што може да се индивидуализира (чл.12 ЗСДСП) 260. Стварите можат да се поделат според: -нивната природа, положбата во просторот, составот, намената и другите особини врз кои правото на сопственост со закон се уредува на различни начини, водејќи сметка за општата природа на правото на сопственост (чл.12 ЗСДСП) 261. Видови на ствари: -подвижни и недвижни (чл.13 ЗСДСП) -прости и сложени (чл. 14 ЗСДСП) -главна и споредна ствар(припадоци и прирастоци) (чл.15 ЗСДСП) 33
-ствари во општа употреба и ствари од општ интерес (чл.16 ЗСДСП) 262. Што ја сочинува содржината на правото на сопственост? -Сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице (чл.8 ЗСДСП) 263. Предмет на правото на сопственост: -се сите ствари коиштоможат да припаѓаат на физички и правни лица, освен оние што според својата природа или врз основа на закон не можат да бидат предмет на ова право (чл.12 ЗСДСП) 264. Кои се носители на правото на сопственост? -право на сопственост можат да стекнуваат сите домашни и странски физички и правни лица, вклучувајќи ја и државата и единиците на локалната самоуправа, под услови и на начин предвидени со овј закон (чл.3 ЗСДСП) 265. Сосопственост е: -сопственост на повеќе лица кои имаат право на сопственост на неподелена ствар на која делот на секој од нив е определен сразмерно според целината(идеален сосопственички дел) (чл.31 ЗСДСП) 266. Кои се условите за остварување на правото на првенствено купување? -сопственикот кој има намера да го продаде својот сопственички дел е должен на другите сосопственици со подавка преку нотар да им го понуди за продажба својот дел и да им ја соопшти цената и условите за продажба -ако сосопствениците на стварта не се изјаснат дека ја прифаќаат понудата во рок од 30 дена од соопштението од подавката сосопственикот може својот дел да го продаде на друго лице (чл.33 ЗСДСП) 267. Со кое правно средство се остварува заштита на право на првенствено купување? -со тужба поради повреда на правото на првенствено купување (чл.34 ЗСДСП) 268. Како се одлучува за редовното управување со сосопственичка ствар? -со согласност од сосопствениците чиишто делови претставуваат повеќе од половината на вредноста на стварта (чл.36 ЗСДСП)
34
269. За превземање на работи што ги надминуваат рамките на редовното управување со стварта, потребна е: -согласност од сите сосопственици (чл.37 ЗСДСП) 270. Во кој рок и на кој начин може да се одложи правото на делба? -сосопствениците можат едногласно да се спогодат определено време да не може да бараат делба -спогодбата произведува правно дејство ако рокот во кој не може да се бара делба не е подолг од 5 години (чл.50 ЗСДСП) 271. Заедничка сопственост – поим и видови: -заедничка сопственост е сопственост на повеќе лица на неподелена ствар кога нивните делови се определиви, но не се однапред определени -видови: заедничка сосптвеност во брачна заедница, во вонбрачна заедница, во случај на здобивање имот во наследничка заедница, во семејна заедница (чл,59 ЗСДСП) 272. Отпуштање на долг е: -спогодба со која доверителот ќе му изјави на должникот дека нема да бара исполнување на обврската на должникот и должникот ќе се согласи со тоа (чл.333 ЗОО) 273. Со Закон за облигациони односи се уредуваат основите на облигационите односи, договорите и другите облигациони односи во прометот на стоки и услуги помеѓу: -учесниците во облигационите односи кои се правни и физички лица (чл.3 ЗОО) 274. Кога се смета дека договорните страни го склучиле договорот -кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојќи на договорот (чл.18 ЗОО) 275. Изјавата на воља за склучување на договор мора да биде направена -слободно и сериозно (чл.20 ЗОО) 276. Каква мора да биде договорната обврска -возможна, дозволена, и определена односно определива (чл.38 ЗОО) 277. Секоја договорна обврска мора да има дозволена основа која е во согласност со -Уставот, законите и добрите обичаи (чл.43 ЗОО) 35
278. Каква способност е потребна за да можат субјектите-физички лица да склучат договор -деловна способност (чл.45-б ЗОО) 279. За да можат да склучат договор правните лица треба да имаат -правна способност (чл.46 ЗОО) 280. Вољата за склучување на договор може да се изјави со -зборови, вообичаени знаци или друго однесување од кое со сигурност може да се заклучи за нејзиното постоење, содржина и идентитетот на давачот на изјавата (чл.20 ЗОО) 281. Кои видови на мани на вољата постојат -закана, суштествена заблуда, заблуда за побудата кај договорот без надомест, недоразбирање, посредна изјава, измама и привиден договор(од чл.52 до чл.58 ЗОО) 282. Заблудата е суштествена кога се однесува на суштествените својства на -предметот, лицето со кое се склучува договорот ако се склучува со оглед на тоа лице, како и на околностите што според обичаите во прометот или според намерата на странките се сметаат за решавачки, а страната која е во заблуда инаку не би склучила договор со таква содржина (чл.52 ЗОО) 283. Кога странките веруваат дека се согласни а всушност меѓу нив постои недоразбирање за природата на договорот или за основот на предметот на обврската таквиот договор -е рушлив договор (чл.103 ЗОО) 284. Што преставува измама при склучување на договор -кога едната страна предизвика заблуда кај другата страна или ја одржува во заблуда со намера со тоа да ја наведе на склучување на договор (чл.57 ЗОО) 285. Странката која склучила договор под измама има право на -надомест на претрпената штета (чл.57 ЗОО) 286. Привидниот договор кој нема дејство меѓу договорните страни е -рушлив договор (чл.103 ЗОО) 287. Ако привидниот договор прикрива некој друг договор другиот договор
36
-важи ако се исполнети условите за неговата правна исправност (чл.58 ЗОО) 288. Која е правната последица од склучен договор со деловно неспособно лице -договорот е ништовен (чл.47-а ЗОО) 289. Каков е договорот што ограничено деловно способно лице го склучило без потребното одобрение од својот законски застапник -рушлив (чл.103 ЗОО) 290. Во која форма може да биде склучен договорот -договорот може да биде склучен во било која форма, освен ако со закон поинаку не е определено (чл.59 ЗОО) 291. Формалните договори можат да се раскинат со неформална спогодба освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да се изврши -во истата форма (чл.60 ЗОО) 292. Договорот кој не е склучен во пропишаната или договорената форма -нема правно дејство доколку од целта на прописот со кој е определена формата не произлегува нешто друго и нема правно дејство доколку странките ја условиле полноважноста на договорот со посебната форма (чл.62 ЗОО) 293. Договорот за чие склучување се бара писмена форма иако не е склучен во таа форма а договорните страни ги извршиле во целост или во поголем дел обврските што настануваат од него -се смета за полноважен (чл.65 ЗОО) 294. Договорот е склучен под услов ако неговиот настанок или престанување зависи од -неизвесен факт (чл.66 ЗОО) 295. Какви услови можат да се предвидат од страна на страните при склучување на договорот -одложен услов и раскинлив услов (чл.66 ЗОО) 296. Ако е склучен договор под одложен услов па истиот се исполни тогаш 37
-договорот дејствува од моментот на неговото склучување, освен ако од законот, природата на работата или волјата на странките не произлегува нешто друго (чл.66 ЗОО) 297. Ако е склучен договор под раскинлив услов -договорот престанува да важи кога ќе се исполни условот (чл.66 ЗОО) 298. Како се врши сметањето на роковите според ЗОО -во денови, недели, месеци или години (чл.69 ЗОО) 299. Капар како спореден акцесорен договор се реализира преку давање на -извесен паричен износ или извесно количество на други заменливи предмети (чл.71 ЗОО) 300. Што преставува пишманлак -извесен паричен износ или извесно количество на други заменливи предмети што едната страна ќе и го даде на другата страна доколку изјави дека го откажува договорот (чл.74 ЗОО) 301. Договор може да се превземе и преку застапник чии овластувања се засноваат на -закон, статут или друг општ акт, врз акт на надлежниот орган или врз изјава на волјата на застапуваниот(полномошно) (чл.76 ЗОО) 302. Кога застапникот ќе ги пречекори границите на овластувањето, застапуваниот е во обврска само доколку -ќе го одобри пречекорувањето (чл.79 ЗОО) 303. Кои овластувања ги има полномошникот спрема трети лица -Отповикувањето на полномошното, како и неговото стеснување нема дејство спрема третото лице кое склучило договор со полномошникот или извршило друга правна работа, а не знаело ниту морало да знае дека полномошното е отповикано, односно стеснето. (чл.85 ЗОО) -истите овластувања што би ги имал властодавецот доколку сам ја склучи правната работа ?? (да се прочита од чл.76 до чл.90 од ЗОО) 304. Еден од начините на престанок на полномошното е: -отповикување или стеснување на полномошното од страна на властодавецот (чл.84 ЗОО) -со престанување на правното лице како полномошник, ако со закон поинаку не е определено
38
-со смртта на полномошникот -со престанување на правното лице, односно со смртта на лицето кое го дало, освен ако започнатата работа не може да се прекине без штета за правните следбеници или ако полномошното важи и во случај на смерт на давателот, по негова волја или со оглед на природата на работата (чл.86 ЗОО) 305. При толкувањето на спорните одредби не треба да се прифаќа буквалното значење на употребените изрази, треба да се истражува заедничката намера на договарачите и одредбата да се разбере така како што им одговара на -начелата на облигационото право утврдени со овој закон (чл.91 ЗОО) 306. Договорот заклучен помеѓу странките е ништовен кога не во согласност со -Уставот, законите и добрите обичаи, ако целта на повреденото правило не упатува на некоја друга санкција или ако со законот во определениот случај не е предвидено нешто друго. (чл.95 ЗОО) 307. Кои се правните последици при ништовност на договорот -во случај на ништовност на договорот секоја договорна страна е должна да и го врати на другата сетоа она што го примила врз основа на таквиот договор, а ако тоа не е можно или ако природата на она што е исполнето му се спротивставува на враќањето, ќе се даде соодветен надомест во пари, според цените во време на донесувањето на судската одлука, доколку законот не определува нешто друго; -Договарачот кој е виновен за склучувањето на ништовен договор му одговара на содоговарачот за штетата что ја трпи поради ништовноста на договорот , ако овој не знаел или според околностите не морал да знае за постоењето на причината за ништовност (чл.96 ЗОО) 308. Какви правни последици предизвикува ништовноста на некоја одредба на договорот -Ништовноста на некоја одредба на договорот не повлекува ништовност и на самиот договор, ако тој може да опстане без ништовната одредба и ако таа не била ни услов на договор ни решавачка побуда поради која е склучен договорот -договорот ќе остане во сила дури и ако ништовната одредба била услов или решавачка побуда на договорот во случај кога ништовноста е установена токму за да биде договорот ослободен од таа одредба и да важи без неа (чл.97 ЗОО) 309. Кој може да се повика на ништовност на склучен договор
39
-на ништовноста судот внимава по службена должност и на неа може да се повикува секое лице кое има правен интерес -право да бара утврдување на ништовноста има и јавниот обвинител (чл.101 ЗОО) 310. Кога склучениот договор е рушлив -кога го склучило ограничено деловно способно лице, кога при неговото склучување имало мани во поглед на волјата на страните, како и кога тоа е определено со овој закон или со друг пропис (чл.103 ЗОО) 311. Последици од поништување на рушлив договор се -ако врз основа на рушлив договор било нешто исполнето че се изврши враќање, а ако тоа не е можно или ако природата на тоа што е исполнето му се противи на враќањето, ќе се даде соодветен надомест во пари -надоместот во пари се дава според цените во време на враќањето, односно донесувањето на судската одлука (чл.105 ЗОО) 312. Кога престанува правото да се бара поништување на рушлив договор -со истекот на рокот од 1 година од дознавањето за причината за рушливоста, односно од престанувањето на принудата - а во секој случај престанува со истекот на рокот од 3 години од денот на склучувањето на договорот. (чл.109 ЗОО) 313. Кој одговара за материјалните и правните недостатоци на исполнувањето кај договори со надомест -секој договарач одговара за недостатоците на своето исполнување (чл.110 ЗОО) 314. Во двостраните договори ниедна страна не е должна да ја исполни својата обврска ако -другата страна не ја исполни или ако не е готова истовремено да ја исполни својата обврска освен ако нешто друго е договорено или со закон определено или ако нешто друго произлегува од природата на работата (чл.111 ЗОО) 315. Во двостани договори кога една страна не ја исполнува својата обврска другата страна може да бара исполнување на обврската или да бара -раскинување на договорот, а во секој случај има право на надомест на штета (чл.113 ЗОО)
40
316. Ако по склучување на договорот настанат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општо мислење би било неисправно да се одржува таков каков што е настанува претпоставка за раскинување на договорот поради -променети околности (чл.122 ЗОО) 317. Кога исполнувањето на обврската на едната страна во двостран договор станала невозможна поради вонреден настан кој се случил по склучување на договорот а пред престанување на обврската -обврската на другата страна се гасне, а ако оваа целосно или делумно ја исполнила својата обврска, може да бара тоа да и се врати според правилата за стекнување без основ (чл.126 ЗОО) 318. Ако меѓу обврските на договорните страни во двостран договор во време на склучувањето на договорот постоел очигледен несразмер на заемните давања оштетената страна може да бара -поништување на догов орот ако за вистинската вредност тогаш не знаела ниту морала да знае (чл.128 ЗОО) 319. Договорот со кој една од договорните страни со користење на состојбата на нужда или тешка материјална состојба на друг, неговото недоволно искуство, лекомисленост или зависност, ќе договори за себе или за некој трет корист која е во очигледен несразмер е -ништовен (лихварски договор) (чл.129 ЗОО) 320. Отстапување на договор е двостран договор со кој една од страните помеѓу кои е склучен го отстапува своето место во договорот на трето лице кое се стекнува со -сите нејзини права и обврски од тој договор (чл.132 ЗОО) 321. Што создава договорот за договорните страни -права и обврски (чл.135 ЗОО) 322. Кога некој од свое име ќе договори побарување во корист на трет третиот стекнува према должникот -сопствено и непосредно право, ако нешто друго не е договорено или не произлегува од околностите на работата (чл.136 ЗОО) 323. За да настане одговорност од причинување на штета, потребно е да бидат исполнети следните претпоставки кои се состојат во постоење на 41
-вина кога штетникот причинил штета со намера или со невнимание (крајно, обично или друг степен на неввнимание предвиден со закон ) (чл.145 ЗОО) -и без оглед на вината кога штетата е причинета од предмети или дејности од кои произлегува зголемена опасност од штета за околината (чл.141 ЗОО) 324. Штетата преставува -намалување на нечиј имот(обична штета) и спречување на неговото зголемување (испуштена корист), како и повреда на личните права (нематеријална штета) (чл.142 ЗОО) 325. Кој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува опасност од позначителна штета нему или на неопределен број лица -секој (чл143 ЗОО) 326. Од кого може да се бара да се нареди престанување на дејствие со кое се повредува нечие лично право и одстранување на последиците од тоа -од суд или друг надлежен орган (чл.144 ЗОО) 327. Одговорност за причинување на штета врз основа на вина постои кога штетникот штетата ја причинил -со намера или со невнимание (чл.145 ЗОО) 328. Дали одговара за штета што ќе му ја причини на друг лице кое поради душевна болест или заостанат умствен развој или од кој и да е други причини не е способен за расудување -не одговара (чл.146 ЗОО) 329. Кој одговара за штетата што ќе ја причини дете со навршени седум години од својот живот -родителите, освен ако докажат дека штетата настанала без нивна вина (чл.152 ЗОО) 330. За штета што работникот во работата или во врска со работата ќе му ја причини на трето лице одговара -работодавецот кај кој работел работникот во моментот на причинувањето на штетата, освен ако докаже дека работникот во дадените околности постапувал онака како што требало (чл.157 ЗОО)
42
331. Кој одговара за штета што ќе му ја причини орган на правното лице на трето лице при вршењето или во врска со вршењето на својата функција -правното лице (чл.158 ЗОО) 332. За штета настаната од смрт, телесна повреда или оштетување, односно уништување на имотот на физичко или правно лице, поради акти на насилство или терор, како и при јавни демонстрации и манифестации се одговара без оглед на постоење на вина а за овој вид штета одговара -државата, освен ако поинаку не е определено со друг закон (чл.166 ЗОО) 333. Кој одговара за штета настаната од некое дело на корупција сторено од државните службеници при вршење на нивните функции -одговара државата, односно органите на локалната самоуправа во чии органи вршеле функција државните службеници (чл.167 ЗОО) 334. За штета направена на правни и физички лица на територија на Република Македонија од лица ангажирани од меѓународни воени или други организации со кој Република Македонија склучила договор одговара -државата (чл.169 ЗОО) 335. Одговорното лице е должно да ја воспостави состојбата што била пред настанување на штетата но ако таа не може да се воспостави ќе биде задолжен да -му исплати на оштетениот соодветна сума пари на име надомест на штетата (чл.174 ЗОО) 336. Во случај на смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето надоместокот се определува по правило -во форма на парична рента, доживотно или за определено време (чл.177 ЗОО) -според висината на трошоците за лекување на оштетениот од добиените повреди и другите потребни трошоци во врска со лекувањето, како и заработката загубена поради неспособноста за работа (чл.182 ЗОО) -ако повредениот поради целосна или делумна неспособност за работа ја губи заработката или потребите му се трајно зголемени или можностите за негово натамошно развивање и напредување се уништени или намалени, одговорното лице е должно да му плаќа на повредениот определена парична рента, како надомест за таа штета (чл.184 ЗОО) 337. Како се определува висината на надоместокот на обична штета што ја причинило одговорното лице 43
-според цените во времето на донесувањето на судската одлука, освен ако нешто друго не е уредено со закон (чл.178 ЗОО) 338. Што се зема во предвид при оцена на висината на испуштената корист при надомест на штета -добивката што можела основано да се очекува според редовниот тек на работите или според посебни околности, а чие оставрување е спречено со оштетниковото дејствие или пропуштање на оштетениот (ќч.178 ЗОО) 339. Оштетениот кој придонел штетата да настане или да биде поголема отколку би била има право на -сразмерно намален надомест (чл.181 ЗОО) 340. Одговорното лице кое со штетното дејствие довело до нечија смрт е должно да ги надомести вообичаените трошоци за -неговиот погреб (чл.182 ЗОО) 341. Правото на надомест на штета во вид на парична рента поради смрт на блиско лице или поради повреда на телото или оштетување на здравјето -не може да се пренесе врз друго лице (чл.186 ЗОО) 342. Повредата на честа како и изнесување или пренесување на невистински наводи преставува основ за -надомест на материјална штета во случај на повреда на честа и ширење на невистинити наводи (чл.187 ЗОО) 343. Како се надоместува нематеријална штета -нематеријално (морална сатисфакција) и материјално (материјална сатисфакција) во случаите предвидени со закон (чл.187-а ЗОО) 344. Што може да нареди судот во случај на повреда на некое лично право на оштетениот -на трошок на штетникот, објавување на пресудата, односно исправката, повлекување на изјавата со која е сторена повредата или нешто друго со што може да се оствари целта која се постигнува со справедливиот паричен надоместок (чл.188 ЗОО) 345. За повреда на личните права каков надоместок на штета досудува судот -во случај на повреда на личните права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство (чл.189 ЗОО) 44
346. Кога се досудува справедлив паричен надоместок на потесното семејство на оштетениот -во случај на смрт или тежок инвалидитет на некое лице (чл.190 ЗОО) 347. Во кој случај надоместокот на нематеријална штета може да премине врз наследникот на оштетениот -само ако е признаено со правосилна одлука или со писмена спогодба (чл.193 ЗОО) 348. Каква е одговорноста за штета што ја причиниле повеќе лица -солидарна (чл.195 ЗОО) 349. Каква е одговорноста на нарачателот и изведувачот на работи врз недвижност спрема трето лице за штета што ќе му настане во врска со изведување на тие работи -солидарна (чл.196 ЗОО) 350. Кога дел од имотот на едно лице премине на било кој начин во имот на некое друго лице а тоа преминување нема своја основа во некоја правна работа или во закон станува збор за -стекнување без основа (чл.199 ЗОО) 351. Кој нема право да бара враќање на платеното -тој што ќе изврши исплата знаејќи дека не е должен да плати, освен ако го задржал правото да бара враќање или ако платил за да ја избегне принудата (чл.200 ЗОО) 352. Кога едно лице ќе исплати долг двапати без оглед на каков начин го извршил плаќањето има право да бара -враќање според општите правила за стекнување без основа (чл.201 ЗОО) 353. Кога се враќа она што е стекнато без основ мора да се вратат и -плодовите и да се плати казнена камата и тоа ако е стекнувачот несовесен од денот на стекнувањето, а инаку од денот на поднесувањето на барањето (чл.203 ЗОО) 354. Не може да се бара враќање на неосновано платени износи на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, доколку исплатата е извршена на -совесен прибавувач (чл.205 ЗОО) 355. Кон вршење на туѓа работа може неповикано да се пристапи само ако работата не трпи одлагање, па престои штета или пропуштање на очигледна корист, а тоа преставува 45
-работоводство без налог (чл.209 ЗОО) 356. Кога се врши туѓа работа и покрај забраната на лицето чија е работата а за забраната знаел и морал да знае, работоводителот -ги нема правата што му припаѓаат на работоводителот без налог (чл.215 ЗОО) 357. Писмената исправа со која нејзиниот издавач се обврзува дека ќе му ја исполни на нејзиниот законит имател обврската запишана на таа хартија преставува -хартија од вредност (чл.223 ЗОО) 358. На кого може да гласи хартијата од вредност -на доносител, на име или по наредба (чл.225 ЗОО) 359. Обврска од хартија од вредност настанува -во моментот кога издавачот на хартијата од вредност ќе му ја предаде на нејзиниот корисник (чл.226 ЗОО) 360. Доверителот во обврзан однос е овластен да бара од должникот исполнување на обврската, а должникот е должен -да ја исполни совесно во сето како што гласи таа (чл.251 ЗОО) 361. Кога должникот нема да ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување доверителот -има право да бара и надомест на штета што ја претрпел поради тоа (чл.251 ЗОО) 362. Должникот се ослободува од одговорност од штета бидејќи неможел да ја исполни својата обврска поради -вонреден настан што се случил по склучување на договорот, а кој не можел да го спречи, избегне или отстрани (виша сила) (чл.252 ЗОО) 363. Доверителот и должникот можат да се договорат дека должникот ќе му исплати на доверителот определен паричен износ или ќе му прибави некоја друга материјална корист ако не ја исполни својата обврска или задоцни со своето исполнување коj паричен износ претставува -договорна казна (чл.259 ЗОО) 364. Како се определува висината на договорната казна -договорните страни можат да ја определат висината на договорната казна според својот наод, во еден вкупен износ, во процент или за секој ден задоцнување или на некој друг начин (чл. 260 ЗОО) 46
365. За исполнување на кои обврски не може да се договори договорна казна -за парични обврски (чл.259 ЗОО) 366. Должникот коj ќе задоцни со исполнување на парична обврска долгува покрај главницата и -казнена камата (чл.266 ЗОО) 367. Стапката на казнената камата се определува во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие кај трговските договори и договори помеѓу трговци и лица на јавно право зголемена за -10 процентни поени (чл.266-а ЗОО) 368. Стапката на казнената камата се определува во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие кај договори во кои барем едното лице не е трговец зголемена за -8 процентни поени (чл.266-а ЗОО) 369. Кога паричнита обврска е изразена или определена во странска валута стапката на казнената камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на -едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (чл.266-а ЗОО) 370. Кога камата се договара повисоко од стапката на законската казнена камата таа одредба од договорот е -целосно или делумно ништовна (чл.266-а ЗОО) 371. На износот на неисплатена камата може да се бара казнена камата само од денот кога -до судот е поднесено барање за нејзина исплата (чл.268 ЗОО) 372. Дали тече казнена камата на стасаната, а неисплатена договорна или казнена камата, како и на други стасани повремени парични давања -не тече казнена камата, освен кога тоа е определено со закон (чл.268 ЗОО)
47
373. Кога доверителот чие побарување е стасано за исплата може да го побива правното дејство на својот должник -кога дејствијето е превземено на штета на доверителите (чл.269 ЗОО) 374. Товарното располагање може да се побива ако во времето на располагање должникот знаел или можел да знае дека со располагањето им нанесува -штета на своите доверители и ако на третото лице со кое или во чија корист е преземено правното дејствие тоа му било познато или можело да му биде познато (чл.270 ЗОО) 375. Неможат да се побиваат поради оштетување на доверителот -вообичаените пригодни подароци, наградните подароци, како ни подароци направени од благодарност, сразмерни со материјалните можности на должникот (чл.271 ЗОО) 376. Како се врши побивање на должниковите правни дејствија -со тужба или со приговор (чл.272 ЗОО) 377. Ако судот го усвои тужбеното барање, правното дејствие го губи дејството само према тужителот толку колку што е потребно -за исполнување на неговите побарувања (чл.273 ЗОО) 378. Во кој рок може да се поднесе тужба за побивање на должниковите правни дејствија -во рок од 3 години од денот кога е преземено правното дејствије кое се побива, односно од денот кога требало да се преземе пропуштеното дејствије (чл.274 ЗОО) 379. Видови посебен имот на брачните другари: -имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот -како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот (чл.68 ЗСДСП) 380. Дали заедничкиот недвижен имот на брачните другари мора да биде запишан на двајцата брачни другари?
48
-не, ако во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари (чл.69 ЗСДСП) 381. Брачниот другар кој од својот посебен имот исполнил солидарна обврска има право да бара од другиот брачен другар: -да му го надомести делот на обврската што паѓа на него (чл.79 ЗСДСП) 382. Кои правила се применуваат во стекнувањето и делба на имот на вонбрачна заедница? -правилата кои се применуваат за заедничкиот имот на брачните другари (чл.81 ЗСДСП) 383. Какво својство имаат наследниците до правосилноста на решението за наследување? -на заедничари (чл.82 ЗСДСП) 384. Во кој обем наследниците одговараат за долговите на оставителот? -одговараат солидарно секој до висината на вредноста на својот дел од наследениот имот, без оглед на тоа дали е извршена делба на наследството (чл.83 ЗСДСП) 385. Застарување на делба на наследен имот: -ова право не застарува (чл.88 ЗСДСП) 386. Поим на заедничка сопственост во семејна заедница: -во семејна заедница секој член, освен брачните и вонбрачните другари, стекнува право на сопственост на стварите за себе (посебен имот), освен ако поинаку не се договорат или ако тоа не произлегува од околностите на случајот (чл.92 ЗСДСП) -во семејна заедница, по правило, не може да стекнува имот дете кое не навршило 15 години од животот (чл.94 ЗСДСП) 387. Кои околности влијаат врз големината на делот на секој член во семејната заедница при непостоење на договор? -големината на делот се утврдува врз основа на придонесот на членовите кои учествувале во стекнувањето на правото на сопственост, зависно од вложениот труд, заработувачката, водењето на домашните работи, грижата за одржување на имотот и секоја друга форма на работа и соработка во неговото управување, одржување и зголемување (чл.93 ЗСДСП)
49
388. Кои ствари можат да бидат во сопственост на различни физички и правни лица (етажна сопственост)? -станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопственост на различни физички или правни лица (чл.95 ЗСДСП) 389. Кои се правните основи за стекнување на право на сопственост? -закон, правна работа, наследување и одлука на надлежен државен орган (чл.112 ЗСДСП) 390. Правото на сопственост врз основа на Закон, се стекнува со: -создавање нова ствар, со мешање и спојување, со градење на земјиште, со одржување, со одвојување на плодовите, со стекнување сопственост од несопственик, со окупација, со припојување и таложење, со промена на корито на водотек и создавање на остров и во други случаи определени со закон (чл.113 ЗСДСП) 391. Како се стекнува сопственост со создавање нова ствар? -лицето кое ќе изработи од свој материјал со свој труд нова ствар, стекнува право на сопственост на таа ствар -правото на сопственост на новата ствар му припаѓа на сопственикот од чиј материјал, врз основа на правна работа, стварта ја изработило друго лице -ако некој од туѓ материјал изработил со свој труд нова ствар, таа му припаѓа нему, ако е совесен и ако вредноста на трудот е поголема од вредноста на материјалот, но тој е должен да ја надомести вредноста на материјалот, а ако вредностите се еднакви настанува сосопственост (чл.114 ЗСДСП) 392. Сопственост со мешање и спојување се стекнува: -кога стварите што им припаѓаат на разни сопственици се измешани или споени, така што не можат да се раздвојат без значителна штета или без несразмерни трошоци, на новата ствар настанува право на сосопственост во корист на дотогашните сопственици и тоа сразмерно со вредноста што одделни ствари ја имале во моментот на мешањето или спојувањето (чл.115 ЗСДСП) 393. За стекнување право на сопственост со одржувачка на подвижна ствар, потребно е да бидат исполнети следните услови: -држателот да е совесен и законит, друг да има право на сопственост на таа ствар и да измине време од 3 години -држателот да е совесен, друг да има право на сопственост на таа ствар и да измине време од 10 години (чл.124 ЗСДСП) 50
394. Право на сопственост на подвижна ствар со окупација се стекнува: -на подвижна ствар, што нејзиниот сопственик ја напуштил, право на сопственост стекнува лицето кое ја зело таа ствар во владение со намера да ја присвои, ако со закон поинаку не е определено (чл.133 ЗСДСП) 395. Во кои ситуации се стекнува право на сопственост од несопственик? -совесно лице стекнува право на сопственост на подвижна ствар што ја прибавило со надоместок од несопственик кој во рамките на својата дејност пушта во промет такви ствари, од несопственик кому сопственикот му ја предал стварта во владение врз основа на правно дело што не е основа за прибавување на правото на сопственост, како и на јавна продажба (чл.147 ЗСДСП) 396. Стекнување на право на сопственост на подвижна ствар врз основа на правно дело претставува: -деривативно стекнување со сопственост -предавање на стварта во владение на стекнувачот (чл.145 ЗСДСП) 397. Сопственост на недвижност врз основа на правно дело се стекнува со: -запишување во јавната книга за запишување на правата на недвижностите или на друг соодветен начин определен со закон (чл.148 ЗСДСП) 398. Кога се стекнува правото на сопственост со наследување? -во моментот на отворање на наследството на имотот на умрениот, ако со закон поинаку не е определено (чл.153 ЗСДСП) 399. Право на сопственост со одлука на државен орган се стекнува: -во моментот на правосилноста на судската одлука, односно конечноста на одлуката на друг орган, ако со закон не е нешто друго определено, ниту произлегува од целта заради која одлуката е донесена (чл.154 ЗСДСП) 400. Кои видови тужби може да се поднесат заради заштита на право на сопственост? -сопственичка тужба за поврат на стварта (чл.156 ЗСДСП) -тужба на претпоставениот сопственик (чл.160 ЗСДСП) -тужба поради вознемирување на сопственоста (чл.161 ЗСДСП) -тужба за заштита на сосопственоста, односно заедничката сопственост (чл.162 ЗСДСП) 51
-деклараторна и излачна тужба (чл.163 ЗСДСП) 401. Што се подразбира под сопственичка тужба за поврат на ствар? -тужба со која сопственикот бара од држателот поврат на индивидуално определена ствар, сопственикот со поднесување на оваа тужба мора да докаже дека врз стварта чиј поврат го бара има право на сопственост, како и дека стварта се наоѓа во фактичка власт на тужениот (чл.156 ЗСДСП) 402. Што е тужба од претпоставен сопственик? -тужба со која лицето кое прибавило индивидуално определена ствар врз правна основа и на законит начин, а не знаело и не можело да знае дека не станало сопственик на стварта, бара нејзин поврат од совесниот држател кај кого таа ствар се наоѓа без правна основа или по послаба основа (чл.160 ЗСДСП) 403. Кога се поднесува тужба поради вознемирување на сопственост? -кога трето лице го вознемирува остварувањето на правото на сопственост на сопственикот или претпоставениот сопственик на друг начин, а не со одземање на стварта, па сопственикот, односно претпоставениот сопственик може со тужба да бара да престане тоа вознемирување (чл.161 ЗСДСП) 404. Кој може да поднесе тужба за заштита на сосопственост односно заедничка сопственост? -било кој од сосопствениците односно заедничките сопственици (чл.162 ЗСДСП) 405. Обележи ја дефиницијата за деклараторна тужба: -деклараторна тужба е тужба за утврдување на правото (чл.163 ЗСДСП) 406. Кога престанува правото на сопственост? -со пропаѓање на стварта (чл.164 ЗСДСП) 407. Дали врз остатоците од стварта сопственикот го задржува правото на сопственост? -да, го задржува (чл.164 ЗСДСП) 408. Право на задржување (ретенција) претставувa: -право на доверителот на стасаното побарување во чии раце се наоѓа некој должникот предмет да го задржи истиот додека не ќе му биде исплатено побарувањето (чл.275 ЗОО) 52
409. Обврската престанува кога: -ќе се исполни, како и во други случаи определени со закон (чл.284 ЗОО) 410. Кај исполнување со преминување на правото врз исполнувачот (суброгација): -секој исполнувач може да договори со доверителот, пред исполнувањето или при исполнувањето, исполнетото побарување да премине врз него со сите или само со некои споредни права (чл.288 ЗОО) 411. Полноважно исполнувањето се состои од: -извршување на она што ја сочинува содржината на обврската, па ниту должникот може да ја исполни со нешто друго, ниту доверителот може да бара нешто друго (чл.296 ЗОО) 412. Кога не постои должникова изјава за засметување: -обврските се намируваат по оној ред како која стасала за исполнување (чл.301 ЗОО) 413. Доверителот паѓа во задоцнување ако: -без основана причина одбие да го прими исполнувањето или ако го спречи со своето однесување -и кога е готов да го прими исполнувањето на должниковата истовремена обврска, но не нуди исполнување на својата стасана обврска (чл.314 ЗОО) 414. Должникот паѓа во задоцнување кога: -не ќе ја исполни обврската во рокот определен за исполнување -ако рокот за исполнување не е определен, должникот паќа во задоцнување кога доверителот ќе го повика да ја исполни обврската усно или писмено, со вонсудска опомена или со започнување на некоја постапка чија цел е да се постигне исполнување на обврската (чл.313 ЗОО) 415. Со пребивање (компензација) должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него ако: -двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани (чл.325 ЗОО) 416. Обврската престанува (новација): -ако доверителот и должникот се согласат постојната обврска да ја заменат со нова и ако новата обврска има различен предмет или различна правна основа (чл.337 ЗОО) 417. Обврската престанува со соединување (конфузија) кога: 53
-едно исто лице ќе стане и доверител и должник (чл.342 ЗОО) 418. Неможност за исполнување: -обврската престанува кога нејзиното исполнување ќе стане невозможно поради околности за кои должникот не одговара -должникот треба да ги докаже околностите кои ја исклучуваат неговата одговорност (чл.343 ЗОО) 419. Трајниот долговен однос ќе престане со отказ: -ако времето на траење на долговниот однос не е определено (чл.347 ЗОО) 420. Кај активната облигација застареноста започнува да тече: -кога ќе истече определеното време со закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската (чл.349 ЗОО) -првиот ден по денот кога доверителот имал право да бара исполнување на обврската, ако за одделни случаи со закон не е пропишано нешто друго (чл.350 ЗОО) -ако обврската се состои во тоа нешто да не се стори, да се пропушти или трпи застареноста почнува да тече првиот ден од денот кога должникот постапил спротивно на обврската (чл.350 ЗОО) 421. Побарувањето на надомест за причинета штета застарува: -за 3 години од кога оштетеникот дознал за штетата и за лицето кое ја сторило штетата; -во секој случај ова побарување застарува за 5 години од кога настанала штетата; -побарувањето на надомест на штета настаната со повреда на договорна обврска застарува за времето определено за застареност на таа обврска (чл.365 ЗОО) 422. За 1 година застаруваат: -побарувањето на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас, вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота, кога испораката, односно услугата е извршена за потребите на домакинството -побарувањето на радиостаница и радио-телевизиска станица за употреба на радио-приемник и телевизиски приемник -побарувањето на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на поштенски преградоци, како и другите нивни побарувања што се наплатуваат во тримесечни или во пократки рокови и
54
-побарувањето на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот на времето за кое е нарачана публикацијата. (чл.367 ЗОО) 423. Преклузивен рок е: -непроменлив, неодложен, конечен, последен рок до кој мора да се изврши обврската 424. Застарувањето не тече меѓу: -брачни другари -родители и деца додека трае родителското право -штитеник и неговиот старател, како и органот за старателство, за време на траењето на старателството и додека не ќе бидат положени сметките и -две лица кои живеат во вонбрачна заедница додека постои таа заедница (чл.370 ЗОО) 425. Застарувањето се прекинува: -кога должникот ќе го признае долгот (чл.376 ЗОО) 426. Начелото на монетарен номинализам подразбира: -кога обврската има за предмет парична сума, должникот е должен да го исплати оној број парични единици на кој гласи обврската, освен кога со закон се определува нешто друго (чл.383 ЗОО) 427. Плаќање пред рокот: -должникот на парична обврска може истата да ја исполни пред рокот -ништовна е одредбата на договор со која должникот се откажува од ова право -во случај на исполнување на паричната обврска пред рокот, должникот има право од износот на долгот да го одбие износот на каматата за времето од денот на исплатата до стасаноста на обврската, ако поинаку не е определено со договорот (чл.387 ЗОО) 428. Стапката на договорна камата се определува: -договорно, но не повисока од стапката на законската казнена камата зголемена најмногу за 50% (чл.388 ЗОО) 429. Алтернативна обврска претставува: -право на избор на должникот ако некоја обврска има два или повеќе предмети, да даде само еден за да се ослободи од обврската (чл.391 ЗОО) 430. Доверителот на факултативната обврска може да бара од должникот : 55
-да му го даде само предметот на обврската, но не и друг предмет со кој должникот, ако сака може, исто така, да ја исполни својата обврска (чл.398 ЗОО) 431. Кај солидарните обврски, солидарноста на доверителот означува: -дека секој солидарен доверител има право да бара од должникот исполнување на целата обврска, но кога еден од нив ќе биде намирен, обврската престанува и спрема другите доверители (чл.414 ЗОО) 432. Деливи обврски: -деливи се оние обврски, чиј предмет е делив и поради тоа е можно исполнувањето на тие односи да се врши во делови -неделиви обврски се солидарните значи деливи се сите други (чл.423 ЗОО) 433. Со договорот за отстапување на побарувања (цесија) се врши промена на субјектот на страната на: -доверителот (чл.424 ЗОО) 434. Со договорот за отстапување на побарувања (цесија) доверителот може: -да го пренесе врз друг своето побарување, освен она чие пренесување е забрането со закон или кое е врзано за личноста на доверителот, или кое според својата природа му се спротивставува на пренесувањето врз друг (чл.424 ЗОО) 435. Преземањето на долг се врши: -со договор меѓу должникот и преземачот, со кој се согласил доверителот (чл.434 ЗОО) 436. Преземање на исполнување се врши со: -договор меѓу должникот и некој трет со кој овој се обврзува спрема должникот да ја исполни неговата обврска спрема неговиот доверител (чл.441 ЗОО) 437. Договорот за продажба е: -таков договор со кој продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената -продавачот на некое право се обврзува на купувачот да му го прибави продаденото право, а кога вршењето на тоа право бара држење на предметот и да му го предаде предметот (чл.442 ЗОО)
56
-консензуален, двострано-обврзувачки, каузален, по правило неформален и именуван договор на облигационото право, главно се склучува како главен договор, односно ретко може да се случи тој да биде склучен како акцесорен договор кон некој друг договор. 438. Консензуалноста на договорот за продажба означува дека: -е постигната согласност на волјите помеѓу купувачот и продавачот 439. Предметот на договорот за продажба: -можат да бидат подвижни и недвижни предмети -предметот за кој е договорот мора да биде во промет, па е ништовен договорот за продажба на предмет кој е надвор од прометот (чл.446 ЗОО) -за продажбата на предмети чијшто промет е ограничен важат посебни прописи (чл.446 ЗОО) -продажбата може да се однесува и на иден предмет (чл.446 ЗОО) 440. Предавање на предметот на договорот за продажба: -се врши во времето и местото определено со договорот за продажба (чл.455 ЗОО) 441. Кога постојат материјални недостатоци на предметот: -ако предметот ги нема потребните својства за негова редовна употреба или за промет; -ако предметот ги нема потребните својста за особената употреба за која го набавува купувачот, а која му била позната на продавачот или морала да му биде позната; -ако предметот ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчно договорени, односно пропишани и -кога продавачот предал предмет кој не е соодветен на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани само заради известување (чл.467 ЗОО) 442. Кога продавачот одговара за материјални недостатоци на предметот на продажба: -одговара и за недостатоците што купувачот можел лесно да ги забележи ако изјавил дека предметот нема никакви недостатоци или дека предметот има определени својства или одлики (чл.468 ЗОО) 443. Скриени недостатоци на предметот на продажба: -кога по приемот на предметот од страна на купувачот ќе се покаже дека предметот има некој недостаток што не можел да се открие со 57
вообичаениот преглед при преземањето на предметот, купувачот е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да го извести продавачот во рок од 8 дена сметајќи од денот кога го открил недостатокот, а кај трговски договор без одлагање (чл.470 ЗОО) 444. Купувачот кој навремено и уредно го известил продавачот за недостатокот може: -да бара од продавачот да го отстрани недостатокот или да му предаде друг предмет без недостаток(исполнување на договорот); -да бара намалување на цената и -да изјави дека го раскинува договорот. во секој од овие случаи купувачот има право и на надомест на штетата (чл.476 ЗОО) 445. Одлагање на предавање на предметот до исплата на цената: -ако не е нешто друго договорено или вообичаено, продавачот не е должен да го предаде предметот ако купувачот не му ја исплати цената истовремено или ако не е готов тоа да го стори истовремено, но купувачот не е должен да ја исплати цената пред да има можност да го прегледа предметот (чл.463 ЗОО) 446. Раскинување на договорот за продажба: -купувачот може да го раскине договорот само ако претходно му оставил на продавачот дополнителен примерен рок за исполнување на договорот; -купувачот може да го раскине договорот и без оставање на дополнителен рок ако продавачот, по известувањето за недостатоците, му соопштил дека нема да го исполни договорот или ако од околностите на конкретниот случај очигледно произлегува дека продавачот не ќе може да го исполни договорот ни во дополнителниот рок (чл.478 ЗОО) 447. Кај договорот за продажба, купувачот поради неисправно функционирање на предметот: -може да бара од продавачот, односно од производителот или лицето определено од нивна страна поправка или замена на предметот в о текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостатокот во функционирањето; -тој има право на надомест на штетата што ја претрпел поради тоа што бил лишен од употребата на предметот од моментот на барањето поправка или замена до нивното извршување (чл.490 ЗОО) 448. Одговорност за правните недостатоци (заштита од евикција) кај договорот за продажба: 58
-продавачот одговара ако врз продадениот предмет постои некое право на трет што го исклучува, намалува или ограничува правото на купувачот, а за чие постоење купувачот не е известен, ниту се согласил да го земе предметот оптоварен со тоа право; -продавачот на некое друго право гарантира дека тоа постои и дека нема правни пречки за неговото оставрување (чл.496 ЗОО) 449. Претпоставки за реализација на заштитата од евикција: -кога ќе се покаже дека трето лице полага некое право врз предметот, купувачот е должен да го извести продавачот за тоа, освен ако тоа на продавачот веќе му е познато и да го повика во разумен рок да го ослободи предметот од правото или претензијата на трет или кога предмет на договорот се предмети определени според родот, да му испорача друг предмет без правен недостаток (чл.497 ЗОО) 450. Правни последици и санкции за правните недостатоци во однос на одговорноста на продавачот: -ако продавачот не постапи според барањето на купувачот, во случај на одземање на предметот од купувачот, договорот се раскинува според самиот закон, а во случај на намалување или ограничување на правото на купувачот, купувачот може по свој избор да го раскине договорот или да бара сразмерно намалување на цената -ако продавачот не го задоволи барањето на купувачот во разумен рок да го ослободи предметот од правото или претензиите на трет, купувачот може да го раскине договорот ако поради тоа неговата цел не може да се оставри -во секој случај купувачот има право на надомест на претрпената штета -меѓутоа ако купувачот во моментот на склучувањето на договорот знаел за можноста предметот да му биде одземен или да му биде намалено или ограничено неговото право, нема право на надомест на штетата ако таа можност се оствари, но има право да бара враќање, односно намалув ање на цената (чл.498 ЗОО) 451. Ако продавачот не изврши во разумен рок кој не може да биде подолг од 45 дена, поправка или замена на предметот кај договорот за продажба: -купувачот може да го раскине договорот или да ја намали цената и да бара надомест на штета (чл.492 ЗОО) 452. Обврски на купувачот кај договорот за продажба: -исплата на цената и преземање на предметот (чл.504 и чл.507 ЗОО) 453. Кај продажба со право на првенствено купување: 59
-купувачот се обврзува да го извести продавачот за намерата да му го продаде предметот на определено лице, како и за условите на таа продажба и да му понуди тој да го купи предметот за истата цена (чл.515 ЗОО) 454. Кај продажба со право на првенствено купување, продавачот: -е должен да го извести купувачот на сигурен начин за својата одлука да го користи правото на првенствено купување во рок од 1 месец , сметајќи од денот кога купувачот го известил за намерата да изврши продажба на трето лице; -истовремено со изјавата дека тој го купува предметот, продавачот е должен да ја исплати цената договорена со третото лице или да ја положи кај судот; -ако во догов орот со трет е предвиден рок за исплата на цената, продавачот може да го користи тој рок само ако даде доволно обезбедување (чл.516 ЗОО) 455. Лицата кои според самиот закон имаат право на првенствено купување: -мораат да бидат известени писмено за намерата да се изврши продажба и за нејзините услови, инаку имаат право да бараат поништување на продажбата (чл.521 ЗОО) 456. Со продавен налог: -се обврзува налогопримачот определен подвижен предмет, што му го предал налогодавецот, да го продаде за определена цена во определен рок или во тој рок да му го врати на налогодавецот (чл.540 ЗОО) 457. Со договорот за размена: секој договарач се обврзува спрема својот содоговарач да му го предаде предметот што се разменува така што тој да стекне право на сопственост врз предметот. (чл.543 ЗОО) 458. Каков е предметот во договор за размена? -предмет на размена можат да бидат и преносливи права (чл.543 ЗОО) -на размената соодветно се применуваат одредбите од договорот за продажба (чл.544 ЗОО) што значи предмет на размена можат да бидат: -можат да бидат подвижни и недвижни предмети -предметот за кој е договорот мора да биде во промет, па е ништовен договорот за продажба на предмет кој е надвор од прометот (чл.446 ЗОО) 60
-за продажбата на предмети чијшто промет е ограничен важат посебни прописи (чл.446 ЗОО) -продажбата може да се однесува и на иден предмет (чл.446 ЗОО) 459. Договор за заем е: -договор со кој се обврзува заемодавецот да му предаде на заемопримачот определен износ пари или определено количество други заменливи предмети, а заемопримачот се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ пари, односно истото количество предмети од ист вид и квалитет (чл.545 ЗОО) 460. Договорот за заем настанува: -кога договорните страни се спогодиле за суштествените состојќи на договорот (чл.18 ЗОО) -односно кога ќе се спогодат за: предметот на заемот, времето на траење на договорот и надоместот доколку се работи за заем со камата 461. Обврски на заемодавецот се: -заемодавецот е должен да ги предаде определените предмети во договореното време, а ако рокот за предавање не еопределен, тогаш кога тоа ќе го побара заемопримачот (чл.547 ЗОО) -ако се покаже дека материјалните прилики на заемопримачот се такви што е неизвесно дали тој ќе биде во состојба да го врати заемот, заемодавачот е должен да ја изврши својата обврска ако заемопримачот или некој друг за него даде доволно обезбедување(чл.548 ЗОО) -заемодавецот е должен да му ја надомести на заемопримачот штетата што му била причинета поради материјалните недостатоци на зајмените предмети (чл.549 ЗОО) 462. Обврски на заемопримачот: -заемопримачот е должен да го врати во договорениот рок истото количество предмети, од ист вид и квалитет (чл.550 ЗОО) -ако на заем не се дадени пари, а договорено е заемопримачот да го врати заемот во пари, заемопримачот сепак е овластен да ги врати по свој избор зајмените предмети или износот на пари кој одговара на вредноста на тие предмети (чл.551 ЗОО) -заемопримачот е должен на заемодавачот да му ја надомести шетата што би настанала ако заемопримачот се откаже од договорот пред да му ги предаде заемодавецот определените предмети (чл.552 ЗОО) -должен е да го извести заемодавецот за својата намера да го врати заемот пред рокот определен за враќање и да му ја надомести штетата 61
настаната од предвременото враќање, освен ако поинаку не е договорено (чл.553 ЗОО) 463. Договорот за дар на движен имот се склучува: -и во писмена и во усна форма, со тоа што договорот за дар склучен во усна форма е полноважен ако тој е предаден на даропримачот (чл.556 ЗОО) 464. Дар може да направи: -само лице со полна деловна способност (чл.557 ЗОО) 465. Дарувачот одговара за: -неисполнување на својата обврска, како и за задоцнување на исполнувањето, ако е тоа со намера или е од негово крајно невнимание(чл.561 ЗОО) -правните недостатоци на даруваниот предмет -за материјалните недостатоци на предмет, ако тие биле скриени, а тој знаел или можел да знае за тие недостатоци, а истите не му ги соопштил на даропримачот (чл.562 ЗОО) 466. Не можат да се отповикаат следниве дарови: -вообичаените, пригодните дарови, наградните дарови, како и даровите од благодарност -даровите направени за добротворни и општо корисни цели (чл.567 ЗОО) 467. Предмет на договорот за закуп е: -подвижни ствари и недвижности, а ако предмет се подвижни ствари тие треба да бидат непотрошни -со договорот за закуп се обврзува закуподавецот да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина (чл.570 ЗОО) 468. Обврски на закуподавецот се: -да го предаде на закупецот закупениот предмет во исправна состојба, заедно со неговите припадоци (чл.572 ЗОО) -да го одржува предметот во исправна состојба за време на траењето на закупот и заради тоа да врши потребни поправки на него (чл.573 ЗОО) -да врши измени во предметот под определени услови (чл.575 ЗОО) -одговара за материјалните недостатоци на предметот (чл.576 ЗОО) -одговара за правните недостатоци на предметот (чл.583 ЗОО) 62
469. Закупецот сноси одговорност за: -штетата што ќе настане со употреба на предметот спротивно на договорот или на неговата намена, без оглед дали го употребувал предметот тој или некое лице кое работи по негов налог, подзакупецот или некое друго лице на кое тој му овозможил да го употребува предметот (чл.584 ЗОО) -плаќање на закупнината во роковите определени со договорот или со закон (чл.586 ЗОО) -чувањето на закупениот предмет и по престанувањето на закупот должен е да го врати неоштетен (чл.588 ЗОО) 470. Кога можат предметите да се дадат во подзакуп? -доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг (подзакуп) или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот (чл.589 ЗОО) 471. Со договорот за послуга: -се обврзува послугодавачот да му предаде определен предмет на користење без надомест на послугопримачот на определено или неопределено време, а послугопримачот се обврзува тој предмет да му го врати по истекот на тоа време (чл.603 ЗОО) 472. Права и обврски на послугопримачот: -должен е да го чува и користи предметот со потребно внимание (чл.608 ЗОО) -должен е да го користи предметот на начин кој одговара на неговата примена и намена (чл.609 ЗОО) -одговара за штетата што би ја претрпел послугодавачот со давањето на предметот на трето лице без негова согласност (чл.610 ЗОО) -ги поднесува трошоците на тековно(редовно) одржување на предметот земен на послуга (чл.611 ЗОО) -одговара за оштетување или целосно уништување на предметот ако го употребувал на начин спротивен на договорот или на природата или ако предметот го доверил на трето лице иао со оглед на околностите не било потребно тоа да го направи, а тој не би пропаднал доколку го употребувал на договорениот начин, односно доколку го задржал кај себе (чл.613 ЗОО) -должен е да го врати предметот во состојбата во која го примил (чл.614 ЗОО)
63
-е должен да го прими назад предметот даден на послуга и пред времето одредено за послуга, со исклучок ако рокот на враќање е договорен во интерес на двете договорни страни или ако враќањето на предметот е врзано со одредени неприлики за послугодавачот (чл.615 ЗОО) 473. Вршителот на работите е должен: -да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест (чл.619 ЗОО) -да му го сврти вниманието на нарачувачот на недостатоците на материјалот што му го предал нарачувачот, а кои ги забележил или морал да ги забележи, инаку ќе одговара за штета (чл.625 ЗОО) -да го изврши делото како што е договорено и според правилата на работата (чл.626 ЗОО) -да го изврши за определеното време, а ако тоа не е определено, тогаш за времето кое разумно е потребно за таквите работи (чл.626 ЗОО) -работата да ја изврши лично, доколку од договорот или од природата на работата не произлегува нешто друго (чл.629 ЗОО) -на нарачувачот на работата да му го предаде изработениот или поправениот предмет (чл.632 ЗОО) 474. Договорот за дело може да се раскине поради отстапување од договорените услови ако -извршената работа има таков недостаток кој ја прави неупотреблива (чл.638 ЗОО) 475. Квалитетот на материјалот кај договорот за дело: -треба да биде со среден квалитет (чл.621 ЗОО) 476. Право на нарачувачот на работи кај договор за дело да бара отстранување на недостатоците: - Кога извршената работа има недостаток поради кој делото не е неупотребливо, односно кога работата не е извршена во спротивност со изречните услови на договорот, нарачувачот е должен да му дозволи на вршителот на работата да го отстрани недостатокот. -Нарачувачот може на вршителот на работата да му определи примерен рок за отстранување на недостатокот. -Ако вршителот на работата не го отстрани недостатокот до истекот на тој рок, нарачувачот може, по свој избор, да изврши отстранување на
64
недостатокот за сметка на вршителот на работата, или да го намали надоместот или да го раскине договорот. -Кога се работи за незначителен недостаток, нарачувачот не може да го користи правото на раскинување на договорот. -Во секој случај тој има право и на надомест на штетата.(чл.639 ЗОО) 477. Итни и непредвидени работи кај договорот за градење : - Непредвидени работи изведувачот може да изведе и без претходна согласност од нарачувачот ако поради нивната итност не бил во можност да ја прибави таа согласност. -Непредвидени работи се оние чие преземање било нужно поради осигурување на стабилноста на објектот или заради спречување на настанувањето на штета, а се предизвикани од неочекуваната потешка природа на земјиштето, неочекуваната појава на вода или од други вонредни и неочекувани настани. -Изведувачот е должен за овие појави и за преземените мерки да го извести нарачувачот без одлагање. -Изведувачот има право на справедлив надомест за непредвидени работи што морале да бидат извршени. -Нарачувачот може да го раскине договорот ако поради овие работи договорената цена би морала да биде значително зголемена, за што е должен да го извести изведувачот без одлагање. - Во случај на раскинување на договорот, нарачувачот е должен да му исплати на изведувачот соодветен дел од цената за веќе извршените работи, како и справедлив надомест за направените неопходни трошоци (чл.653 ЗОО) 478. Договор за градење со посебни одредби: - Ако договорот за градење ја содржи одредбата клуч во раце или некоја друга слична одредба, изведувачот самостојно се обврзува да ги изврши збирно сите работи потребни за изградба и употреба на определен целосен објект. - Договорената цена ја опфаќа и вредноста на сите непредвидени работи и на вишоците на работите, а го исклучува влијанието на недостатоците на работите врз договорената цена. -Ако во договорот “клуч во раце” учествуваат како договорна страна повеќе изведувачи, нивната одговорност спрема нарачувачот е солидарна (чл.659 ЗОО) 479. Одговорноста на изведувачот за солидноста на градеж: 65
- Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градеж што се однесуваат на неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите. -Изведувачот одговара и за недостатоците на земјиштето на кое е подигнат градежот, што би се покажале за време на десет години од предавањето и приемот на работите, освен ако специјализирана организација дала стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се појавиле околности кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното мислење. (чл.663 ЗОО) 480. Договор за ортаклак е: -договор со кој две или повеќе лица ортаци заемно се обврзуваат да го здружат својот имот и труд или дел од имот и труд, заради заедничко остварување имотна корист и поделба на таа корист (во вид на добивка ) (чл.667 ЗОО) 481. Поделба на добивката и загубите кај договорот за ортаклак: - Ортаците можат со договор да одредат како меѓу нив се делат добивката и загубата. -Кога со договорот е предвидено единствено како ќе се дели добивката, истото правило ќе важи и за поделба на загубата. -Ако со договорот не е предвидено како ќе се дели добивката се претпоставува дека ортаците имаат еднакво учество во поделбата, истото важи и за загубата. -По правило ортакот чиј влог се состои исклучиво во труд не учествува во поднесувањето на загубата освен ако тоа изречно не е договорено. -Ништовна е одредбата на договорот со која ортакот се лишува од учество во поделба на добивката. -Полноважна е одредбата на договорот за ортаклак, со која се предвидува губење на правата на учество во поделба на добивката заради повреда на некоја обврска . (чл.677 ЗОО) 482. Ортаклакот престанува: -со протекот на времето одредено за негово траење (чл.688 ЗОО) -кога е постигната целта за која е склучен договорот за ортаклак, како и кога постигнувањето на таа цел станува невозможно (чл.689 ЗОО) -со оставка или отповикување на работоводителот на ортаклакот, ако ортаците не можат да се согласат да именуваат друг работоводител (чл.690 ЗОО) 66
-со смрт на еден од ортаците, ако не е договорено нешто друго (чл.691 ЗОО) -ако ортакот правно лице престанал да постои, освен ако со договор не е определено дека ортаклакот ќе продолжи со правните следбеници на правното лице (чл.692 ЗОО) -со стечај на еден ортак правно лице (чл.693 ЗОО) -кога личниот доверител на еден ортак, што не можел да го наплати своето побарување од неговиот имот, бара издвојување на неговиот дел од имотот на ортаклакот (чл.693 ЗОО) -кога еден ортак ќе биде лишен од деловната способност(чл.694 ЗОО) -спогодба на ортаците -пропаѓање на заеднички имот и -пропаѓање на предмет што како влог требал да го внесе или го внел еден од ортаците, пред или по неговото предавање во ортаклакот, ако со тоа постигнувањето на целта на ортаклакот е значително отежната (чл.696 ЗОО) - со судска пресуда (чл.697 ЗОО) 483. Со договорот за превоз: -се обврзува превозникот да превезе на определено место некое лице или некој предмет, а патникот односно испраќачот се обврзува за тоа да му исплати определен надомест (чл.704 ЗОО) 484. Превозникот кај договорот за превоз е должен: - Превозникот е должен да му сврти внимание на испраќачот за недостатоците на пакувањето што можат да се забележат, инаку ќе одговара за оштетувањето на пратката што би се случило поради тие недостатоци. (чл.714 ЗОО) - Превозникот е должен да ја одбие пратката ако недостатоците во нејзиното пакување се такви што да може да биде загрозена сигурноста на лицата или добрата или да биде причинета некаква штета. (чл.714 ЗОО) - Превозникот е должен да го изврши превозот по договорениот пат - Ако не е договорено по кој пат треба да се изврши превозот, превозникот е должен да го изврши по оној пат кој најмногу им одговара на интересите на испраќачот. (чл.717 ЗОО) - Превозникот е должен да го известува испраќачот за сите околности што би биле од влијание врз извршувањето на превозот и да постапи според упатствата што ќе ги добие од него. (чл.718 ЗОО) 67
- Ако примачот не може да биде известен за пристигањето на пратката, или одбие да ја прими и воопшто пратката не може да биде предадена или ако примачот не му го исплати на превозникот надоместот што му го должи и другите суми што ја товарат пратката, превозникот е должен да го извести за тоа испраќачот, да бара од него упатства и за негова сметка да ги преземе потребните мерки за чување на предметот. - Ако во примерениот рок овластеното лице не преземе ништо со пратката, превозникот има право да ја продаде според правилата за продавање на предмет што се должи во случај на задоцнување на доверителот и да ги наплати своите побарувања од постигнатата цена, а остатокот е должен да го положи кај суд за овластеното лице. (чл.720) - Ако превозникот му ја предал пратката на примачот, а од него не ја наплатил сумата со која била оптоварена, должен е да му ја исплати таа сума на испраќачот, но има право да бара надомест од примачот (чл.721 ЗОО) 485. Договор за превоз на лица: -е договор со кој превозникот се обврзува превозот на лица да го изврши безбедно со она превозно средство што е определено со договорот за превоз и под оние услови на удобност и хигиена што според видот на односното превозно средство и оддалеченоста на патот се сметаат како неопходни (чл.737 ЗОО) 486. Договорот за лиценца : - е таков договор со кој давачот на лиценца се обврзува на стекнувачот на лиценца да му го отстапи во целост или делумно, правото на искористување, на патент, знаење и искуство, на жиг, мостра или модел, а стекнувачот на лиценца се обврзува да му плати за тоа определен надомест. -Со договорот за лиценца давачот може да се обврзе да му отстапи потенцијално право од пријава на патент, жиг модел и мостра како и непатентиран пронајдок на стекнувачот на лиценцата. (чл.742 ЗОО) 487. Исклучива лиценца во договорот за лиценца е онаа: -со која стекнувачот на лиценцата стекнува исклучиво право на искористување на предметот на лиценцата, само ако е тоа исклучиво договорено (чл.745 ЗОО) 488. Обврски на стекнувачот на лиценца: - Стекнувачот на лиценца е должен да го искористува предметот на лиценцата на договорениот начин, во договорениот обем и во договорените граници. (чл.752 ЗОО)
68
- Ако предметот на лиценцата го сочинува непатентиран пронајдок или тајно техничко знаење и искуство, стекнувачот на лиценца е должен да го чува во тајност. (чл.754 ЗОО) - Ако со лиценцата за производство е отстапена и лиценцата за употреба на жиг, стекнувачот на лиценца може да пушта во промет стоки со тој жиг само ако нивниот квалитет е ист како што е квалитетот на стоките што ги произведува давачот на лиценца. (чл.755 ЗОО) - Стекнувачот на лиценца е должен стоките да ги обележи со ознаката за производство по лиценца. (чл.756 ЗОО) - Стекнувачот на лиценца е должен на давачот на лиценца да му го исплати договорениот надомест во време и на начин како што е тоа определено со договорот. (чл.757 ЗОО) - Ако надоместот се определува во зависност од обемот на искористувањето на предметот на лиценцата, стекнувачот на лиценца е должен на давачот на лиценца да му поднесе извештај за обемот на искористувањето и да изврши пресметка на надоместот за секоја година, ако со договорот не е определен за тоа покус рок. (чл.758 ЗОО) - Ако договорениот надомест станал очигледно несразмерен во однос на приходот што стекнувачот на лиценца го има од искористувањето на предметот на лиценцата, заинтересираната страна може да бара измена на договорениот надомест. (чл.759 ЗОО) 489. Договорот за лиценца престанува: -со истекот на времето за кое е склучен, ако е склучен на определено време (чл.764 ЗОО) -со отказ што секоја страна може да и го даде на другата почитувајќи го отказниот рок(чл.766 ЗОО) -во случај на смрт на давачот на лиценцата, таа се продолжува со неговите наследници, ако поинаку не е определено -во случај на смрт на стекнувачот на лиценцата, таа се продолжува со неговите наследници кои ја продолжуваат неговата дејност -во случај на стечај или редовна ликвидација на стекнувачот на лиценцата, давачот на лиценцата може да го раскине договорот (чл.767 ЗОО) 490. Со договорот за депозит: -примачот на депозит се обврзува да го прими предметот од давачот на депозит, да го чува и да го врати кога овој ќе го побара (чл.768 ЗОО) 491. Права на примачот на депозитот :
69
-да бара од давачот на депозит да му ги надомести трошоците оправдано направени заради чување на предметот, како и штетата што ја имал поради депозитот (чл.775 ЗОО) -право на надомест за својот труд, ако е договорен надоместот, ако примачот на депозит се занимава со примање предмети на чување или ако надомест можело да се очекува со оглед на околностите на работата (чл.776 ЗОО) -примачот на депозит кој се обврзал бесплатно да го чува предметот определено време може да му го врати на давачот на депозит пред истекот на договорениот рок, ако на самиот предмет би му се заканувала опасност од пропаѓање или оштетување или ако неговото натамошно чување би можело да му причини штета (чл.777 ЗОО) -ако рокот не е договорен, примачот на депозит може во секое време да се откаже од договорот, но должен е на давачот на депозит да му определи примерен рок за преземање на предметот (чл.777 ЗОО) 492. Кај угостителскиот депозит: -угостителот се смета како примач на депозит во поглед на предметите што ги донеле гостите и одговара за нивното загубување или оштетување најмногу до 10.000 денари (чл.780 ЗОО) 493. Со договорот за доживотна издршка: -давателот на издршката се обврзува да го издржува доживотно примателот на издршката или некое трето лице, а примателот на издршката во надомест му го остава целиот свој имот или определен дел од имотот, чие предавање е одложено се до неговата смрт (чл.1029 ЗОО) 494. Договорот за доживотна издршка е полноважен ако: -е составен во писмена форма и е заверен од надлежен суд или нотар, во присуство на договарачите и на двајца сведоци (чл.1030 ЗОО) 495. Договорот за доживотна издршка може да се раскине меѓу другoто: -спогодбено; -ако односите на договарачите толку се растројат што заедничкиот живот станал неподнослив -ако едната страна не ги извршува своите обврски другата има право да бара раскинување на договорот (чл.1033 ЗОО) 496. Со договорот за отстапување на имот за време на живот: -отстапувачот се обврзува да им го отстапи целиот свој имот или дел од имотот на потомците (чл.1022 ЗОО) 70
497. Полноважен е договорот за отстапување на имот за време на живот: -единствено ако со тоа сед согласиле сите потомци и брачниот другар на оставителот кои според законот ќе бидат повикани да ја наследат неговата оставина -мора да биде составен во писмена форма и заверен од надлежен суд или нотар -отстапувањето останува полноважно ако потомокот што не се согласил умрел пред отстапителот, а не оставил свои потомци или се откажал од наследството или е исклучен од наследство или е недостоен (чл.1023 ЗОО) 498. Со договорот за отстапување на имот за време на живот може да биде опфатен: -само постоечкиот имот на отстапителот (чл.1024 ЗОО) 499. Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај) мора да биде: -иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот (чл.954 ЗОО) 500. Договорот за осигурување е склучен: -кога договарачите ќе ја потпишат полисата на осигурување или листата на покритието -Писмената понуда направена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување го врзува понудувачот, ако тој не определил пократок рок, за време од осум дена од денот кога понудата пристигнала до осигурувачот, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш за време од 30 дена. -Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата која не отстапува од условите под кои тој го врши предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен. -Во тој случај договорот се смета за склучен кога понудата пристигнала до осигурувачот. (чл.957 ЗОО) 501. Плаќање на премија: -Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена. - Премијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при склучувањето на договорот.
71
-Место на плаќањето на премијата е местото во кое договарачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е определено некое друго место. (чл.968 ЗОО) 502. Повеќекратко осигурување е: -кога некој предмет е осигуран кај двајца или повеќе осигурувачи од ист ризик, за ист интерес и за исто време, така што збирот на сумите на осигурувањето да не ја надминува вредноста на тој предмет, секој осигурувач одговара за извршувањето во целост на обврските настанати од договорот што го склучил тој (чл.990 ЗОО) 503. Карактеристики на сите осигурувања на лица се следните : -покрај состојките што мора да ги има секоја полиса, во полисата за осигурување на живот мораат да бидат назначени: името и презимето на лицето на чијшто живот се однесува осигурувањето, датумот на неговото раѓање и настанот или рокот од кој зависи настанувањето на правото да се бара исплата на осигурената сума (чл.999 ЗОО) 504. Договорот за паричен депозит е склучен: -кога банката се обврзала да прими, а депонентот да положи кај банката определен паричен износ (чл.1074 ЗОО) 505. Кај договорот за паричен депозит, права и обврски на банката се: -банката стекнува право да располага со депонираните пари и е должна да ги врати според условите предвидени во договорот (чл.1074 ЗОО) -банката отвора сметка во корист и врз товар на која ги запишува сите побарувања и должења што ќе произлезат од работите со депонентот или за негова сметка со трет (чл.1075 ЗОО) -банката е должна да врши исплати од сметката во границите на расположливите средства (чл.1076 ЗОО) -банката е должна да го известува депонентот за секоја промена на состојбата на неговата сметка (чл.1078 ЗОО) -банката е должна на крајот од секоја година, а ако е тоа договорено или вообичаено и почесто, да испрати извештај за состојбата на сметката(салдо)(чл.1078 ЗОО) -банката плаќа камата на средствата што се депонирани кај неа, доколку со занок поинаку не е определено (чл.1081 ЗОО) 506. Депозит по видување е: -вид на депозит со кој депонентот на сметката има право да располага со дел или со целото салдо во секој момент (чл.1077 ЗОО) 72
507. Со штедна книшка депонентот: -го депонира паричниот депозит како штеден влог во банката (чл.1082 ЗОО) 508. Со договорот на порамнување: -лицата меѓу кои постои спор или неизвесност за некој правен однос, со помош на заемни попуштања го прекинуваат спорот, односно ја отстрануваат неизвесноста и ги определуваат своите заемни права и обврски (чл.1128 ЗОО) 509. Предмет на договорот за порамнување може да биде: -секое право со кое може да се располага (чл.1131 ЗОО) 510. Начело на диспозиција подразбира: -дека сопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице (чл.8 ЗСДСП) 511. За давање дозвола за склучување на брак малолетното лице мора да има наполнето: -16 години од животот (чл.16 ЗС) 512. Постапување на здравствена установа кога ќе прими лице со душевна болест: -Кога здравствена организација ќе прими душевно болно лице без негова согласност или без одлука на судот, овластено лице на јавна здравствена установа е должно во рок од 48 часа да поднесе пријава до судот. -Кога јавната здравствена установа ќе прими лице со согласност, потврдена со негова писмена изјава пред овластено лице и пред двајца писмени полнолетни сведоци кои не се вработени во јавната здравствена установа и не се крвни роднини со лицето кое се прима, во права линија, во странична линија до четврти степен, по сватовство до втор степен, ни негов брачен другар, како ни лицето кое го донело во јавната здравствена установа и ако по приемот лицето биде ограничено во слободата на движењето или контактирањето со надворешниот свет, овластеното лице во рок од 48 часа е должно да поднесе пријава до судот. -Овластеното лице известувањето го упатува до судот на чиешто подрачје се наоѓа јавната здравствена установа. (чл.59 ВПП) 513. Предлог за прогласување на исчезнато лице за умрено може да поднесе: -секое лице кое има правен интерес за тоа и јавниот обвинител
73
-а предлог може да поднесе и државниот правобранител, кога е во прашање имотен интерес на РМ (чл.76 ВПП) 514. Нотарите како судски повереници преземаат дејствија и донесуваат одлуки во: -оставинската постапка (чл.132 ВПП) 515. Постапката за продолжување на родителското право се поведува: -пред полнолетството на детето (чл.112 ВПП) -по предлог на родителите на детето или центарот за социјална работа (чл.114 ВПП) 516. Против решението со кое се одбива предлогот за лишување од вршење на родителски права жалба може да изјави : -родителот на кого се однесува решението, другиот родител и центарот за социјална работа, ако по нивен предлог е поведена постапката (чл.110 ВПП) 517. За расправање на оставината месно надлежен е: -За расправање на оставина месно е надлежен судот на чие подрачје оставителот во времето на смртта имал постојано живеалиште, односно престојувалиште (оставински суд) -Ако оставителот во времето на смртта немал живеалиште или престојувалиште во Република Македонија, за расправање на оставината месно е надлежен судот на чие подрачје оставителот има оставина, а неговите наследници поднесле барање за поведување на оставинска постапка. -Ако ниту еден дел од оставината не се наоѓа во Република Македонија, месно надлежниот суд ќе го определи Врховниот суд на Република Македонија. (чл.129 ВПП) 518. Врховниот суд ќе одреди месно надлежен суд за расправање на оставината во случаи: -ако ниту еден дел од оставината не се наоѓа во РМ (чл. 129 ВПП) 519. Привремен старател на оставината поставува: -судот, кога наследниците се непознати или се со непознато престојувалиште, како и во други случаи кога е тоа потребно (чл.126 ЗН) 520. Оставината преминува на наследниците: -во моментот на смртта на оставителот (чл.127 ЗН) 74
521. Новопронајдениот имот на оставителот судот ќе го распредели: -со ново решение врз основа на порано донесеното решение (чл.185 ВПП) 522. Ако по правосилноста на решението за наследување се појави лице кое не учествувало во постапката за расправање на оставината, а како наследник полага право врз оставината, оставинскиот суд: -ќе го упати таквото лице да ги остварува своите права во парнична постапка (чл.187 ВПП) 523. Ревизија во оставинска постапка е дозволена: -кога меѓу учесниците настанал спор за примената на правото, а правните прашања ги решил судот согласно со чл.173 ст. 3 од ВПП (чл.188 ВПП) 524. Претходни дејствија во оставинска постапка: -попис и процена на оставината (од чл.146 до чл.152 ВПП) и -привремени мерки за обезбедување на оставината (чл.153 и чл. 154 ВПП) 525. Судот одлучува да не се расправа оставината кога: -од податоците од смртовницата се гледа дека умрениот не оставил имот (чл.165 ВПП) 526. Што претставува владение врз стварите? -вршење на фактичка власт на стварта (чл.167 ЗСДСП) 527. Како се остварува владението? -преку вршење на фактичката власт врз стварта (чл.167 ЗСДСП) 528. Како се остварува заштита на владението? -во посебна постапка пред суд (постапка заради смеќавање или одземање на владение ) или со самопомош (чл.183 ЗСДСП) 529. Како престанува владението на стварта? -Владението на ствар престанува кога стварта ќе пропадне, кога ќе се загуби и кога е очигледно дека нема да биде вратена и кога владетелот по своја волја ќе ја напушти. -На дотогашниот владетел му престанува владението кога стварта му ја одзело друго лице, ако тој не остварил заштита на своето владение.(чл.190 ЗСДСП) -Владението на правото престанува кога пропаднала недвижноста или владетелот се одрекол од своето владение на правото.
75
-Владението на правото не престанува со самото неизвршување на правото на стварна службеност се додека неговиот владетел може да го извршува, ако го сака тоа. Владението на правото престанува ако владетелот на послужната недвижност престане да го прави она што дотогаш го правел, престане да трпи и понатаму да се остварува содржината на правото на стварната службеност на неговата недвижност, односно престане да го пропушта она што дотогаш го пропуштал ако владетелот на правото не оствари заштита на своето владение. -Владението на правото на стварна службеност му престанува на дотогашниот владетел со престанокот на неговото владение на недвижноста во чија корист го извршувал. (чл. 191 ЗСДСП) 530. Што претставува стварна службеност? -стварна службеност е право на сопственикот на една недвижност (привилегирана ствар) за потребите на таа недвижност да врши определени дејствија врз недвижноста на друг сопственик(послужна ствар) или да бара од сопственикот на послужната ствар да се воздржува од вршење определени дејствија, што инаку би имал право да ги врши на својата недвижност (чл.192 ЗСДСП) 531. Кои се видовите на стварна службеност? -полски, куќни и комунално-технички (чл.194 ЗСДСП) 532. Кои се овластувањата на носителот на стварната службеност и обрските на сопственикот на недвижноста? -овластувањата на носителот на стварната службеност се за потребите на својата недвижност да врши определени дејствија (пешачки премин, протерување на добиток, премин со запрежни возила и возила на моторен погон и др возила, црпење на вода, довод и одвод на вода преку туѓо земјиште, нужен премин, ползување на туѓ оџак, спроведување чад преку соседовиот оџак, истекување на атмосферска и др вода низ соседовото земјиште, поставување телевизиска антена на туѓа зграда, спроведување на гасоводни, нафтоводни, водоводни и др цевки и телевизиски кабли на туѓо земјиште)врз недвижноста на друг сопственик -обврски на сопственикот на недвижноста се да се воздржува од вршење определени дејствија што инаку би имал право да ги врши врз својата недвижност (чл.192 ЗСДСП) -сопственикот на послужната ствар не смее ништо да чини (стори) што би го оневозможило или битно би го отежнало вршењето на службеноста, но не е должен и самиот нешто да чини, ако поинаку не е определено (чл.197 ЗСДСП) -сопственикот на послужната ствар има право на надоместок за утврдената службеност (чл.203 ЗСДСП) 76
533. Како се стекнува право на стварна службеност? -врз основа на правно дело, (договор, тестамент), со одлука на државен орган и со одржувачка (чл.199 ЗСДСП) 534. Како престанува стварната службеност? -Стварната службеност престанува ако сопственикот на послужната ствар се противи на нејзиното вршење, а сопственикот на привилегираната ствар не го вршел своето право три години едноподруго. -Сопственикот на послужната ствар може да бара да престане правото на стварната службеност кога таа ќе стане непотребна за користење на привилегираната ствар, кога ќе истече определеното време, ако е заснована на определено време или кога ќе престане причината поради која таа е заснована. -Стварната службеност престанува ако не се врши за времето потребно за нејзино стекнување со одржувачка, кога исто лице ќе стане сопственик на послужната и привилегираната ствар или со пропаѓање на привилегираната, односно послужната ствар.(чл.206 ЗСДСП) -Ако се подели привилегираната ствар, стварната службеност останува во корист на сите негови делови. -Сопственикот на послужната ствар може да бара да престане стварната службеност на сопственикот на одделен дел од привилегираната ствар ако стварната службеност не служи за потребите на тој дел. -Ако е поделена послужната ствар, стварната службеност останува само на деловите на кои е вршена. (чл.207 ЗСДСП) 535. Како се дефинира личната службеност? -личната службеност е стварно право врз туѓа ствар со кое се овластува одредено лице, кое е во посебен однос со сопственикот на послужната ствар да се служи со неговата ствар на определен начин, а сопственикот на таа ствар тоа мора да го трпи (чл.192 ЗСДСП) 536. Кои се видовите лични службености? -правото на плодоуживање, правото на употреба и правото на домување (чл.208 ЗСДСП) 537. Како се остварува заштита на правото на службеност? -со тужба до суд и тоа владетелска (поседовна) тужба која се поднесува, главно, при смеѓавањето на вршењето на содржината на правото на службеност и
77
петиторна (конфесорна) тужба за заштита на правото на службеност која се поднесува ако сопственикот на привилегираната ствар неосновано е смеќаван во вршењето на стварната службеност (чл.205 ЗСДСП) 538. Што претставува скриено богатство? -за скриено богатство се сметаат: пари, злато, сребро, накит, драгоцени камења, ствари изработени од племенити метали и други драгоцености, кои скриени лежеле толку долго време, така што со сигурност не може да се утврди кој им е сопственикот (чл.142 ЗСДСП) 539. Што е културно добро? -ствар која има општокултурно значење или е од јавен интерес и како таква се наоѓа под посебен правен режим заради негова заштита и користење (споменик на културата, музејски материјал, библиотечен материјал, архивска граѓа, природна реткост и сл.) (чл.142 ЗСДСП) 540. Дали наоѓачот на скриено богатство е должен да го пријави и предаде -да, должен е (чл.143 ЗСДСП) 541. Во кој рок сопственикот на подвижна ствар може да бара нејзино враќање? -правото на поднесување тужба за поврат на стварта не застарува (чл.156 ЗСДСП) 542. Дали наоѓачот на изгубена ствар има право на награда? -да, има, во висина од 15% од вредноста на стварта (чл.139 ЗСДСП) 543. Поим на етажна сопственост. -станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопственост на различни физички или правни лица (чл.95 ЗСДСП) 544. Кои се основите за засновање на заложно право врз недвижност-хипотека? -да постои парично и друг вид побарување, чија вредност е изразлива во пари, што доверителот ги има во однос на својот должник од одреден облигационен однос (чл.2 ЗДЗ) -хипотеката која е невладетелски залог се стекнува со договор за хипотека и со запишување на хипотеката во јавна книга на начин и под услови пропишани со закон(чл.17 ЗДЗ)
78
-договорот за хипотека што не е склучен во писмена форма не произведува правно дејство (чл.21 ЗДЗ) -договорот за залог врз недвижност се заверува кај нотар чие службено седиште е на подрачјето на основниот суд каде што се наоќа недвижноста (чл.22-а ЗДЗ) 545. Кога се стекнува договорниот залог на подвижни предмети и права? -на подвижни предмети невладетелски залог се стекнува со склучување на договор за залог, со попис и опис на заложната ствар и упис на залогот во заложниот регистар -на подвижни предмети владетелски залог се стекнува со склучување на договор за залог и со предавање на предметот на залог во владение на заложниот доверител (чл.14 ЗДЗ) -невладетелски залог врз побарување или друг вид права (интелектуални права и други сродни права)се стекнува со склучување на договор за залог и со попис и опис на заложното побарување или друг вид право и нивен упис во заложниот регистар - владетелски залог врз побарување или друг вид право се стекнува со склучување на договор за залог и со отстапување, односно пренесување на побарувањето или на друг вид на право (чл.16 ЗДЗ) 546. ПОИМ НА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА -експропријација е одземање и ограничување на правото на сопственост и на имотните права на недвижности заради реализација на јавен интерес утврден со закон, а заради градење на објекти и изведување на други работи (чл.1 ЗЕ) 547. ФАЗИ ВО ПОСТАПКА ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА -определување предлагач и поднесување предлог за експропријација -постапка пред органот за експропријација -расправа за спогодување донесување решение (од чл.21 до чл.36 ЗЕ) 548. Определување на надоместок за потполна експропријација -Пазарната вредност на експроприраните недвижности и на недвижностите што се даваат како надоместок, ја утврдува овластен проценувач согласно со Законот за процена. -Надоместокот за експроприраната недвижност се определува по правило во пари ако поранешниот сопственик, односно носителите на други 79
имотни права и предлагачот на експропријацијата поинаку не се договорат. -Сопственикот на недвижноста што се експроприра има правона надоместок и за насадите, посевите, шумите на земјиштето и плодовите, доколку не влегле во пазарната цена на земјиштето. -Кога како надоместок за експроприраната недвижност се нуди друга недвижност, таа треба да биде по вредност соодветна на експроприраната недвижност. -Предлагачот на експропријацијата е должен на сопственикот на недвижноста што се експроприра кој во експроприраниот објект живее, односно врши дејност, ако тој тоа го бара, да му даде во замена друг соодветен по вредност објект. -Ако се експроприра недвижност во која се врши дејност, при определувањето на надоместок се зема предвид и штетата што се трпи заради прекинот на дејноста, како и штетата која настанала заради промена на локацијата, ако таква настанала. -Кога се определува надоместок за објект кој заради својата природа не е во промет и за кој не се формира пазарна цена (бунари, оградни и потпорни ѕидови и слично), висината на надоместокот се определува според пазарната вредност на материјалот и работната рака потребни за изградба на тие објекти, намалена за соодветниот износ на амортизација. (од чл.37 до чл.44 ЗЕ) 549. Што е предмет на денационализација? -Се враќа имот односно се дава надомест за имот на физички лица и на верски храмови, манастири и вакафи одземени од 2 август 1944 година: 1) врз основа на прописите со кои е вршено општо одземање и ограничување на сопственоста; 2) врз основа на прописите за одземање на имот заради остварување на општокорисни цели, како и имот експроприран заради остварување на општокорисни цели, односно општ интерес, ако не се исполнети условите за враќање на имотот според одредбите за експропријација и 3) без правна основа. (чл.2 ЗД) -Предмет на денационализација е и имотот што државата го презела како голем имот, односно како вишок на имот за предавање на управување согласно со членот 6 ставови 1 и 2 од Законот за постапување со имот којшто сопствениците морале да го напуштат во текот на окупацијата и имотот кој им е одземен од страна на окупаторот и неговите помагачи (“Службен лист на ДФЈ” бр. 36/45), односно членовите 3, 5, 10 и 11 од Законот за потврда и измени на Законот за постапување со имот кој што сопствениците морале да го напуштат во текот на окупацијата и имотот кој 80
им е одземен од страна на окупаторот и неговите помагачи (“Службен лист на ФНРЈ бр. 64/46). -Предмет на денационализација е и имотот: отстапен со изјава на волја дадена под закана и присилба и тоа за земјиште до денот на влегувањето во сила на прописите за аграрна реформа и колонизација за стопанските објекти до денот на влегувањето во сила на прописите за национализација на приватните стопански претпријатија и за згради и делови од згради до денот на влегувањето во сила на прописите за национализација на наемните згради и градежното земјиште. (чл.4 ЗД) -Одредбите од овој закон се применуваат и кога имотот е одземен со конфискација изречена за казниви дела до влегувањето во сила на Кривичниот законик (“Службен лист на ФНРЈ бр. 13/51), освен за дела на воени злосторства кога воените злосторници се верификувани од меѓународната комисија на Обединетите нации. (чл.5 ЗД) 550. Како се постапува во постапка за денационализација, кога имотот претставува добро во општа употреба или постои јавен интерес? -ваквиот имот не се враќа во сопственост туку за него се дава надомест (чл.10 ЗД) 551. Поим на градежно земјиште -градежно земјиште е изградено и неизградено земјиште, планирано со урбанистички план или урбанистичка планска документација согласно со Законот за просторното и урбанистичкото планирање (чл.4 ЗГЗ) 552. Кои се носители на правото на сопственост врз градежно земјиште? -Р. Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, домашни и странски физички и правни лица (чл.7 ЗГЗ) 553. Каков е режимот на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија? -градежното земјиште во сопственост на РМ може да се отуѓува и дава под долготраен и краткотраен закуп со јавно наддавање и со непосредна спогодба, доколку со урбанистички план или урбанистичка планска документација на градежната парцела не се предвидува изградба на градби од јавен интерес утврдени со закон (чл.15 ЗГЗ) 554. Кој е временскиот рок за давање под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на РМ? -најмалку 5 најмногу 99 години (чл.21 ЗГЗ)
81
555. Кој е временскиот рок за давање под краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на РМ? -најмногу до 5 години (чл.40 ЗГЗ) 556. Правен режим на земјоделското земјиште -земјоделското земјиште може да се отуѓува и може да се даде на користење по пат на закуп и плодоуживање (чл.17 ЗЗЗ) 557. Во кои случаи е можна физичка делба на земјоделко земјиште помеѓу сосопствениците или заедничките сопственици? -само доколку катастерската парцела е со површина поголема од 2 хектари (чл.15-а ЗЗЗ) 558. Закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост -се заснова по пат на јавен оглас, со прибирање на понуди и со непосредна спогодба (чл.18 ЗЗЗ) 559. Во кои случаи престанува да важи договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост? -со истекот на времето за кое е склучен, со спогодба, земјоделското земјиште престане да биде земјоделско заради трајна пренамена, со правосилно решение за денационализација, со отворање на стечајна постапка, со отворање на ликвидациона постапка, , при статусна промена на закупецот, со бришење на правното лице од трговскиот регистар или друг регистар на упис, со смрт на закупецот, закупецот ги отугил долгогодишните насади или објектите поставени на земјоделското земјиште дадено под закуп или ја изгубил сопственоста врз истите по кој било друг правен основ (чл.35 ЗЗЗ) 560. Врз основа на кои начела на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во постапката се овозможува ангажирање за финансирање на концесија на добра од општ интерес и договор за воспоставување на јавно приватно партнерство? -Постапката за доделување на концесија на добра од општ интерес и договор за воспоставување на јавно приватно партнерство се спроведува во согласност со начелата на транспарентност, недискриминација, пропорционалност, ефикасност, еднаков третман и меѓусебно признавање. (чл.8 ЗКЈПП) 561. Фази во постапката за доделување на концесија според Законот за концесии и јавно приватно партнерство. - одлука за започнување на постапката за доделување на концесија -изготвување тендерска документација 82
-положување гаранција за учество во постапката, -јавен повик за доделување на концесија на добра од општ интерес -избор на најповолна понуда -склучување на договор (чл.22 до чл.40 ЗКЈПП)
562. Кои се најзначајните новини воведени со новиот Закон за катастар на недвижностите? - најзначајни новини се изготвувањето од страна на катастарот бесплатни геодетски елаборати за легализација на дивоградби за лицата корисници на социјална и постојна парична помош и лица со ниски примања до 168.000 денари бруто на годишно ниво, Регистарот на цени и Електронскиот имотен лист. 563. Кои се начелата на запишување во катастарот на недвижностите? -начело на задолжително запишување, конститутивност на запишувањето, јавност на запишаното, точност и верба во запишаното, законитост при запишувањето, приоритет, одреденост и самостојност на запишувањето (чл.142 до чл.149 ЗКН) 564. Видови на запишување во Катастарот на недвижностите. -укнижување, предбележување и прибележување (чл.169 ЗКН) 565. Правни основи за запишување во Катастарот на недвижности -закон, -правосилни судски одлуки, одлуки за привремена мерка, претходна мерка и други акти за обезбедување на побарувања согласно закон -одлука на Владата на РМ -конечни, односно правосилни акти на органите на државната власт, на органите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања -правни дела -изјави заверени кај нотар врз основа на кои може да се изврши запишување на правата на недвижностите, чие поднесување е задолжително утврдено со овој или друг закон(чл.174 ЗКН) 566. Што претставува Имотниот лист?
83
-Јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите согласно со закон (чл.156 ЗКН) 567. Што претставува укнижувањето во катастарот на недвижностите? -укнижувањето е потполно и дефинитивно, безусловно запишување на настанувањето или престанувањето на: 1. правото на сопственост и подоблиците на правото на сопственост (сосопственост и заедничка сопственост) и 2. другите стварни права (службеност, хипотека, реален товар, долготраен закуп на градежно земјиште) под услови и на начин утврдени со закон (чл.170 ЗКН) 568. На што се однесуваат промените при запишувањето во Катастарот на недвижностите? -се однесуваат на податоците за: -недвижностите -правата на недвижностите -носителите на правата на недвижностите -прибележувањата на факти од влијание за недвижностите и -предбележувањата (чл.200 ЗКН) 569. Во кој рок може да се поднесе тужба за бришење на запишано право во Катастарот на недвижностите? -во рок од 3 години од извршеното запишување (чл.238 ЗКН) 570. Брак и услови за склучување на брак - Брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја преднадлежен орган, на начин определен со овој закон. (чл.15 ЗС) - Не може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот. -Надлежниот суд може, во вонпарнична постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа.(чл.16 ЗС) - Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане (чл.17 ЗС)
84
- Не можат да склучат брак лица кои поради манифесна форма на душевно заболување со присуство на психотички симптоми или резидуални знаци од болеста не се во состојба да го сфатат значењето на бракот и обврските што произлегуваат од него, а кои се истовремено неспособни за расудување. -Не можат да склучат брак и лица кои заостануваат во менталниот (психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка и најтешка ментална заостанатост IQ под 36 0. -Лицата кои се распоредени како лица со умерени пречки во психичкиот развој, или со лесни пречки во психичкиот развој, како и лица кои имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак по претходно прибавено мислење за генетската конструкција издадено од Заводот за ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга соодветна институција која се занимава со вршење на генетските истражувања.(чл.18 ЗС)
- Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди. -Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување. (чл.20 ЗС) - Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал. -Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпарнична постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат брак. (чл.21 ЗС) - Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и брачното.(чл.22 ЗС)
571. Услови за склучување на брак -ист одговор со прашање бр. 570 572. Услови за полноважност на бракот - Бракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е дадена под присила или во заблуда. (чл.19 ЗС) 573. Права и должности на брачните другари 85
- При склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го додаде своето презиме. (чл.31 ЗС) - Секој брачен другар е независен во изборот на работата и занимањето. -Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото живеење и за водење на заедничкото домаќинство. (чл.32 ЗС) - Брачните другари секој според своите способности се грижат за задоволување на потребите на семејството (чл.33 ЗС) - Се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството. (чл.33-а ЗС) 574. Престанок на бракот - Бракот престанува со смрт на еден од брачните другари, со прогласување на исчезнатиот брачен другар за умрен, со поништување и со развод на бракот. Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот престанува со денот,кој со правосилното решение е утврден како ден на неговата смрт. (чл.34 ЗС) 575. Кој може да бара поништување на брак? - Поништување на брак може да бара еден од брачните другари, јавниот обвинител, како и физичко и правно лице кое за тоа има правен интерес, ако со овој закон не е определено поинаку (чл.36 ЗС) 576. Кој може и во кој рок да бара поништување на бракот склучен под принуда или во заблуда? -- Поништување на брак склучен под принуда може да бара само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на принудата престанала. Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот на сознавањето на заблудата. (чл.36 ЗС) 577. Надлежност на суд за постапување во брачни спорови -за судење во спорови заради утврдување на постоење или непосотење на брак, поништување на брак(брачни спорови), покрај судот од општа месна 86
надлежност, надлежен е и судот на чие подрачје брачните другари имале последно живеалиште (чл.46 ЗПП) 578. До кога може да се повлече тужба во постапка за развод на брак? -тужителот може да ја повлече тужбата се до заклучувањето на главната расправа без согласност на тужениот, а со согласност на тужениот додека постапката правосилно не е завршена (чл.234 ЗС) 579. До кога може да се повлече предлог за спогодбен развод на брак? -се додека постапката правосилно не е завршена (чл.236 ЗС) 580. Дали во спогодбениот развод на брак во кој странките имаат деца треба да постои спогодба за начинот на вршење на родителските права? -да, треба да има (чл.39 и чл.253 ЗС) 581. Кои факти врз кои странките го засновуваат тужбеното барање во брачниот спор, во кој странките имаат заеднички малолетни деца, Судот може да ги утврдува и кога не се спорни меѓу странките? -фактите кои се однесуваат на децата (чл.257 ЗС) 582. Дали Центарот за социјална работа се вклучува во бракоразводниот спор во кој има деца и дали му се доставуваат одлуки? -да, се вклучува и му се доставуваат сите одлуки донесени во таа постапка (чл.249 ЗС) 583. Кои се правата на детето? -Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од условите на семејството. (чл.46 ЗС) -Малолетните деца имаат право да живеат со своите родители. -Малолетните деца можат да живеат одвоено од своите родители само кога е тоа од непосреден интерес за децата или кога тоа е од заеднички интерес за децата и за родителите. -Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со родителот со кого не живее.
87
-Малолетните деца имаат право да одржуваат непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право. (чл.47 ЗС) -Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели. (чл.48 ЗС) 584. Кој одлучува за местото на живеење на децата? -одлучуваат родителите заеднички и спогодбено, а ако не можат да се спогодат одлучува центарот за социјални работи (чл.76 ЗС) 585. Кој го врши надзорот над вршењето на родителското право? -Центарот за социјална работа (чл.83 ЗС) 586. Кога може да се одземе родителското право? -кога родителот го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го занемарува вршењето на родителските должности (чл.90 ЗС) 587. Утврдување на татковство и мајчинство - Брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на бракот или во рок од 300 дена по престанокот на бракот. (чл.50 ЗС) - За татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое детето ќе го признае за свое. (чл.51 ЗС) - Татковство на дете родено надвор од брак може да признае секое полнолетно деловно способно лице, како и малолетно лице ако е постаро од 16 години, како и лице со ограничена деловна способност, доколку е способно да ја сфати содржината и значењето на изјавата за признавање на татковство. (чл.55 ЗС) - Признавањето на татковството произведува правно дејство и се запишува во матичната книга на родените само ако со тоа се согласи мајката на детето, која за тоа матичарот ја известува. (чл.56 ЗС) - Ако детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност за признавање на татковството. Изјавата за согласност се дава во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето. - Ако детето е помало од 16 години, и е под старателство, бидејќи мајката е умрена или е со непознато живеалиште или престојувалиште или му е одземена деловната способност, изјава за согласност за признавање на татковството дава старателот на детето со одобрение на центарот за социјална работа. (чл.57 ЗС)
88
- Ако мајката на детето и детето кое e постаро од 16 години или старателот на детето кога е потребна негова согласност, не се согласат со признавањето на татковството или не се изјаснат за тоа во рок од 30 дена по приемот на известувањето, лицето кое го признало детето за свое може да поднесе тужба заради утврдување дека е тој татко на детето. (чл.58 ЗС) - Изјавата за признавање на татковство, како и изјавата на мајката и детето за согласност со признаеното татковство, не може да се отповикуваат (чл. 59 ЗС) - За татко на детето, родено надвор од брак, ќе се смета лице кое со мајката на детето имало полови односи во време од најмалку 180 до 300 дена пред раѓањето на детето, доколку не се докаже спротивното. -При утврдувањето на татковството судот особено ги зема предвид и заедничкиот живот и меѓусебните односи на мајката на детето и на тужениот пред и по раѓањето на детето, како и медицинските и други докази кои не го исклучуваат тужениот дека е татко на детето. (чл.61 ЗС) - Не е дозволено утврдување на татковство на дете кое е зачнато со вештачко оплодување. (чл.62 ЗС) - Одредбите на овој закон за утврдување на татковство соодветно се применуваат и при утврдување на мајчинство. (чл.63 ЗС) 588. Кои лица имаат право на заштита од семејно насилство? - - брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, - поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството, - браќа и сестри, полубраќа и полусестри, - постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство и - лица - членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена. Под блиски лични односи, во смисла на овој закон, се подразбираат лични односи меѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница. (чл.94-б ЗС) 589. Постапка за заштита од семејно насилство и привремени мерки - Жртвата на семејно насилство може да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка на заштита до надлежниот суд непосредно или преку центарот за социјална работа. -Центарот за социјална работа ќе поднесе предлог за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за малолетни 89
и деловно неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот застапник тоа нема да го сторат. -Центарот за социјална работа, предлогот за полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со согласност на жртвата на семејното насилство. (чл.94-д) - Надлежниот суд на сторителот на семејното насилство може да му ги изрече следниве привремени мерки на заштита: 1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство; 2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно; 3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството; 4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд; 5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено; 6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството; 7) изрече задолжително издржување на семејството; 8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште; 9) нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанции или има некое заболување; 10) го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство и 11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството. (чл.94-е ЗС) - Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмалку три месеца, а најмногу една година. Доколку семејното насилство продолжи и по истекот на мерката центарот за социјална работа односно жртвата на семејното насилствo може да поднесе барање за продолжување на некоја од мерките. (чл.94-ж ЗС)
590. Постапката за мирење на брачните другари кои имаат малолетни деца ја спроведува: 90
-Центарот за социјална работа (чл.237 ЗС) 591. Кога мирењето се спроведува во Судот, претседателот на советот составува: -службена белешка (чл.245 ЗС) 592. Кои се правата и должностите на родителите? - Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување. (чл.46 ЗС) - Родителот со кого детето не живее има право и должност да одржува лични односи и непосредни контакти со своето дете. (чл.47 ЗС) - Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца. (чл.48 ЗС) - Поднесоците и изјавите за малолетните деца може полноважно да се доставуваат на едниот или на другиот родител, а ако родителите не живеат заедно, тогаш на родителот кај кого живее детето. (чл.49 ЗС) 593. Оспорување на татковство и мајчинство - Брачниот другар може да оспорува татковство на дете кое го родила неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на детето. (чл.64 ЗС) - Ако по истекот на рокот за поднесување на тужба се откријат факти и докази од кои произлегува дека брачниот другар не е татко на детето кое го родила неговата брачна другарка, на негово барање Врховниот суд на Република Македонија со решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување на татковство. Барањето не може да се поднесе по полнолетство на детето. (чл.65 ЗС) - Мајката може да оспорува татковство на лицето кое според овој закон се смета за татко на нејзиното дете.(чл.66 ЗС) - Детето може да оспорува дека му е татко лицето кое според овој закон се смета за негов татко. Тужбата за оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21 година од животот.(чл.67 ЗС) - Жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето може да го оспорува своето мајчинство ако смета дека не му е мајка.(чл.68 ЗС)
91
- Жената која себе си се смета за мајка на детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето под услов, со истата тужба да бара и утврдување на нејзиното мајчинство. (чл.69 ЗС) - Детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како негова мајка.(чл.70 ЗС) - Оспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена согласност на нејзиниот брачен другар, е оплодена со вештачка инсеменација. (чл.71 ЗС) - Татковство не може да се оспорува по смртта на детето. (чл.72 ЗС) - Законските наследници на таткото, на мајката и на детето, немаат право да поднесуваат тужба за оспорување на татковство, односно мајчинство, но тие можат да ја продолжат тужбата поднесена од нив.(чл.73 ЗС) - До полнолетство на детето, како и во случаите кога детето е лишено од деловна способност, тужба за оспорување на татковство и мајчинство, во негово име,може да поднесе старателот, со одобрение на центарот за социјална работа.(чл.74 ЗС) -Не е дозволено утврдување или оспорување на мајчинство и татковство во случај кога родителскиот однос настанал со посвојување.(чл.75 ЗС) 594. Посвојување поим - Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување).(чл.95 ЗС) 595. Услови за посвојување - Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години. Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница. Изборот на посвоителот ќе зависи од следниве критериуми: здравствена состојба, психосоцијален статус, материјални услови, станбени услови,
92
време на чекање, степен на образование, брачен статус и државјанство. (чл.100-а ЗС) - Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, детето може да биде посвоено без разлика на старосните граници (чл.100-б ЗС) -по исклучок како посвоител може да се јави и лице или брачни другари кои ја надминуваат горната граница на старост, доколку се посвојува брат или сестра на детето кое е веќе посвоено. (чл.100-в ЗС) - Не може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра (чл.101 ЗС) - Кога детето го посвојува сродник кој не живее на територијата на Република Македонија, детето може да биде посвоено до наполнување на 12 години од животот на детето.(чл.101-а ЗС) 596. Дали може да се раскине или да престане посвојувањето? - Потполно посвојување не може да се раскине. (чл.116 ЗС) - Непотполното посвојување може да престане по спогодба меѓу посвоителот и посвоеникот според одредбите кои важат за посвојувањето. Ако посвоеникот е малолетен, центарот за социјална работа е должен да испита дали престанувањето на посвојувањето е во согласност со најдобриот интерес на посвоеникот. (чл.117 ЗС)
597. Од каква природа се податоците за засновано посвојување? тие се службена тајна (чл.123-а ЗС) 598. Старателство - Со старателството Републиката им дава посебна заштита на малолетните деца кои се без родителска грижа и на полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност. -Според одредбите на овој закон заштитата им се дава и на други лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и интереси. -Републиката обезбедува заштита и на малолетни лица жртви на трговија со луѓе.(чл.124 ЗС) 599. Старател - На лицето под старателство центарот за социјална работа назначува старател, доколку не одлучи должноста старател да ја врши непосредно.
93
-За старател се поставува лице кое има лични својства и способности за вршење на должноста старател, а кое претходно ќе даде согласност да биде старател. -За старател првенствено се поставува близок роднина на лицето под старателството. При поставување на старател, центарот за социјална работа ги зема предвид и желбите на лицето под старателство, ако тоа е во состојба да ги изрази, како и желбите на неговите блиски роднини. (чл.135 ЗС)
600. Каков вид на надоместок има право авторот односно носителот на сродно право, за користење на авторското дело односно предметот на сродното право? -право на следство (право на надоместок од препродажба) -право на надоместок од умножување за приватно користење -право на надоместок од изнајмување и -право на надоместок од послуга (чл.39 ЗАПСП) 601. Какви видови заштита уживаат авторското право и сродните права? -кривична, граѓанска и прекршочна заштита (чл.159 ЗАПСП) 602. Што претставува фонограм според Законот за авторското право и сродните права? Фонограм, во смисла на овој закон, е снимка на звуци од изведба или други звуци или звучни појави, освен во форма на снимка вградена во аудиовизуелно дело. Правата над фонограмот на кој било начин не се ограничени со вградувањето на фонограмот во видеограм.“ (чл.109 ЗАПСП) 603. Кој е рокот на траење на материјалните права на авторското право? -материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт (чл.55 ЗАПСП) 604. Права на брачниот другар на отстапителот: - Отстапителот со отстапување може да го опфати и својот брачен другар, во кој случај е потребна и негова согласност. -Ако брачниот другар не биде опфатен неговото право на нужен дел останува.
94
-Во тој случај, отстапувањето останува полноважно, но при утврдување на вредноста на оставината заради определување и намирување на нужниот дел на надживеаниот брачен другар, деловите на имотот на оставителот што им се отстапени на неговите потомци се сметаат како подарок. (чл.1027 ЗОО) 605. Во кој рок може да се остварува правото на заштита на владението од смеќавање или одземање? -во рок од 30 дена од денот на сознанието за смеќавањето или одземањето и за сторителот, а најдоцна во рок од 1 година од настанатото смеќавање (чл.183 ЗСДСП) 606. Основи за стекнување на право на плодоуживање: -правно дело (договор, тестамент) и со одржувачка (чл.213 (ЗСДСП) 607. Правото на плодоуживање прастанува со: -изминување на определено време, ако е утврдено за определен временски период -со смртта или престанокот на плодоуживателот -со преминување на послужната ствар во сопственост на плодоуживателот (соединување) -со одрекување од страна на плодоуживателот и -со пропаѓање на стварта (чл.219 ЗСДСП) 608. Што претставува вистинско владение? -посебен вид на законско владение. Вистинско или мирно владение е она што не е прибавено со сила, со измама или со злоупотреба на довербата (чл.179 ЗСДСП) 609. Што судот меѓу другото утврдува во одлуката за смеќавање на владението? -го утврдува чинот на смеќавање или одземање -наредува воспоставување на владетелската состојба каква што била во моментот на смеќавањето или одземањето и -забранува такво или слично дејство за во иднина (чл.184 ЗСДСП) 610. Во која постапка се одлучува за одземање на вршењето на родителското право поради злоупотреба или грубо занемарување на вршењето на родителските должности? -во вонпарнична постапка (чл.106 ВПП)
95
611. Во кој рок може да поднесе тужба за утврдување татковство лицето кое го признало татковството а со признавањето не се согласиле мајката на детето и детето постаро од 16 години? -во рок од 3 месеци од по приемот на известувањето за несогласувањето на мајката и детето или по истекот на рокот од 30 дена во кој мајката и детето биле должни да се изјаснат за признавањето на детето (чл.58 ЗС) 612. Дали судот може да изрече било која друга мерка која ќе ја смета неопходна, освен предложените во постапката за заштита од семејно насилство? -да, може (чл.94-е ЗС) 613. Во кои случаи не се спроведува постапка за мирење на брачните другари? - Постапката за мирење на брачните другари нема да се спроведе ако: 1) еден од брачните другари е неспособен за расудување; 2) еден или обата брачни другари живеат во странство; 3) едниот брачен другар е со непознато место на живеење подолго од шест месеци и 4) по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил безуспешно. (чл.237 ЗС) 614. За кои цели можат родителите да ги употребуваат приходите на своето дете? - Приходите од имотот на своето дете родителите можат да ги употребуваат првенствено за негово издржување, воспитание и образование, како и за неопходните потреби на семејната заедница, доколку сами немаат доволно сопствени средства. (чл.221 ЗС) 615. Ако тужителот го стори веројатно постоењето на правниот интерес, судот ќе издаде платен налог: -кога побарувањето се однесува на пристигнато побарување во пари кое се докажува со веродостојна исправа (чл.418 ЗПП) 616. Во ревизијата странката треба: -точно да ги наведе и образложи причините поради кои е изјавена (чл.377 ЗПП) 617. Дали странките можат да изнесуваат нови факти и да предлагаат нови докази на главната расправа?
96
-не, неможат, тоа можат да го сторат најдоцна на подготвителното рочиште(чл.271 ЗПП) 618. Странката е должна да поднесе барање за изземање на судија, судија поротник или претседател на првостепениот суд: -кога ќе узнае дека посоти причина за изземање, а најдоцна до завршувањето на главната расправа пред првостепениот суд, а ако главната расправа не се одржала, до донесувањето на одлуката (чл.66 ЗПП) 619. Странките и замешувачите пред судот се должни: -да ја зборуваат вистината и совесно да ги користат правата што им се признаени со овој закон (чл.9 ЗПП) 620. Судот по службена должност оценува дали е надлежен да постапува по предметот: -веднаш по приемот на тужбата (чл.14 ЗПП) 621. Во споровите што се однесуваат на заштита на права од индустриска сопственост, во прв степен: -суди совет без оглед на вредноста на предметот на спорот (чл.36 ЗПП) 622. По предлог на странка или надлежен суд за определување да постапува друг стварно надлежен суд во определен предмет, одлучува: -судот до кого била поднесена тужбата (чл.14 и чл.19 ЗПП) 623. Странките можат да се спогодат во прв степен да им суди суд кој месно не е надлежен: -под услов тој суд да е стварно надлежен и ако со закон не е определена исклучителна месна надлежност на друг суд (чл.63 ЗПП) 624. По приемот на одговорот на тужба или по протекот на рокот за поднесување на одговор на тужба: -судот најдоцна во рок од 8 дена ќе закаже подготвително рочиште, а истото ќе го одржи најдоцна во рок од 50 дена сметано од денот на закажувањето (чл.271 ЗПП) 625. Каков надомест на штета следува за оштетеното лице во случај на претрпена телесна повреда? -надомест на материјална и нематеријална штета (ЗОО) 626. Каков вид на надомест на штета има право да прими лицето кое загинатиот го издржувал или редовно го помагал? 97
-надомест на штета во вид на парична рента (чл.183 ЗОО) 627. Кога може да дојде до намалување на надометокот за причинетата штета ако таа не е причинета ниту намерно ниту со крајно невнимание? -кога одговорното лице е во слаба имотна состојба па исплатата на целосниот надомест би го довел во скудност (чл.180 ЗОО) 628. Што преставува поимот "целосен надоместок на материјална штета"? -надоместок во висина на износот кој е потребен материјалната ситуација на оштетениот да се доведе во онаа сосотјба во која би се наоѓала да немало штетно дејствие или пропуштање (чл.179 ЗОО) 629. За штетата што ќе ја причини лице кое поради душевна болест или заостанат душевен развој или други причини поради кои не е способно за расудување, одговара: -оној кој врз основа на закон или на одлука од надлежниот орган или на договор е должен да врши надзор над него (чл.151 ЗОО) 630. На кој начин одговара за штета причинета од свое штетно дејствие малолетник со наполнети 14 години од својот живот? -според општите правила за одговорност за штета (чл.147 ЗОО) 631. За дејноста од чие вршење произлегува зголемена опасност од настанување штета за околината (опасна дејност), одговара: -лицето кое се занимава со неа (чл.160 ЗОО) 632. За штета настаната во врска со предмет, подвижен или недвижен чија положба, употреба, особина или самото неговото постоење претставуваат зголемена опасност од настанување на штета за околината (опасен предмет), одговара: -неговиот имател (чл.160 ЗОО) 633. Кога истекува правото на оштетениот по застареноста да бара надоместок? - По настапувањето на застареност на правото да бара надомест на штетата, оштетениот може да бара од одговорното лице, според правилата кои важат во случај на стекнување без основа, да му го отстапи она што го добил со дејствието со кое е причинета штетата. -Правото на оштетениот да бара од одговорното лице да му го отстапи она што го добило со дејствието со кое е причинета штетата застарува со истекот на последниот ден на општиот рок на застареност. (чл.198 ЗОО)
98
634. Кого обврзува јавното ветување награда? -го обврзува ветувачот да го исполни ветувањето (чл.218 ЗОО) 635. За доделување награда во случај на конкурс одлучува: -организаторот на конкурсот или едно од повеќе лица што ќе го определи тој (чл.221 ЗОО)
99