Сања Атанасовски, дипл.инг.технолог Јасминка Гудоманова, дипл.инг.технолог Билјана Јанкуловска, дипл.инг.технолог
КОЗМЕТИКА И ФРИЗЕРСТВО ЗА
I ГОДИНА
СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ ОБРАЗОВЕН ПРОФИЛ КОЗМЕТИЧКИ ТЕХНИЧАР
Скопје, 2013
ɂɡɞɚɜɚɱ: ɆɂɇɂɋɌȿɊɋɌȼɈ ɁȺ ɈȻɊȺɁɈȼȺɇɂȿ ɂ ɇȺɍɄȺ ɇȺ ɊȿɉɍȻɅɂɄȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɭɥ. Ɇɢɬɨ ɏɚʇɢɜɚɫɢɥɟɜ ȳɚɫɦɢɧ, ɛɛ ɋɤɨɩʁɟ
Ɋɟɰɟɧɡɟɧɬɢ: - Ⱦ-ɪ ȼɟɫɧɚ Ⱦɢɦɨɜɚ, ɞɨɰɟɧɬ Ɍɟɯɧɨɥɨɲɤɨ-ɦɟɬɚɥɭɪɲɤɢ ɮɚɤɭɥɬɟɬ, ɋɤɨɩʁɟ - Ʌɢɞɢʁɚ Ⱥɧɞɨɧɨɜɫɤɚ, ɞɨɤɬɨɪ ɩɨ ɨɩɲɬɚ ɦɟɞɢɰɢɧɚ ɋɍȽɋ „Ⱦɢɦɢɬɚɪ ȼɥɚɯɨɜ“ ɋɤɨɩʁɟ - ɇɚɞɟɠɞɚ Ȼɥɚɠɟɜɫɤɚ, ɛɢɨɥɨɝ ɋɍȽɋ „Ⱦɢɦɢɬɚɪ ȼɥɚɯɨɜ“ ɋɤɨɩʁɟ Ʌɟɤɬɨɪ: ȼɢɨɥɟɬɚ ȳɨɜɚɧɨɜɫɤɚ
ɉɟɱɚɬɢ: Ƚɪɚɮɢɱɤɢ ɰɟɧɬɚɪ ɞɨɨɟɥ, ɋɤɨɩʁɟ
Тираж: 88
ɋɨ ɪɟɲɟɧɢɟ ɧɚ Ɇɢɧɢɫɬɟɪɨɬ ɡɚ ɨɛɪɚɡɨɜɚɧɢɟ ɢ ɧɚɭɤɚ ɧɚ Ɋɟɩɭɛɥɢɤɚ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ ɛɪ. 22-4302/1 ɨɞ 28.07.2010 ɝɨɞɢɧɚ ɫɟ ɨɞɨɛɪɭɜɚ ɭɩɨɬɪɟɛɚɬɚ ɧɚ ɨɜɨʁ ɭɱɟɛɧɢɤ
CIP - Ʉɚɬɚɥɨɝɢɡɚɰɢʁɚ ɜɨ ɩɭɛɥɢɤɚɰɢʁɚ ɇɚɰɢɨɧɚɥɧɚ ɢ ɭɧɢɜɟɪɡɢɬɟɬɫɤɚ ɛɢɛɥɢɨɬɟɤɚ „ɋɜ.Ʉɥɢɦɟɧɬ Ɉɯɪɢɞɫɤɢ“, ɋɤɨɩʁɟ 687.5(075.3) 613.49:687.553.2.05(075.3) 646.75:687.552.2.05(075.3) ȺɌȺɇȺɋɈȼɋɄɂ, ɋɚʃɚ Ʉɨɡɦɟɬɢɤɚ ɢ ɮɪɢɡɟɪɫɬɜɨ ɡɚ I ɝɨɞɢɧɚ : ɫɬɪɭɤɚ ɥɢɱɧɢ ɭɫɥɭɝɢ : ɨɛɪɚɡɨɜɟɧ ɩɪɨɮɢɥ ɤɨɡɦɟɬɢɱɤɢ ɬɟɯɧɢɱɚɪ / ɋɚʃɚ Ⱥɬɚɧɚɫɨɜɫɤɢ, ȳɚɫɦɢɧɤɚ Ƚɭɞɨɦɚɧɨɜɚ, Ȼɢɥʁɚɧɚ ȳɚɧɤɭɥɨɜɫɤɚ. - ɋɤɨɩʁɟ : Ɇɢɧɢɫɬɟɪɫɬɜɨ ɡɚ ɨɛɪɚɡɨɜɚɧɢɟ ɢ ɧɚɭɤɚ ɧɚ Ɋɟɩɭɛɥɢɤɚ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ, 2010. - 193 ɫɬɪ. : ɢɥɭɫɬɪ. ; 29 ɫɦ Ɋɟɱɧɢɤ ɧɚ ɧɟɩɨɡɧɚɬɢ ɡɛɨɪɨɜɢ: ɫɬɪ. 191 - 192 ISBN 978-608-226-151-5 1. Ƚɭɞɨɦɚɧɨɜɚ, ȳɚɫɦɢɧɤɚ [ ɚɜɬɨɪ ] 2. ȳɚɧɤɭɥɨɜɫɤɚ, Ȼɢɥʁɚɧɚ [ ɚɜɬɨɪ ] COBISS.MK-ID 84268042
ДРАГИ УЧЕНИЦИ !
Оваа учебна година ќе се запознаете со нов наставен предмет
“Козметика и фризерство” Предметот е застапен со 3 часа неделно или 108 часа годишно и претставува основа за стекнување на знаења, умеења и вештини од областа на козметиката. Учебникот Ви е наменет вам, учениците од прва година во средното стручно образование за струката лични услуги, образовен профил козметички техничар и е подготвен согласно со наставната програма за реформирано четиригодишно средно стручно образование. Вие веќе имате стекнато извесни знаења и искуства од Биологија и Хемија во претходните учебни години. Ние се потрудивме со овој учебник уште повеќе да ги продлабочите и збогатите своите знаења. Во него ќе се сретнете со многу интересни содржини од секојдневниот живот. Ќе учите за: изглед, хигиена и опременост на козметичките салони, за личната хигиена и нејзиното одржување, кожата и нејзините творби, за козметичките препарати и нивната правилна употреба, за суровините од кои се направени препаратите како и за правилното изведување на козметичките постапки. Некои содржини во учебникот и сами ќе ги откривате. Но, не заборавајте дека секогаш покрај вас ќе биде Вашиот наставник кој ќе ве води, насочува, поддржува и помага во совладувањето на новите содржини. Бидете упорни, работете самостојно, анализирајте, дискутирајте, истражувајте, прашувајте, донесувајте заклучоци, бидете креативни. Вие тоа го можете бидејки помеѓу вас се крие идниот успешен козметичар. Ви посакуваме пријатни мигови поминати со страниците на овој учебник и секако ви посакуваме многу успех во совладувањето на новите наставни содржини. Благодарност до сите оние кои со своите сугестии, предлози, критики и забелешки придонесоа за подобрување на квалитетот на овој учебник. Секоја дополнителна, добронамерна забелешка што ќе се појави во текот на употребата на учебникот, доколку е прифатлива, ќе помогне во неговото дооформување при евентуалното ново издание.
Со почит, Авторите
КОЗМЕТИКА И ФРИЗЕРСТВО ЗА I ГОДИНА
СОДРЖИНА Страница
1 ПЛАНИРАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА ВО САЛОНИТЕ ЗА КОЗМЕТИКА И ФРИЗЕРСТВО
1
1.1 САНИТАРНО - ТЕХНИЧКИ НОРМИ ЗА РАБОТА ВО ДЕЈНОСТА ЛИЧНИ УСЛУГИ 1.2 ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА 1.3 ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР ВО САЛОНИТЕ ОД ДЕЈНОСТА ЛИЧНИ УСЛУГИ 1.4 КУЛТУРА НА ОДНЕСУВАЊЕТО
2 МОРФОЛОГИЈА, ФИЗИОЛОГИЈА И ПАТОЛОГИЈА НА КОЖАТА 2.1 АНАТОМСКА ГРАДБА НА КОЖА 2.2 ПРОИЗВОДИ НА КОЖА 2.2.1 ТИПОВИ КОЖА 2.2.2 ФУНКЦИИ НА КОЖАТА 2.3 АНАТОМСКА ГРАДБА НА ТВОРБИТЕ НА КОЖАТА 2.3.1 АНАТОМСКА ГРАДБА НА ВЛАКНОТО 2.3.2 АНАТОМИЈА И ФИЗИОЛОГИЈА НА НОКТ 2.4 ПАТОЛОШКИ ПРОМЕНИ НА КОЖАТА И НА НЕЈЗИНИТЕ ТВОРБИ
3 КОЗМЕТИКА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО
3 6 10 14
19 21 23 24 26 27 27 30 31
35
3.1. ПОИМ ЗА КОЗМЕТИЧКО ЗАНИМАЊЕ И РАБОТНИ ЗАДАЧИ 3.2 АПАРАТИ ВО КОЗМЕТИЧКОТО ЗАНИМАЊЕ 3.3 ПОИМ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ 3.4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ 3.4.1. СУРОВИНИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО 3.4.2. СУРОВИНИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО 3.4.3. СУРОВИНИ ОД МИНЕРАЛНО ПОТЕКЛО 3.5 ВОДАТА ВО ХИГИЕНО-ЕСТЕТСКАТА НЕГА НА КОСА И КОЖА 3.6 ДОДАТНИ КОМПОНЕНТИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРЕПАРАТИ
I
37 39 45 47 47 49 49 51 54
КОЗМЕТИКА И ФРИЗЕРСТВО ЗА I ГОДИНА
3.7 ПОИМ, ДЕФИНИЦИЈА И КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРЕПАРАТИ 3.8 КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА НА КОЖАТА НА ЛИЦЕТО И ТЕЛОТО 3.8.1 ПРЕПАРАТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА 3.8.2 ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА НА КОЖАТА ПРЕПАРАТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЧИСТОТИИТЕ И ШМИНКАТА ОД ЛИЦЕТО ТОНИЦИ ЗА ЛИЦЕ КРЕМИ ЗА НЕГА НА КОЖАТА КРЕМИ ЗА МАСАЖА КОЗМЕТИЧКИ МАСКИ И ПАКУВАЊА 3.8.3 ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАШТИТА НА КОЖАТА ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЧЕВИ ЗРАЦИ ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ИНСЕКТИ ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАШТИТА НА БЕБЕШКАТА КОЖА 3.8.4 ПРЕПАРАТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И ПРИКРИВАЊЕ НА НЕДОСТАТОЦИТЕ НА КОЖАТА ПРЕПАРАТИ ЗА БЕЛЕЊЕ НА КОЖАТА ПРЕПАРАТИ ЗА ЛУПЕЊЕ НА КОЖАТА ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА НА СЕБОРОИЧНА КОЖА 3.8.5 ПРЕПАРАТИ СО РАЗЛИЧНА НАМЕНА И ДЕЈСТВО ПРЕПАРАТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОТЕЊЕТО И НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ПРЕПАРАТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВЛАКНАТА ОД КОЖАТА 3.8.6 ДЕКОРАТИВНО- КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ ПУДРИ ЗА ЛИЦЕ ЦРВИЛА (РУМЕНИЛА) ЗА ЛИЦЕ ЦРВИЛА ЗА УСНИ ПРЕПАРАТИ ЗА ОЧНИ КАПАЦИ, ТРЕПКИ И ВЕЃИ 3.9 КОЗМЕТИЧКА НЕГА НА ЛИЦЕТО И ТЕЛОТО 3.9.1 ОДРЕДУВАЊЕ НА ТИПОТ НА КОЖАТА 3.9.2 НЕГА НА КОЖАТА НА ЛИЦЕТО СЕКОЈДНЕВНАТА НЕГА НА КОЖАТА НА ЛИЦЕТО МАСАЖАТА НА ЛИЦЕТО СПЕЦИЈАЛНАТА НЕГА 3.9.3 НЕГА НА КОЖАТА НА ТЕЛОТО 3.9.4 ДЕКОРАТИВНА КОЗМЕТИКА НА ЛИЦЕТО ОТСТРАНУВАЊЕТО НА МОВТА И ВЛАКНЕНЦАТА ШМИНКАЊЕТО НА ЛИЦЕТО ШМИНКАЊЕТО НА ОЧИТЕ
II
58 61 61 63 64 65 66 68 69 71 71 73 73 75 75 76 76 77 77 78 79 79 80 81 82 84 84 86 86 87 89 91 94 94 95 97
КОЗМЕТИКА И ФРИЗЕРСТВО ЗА I ГОДИНА
4 КОЗМЕТИЧКА НЕГА НА РАЦЕ И НОЗЕ
101
4.1 ПОИМ, РАБОТНИ ЗАДАЧИ, АЛАТ, ПРИБОР И АПАРАТИ ЗА РАБОТА ВО МАНИКИР - ПЕДИКИРСКО ЗАНИМАЊЕ 103 4.2 МАТЕРИЈАЛИ ЗА РАБОТА ВО МАНИКИР- ПЕДИКИРСКОТО ЗАНИМАЊЕ 107 4.3 МАСАЖА НА РАЦЕТЕ 109 4.4 ПОСТАПКА НА МАНИКИРАЊЕ 111 4.5 ПЕДИКИРАЊЕ 114 4.6 НЕГА НА СТАПАЛАТА 116 4.7 МАСАЖА НА СТАПАЛО 117
5 ФРИЗЕРСТВО
119
5.1 ПОИМ ЗА ФРИЗЕРСКО ЗАНИМАЊЕ 5.2. АЛАТ, ПРИБОР И АПАРАТИ ЗА РАБОТА ВО ФРИЗЕРСКОТО ЗАНИМАЊЕ 5.2.1. АЛАТ И ПРИБОР ЗА ФРИЗЕРСКО ЗАНИМАЊЕ 5.2.2 АПАРАТИ ЗА ФРИЗЕРСКО ЗАНИМАЊЕ 5.3 МАТЕРИЈАЛ ЗА РАБОТА ВО ФРИЗЕРСКОТО ЗАНИМАЊЕ 5.3.1 ПРЕПАРАТИ ЗА БРИЧЕЊЕ 5.3.2 ПРЕПАРАТИ ЗА МИЕЊЕ НА КОСАТА 5.3.3 ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА НА КОСАТА 5.3.4 ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ И ОБЛИКУВАЊЕ НА КОСАТА 5.3.5 ПРЕПАРАТИ ЗА ЛАДНА ТРАЈНА ОНДУЛАЦИЈА 5.3.6 ПРЕПАРАТИ ЗА БОЕЊЕ НА КОСАТА 5.3.7 ПРЕПАРАТИ ЗА БЕЛЕЊЕ НА КОСАТА 5.3.8 ВОДОРОДЕН ПЕРОКСИД (ХИДРОГЕН) 5.4. ОСНОВИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ФРИЗЕРСКОТО РАБОТЕЊЕ 5.4.1 ОДРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА КОСАТА 5.4.2 МИЕЊЕ НА КОСАТА 5.4.3 НЕГА И РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КОСАТА 5.4.4 ПОТСТРИЖУВАЊЕ НА КОСАТА ПОТСТРИЖУВАЊЕ НА КОСАТА КАЈ ЖЕНИ ПОТСТРИЖУВАЊЕ НА КОСАТА КАЈ МАЖИ 5.4.5 ОНДУЛАЦИЈА НА КОСАТА 5.4.5.1 ВОДЕНА ОНДУЛАЦИЈА 5.4.5.2 ЛАДНА ТРАЈНА ОНДУЛАЦИЈА ИЗРАБОТКА НА ЛАДНА ТРАЈНА ОНДУЛАЦИЈА НА КОСА СО РАЗЛИЧНА СТРУКТУРА 5.4.6. БОЕЊЕ НА КОСАТА КРУГ НА БОИ ПОСТАПКА ЗА НИЈАНСИРАЊЕ НА КОСАТА ПОСТАПКА ЗА КОЛОРИРАЊЕ III
121 123 123 128 131 132 134 137 139 141 143 146 148 151 151 155 157 159 161 163 165 165 168 170 172 172 173 174
КОЗМЕТИКА И ФРИЗЕРСТВО ЗА I ГОДИНА
5.4.7 БЕЛЕЊЕ НА КОСАТА 5.4.8 БРИЧЕЊЕ НА БРАДАТА ОБЛИКУВАЊЕ НА БРАДАТА И МУСТАЌИТЕ КАЈ МАЖИТЕ 5.5 ПЕРИКЕРСТВО 5.5.1 СРЕДСТВА И МАТЕРИЈАЛ ЗА РАБОТА ВО ПЕРИКЕРСКОТО ЗАНИМАЊЕ 5.5.2 ВИДОВИ ПЕРИКЕРСКИ ПРОИЗВОДИ 5.5.3 МЕСТЕЊЕ НА ПЕРИКЕРСКИ ПРОИЗВОДИ, НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ
177 180 182 184 184 186 188
РЕЧНИК НА НЕПОЗНАТИ ЗБОРОВИ
191
ЛИТЕРАТУРА
193
IV
Козметика и фризерство за I година
ТЕМА БР. 1
Планирање и организација на работата во салоните за козметика и фризерство Конкретни цели да: ги познава санитарно техничките норми за вршење на занаетчиска дејност во лични услуги го организира работниот простор ги познава нормите на професионалната етика
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
1.1 САНИТАРНО-ТЕХНИЧКИ НОРМИ ЗА РАБОТА ВО ДЕЈНОСТА ЛИЧНИ УСЛУГИ
Човекот како најважен за производствениот процес заслужува посебно внимание. Затоа е неопходно да се обезбедат такви услови за работа кои ќе овозможат да се постигне максимален учинок во работата во однос на потрошеното време и енергија без штетни последици по здравјето и работната способност на работникот. Законот за заштита на населението од заразни задолжителни здравствено-хигиенски прегледи на вработените.
болести
предвидува
Задолжителните здравствено-хигиенски прегледи заради спречување на заразни болести се вршат како: 1. здравствено-хигиенски прегледи пред стапување во работен однос, 2. периодични здравствено-хигиенски прегледи во текот на работата и 3. вонредни здравствено-хигиенски прегледи по барање на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и по епидемиолошки индикации. Здравствено-хигиенските прегледи на лица кои укажуваат хигиенска нега, или работат во производство на козметички средства се вршат еднаш годишно и опфаќаат: лекарски преглед на гнојни и паразитарни заболувања на кожата и слузокожата, лекарски преглед на специфични заразни заболувања пр. туберкулоза на бели дробови и други заразни болести на респираторниот тракт, рентгенска снимка на бели дробови, ако со лекарскиот преглед се посомнева на туберкулоза на бели дробови или епидемиолошка индикација, бактериолошко испитување на брис од нос и грло на гнојни бактериски заболувања и клицоносителство. Здравствено-хигиенските прегледи се вршат од страна на Центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје.
3
Козметика и фризерство за I година
Ако по извршениот преглед се докаже присуство на некој причинител на заразно заболување, заводите го известуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ако бактериолошкиот наод е позитивен, повторно се врши преглед сè до добивање на негативен наод. Резултатите од извршените здравствено-хигиенски прегледи на вработените лица се запишуваат во санитарни книшки кои вработените ги добиваат при првиот преглед. Санитарната книшка е документ кој содржи: фотографија, лични податоци на прегледаното лице и податоци за извршените здравствено-хигиенски прегледи. Санитарната книшка се чува кај правното или физичко лице кај кого е вработено прегледаното лице. При редовните контроли од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вработените се должни да ги достават санитарните книшки на увид.
Изглед на санитарна книшка
Исто така, со закон е предвидено во определен временски интервал задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) во работните простории од дејноста лични услуги.
4
Козметика и фризерство за I година
Дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата ја вршат овластени служби. После извршената ДДД овластената служба е должна да издаде потврда со потпис и печат од изведувачот на ДДД дејноста.
Дезинфекција
Законот предвидува и проверка на стерилизторите кои се употребуваат во козметичките салони во определен временски период. Проверката ја вршат овластени институции. За истата се добива соодветна потврда.
запомни
Здравствено-хигиенски прегледи се вршат: - пред стапување во работен однос, - во текот на работата, - како вонредни здравствено-хигиенски прегледи. Санитарната книшка е документ во кој се внесуваат резултатите од извршените здравствено-хигиенски прегледи. Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши санитарна контола. Центрите за јавно здравје и институтот за јавно здравје вршат здравственохигиенски прегледи. ДДД – дезинфекција, дезинсекција, дератизација. ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Зошто е потребно да се вршат здравствено-хигиенските прегледи? Кој ги врши здравствено-хигиенските прегледи? Кога се вршат здравствено-хигиенски прегледи? Што опфаќа еден здравствено-хигиенски преглед? Што претставува санитарната книшка? Што значи ДДД? Кој врши ДДД? 5
Козметика и фризерство за I година
1.2 ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА За правилно и успешно извршување на работата и работните задачи во дејноста лични услуги, вработените треба да водат посебна грижа за хигиенските услови. Тоа подразбира одржување на личната хигиена, хигиена на алатот, приборот и материјалите за работа и секако хигиена на работниот простор.
Одржување на лична хигиена на вработените За да го сочуваме здравјето не е доволно само да ги познаваме правилата на личната хигиена, туку е потребно нивно почитување и нивна правилна примена. Луѓето кои работат во дејноста лични услуги секојдневно доаѓаат во непосредна близина со странки, па затоа тие треба да имаат чиста и негувана кожа, уредна коса, хигиена во усната шуплина, соодветна облека и сл. Кожата на телото треба да се мие почесто. Косата секогаш треба да биде свежо измиена и средена бидејки само така би оставиле добар впечаток кај странката. Освен косата и лицето секогаш најпрво се забележува кај луѓето. Затоа лицето треба да има привлечен, пријатен и свеж изглед. Со правилен избор на соодветна шминка може уште повеќе да се истакне убавината на лицето. За одржувањето на личната хигиена многу е битна и негата на устата и усната шуплина. При воспаление на грлото, расипани заби или некое друго заболување на органите за дишење, во усната шуплина се создава непријатен мирис што предизвикува непријатно чувство кај присутните. Секако дека ова пречи во работата, па затоа ваквите состојби треба да се лекуваат или соодветно да се третираат и да се отстранат. Хигиената на рацете и ноктите, исто така, не смее да се занемари. Ноктите треба да бидат кратки и уредни. При миење на рацете треба со посебна четка да се исчисти и нечистотијата под ноктите. Поради секојдневниот контакт со вода и хемикалии, кожата станува сува и испукана па затоа треба да се користат покрај средства за заштита и заштитни ракавици. Заштитни ракавици
6
Козметика и фризерство за I година
Работната облека треба да биде комотна, изработена од памучен материјал по можност да е бела и треба редовно да се менува.
Уредна работна облека
Нозете како најоптоварени при работата бараат посебна грижа. Тоа подразбира користење удобни чевли кои имаат ортопедски влошки и кои се лесни, направени од природен материјал кој пропушта воздух. Обувки за работа
Вработените во занимањето лични услуги треба да водат грижа и за странките. Пред сè да ја заштитат облеката на странката, да користат чисти и испеглани чаршафи, крпи и наметки. Доколку кај странката забележат присуство на некое заболување, не треба да даваат услуги или доколку е извршена таква услуга, треба алатот и приборот добро да го дезинфицираат. Одржување на хигиена на алатот, приборот и материјалите Вработените во занимањето лични услуги во својата работа секојдневно доаѓаат во контакт со странки кои се болни или инфицирани со некои микроорганизми. Затоа постои голема веројатност и тие да бидат инфицирани на различни начини, преку воздух или со директен контакт. Исто така, постои можност да се инфицира странката ако вработениот е болен. Под инфекција се подразбира навлегување на микроорганизмите во телото на човекот. За да се спречи инфицирањето потребно е одржување на хигиена на алатот, приборот и материјалите.
7
Козметика и фризерство за I година
Постапката која се применува за одржување хигиена на алатот и приборот е дезинфекција. Со постапката на дезинфекција се уништуваат причинителите на заразните болести. Таа може да биде механичка, физичка и хемиска. Од физичките средства се користат вода, сончева светлина и многу висока или ниска температура. Со многу висока температура се уништуваат бактерии и вируси. Се користи за дезинфекција на алат и прибор кој е направен од метал или порцелан. Топла вода во која има додадено натриум карбонат (Na2CO3) се користи за дезинфекција на крпи и чаршафи. Специјално дизајнирани стерилизатори кои работат на принцип на ултравиолетови зраци, се користат за стерилизација на чешли, четки и друг ситен инвентар. Na 2CO 3
Стерилизатор
Хемиските средства кои се користат за дезинфекција треба да исполнуваат одредени услови како на пр.: не треба да се отровни за човекот, да дејствуваат на широк спектар на микроорганизми и да не ги нагризуваат металите. Средствата за дезинфекција дејствуваат така што ја разоруваат протоплазмата и ги коагулираат белковините. Од хемиските дезинфекциони средства се користат: - хидроген или водороден пероксид (H2O2) во концентрација од 2-3%, за дезинфекција на рани, но и за дезинфекција на алатот, - калиум перманганат или хиперманган (KMnO4), темно виолетови кристали, кои делуваат оксидационо, - алкохол (C2H5OH) кој во продажба се наоѓа како концентриран 96% или разблажен 70%, за дезинфекција на рани и алат, - натриум карбонат (Na2CO3), за дезинфекција на стаклени и метални предмети кои не р'ѓосуваат, како и за омекнување на водата, - 40% формалин, - лизоформ претставува раствор на формалин и калиумов сапун.
KMnO4
Чистиот и дезинфициран прибор и алат не треба да се меша со нечистиот прибор. Материјалите кои се користат треба да се чуваат на суво, темно и ладно место, бидејќи температурните промени можат да предизвикаат и физичко-хемиски промени на препаратите.
8
Козметика и фризерство за I година
Одржување на хигиена на работниот простор Просториите за работа во занимањето лични услуги треба да бидат уредни и чисти. За полесно одржување на хигиената во просторите, подот и ѕидовите треба да бидат обложени со керамички плочки, пластичен материјал или материјал кој лесно се чисти и дезинфицира. Останатите делови од ѕидовите и таванот да бидат варосани во светла боја. Просторот треба да биде доволно осветлен и да биде обезбеден со грејни тела кои ќе ја одржуваат температурата од 18-20ºC. Одржувањето на хигиената во просторот треба да се врши секојдневно кога се чистат подот, работната маса и останатиот прибор како и еднаш седмично кога се чистат прозорците, ѕидовите, алатот и др.
запомни
Личната хигиена подразбира хигиена на: косата, лицето, усната шуплина, рацете и ноктите, кожата, работната облека и нозете. Инфекција е навлегување на микроорганизмите во телото на човекот. Дезинфекција е постапка на уништување на причинителите на заразните болести, со употреба на физички и хемиски средства. Физички средства се: водата, сончевата светлина и многу високата или ниската температура. Хемиски средства се: хидроген, калиум перманганат, алкохол, натриум карбонат, формалин, лизоформ. Хигиена на работниот простор се врши секојдневно или еднаш седмично.
ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Што сè опфаќа одржувањето на личната хигиена на вработените? Каква грижа треба да водат вработените за странките? Што е инфекција? Што претставува дезинфекција? Како се врши дезинфекција? Наброј ги хемиските дезинфекциони средства! Како треба да биде уреден работниот простор за да може полесно да се одржува хигиена во него? 9
Козметика и фризерство за I година
1.3 ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР ВО САЛОНИТЕ ОД ДЕЈНОСТА ЛИЧНИ УСЛУГИ Салоните за козметичко-фризерска дејност може да бидат комбинирани и да даваат услуги од областа на фризерството, козметиката, маникирството и педикирството, но може да се специјализирани посебно за секој од тие дејности. Освен што е потребно да се задоволени санитарно техничките норми за работа во еден салон каде се вршат дејности од личните услуги, потребна е добра организација на работниот простор и солидна техничка опременост. Секој современ салон било да е од областа на козметиката или фризерството треба да поседува неколку простории за вршење на основната дејност или дополнителни кои ја помагаат дејноста. На самиот влез во салонот треба да има визуелно одвоена просторија во која ќе чекаат странките да дојдат на ред. Таа просторија треба да има маса и столчиња, а пожелно е да има списанија, со кои на странките ќе им поминува побргу времето на чекање. Треба да има закачалки каде ќе се оставаат капутите, мантилите или палтата на странките.
Просторија за чекање
Потребно е да има посебна просторија која ќе претставува гардероба за вработените, опремена со соодветни ормари за одлагање на работната облека и обувки. Стручните лица пред почетокот на работата ги облекуваат работната облека и обувките, кои треба да се чисти, уредни и удобни. По завршување на работното време повторно ја облекуваат својата облека и обувки, а работните обувки и облека ги ставаат на соодветното место во гардеробата. Во козметичките салони најчесто е потребно и самата странка да ја смести својата облека или обувки, заради третманот кој се изведува. Тоа најчесто е потребно при масажите на тело и другата специјална нега на телото или при педикирските постапки. Затоа е потребна просторија или преградена гардероба каде ќе може странката да ги остави облеката или обувките. 10
Козметика и фризерство за I година
Во секој салон зa козметичко-фризерска дејност треба да има одредено место или просторија во која ќе бидат сместени алатот, приборот, инструментите и помошниот материјал за работа. Тие треба да бидат сместени во ормари и фиоки. Секогаш треба да се води сметка да се одвојат чистите и неупотребени крпи, чаршави и друг помошен материјал од текстил, од оние кои се употребени. Одложувањето на употребениот алат, прибор и инструменти во текот на работата треба да има одредено место, а после дезинфекцијата т.е. стерилизацијата да се врати во ормарите или фиоките каде што се чуваат. Во секој салон треба да има довод на топла и ладна вода, како и одвод на истата. По можност треба да има посебен тоалет за странките, а посебен за вработените. Во тоалетот за вработените пожелно е да има и туш. Самата работна просторија треба да е функционално и вкусно уредена. Треба да се води сметка за естетиката на просторот, но и за максимална искористеност на просторот, за да може непречено да се одвива работата. Во салоните за козметика треба да има одвоеност на козметичките легла од останатите делови на просторијата, бидејќи така се задржува приватноста и интимноста на странката.
Современ козметички салон – работна просторија
Работното место на маникир педикирот треба да има работна маса и стол, на кои го изведува третманот на странката, подвижна масичка со прибор и материјал за работа. Работна маса на маникир-педикирот
11
Козметика и фризерство за I година
Во фризерските салони треба да има посебен простор за миење на косата, кој се состои од специјално конструиран леѓен на сталка која се подесува по висина. На него се поставува главатa на странката чија коса се мие. Работното место има пулт за работа на кој се ставаат алатот и приборот за работа, фиоки и огледала.
Современ фризерски салон
Освен апаратите кои се употребуваат за изведување на третманите и услугите, во козметичко-фризерските салони се употребуваат дополнителни електрични апарати. Тоа се машината за перење, пеглата, бојлерот и правосмукалката. Овие апарати помагаат во одржување на хигиената на просторот, работната облека и материјалот за работа, како и за вршење на Пегла дел од основните дејности. Машина за перење
Работникот треба да внимава кога ракува со апаратите кои функционираат со помош на електрична струја. Инсталацијата треба да е добро изработена и заштитена и да нема места кои случајно би се допреле до деловите под напон. Никогаш не треба да се приклучуваат електричните апарати со влажни раце. Ако се внимава при ракување со електричните апарати, работникот ќе се заштити од електричен удар.
12
Козметика и фризерство за I година
Секој салон треба да поседува сандаче за прва помош и против-пожарен апарат. Во сандачето за прва помош треба да има санитетски материјал со кој би се пружила прва помош при исекување, крвавење, изгореници. За таа цел во сандачето треба да има стерилна газа, завои, заштитна игла, фластер, ножички, алкохол, јод, а може да има таблети против болки. Тоа треба да е поставено во салонот на видливо место.
Сандаче со прва помош
Против-пожарниот апарат е потребен за случај да се предизвика пожар од невнимателна употреба на лесно запалливи материи. Овој апарат е преносен и може да биде наполнет со вода, пена, прав, јаглероден диоксид и др.
запомни ПП апарат
Потребна е добра организација на работниот простор и солидна техничка опременост на салонот. Простории во салонот се: чекална, гардероба за вработени, гардероба за странки, просторија за чување на алатот и приборот, тоалет, работна просторија. Освен основните апарати и инструменти за работа, во салонот се потребни дополнителни електрични апарати, со кои се ракува внимателно. Секој салон мора да поседува сандаче за прва помош и апарат за гаснење на пожар. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ 1. Кои предуслови се важни за добро да функционира еден салон за дејности од личните услуги? 2. Посети повеќе такви салони и анализирај ја организацијата на работниот простор! 3. Направи табеларен приказ на сличностите и разликите во организацијата на работниот простор на салоните! 4. Дискутирајте во класот како би ја подобриле уреденоста на некој од салоните кои според вас не се добро организирани! 5. Кои се задолжителни опреми за прва помош и заштита од пожар во салоните?
13
Козметика и фризерство за I година
1.4 КУЛТУРА НА ОДНЕСУВАЊЕТО
Бидете умни ако можете, бидете добри ако сакате, но секогаш бидете убави... Добродојдовте во светот на убавината!
Дејноста лични услуги е поврзана со директен контакт на стручното лице и странката. Услугата на странката е поврзана со вештината на изведување на работните операции на соодветното занимање (фризер, козметичар, маникир-педикир). Успехот во работата на стручното лице и стекнување поголем број странки, во голема мерка зависи од начинот на неговото однесување. Овој услов е неопходен за надополнување на теоретскотo и практичното знаење на стручното лице. За да се стекне доверба кај странката многу треба да се внимава како ќе се настапи пред неа и како ќе се постапува во текот на третманот. Непријатни се искуствата кога стручното лице некоректно се однесува со странката, не ја почитува и не ги следи нејзините интереси. Ваквиот однос е потребно да се коригира, а тоа зависи од самата личност и нејзината желба да го стори тоа. Стручното лице треба да ги поседува следните особини: да се однесува интелигентно, да има чувство за чистота и хигиена, да има правилен однос кон работата, соработниците и странките. Односот меѓу соработниците мора да биде пријатен, искрен и пријателски, а тоа посебно е важно за странките. Во случај странката да му се доверува на стручното лице за свои приватни проблеми, стручното лице не смее за тоа да зборува со други лица. Озборувањето е најлошата особина што може да ја поседува стручното лице. Со тоа се покажува некултурата на стручното лице. Најдобро е во салоните во кои се вршат лични услуги да се разговара за општи теми од областа на модата, спортот, уметноста и актуелните збиднувања. Затоа стручното лице треба да ги следи новитетите во тие области, бидејќи често се бара и негово мислење. Во некои случаи услуги бараат и странци, па затоа неопходно е основно познавање на странски јазик, заради разбирање со странката. Важно за успехот во работата на козметичко-фризерскиот работник е неговиот однос кон работата, која треба да му претставува задоволство, а не само обврска. Само со љубов кон своето занимање тој ќе успее да ги надмине сите потешкотии што му се препречуваат во текот на работата.
14
Козметика и фризерство за I година
Во текот на приемот на странката не треба ниту со најмал гест да се покаже нељубезност, надмено однесување или иронија. Стручното лице треба да води пријатен разговор, но не треба да навлегува во личните работи на странката. Односот на стручното лице кон странката може да се прикаже на кратко со некои правила, дадени во следната табела, во која е прикажано и како не треба да се однесува. Табела: Позитивен и негативен однос на стручното лице кон странката
Позитивен однос кон странката
Негативен однос кон странката
Човечен
Понижувачки
Љубезен
Семеен
Внимателен
Наметлив
Услужен
Надмен
Со почит
Со желба за расправии
Мирен
Млитав
Духовит
Дрзок
Разговорлив
Премногу разговорлив
Искрен
Непристоен
Сигурен
Многу самоуверен
Странката е онаа што треба да ги искаже своите желби и потреби, а стручното лице или тимот треба да пронајде начин да ги задоволи. Треба голема вештина и способност да се проценат странките, за да може правилно да се постапи со нив. Мажите најчесто не се „тешки“ странки, бидејќи не прават проблеми околу фризурата или бричењето. За нив е најважна услугата, љубезноста и условите во салонот, за да бидат задоволни. Жените се тие кои ја следат модата и водат голема грижа околу својот изглед. Тие се странки кои одењето на фризер и козметичар го прават со уживање, па затоа се „потешки“ за исполнување на нивните барања.
Правилен однос на стручното лице со странката
15
Козметика и фризерство за I година
Постојат различни типови на странки кои треба да се проценат од страна на стручното лице. Најмногу може да се оцени дали странката е нервозна или смирена по начинот на одење, по говорот се познава степенот на образование, по рацете се познава со каква работа се занимава, облеката го покажува вкусот итн.
За да се пристапи правилно кон странката треба да се знае дека: не треба да се водат непотребни разговори со тивките странки, да не се покажуваат знаци на досада кога странката е многу разговорлива, да се воздржува и да се остане мирен со нервозни странки, да се дава совет на несигурните странки кои тоа го очекуваат, да се обрне внимание на децата како странки, да се почитуваат скромните странки итн.
Приемот на странката е многу важен дел во односот на стручното лице. При влегување во салонот странката треба гласно да се поздрави, а ако е позната да се поздрави по име. Странката треба љубезно да се праша каква услуга сака. Кога ќе праша колку време треба да чека, треба точно да се извести за времето на чекање. Љубезноста на стручното лице се поткрепува со некои ситници кои ги прави, како придржување на палтото, додавање на стол и др. Странката во салонот треба да почувствува пријатна и пријателска атмосфера, а за тоа може да придонесе една љубезна, ненаметлива насмевка.
Веќе спомнавме дека е важен разговорот со странката. Доколку разговорот е започнат треба да се води секогаш воопштено, така што можат да се вклучат и другите странки. Никогаш не треба на странката да и' се обрнува внимание на некои нејзини недостатоци во изгледот или да се разубедува во некоја нејзина желба, која не е соодветна. Треба внимателно да се искажат ставовите кои можеби ќе ги прифати. Доколку се разговара со непозната странка, треба да се настојува да се дознае нејзиното име и почесто да се именува, за да не се чувствува како во непознат простор. Должност на стручното лице е да ги запознае своите странки, особено оние што се постојани, за да може да ги советува и да ја изразува нивната личност преку фризура или шминка.
Испраќањето на странката ќе го надополни впечатокот кој таа го добила во текот на третманот во салонот. Приемот, однесувањето на стручното лице, квалитетот во работата, формираат комплетна слика кај странката за салонот и како таква ја изнесува од таму. По завршување на услугата треба да се отстранат евентуалните нечистотии од облеката на странката. Пожелно е да се помогне во облекувањето на странката, нејзино испраќање од салонот и заблагодарување за посетата. Со тоа се потврдува љубезноста и пристојното однесување, кое треба да го поседува секое стручно лице. Странката кога го напушта салонот треба да има чувство дека повторно ќе биде добро примена и квалитетно услужена во тој салон.
16
Козметика и фризерство за I година
Изглед на задоволна странка
запомни
Успехот во работата на стручното лице зависи од начинот на неговото однесување. Односот меѓу соработниците и со странката мора да биде пријатен, искрен и пријателски. Најдобро е во салоните да се разговара за општи теми, работникот да не се однесува надмено, наметливо, дрско и непристојно. Странката е онаа што треба да ги искаже своите желби и потреби. Странката треба да се процени и внимателно да се однесува кон различните типови на странки. Освен квалитетна услуга, странката ќе ја направи задоволна: пријатниот прием, соодветниот разговор и испраќањето од салонот. АКТИВНОСТИ
Организирајте игра на улоги во класот. Поделете се во различни групи во кои ќе има стручно лице и странки со различен карактер. Вежбајте прием, разговор и испраќање на странката, според однапред поставено сценарио. Некои ученици треба да ја следат играта и да дискутираат за коректноста на односот на стручното лице.
17
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
ТЕМА БР. 2 Морфологија, физиологија и патологија на кожата Конкретни цели да: ја познава градбата на кожата и нејзините делови врши класификација на функциите на кожата ја познава градбата и особините на влакното ги препознава патолошките промени на кожата и косата ги објаснува и покажува карактеристиките на кожата и
косата
19
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
2.1 АНАТОМСКА ГРАДБА НА КОЖА Кожата е најголем човечки орган кој претставува 6-8% од целокупната тежина на човечкиот организам. Кај човек со тежина од 60kg. кожата покрива површина од 1,5m2 и тежи од 3-4kg. Најтенка е во областа на очните капаци а најдебела на стапалата. Составена е од три слоја: надворешен слој – епидермис (epidermis), среден слој –дерма (dermis) и внатрешен слој – хиподерма (hypodermis).
Градба на кожа
Надворешен слој – епидермис се состои од повеќе слоеви со различна дебелина. Овој слој е на директен удар на надворешните влијанија и го штити нашето тело. Во овој слој нема крвни садови. Во највнатрешниот слој на епидермисот се формираат млади, незрели клетки кои постепено зреат и се движат кон погорните слоеви на епидермисот. Кога ќе стигнат до површината тие умираат и отпаѓаат. Во епидермисот се наоѓаат и клетки меланоцити кои го образуваат пигментот меланин, пигмент кој е одговорен за бојата, тенот на кожата и пигмент кој ја штити кожата од дејството на сончевите зраци. 21
Козметика и фризерство за I година
Бојата на кожата – таа зависи од повеќе фактори: дебелината на епидермисот, количината на пигментот, наследниот фактор, расата, староста и др. На бојата влијаат поткожните капилари и крвта во нив. Наизменично миење со топла и ладна вода предизвикува подобра циркулација што резултира со розева боја на кожата. Под влијание на сончевите зраци кожата ја менува бојата (потемнува) т.е. на тој начин се штити од прејакото светло. Среден слој – дерма се наоѓа под епидермисот и во неа се наоѓаат крвните садови кои ја хранат кожата. Основните структурни состојки на дермата се: колагенот кој е одговорен за функцијата на кожата, еластинот кој е одговорен за еластичноста, нервните завршетоци одговорни за чувствителноста на кожата, потните и лојните жлезди, ноктите, како и фоликулите на влакната. Внатрешен слој – хиподерма тоа е најдлабоко сместен слој на кожата. Изграден е од масни клетки кои се распоредени покрај колагенските влакна. Благодарение на натрупаните масти, хиподермата претставува важен енергетски склад на телото но и магацин на непотребни масти. Кај некои луѓе, како резултат на генетскиот фактор, неправилната исхрана, недоволна физичка активност и недоволно консумирање вода, се натрупуваат масни материи што резултира со појава на целулит.
запомни
Епидермис - надворешен слој Дерма - среден слој Хиподерма - внатрешен слој Меланин - пигмент одговорен за бојата на кожата
ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5.
Кои се трите слоја на кожата? Во кој слој од кожата се наоѓаат меланоцитите? Кои се структурните компоненти на дермата? Каде се натрупуваат масните материи? Која е улогата на меланинот?
Кои се творби на кожата? Потсети се од биологија 22
Козметика и фризерство за I година
2.2 ПРОИЗВОДИ НА КОЖА Во производи, творби на кожата се вбројуваат: потни и лојни жлезди, влакна и нокти. Потни жлезди – екрини и апокрини. Екрините жлезди се по целата површина на кожата, а основната функција им е регулирање на телесната температура, продуцираат пот, безбојна течност со кисело-солен вкус која се исфрла низ порите од површината на кожата како капки. Апокрините жлезди се наоѓаат под пазувите, се активираат за време на пубертетот и лачат масни материи. Потта на овие жлезди не мириса, но кога ќе дојде во контакт со ензимите на присутните бактерии, продуцира непријатен мирис. Во однос на хемискиот состав потта се состои од 99% вода а остатокот се солите и другите материи кои се штетни за човечкиот организам. Лојни жлезди – продуцираат т.е. излачуваат секрет кој се нарекува sebum (лој). Ги има насекаде по кожатa, а најмногу на лицето, грбот и гениталните органи. Лојните жлезди се основа за развој на акни. Влакна – тоа се творби на кожата кои го покриваат речиси целото тело освен дланките и табаните. Влакната се состојат од видлив дел стебло или прат на влакното и од поткожен дел корен окoлу кој се наоѓаат лојните жлезди Нокти – исто како и влакната и ноктите се орожнати творби на кожата кои се наоѓаат на краевите на прстите на нозете и рацете. Имаат корен кој претставува жив дел на ноктот, плочка на ноктот која има мртви клетки и слободен дел од ноктот кој се состои од орожнати клетки и кои можат да се отсечат.
запомни
Творби на кожата се: потни и лојни жлезди, влакна и нокти
Творби на кожата
23
Козметика и фризерство за I година
2.2.1 ТИПОВИ КОЖА Врз состојбата на кожата огромно влијание имаат климатските промени, начинот на исхрана, размената на материите, стресот како и изборот на козметичките средства. Со текот на годините секој тип на кожа е подложен на промени т.е. кожата е склона кон сушење, намалување на еластичноста и отпуштање. Разликуваме четири основни типа на кожа: нормална, сува, масна и комбинирана. Нормална кожа – таа е здрава, свежа, мазна, мека и со убав тен, бојата и е розева и чиста. Порите се сосема мали, еластичноста е нормална и нема надворешни промени (дамки, црнки и брадавици). Нормалната кожа е знак за добро здравје.
Нормална кожа
Сува кожа – лојните жлезди не произведуваат доволно секрет поради што епидермисот е слабо заштитен од надворешните влијанија. Кај овој тип на кожа порано се јавуваат знаците на стареење и кожата е најчесто дехидрирана бидејќи е нарушена водено-липидната бариера и доаѓа до испарување на водата од површината на кожата. Ваквата кожа не е еластична, порите се собрани, површината е сува и набрчкана. Многу често се појавуваат и лишаи, а се забележува и лупење на кожата во пределот околу носот, образите и јаболчиците. Ситните брчки се образуваат околу очите и се појавува чувство на постојана затегнатост. Масна кожа – се јавува како резултат на зголемена активност на лојните жлезди кои лачат поголема количина на секрет поради кој кожата има зголемен сјај посебно во Т-зоната (челото, носот и брадата). Масната кожа е посебно карактеристична за пубертетот, но не е исклучена можноста да се јави и кај возрасните. Масната кожа е склона кон образување на зацрвенети делови, кон раширување и затварање на порите и образување црнки. Комбинирана кожа - се карактеризира со раширени пори во пределот на носот и образите, сува кожа во пределот на јаболчниците и мастење на челото, носот и брадата (Т-зона). Овој тип на кожа најчесто се среќава. Односот на масните и сувите делови на лицето често се менуваат, а најчесто заедно со возраста се зголемуваат сувите зони на лицето.
Т-зона
24
Козметика и фризерство за I година
Освен четирите основни типа на кожа се среќаваат и категории на кожата според возраста. Млада кожа (до 20 години) Најчест проблем кај овој тип на кожа се мозолчињата или акните кои во некои случаи можат да се воспалат и предизвикаат естетски проблем. Зрела кожа (над 45 години) – појава на брчки околу очите, пигментирани дамки, намалена еластичност, зголемено сушење и отпуштање на кожата. Независно на кој тип на кожа припаѓа, секоја кожа е подложна на стареење, а еден од основните белези на стареењето е појавата на брчки. Со правилна нега стареењето може да се успори. Чувствителна кожа – се карактеризира со нормална еластичност и појава на црвенило во некои делови од лицето под влијание на надворешните фактори, емоциите и сл. Кај ваквиот тип на кожа треба многу да се внимава при нанесување нови козметички производи.
Определи каков тип на кожа имаш 1. Како ја чувствуваш твојата кожа? а) мазна и нормална б) затегната и напната в) во некои делови сува, во некои нормална и мазна г) замастена или сјајна 2. Како изгледа твојата кожа во текот на денот? а) свежа и чиста б) се јавуваат лушпи и црвенило во некои делови в) сјајна во Т-зоната (чело, нос и брада) г) масна и сјајна по целото лице 3. Колку често ви се појавуваат мозолчиња? а) никогаш б) од време на време в) обично пред и после месечниот циклус г) често 4. Колку се забележливи порите на лицето? а) мали до средни б) незабележителни в) забележливи во Т-зоната г) големи и лесно забележливи по целото лице 5. Одбери кои од следниве тврдења ти одговараат! (можеш да одбереш повеќе тврдења) а) лесно изгорувам на сонце б) ми се појавуваат дамки и црвенило при промена на температурата в) кожата реагира при употреба на козметички препарати г) ниедно од горенаведените Ако имаш најмногу одговори под А-имаш нормална кожа, под Б-имаш сува кожа, Вимаш масна кожа, под Г-комбинирана кожа. Ако на последното прашање ви одговараат повеќе тврдења тоа значи дека вашата кожа е чувствителна. Анкетирај ги твоите родители, најблиски роднини и пријатели! 25
Козметика и фризерство за I година
2.2.2 ФУНКЦИИ НА КОЖАТА Кожата е орган кој може да се регенерира (обновува). Има многубројни и многу важни функции. Таа ги држи сите органи, мускули, коски внатре во телото, а истовремено таа го изолира телото од околната средина. Нејзината најважна функција е заштитната функција. Таа служи како бариера за сите физички оштетувања, штетното влијание на UV зраците како и нападите на бактериите. Го заштитува телото од прекумерно губење на водата и електролитите. Кожата, исто така, е и сетилен орган. Во неа се сместени рецепторите за допир, притисок, топлина, болка и студ. Исто така, кожата има и улога да ја одржува телесната температура на телото. При зголемена температура на телото доаѓа до ширење на капиларите, циркулацијата се зголемува за сметка на што кожата се лади. Температурата делува и на потните жлезди, така што со лачење на потта се ослободува дел од топлината, а со тоа и штетните материи од организмот. На пониска температура се случува обратен процес. Крвните садови се стеснуваат, порите исто така, се стеснуваат со што се оневозможува ладење на телото.
запомни
Кожата ги штити внатрешните органи од повреда. Потните жлезди учествуваат во контрола на телесната температура преку исфрлање вода од површината на телото. Кожата содржи нервни клетки кои реагираат на болка, притисок, топло, ладно и сл. Темни дамки се последица од нерамномерно создавање на меланинот. Кожата може да се регенерира. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Во што се состои заштитната функција на кожата? Како кожата ја регулира телесната температура? Кои се карактеристиките на нормална кожа? Кои се рецепторите на кожата? Направи споредба помеѓу млада кожа и зрела кожа! Кои се карактеристики на чувствителна кожа? Опиши комбинирана кожа, потоа истражувај дали кај некој од твоите блиски пријатели, роднини или другари можеш да препознаеш комбиниран тип на кожа!
26
Козметика и фризерство за I година
2.3 АНАТОМСКА ГРАДБА НА ТВОРБИТЕ НА КОЖАТА 2.3.1 АНАТОМСКА ГРАДБА НА ВЛАКНОТО Влакното претставува творба на кожата. Видливиот дел на влакното се нарекува стебло или прат на влакното. Тоа е изградено од мртви кератински клетки. Делот од влакното кој се наоѓа под површината на кожата е единствениот жив дел и претставува корен на влакното со помош на кој влакното се храни. Самиот корен е сместен во своето лежиште кое се нарекува фоликул на влакното. Секое влакно и фоликул има и мускул кој го држи влакното исправено. Околу коренот на влакното распоредени се и лојни жлезди кои лачат масна материја во фоликулот на влакното т.е. вршат подмачкување на влакното. (Види слика градба на кожа во лекцијата „Aнатомска градба на кожа“) Ако земеме едно влакно и го набљудуваме под микроскоп ќе забележиме дека тоа е изградено од три слоја:
Градба на влакно
Кутикула или надворешен слој на влакното. Тоа е тенок слој составен од кератинозни, четвртасти клетки (лушпи) кои се хоризонтално подредени една над друга. Кутикулата го штити влакното од штетното надворешно влијание. Многу често под дејство на некои хемиски средства или механички со тапирање, кутикулата може да се оштети и тогаш косата е сува и без сјај. Кортекс, кора или фибрилен пласт. Тоа е внатрешниот слој кој е изграден од фибрилни влакна меѓусебно поврзани со т.н. кит-маса. Помеѓу овие клетки се наоѓаат и меланоцитите во кои се наоѓа меланинот – пигмент кој е одговорен за бојата на косата. Колку повеќе меланин, толку бојата на косата е потемна. Медула е средниот слој и го претставува центарот на влакното. Изграден е од меки кератински клетки кои се неправилно распоредени, а учествуваат во пренесувањето на хранливите материи до другите два слоја.
27
Козметика и фризерство за I година
Хемиски состав на влакното Од хемиски аспект влакното е изградено од протеинска материја наречена кератин. Кератинот е изграден од амино киселини кои меѓусебно се поврзани со различни врски (водородна, јонска, дисулфидна и сл.). Содржи и некератински компоненти како вода, масни материи и метали кои ги има и во останатите делови на телото пр.цинк, бакар и олово. Растење на влакното Растењето и опаѓањето на влакната претставува нормален процес кој се одвива во следниве три фази: Аногена фаза која трае неколку години и месечно влакното расте приближно 1cm. Кај жените косата расте побргу отколку кај мажите, а и во лето расте побрзо отколку во зима. Катогена фаза е период кога растењето е во мирување т.е фоликулот на влакното ќе престане да функционира и влакното не расте. Оваа фаза трае неколку месеца. Телогена фаза период на опаѓање на влакното. Уште во катогената фаза почнува да се развива нов фоликул, тогаш почнува да расте ново влакно за сметка на старото кое одумира.
Фази на растење на влакното
Особини на влакното Влакното поседува одредени особини кои се важни при изведувањето на козметичките третмани. Влакното е доста хигроскопично т.е. има способност да прима вода. Друга особина е еластичноста и цврстината што оневозможува лесно кинење на влакното. Статичката наелектризираност претставува особина која најдобро се забележува при чешлање на сува и чиста коса.
28
Козметика и фризерство за I година
Бојата на влакното зависи од видот на пигментите и нивната концентрација што се наоѓаат во влакното. Пигментите ги создаваат посебни клетки т.н. меланоцити кои ги има во коренот на влакното. Ако пигментите се во поголема концентрација тогаш косата е потемна и обратно. Поднебјето и расата на која припаѓаат луѓето исто така, има влијание врз бојата на влакното. Кога ќе престанат да се создаваат природните пигменти тогаш косата побелува. Според местото каде што се наоѓаат влакната можат да бидат: меки влакненца, кои го покриваат целото тело, влакна на веѓите и клепките, влакна под пазувите и на половите органи, влакна во носот и ушите, влакна на брадата и косата. Според должината и дебелината влакната можат да бидат: кратки и тенки (по целото тело), кратки и подебели (пр. веѓите), долги и дебели (косата, брадата и половите органи).
запомни
Кутикула - надворешен слој на влакното Кортекс, кора или фибрилен пласт - внатрешен слој Медула - среден слој Фази на растење на влакното - аногена, катогена, телогена Стебло, прат - видлив дел на влакното Фоликул - лежиште на коренот ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6.
Кои се особини на влакното? Од кои делови е составено влакното? Објасни ги фазите на растење на влакното! Опиши ја анатомската градба на влакното! Од што зависи бојата на влакното? Што има во меланоцитите? Набљудувај, анализирај и дискутирај
Скини едно влакно од косата и обиди се да го растегнеш. Што забележуваш? Ако имате микроскоп во училиштето набљудувајте различни влакна дискутирајте со помош на наставникот!
задача Побарај на интернет за бојата на косата во зависност од расата на луѓето! 29
и
Козметика и фризерство за I година
2.3.2 АНАТОМИЈА И ФИЗИОЛОГИЈА НА НОКТ Исто како и влакната и ноктите претставуваат орожнети творби на кожата. Ноктот се наоѓа на завршниот член на прстите. Во однос на хемискиот состав содржи кератински клетки кои се мртви, вода и масни материи. Функцијата на ноктите е да ги штитат прстите т.е. сетилото за допир од несакани повреди.
Градба на нокт
Видливиот дел од ноктот се нарекува ноктна плочка или тело на ноктот која е изградена од мртви кератински клетки. Телото на ноктот завршува со слободна ивица која се надвиснува над јагодицата на прстот. Во основата на ноктната плочка се наоѓа лунулата, тоа е белатa месечинка позади која се наоѓа коренот на ноктот. Единствениот жив дел од ноктот е матриксот и тој е одговорен за растот на ноктот. Матриксот е добро прицврстен за околното ткиво и е добро снабден со крвни садови. Кожичката околу ноктната плоча се нарекува кутикула и таа го спречува навлегувањето на бактериите под ноктот. Бојата на ноктот е бледо розеникава со специфичен сјај. Ноктот расте према напред лизгајќи се по лежиштето. Растењето на ноктот е различно во различни периоди од животот како и во различни периоди од годината. Ноктот приближно расте 2,5cm на секои 8 месеци или 0,1mm дневно. Летно време ноктот расте побрзо отколку во зима. Ноктите на нозете растат поспоро. 30
Козметика и фризерство за I година
Кај постари особи ноктите растат поспоро. Освен заштитна функција, ноктите имаат и естетска функција посебно ноктите на рацете.
запомни
ноктна плоча, слободна ивица на ноктот, лунула, матрикс, кутикула
задача
Обиди се во својата тетратка да скицираш нокт и да ги обележиш деловите на ноктот.
2.4 ПАТОЛОШКИ ПРОМЕНИ НА КОЖАТА И НА НЕЈЗИНИТЕ ТВОРБИ На кожата, во косата и под ноктите живеат микроорганизми, бактерии и други паразити кои можат да предизвикаат различни заболувања. Најчести причинители на заболувањaта на кожата и нејзините творби се: Бактерии. Тие живеат во воздухот насекаде околу нас, во водата, на предметите и кога ќе дојдат во контакт со кожата и нејзините творби можат да предизвикаат различни заболувања како на пример гнојни заболувања, ангина, туберколоза и сл. Вируси. Тоа се најситни микроорганизми кои живеат само во клетките на живите организми. Тие се предизвикувачи на разни болести (грип, сипаници, детска парализа и др.). Габи. Габите најчесто ги напаѓаат усната шуплина и слузокожата на другите органи, а исто така, можат да предизвикаат и првут на главата. Паразити. Шугавецот и вошките се паразити кои најчесто ја напаѓаат кожата и нејзините творби. Тие предизвикуваат чешање, а тоа пак може да предизвика рана и инфекција на кожата. Овие причинители можат да предизвикаат најразлични заболувања на кожата и на нејзините творби како на пр.: акни, лишај, чиреви, егземи, габични заболувања, алергии, косопаст и др.
31
Козметика и фризерство за I година
Акни (acnae vulgaris) тоа е болест на лојните жлезди која најчесто се јавува во периодот на пубертетот. Тоа е хронично заболување кое не е заразно. Се карактеризираат со црвено-бели ситни мозолчиња кои ако се притиснат од нив ќе излезе беложолтеникава течност. Најчесто се јавуваат на лицето, а може и на грбот. Мозолчињата може да се инфицираат и да загнојат. Акни
Лишај се карактеризира со црвени кругови, а ги напаѓа пределите каде што има коса. Тоа е заразно заболување кое може да се пренесе преку чешел или прибор за бричење на заразена особа, кај децата преку предмети. Влакната на болното место отпаѓаат, а околу коренот на влакното има гној. Ова заболување може да се јави и на делови на телото каде што нема коса врат, грб и во форма на црвени кругови кои се перутаат. Егзем заболување на кожата кое се карактеризира со појава на црвенило и оток на болното место. На болното место се јавуваат и меурчиња кои се исполнети со бистра течност кои после пукањето на местото остануваат красти, а може да се јават и гнојни воспаленија на кожата. Причини за појава на егзем може да бидат разни хемикалии, средства за перење и чистење, обувки и др. Егзем
Алергија заболување на кожата кое се јавува како резултат на преосетливост на некои особи на храна, лекови, поленов прав, бои или на некои козметички препарати. Се карактеризира со појава на црвенило, оток и чешање. Во ваков случај козметичкиот работник не треба да применува козметички препарати.
Алергија
Чир е гнојно заболување на кожата кое може да се јави каде било на телото. Во почетокот се карактеризира со појава на тврдо мозолче кое по неколку дена омекнува и од него излегува гној. Гнојно воспаление на лежиштето на влакното најчесто се јавува на брадата, а причина е употреба на нестерилен прибор за бричење. Ова воспаление предизвикува опаѓање на влакното.
32
Козметика и фризерство за I година
Габични инфекции кои се предизвикани од патогени габи и најчесто се јавуваат под ноктот. Ноктот се деформира, ја менува бојата, се задебелува и почнува да се крши. Косопаст болест која го напаѓа коренот на влакното. Се карактеризира со опаѓање на косата во почетокот на одредени делови, а потоа ако не се лечи може и целосно да настане ќелавост. Болеста започнува така што прво се јавува црвенило и првут, а потоа мозолчиња кои преоѓаат во краста која ако не се стопира се шири и може да дојде до целосно опаѓање на косата.
запомни
Причинители на заболувањата: бактерии, вируси, габи, паразити. Некои видови заболувања: акни, лишај, егзем, алергија, чир, гнојно воспаление, габични инфекции, косопаст.
ПРАШАЊА ЗА ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО 1. Кои се најчести предизвикувачи на заразни болести на кожата и на нејзините творби? 2. Кои паразити живеат на кожата и косата? 3. Опиши го егземот! 4. Како се манифестираат алергиските промени? 5. Што е косопаст? 6. Кое заболување на кожата се јавува за време на пубертетот?
ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ПОВЕЌЕ ДА ЗНААТ! Побарај на интернет! Кои се причините за појава на акни на кожата за време на пубертетот?
33
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
ТЕМА БР. 3 Козметика на лице и тело Конкретни цели да: ги познава современите апарати за нега на лице и тело ги разликува физичко-хемиските својства на суровините за изработка на козметичките препарати ги класифицира козметичките различни критериуми
препарати
според
прави правилен избор на козметички препарати според типот на кожата го определува типот на кожа ги набројува и објаснува основните техники за нега на лицето и телото укажува на ефектите од нега на кожата на лице и тело
35
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
3.1. ПОИМ ЗА КОЗМЕТИЧКО ЗАНИМАЊЕ И РАБОТНИ ЗАДАЧИ Желбата за нега и разубавување е стара колку и човештвото. Од желбата за одржување на убавината и здравјето произлегла козметиката. Историјата на козметиката е долга. Денешната козметологија како наука се развива во две насоки: Производство на козметички препарати, како дел од козметологијата ги проучува суровините и нивните својства, за добивање на препаратите. Применета козметика ги користи козметичките препарати за изведување на козметички постапки и третмани, со цел да го сочува и разубави надворешниот изглед на кожата и нејзините израстоци. Стручното лице кое ги изведува овие постапки се нарекува козметичар, а работните задачи ги извршува во козметички салон. Козметичката дејност спаѓа во личните услуги.
Дел од козметички салон
Задачите кои влегуваат во состав на козметичкото занимање може да се групираат на следниот начин: нега и декорација на лицето за подобрување на естетскиот изглед, прикривање или отстранување на естетските недостатоци на кожата на лицето и телото, како што се отстранување на вишокот на масти, затегнување на кожата, ублажување на брчките, белење, пилинг и др. Декорација на лице
37
Козметика и фризерство за I година
депилација и епилација, за отстранување на вишокот на влакна од деловите на телото, различни масажи на лицето и телото, за постигнување на разни ефекти, меѓу кои подобрување на циркулацијата на крвта во кожата на оние делови кои се масираат и др. За подетално запознавање на занимањето потребно е да се изучи алатот, приборот и апаратите кои се користат, козметичките суровини и препаратите, како и основните постапки за нега и декорација на кожата на лицето и телото.
Масажа на лице
запомни
Производство на козметички препарати, како дел од козметологијата ги проучува суровините и нивните својства, за добивање на препаратите. Применета козметика ги користи козметичките препарати за изведување на козметички постапки и третмани. Стручното лице кое ги изведува овие постапки се нарекува козметичар, а работните задачи ги извршува во козметички салон. Задачи на козметичарот се: негување, декорација, отстранување на естетски недостатоци, разни масажи, депилации.
активности
Посети 2-3 козметички салони и направи споредба во изгледот и задачите што ги извршуваат!
38
Козметика и фризерство за I година
3.2 АПАРАТИ ВО КОЗМЕТИЧКОТО ЗАНИМАЊЕ Во козметичките салони се користат различни алати, прибор и апаратура. Најчесто употребувани се шпатулите, садовите за подготовка на маски или други препарати, пинцети, леќи, сад за топење на восок, чаршави, крпи, ленти за заштита на косата, памучни тупфери и друго. Освен рачно изведување на козметичките постапки, се употребуваат и апарати за изведување на цели третмани или дел од третманите. Тука може да се вбројат апаратите за масажа, за епилација, термомаските, вапозонот, солукс ламбата, кварцната ламба, фриматорот, апаратот за јонофореза, апарати за ублажување на брчките, за затегнување на кожата и апарати кои користат ласерски и друг тип на зраци.
3.2.1 Апаратите за парење на лицето произведуваат влажна и рамномерна топлина и се користат за саунирање на лицето. Апаратот за парење се состои од сад на кој има капак со решетка. Во садот се наоѓаат грејачи кои се приклучуваат во електрична струја. На садот се става заштитник во форма на ѕвоно, за поставување на лицето и во кој се задржува пареата. Апаратот работи така што во садот се става вода, секогаш дестилирана и некоја билка (пр.: камилица). По вклучување на апаратот во електрична струја, се чека да почне да излегува пареата. Потоа се става ѕвоното, а на него се поставува лицето на странката. Парењето трае од 5 до 10 минути. Лицето се брише со хартиена салфета и веќе е подготвено за длабинско чистење на кожата. Апарат за саунирање на лицето
Различните апарати за парење работат на ист принцип.
3.2.2 Вапозон апаратот има двојна улога, бидејќи дополнително го озонира лицето. Самиот апарат се состои од сад во кој се сместени грејачи што ја загреваат дестилираната вода. Садот е херметички затворен и има два отвора. Низ едниот се доведува водата, а низ другиот излегува цевка која на крајот завршува со распрскувач. Во цевката со распскувач е сместена озонската лампа. Таа цевка во облик на рачка е подвижна и може да се врти лево-десно под агол од 120 °. Кога дестилираната вода со помош на грејачите ќе ја достигне температурата на вриење, водената пареа збогатена со озон излегува низ цевката и оди до распрскувачот. Оттука во вид на млаз се насочува кон лицето на странката. Парењето трае 10-15 минути. Самиот апарат се исклучува автоматски кога ќе снема вода во садот.
освен
парење,
Вапозон апарат
39
Козметика и фризерство за I година
Дејството на водената пареа при употреба на вапозон апаратот е повеќекратно. Со распоредувањето на топлината на водената пареа по кожата на лицето, се овозможува ширење на порите и омекнување на комедоните. Пареата збогатена со озон (О3), длабоко навлегува во кожата и го забрзува отстранувањето на токсичните материи од кожата, дејствува дезинфекциски и обновувачки. Со своето навлажнувачко дејство пареата го смекнува површинскиот слој на епидермот на кожата, ги набабрува орожнетите клетки и овозможува полесно отстранување со масажа и пилинг. Со затоплувањето на кожата на лицето водената пареа ги отстранува маснотиите и потта. Поради тоа, примена на вапозонот на сува и чувствителна кожа не е оправдано. Затоа во случаи на мрсна кожа и кожа со акни, парењето е најдобро.
запомни
Апаратот за парење на лицето, го подготвува лицето за длабинско чистење. Вапозон апаратот го саунира и озонира лицето. Дејството на водената пареа се состои од омекнување на кожата, раширување на порите, олеснува пилинг и отстранување на комедоните. Озонот делува дезинфекциски и како регенератор.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4.
Наброј ги најупотребуваните алати и прибор во козметичките салони! Опиши го апаратот за парење на лицето! Објасни како се применува вапозон апаратот! Размисли за какви типови на кожа е погоден вапозон апаратот!
3.2.3 Во посебна група на aпарати за загревање на кожата на лицето, кога се применува некој третман чиј ефект се подобрува со затоплување, припаѓа термо маската. Примената на термо маската е во случај кога се нанесуваат на лицето и вратот некои облоги или козметички пакувања. Термо маската е изработена во облик на лицето со отвори за устата и носот, а направена е од термопластичен материјал. Внатре во маската се сместени грејачи со чија помош се загрева маската. Таа може да има правоаголна форма ако се употребува за вратот. Термо маска
40
Козметика и фризерство за I година
Подготвеното козметичко пакување се нанесува на лицето во дебелина од 1-2 мм, освен на очните капаци и усните. На капаците се ставаат влажни тампони од памук. Одозгора се поставуваат хартиени салвети, врз нив влажна газа, а најгоре се поставува термо маската. Таа се вклучува во струја, а регулирањето на топлината може да го врши самата странка на прекинувачот на кабелот врзан за маската. Загревањето на пакувањето се врши 25 до 30 минути. После тоа се исклучува термо маската, се отстранува пакувањето и лицето е спремно за чистење. Пакувањето што се загрева има повеќекратно дејство: топлотно, навлажнувачко, хранливо и лековито. Со тоа доаѓа до ширење на порите, омекнување на рожестиот слој и комедоните, се подобрува метаболизмот и циркулацијата на кожата, се отстрануваат токсичните материи. Бидејќи претходно се рашириле порите, низ нив полесно навлегуваат хранливите и лековитите материи.
3.2.4
Кварцната
ламба
може
да
произведува
ултравиолетови
или
инфрацрвени зраци. Се произведуваат стоечки модели и модели за на маса. Таа се вклучува и исклучува преку копчиња, се избира видот на зрачењето и се мери времето на зрачење. Примената се состои во нега на масната кожа, чувствителната кожа на инфекции и при вештачкото потемнување на тенот. Кожата при зрачењето се заштитува со некој масен крем, очите се заштитуваат со очила или влажни тампони. Оддалеченоста од лампата треба да е најмалку 75 до 100 cm.
Солукс ламбата произведува инфрацрвено зрачење. Таа се применува при третмани за загревање на кожата. Најчесто се користи при парафинското пакување, при масажа и др. Ова зрачење ја забрзува циркулацијата на крвта и метаболизмот во кожата, делува на потните и лојните жлезди и др. Може да се комбинира со вибромасерот. Солукс ламба
3.2.5 Лупата е незаменлив апарат во козметичките третмани на лицето, при епилација на влакната, при трајното шминкање и др. Диоптријата на лупата (леќата) може да биде 3 или 5. Дијаметарот на оптичкото стакло изнесува 12cm, а јачината на неонското светло е 22W. Над сијалицата е монтиран пластичен капак, кој не дозволува контакт со истата. Лупата има стега за фиксирање на масата или на полицата. Може да се фиксира на ѕид или на подвижна сталка. Козметичка лупа
41
Козметика и фризерство за I година
3.2.6 Тест ламбата е специјален апарат за точно одредување на типот и состојбата на кожата. Се состои од пластично тело, стакло за зголемување и специјална сијалица. Работи на струја од 220V. Со помош на тест ламбата јасно може да се види различниот изглед на кожата.
запомни
Тест ламба
Термо маската се користи во случај кога се нанесуваат на лицето и вратот некои облоги или козметички пакувања. Кварцната ламба со UV или IR зраци се користи за масна, чувствителна кожа и за потемнување. Солукс ламбата со IR зраци се применува при некои пакувања. Лупата е незаменлив апарат при третманите. Тест ламбата ни помага при одредување на типот на кожата. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Објасни ги постапките при употреба на термо маската за загревање на некое пакување! 2. Какви мерки за претпазливост се важни при употреба на кварцната и солукс ламбата? 3. Со помош на лупа во училиштето или дома, набљудувај ја кожата. Што можеш да забележиш?
3.2.7 Во апарати за масажа на лицето и телото, ќе се запознаеме со вибромасерот. Тој работи на принцип на вибрации. Се состои од електромотор и плоча споена со него директно или преку подвижно црево. На плочата се менуваат по потреба делови со различна површина (рамна, топчеста, назабена). Овие делови пред употреба мора да се дезинфицираат во алкохолен раствор или некој друг соодветен дезинфициенс. Должината на масажата и брзината на вибрациите зависи од местото што се масира. За масажа на лицето е потребно пократко време, но ако се масираат брчки задржувањето на тоа место трае подолго. Вибромасер
42
Козметика и фризерство за I година
Примената на вибромасерот е лесна, така што козметичарот со соодветната плоча врши лесни движења по телото, при што се изведува масажа. Кожата што се масира треба да е чиста и сува. Масажата се изведува во правец на положбата на мускулите, течението на крвта и лимфата. За олеснето движење на плочата по кожата се нанесува некој препарат за масажа или талк. Масажата со вибромасерот ги стимулира мускулите, ја подобрува циркулацијата на крвта на третираните места, ја стимулира активноста на кожата и жлездите.
3.2.8 Фриматорот е апарат кој се употребув за пилинг, за чистење на порите, стимулација на мускулните влакна, подобрување на циркулацијата и за масажа. Може да има додатоци кои се применуваат во маникир и педикир третманите. Од додатоци може да содржи голема и мала четка, додаток со топчиња, сунѓер, турпија и кожичка за полирање, во зависност за што го применуваме. Може да работи на различни брзини и да му се менува правецот на вртење на четката. Фриматор
3.2.9 Апаратот за јонофореза и дезинкрустација произведува галванска струја и се применува за внесување на активни супстанции во кожата (јонофореза) или за отстранување на штетните материи, маснотиите и нечистотиите (дезинкрустација). Секогаш содржи една пасивна електрода која се зацврстува на зглобот на странката и друга активна на која се монтираат додатоци. Постапка со апарат за јонофореза
3.2.10 Антицелулитните апарати имаат за цел: отстранување на целулитот, намалување на телесната тежина, обликување на мускулите, затегнување на кожата и подобрување на изгледот на фигурата, подобрување на периферната циркулација и смалување на нервната напнатост. Апаратот се состои од силиконски електроди кои се ставаат на деловите од телото што се третираат, а тие се прицврстуваат со лепливи ленти. Прво се навлажнуваат електродите, па потоа се ставаат на исчистена кожа. Со помош на апаратот се пуштаат електрични импулси со слаб интензитет, кои вршат контракции на мускулите. 3.2.11 Апарат за епилација користи игли за епилација, кои со помош на електрична струја го уништува коренот на влакното. Современите апарати за епилација користат ласерски зраци или диодна светлина, што е предност бидејќи нема употреба на игли. Сепак за каков било апарат за епилација е потребно стручно лице за да не дојде до несакани последици на кожата (лузни или изгореници). 43
Козметика и фризерство за I година
3.2.12 Апаратот за лимфна дренажа или пресотерапија содржи комори кои се полнат со возух под притисок, а се навлекуваат на рацете, нозете или стомакот. Лимфната дренажа може да се изведува и со помош на комбинирани апарати, како што се апаратите за мезотерапија без игли (No needle mesotherapy). Кај овие апарати може да се аплицираат серуми за корекција на брчки, може да се врши антицелулитен третман и други третмани за отстранување на вишокот на маснотии. Лимфна дренажа
Апарат за мезотерапија без игли
запомни
Масажата со вибромасерот се изведува во прaвец на положбата на мускулите, течението на крвта и лимфата. Фриматорот се употребувa за пилинг, за чистење на порите, стимулација на мускулните влакна, подобрување на циркулацијата и за масажа. Апаратот за јонофореза се применува за внесување на активни супстанции во кожата или отстранување на непотребни материи. За отстранување на целулитот, намалување на телесната тежина, обликување на мускулите, затегнување на кожата, подобрување на периферната циркулација и смалување на нервната напнатост, се користат антицелулитните апарати. Ласерот за епилација го уништува фоликулот на влакното.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Опиши го вибромасерот! 2. Размисли со кои додатоци фриматорот се користи во маникир-педикирските постапки! 3. Потсети се од физика што е тоа галванска струја, што се применува при јонофорезата! 4. Истражувај за лимфната дренажа и мезотерапијата како козметички постапки! 44
Козметика и фризерство за I година
3.3 ПОИМ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ СУРОВИНИ Козметичките работници во својата професија како основни средства за работа употребуваат различни козметички препарати. Основната цел на употреба на препаратите е одржување на лична хигиена, нега и декорација на кожата и косата. Тоа се препарати со различни својства, состав и дејство. Затоа козметичките работници треба да имаат основни познавања за видот на препаратот, неговите својства, дејството, примената како и можните несакани ефекти кои можат да се јават кај некои особи, а за таа цел треба да ги познаваат суровините од кои се изработени козметичките препарати. Козметичките суровини претставуваат супстанции кои се користат за изработка на различни козметички препарати. За изработка на козметичките препарати се користат основни и додатни козметички суровини, како и водата која освен како суровина се користи и како растворувач. Основните суровини се носители на основните својства и дејство на препаратот (пр.: мирисните материи во парфемите, боите во шминките итн.). Додатните суровини имаат улога да го засилат дејството на основните суровини, да го подобрат изгледот на препаратот, мирисот, вкусот и трајноста на препаратите (пр.: боите во сапуните и шампоните, мирисните материи во кремите). Остра граница помеѓу основните и додатните суровини не може да се направи бидејќи одредени суровини во еден козметички препарат имаат основно дејство, а во друг козметички препарат имаат улога на додатна компонента (пр.: мирисните материи во парфемите се основна суровина, а во кремите и шампоните се додатна суровина). Постојат повеќе различни класификации на козметичките суровини: 1. Класификација според хемиски состав - оваа класификација се прави според периодниот систем на елементи. Според оваа класификација суровините се поделени на органски, неоргански и неорганско - органски. 2. Класификација според намена – оваа класификација е различна, многу сложена и се прави врз основа на видот и намената на козметичкиот препарат (пр.: козметички препарати за нега на коса, кожа и нокти.). 3. Класификација според потекло – се прави во зависност од тоа како и од каде се добиени суровините. Според оваа класификација суровините се поделени на природни, полусинтетички и синтетички. Природни суровини - тоа се суровини кои се добиваат готови од природата и пред употреба не им се врши никаква хемиска промена само се обработуваат со физички методи (чистење, мелење, ситнење и сл.), но при тоа нивната хемиска стуктура останува непроменета. Природните суровини можат да бидат од: a) растително, б) животинско и в) минерално потекло. 45
Козметика и фризерство за I година
Полусинтетички суровини - тоа се природни суровини на кои пред употреба им е извршена одредена хемиска промена. Пр: маслата кои се во течна состојба, по пат на хидрогенација се преведуваат во цврсти препарати и како такви се употребуваат за изработка на кремите, црвилата за усни и сл. Синтетички суровини - тоа се суровини кои се добиваат во производствените лаборатории или во индустриски погони по одредени и строго дефинирани хемиски постапки и со одреден хемиски состав. Покрај тоа што се туѓи за човечкиот организам па често може да предизвикаат несакани промени на кожата и нејзините творби, наоѓаат широка примена поради нивната исплатливост.
запомни
Козметички суровини се супстанции од кои се изработуваат козметичките препарати. Основни суровини се носители на основните својства и дејството во препаратот. Додатните суровини го појачуваат дејството на основните суровини. Природните суровини се добиваат готови од природата и пред употреба не им се врши никаква хемиска промена. Полусинтетичките суровини се природни суровини на кои пред употреба им е извршена хемиска промена. Синтетичките суровини се добиваат во производствените лаборатории или погони по строго дефинирани хемиски постапки и хемиски состав.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Што се козметички суровини? 2. Која е разликата помеѓу основните и додатните суровини? 3. Како се поделени суровините според потеклото? 4. Која е разликата помеѓу природните и полусинтетичките суровини? 5. Како се добиваат синтетичките суровини? 6. Размисли и одговори! Која е улогата на боите во сенките за очи, а која во шампоните? 7. Наведи примери на некои растенија за кои знаеш дека се користат за изработка на шампони!
46
Козметика и фризерство за I година
3.4 ПРИРОДНИ СУРОВИНИ
Природата ни нуди многу, ние само треба да знаеме како да ги искористиме нејзините творби.
3.4.1 СУРОВИНИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО Растителните суровини се природни и се добиваат со различни технолошки постапки од различни делови на растенијата (плодот, листот, коренот, цветот или од целото растение). Имаат широка примена при изработката на козметичките препарати бидејќи имаат позитивни ефекти на кожата и косата. Може да се применуваат во свежа состојба а најчесто се чуваат во сува состојба, под одредени услови, до нивната употреба. Од суровините од растително потекло најчесто употребувани се: танински, слузни, сапонински, смоли и балзами, ароматични, витамински суровини, суровини со јаглехидрати како и суровини со масни материи. Танински суровини - заедничко својство им е тоа што содржат танини. Танините се сложени органски соединенија кои во козметичките препарати покажуваат различни дејства. тонизирачко дејство - го подобруваат тонусот (напнатост, истегнатост) на кожата и делуваат освежувачки пр.: коприва, лаванда, боровница и др. и наоѓаат примена во средствата за капење, адстрингентно дејство - ја затегаат (собираат) површината од кожата (пр.: кантарион и жалфија) и се применуваат во маските за лице, антиперспирантно дејство - спречуваат испарување на водата (потење) од површината на кожата, дезодорантно дејство - го сузбиваат (неутрализираат) непријатниот мирис на пот, антимикробно (антифлогистичко) дејство - го ублажуваат воспалувањето на кожата после козметички третман (пр.: камилица, невен и рузмарин) и се применуваат во средствата за капење, во средствата за дезинфекција и сл.
Рузмарин
Жалфија
Коприва
47
Лаванда
Камилица
Козметика и фризерство за I година
Сапонински суровини - се добиваат од растенијата кои во себе содржат сапонини, тоа се површинско активни материи кои имаат изразено пенливи својства. Ги има во коренот од јаглика, а се применуваат за изработка на препарати како што се пасти за заби, води за уста, шампони, пени за бричење и др. Слузни суровини - содржат материи кои во вода набабруваат и даваат колоиден (желатинозен, гелозен) раствор, пр.: ленено семе, корен од бел слез и сл., а се користат во маски за лице.
Ленено семе
Корен од бел слез
Бел слез (цело растение)
Суровини кои содржат слузни материи
Смоли и балзами - тоа се сложени смеси на органски соединенија алкохоли и киселини, кои се добиваат како производ на различни растенија од чии стебла спонтано истекуваат - смоли или настануваат како патолошки продукти при повреда на растенијата - балзами. На обична температура смолите се цврсти, а балзамите се лепливи течности. Најприменувани се: бензоевата смола, колофониум смолата во восоците за депилација и др.
Смола
Суровини со јагленохидрати - се користат како врзивни и покривни средства и како адсорбенси во пудрите за лице и тело, во црвилата за лице, маските за лице и сл. Најчесто применувани се разни видови на растителни скробни суровини од ориз, пченка или пченица. Суровини со масни материи - мастите и маслата, хемиски претставуваат естери на глицерол и виши масни киселини т.н. глицериди. Имаат позитивно физиолошко дејство врз кожата, добро се апсорбираат (навлегуваат), рамномерно и лесно се нанесуваат и лесно се отстрануваат од кожата и не ја дразнат. Се користат како мирисни материи во парфемите, колонските води и др. козметички препарати, а најчесто применувани се маслиново масло, бадемово, рицинусово, какао масло, масло од ружа, рузмарин, јасмин и др.
Маслиново масло
Бадемово масло
Рицинусово масло
Растителни масла
48
Масло од јасмин
Козметика и фризерство за I година
3.4.2 СУРОВИНИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Суровините од животинско потекло се добиваат со различни постапки на издвојување од различни органи и ткива на животните или настануваат како нивни природни екстракти (пр.: мед). Суровините од животинско потекло не се туѓи за човечкиот организам и имаат поволно дејство и ефект на кожата, но за разлика од суровините од растително потекло, голем број од овие суровини имаат ограничена примена во препаратите поради нивната биолошка вредност (пр.: хормони). Најчесто употребувани суровини од животинско потекло се: Свинска маст - некогаш многу применувана за лечење кожни заболувања, но поради тоа што е лесно расиплива денес не се користи. Ланолин е восочна супстанца која се добива со екстракција од овчата волна. Се користи за изработка на разни креми и како додаток на шампоните. Цетацеум восок се добива од главата на китот. Лецитинот се наоѓа во сите животински живи клетки, мозок, крв, млеко, жолчка од јајце, се додава во средствата за нега на коса и кожа, а наоѓа примена и во производството на сапун. Холестеролот се наоѓа во сите животински масти, во крвта, млекото, жолчката и сл. Холестеролот поволно влијае за зачувување на косата и се користи како додатно средство во препартатите за боење и регенерација на коса. Мед, прополис, млеч, пчелин восок – се додаваат во кремите за зрела кожа за спречување на појава на брчки, делуваат позитивно на акните како и во препаратите за зараснување на рани.
Ланолин
Мед
Лецитин
Суровини од животинско потекло
3.4.3 СУРОВИНИ ОД МИНЕРАЛНО ПОТЕКЛО Тоа се суровини кои се добиваат од мртвата природа и најчесто се состојки на рудите или специјални врсти на земја. За изработка на хигиено-естетски и козметички препарати најчесто се користат минералните масти, масла и восоци кои се добиваат со преработка на нафтата, силициумова земја, неоргански бели и обоени пигменти и др. По хемиски состав важно се разликуваат од кожната маст заради што немаат позитивно физиолошко дејство. Ако се применуваат во високи концентрации може да предизвикаат одмастување на кожата. Затоа нивната примена е ограничена т.е. се применуваат во оние препарати кои треба да бидат отстранети од површината на кожата како што се разни заштитни препарати и препарати за чистење на кожата. 49
Козметика и фризерство за I година
Најчесто употребувани суровини од минерално потекло се: Минералните масти, масла и восоци (парафинско масло, цврст парафин, бел вазелин) кои хемиски претставуваат смеси на заситени јаглеводороди и уште се нарекуваат липогели. Се користат за изработка на препарати за отстранување на шминка, креми за масажа, парафински маски и како додаток на средствата за сончање. Каолинот е порцеланска земја или бела глина, која се добива од сировата руда со прочистување, ситнење и задолжителна стерилизација. Се користи за изработка на сите видови на пудри поради своите адсорбентни својства но и во адсорбентните маски за лице. Талкот претставува руда на силициумовата киселина и се применува за изработка на пудрите бидејќи има лизгачки својства, а се применува и како адсорбенс. Бентонитот е посебен вид на каолин кој со водата дава колоиден раствор. Оваа способност да ја врзува водата се користи како стабилизатор во суспензиите (пудри, маски за лице и сл.). Калциум карбонат (креда) СаСО3 претставува бела прашкаста материја нерастворлива во вода, а растворлива во минерални киселини. Се применува во пудрите и во пастите за заби и како абразивно средство. Сулфурот поради своето себостатичко дејство (смалува лојна секреција) сулфурот се применува во препарати за лечење на кожа со појачана лојна секреција и кожа со акни.
Каолин
Бентонит
СаСО3
Парафин
Суровини од минерално потекло
запомни
Растителни суровини: танини, слузни, сапонини, смоли и балзами, масла, масти и восоци. Животински суровини: ланолин, цетацеум, мед, холестерол, лецитин, пчелин восок, млеч, прополис. Минерални суровини: талк, каолин, парафин, бентонит, вазелин, сулфур, СаСО3. 50
Козметика и фризерство за I година
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5.
Наброј некои од дејствата на танините! Што значи адстригентно дејство? Наброј некои од претставниците на суровините од минерално потекло! Наведи некои суровини кои имаат адсорбентно својство! Направи споредба помеѓу мастите, маслата и восоците од животинско и минерално потекло! 6. Размисли и во својата тетратка направи табела во која ќе ги класифицираш следниве суровини според потеклото: талк, ланолин, парафин, вазелин, бел слез, невен, прополис, холестерол, лецитин, камилица, коприва, цетацеум, јасмин и СаСО3.
3.5 ВОДАТА ВО ХИГИЕНО - ЕСТЕТСКАТА НЕГА НА КОСА И КОЖА
Водата има најзначајна и најширока примена во хигиено-естетската нега на телото. Таа е најраспространето соединение во природата, ја има во три агрегатни состојби (течна, цврста и гасовита). Кога е чиста таа е бистра, безбојна течност без мирис и вкус, со pH=7, Т.М. (температура на мрзнење)=0°C, Т.В. (температура на вриење)=100°C, а хемиски гледано е составена од два атома на Н (водород) и еден атом на О (кислород). Но, природната вода никојпат не е хемиски чиста. Таа содржи соли на Ca (калциум) и Mg (магнезиум). Под чистота на вода се подразбира дозволен процент на минерални материи и микробиолошки непатогени и патогени микроорганизми во неа. Микробиолошка чистота на водата се постигнува со метода на стерилизација. 51
Козметика и фризерство за I година
Во зависност од видот на солите кои ги содржи разликуваме тврда и мека вода. Тврдата вода во себе содржи бикарбонатни, сулфатни и хлоридни соли на Ca и Mg. Во зависност од тоа кои соли се присутни, тврдината може да биде постојана и променлива. Променливата тврдина ја даваат бикарбонатните соли на Са и Мg која се отстранува со вриење на водата при што растворливите бикарбонати преоѓаат во нерастворливи и се таложат на ѕидовите од садот во вид на воден каменец. Постојаната тврдина ја сочинуваат сулфатите и хлоридите на Ca и Mg и таа може да се отстрани само со хемиска постапка и со деминерализација во јонски изменувачи. Мека вода е водата од која на кој било начин се отстранети солите на Са и Мg. Деминерализираната вода е мека вода и таа се добива со хемиска постапка на измена на јоните т.е. со пропуштање на водата низ катјонски и анјонски изменувач за кој се врзуваат сите јони, а остануваат само молекулите на водата. Но оваа вода не е бактериолошки чиста како дестилираната вода. Дестилираната вода се добива во специјални дестилациони апарати каде најпрво водата се загрева до вриење и се преведува во водена пареа, а потоа поминува низ кондензатор каде се лади и кондензира во капки течност кои се собираат во собирен сад. Добиената вода е мека вода.
1. пламеник 2. колба 3. колона за дестилација 4. термометар 5. излез за вода 6. кондензатор (ладило) 7. влез за вода 8. собирен сад
Лабораториска апаратура за дестилација
За хигиено-естетска нега на кожата не се препорачува тврдата вода бидејќи солите кои ги има во неа (Са- и Мg-соли) реагираат со вишите масни киселини кои се составен дел на масниот слој на кожата и градат нерастворливи сапуни. Молекулите на овие сапуни се врзуваат за кератинските клетки на кожата и косата и даваат груб и рапав изглед на кожата и косата. Затоа, после миење на косата со шампон употребуваме регенератор кој има улога да ги неутрализира сапуните и да ја направи косата мазна и мека. Покрај тоа, наталожените честички можат да послужат и како микрожариште за развој на бактерии. 52
Козметика и фризерство за I година
Освен како средство за одржување на за хидратација и омекнување на косата и различни козметички и други препарати, фармацијата за изработка на лекови се дестилирана).
хигиена, водата се користи и како средство кожата, како растворувач за изработка на за што се користи дестилирана вода. Во користи редестилирана вода (два пати
Наједноставен начин на омекнување на водата е со вриење 15 минути. После тоа отстојува 1 до 2 часа и се филтрира низ филтер хартија. Омекнување може да се изврши и со додавање на оцетна или лимонска киселина.
запомни
Чистота на вода – дозволен процент на присутни минерални материи и патогени и непатогени микроорганизми. Тврдина на вода (постојаната ја чинат сулфатите и хлоридите на Ca и Mg, а променливата ја чинат бикарбонатните соли на Са и Мg). Мека вода е водата без солите на Са и Мg. Редестилирана вода (два пати дестилирана). Меката вода има позитивно дејство на кожата и косата.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6.
Која е разликата помеѓу тврдата и меката вода? Кои соли ја чинат променливата, а кои постојаната тврдина на водата? Која е разликата помеѓу дестилирана и деминерализирана вода? Што значи редестилирана вода? Како во домашни услови или во училиште ќе извршиш омекнување на водата? Размисли и објасни! Зошто нашите баби порано косата ја миеле со оцет или лимон? За оние кои се љубопитни!
Во еден сад стави вода од чешма, а во друг сад стави дестилирана вода. Водата во двата сада загревај ја до вриење и вари ја неколку минути. Потоа остави ја водата во двата сада да се олади и забележи што ќе се случи. Дискутирај на наредниот час.
53
Козметика и фризерство за I година
3.6 ДОДАТНИ КОМПОНЕНТИ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРЕПАРАТИ Додатните компоненти се суровини кои имаат различни својства и намена. Тие не покажуваат основно дејство туку служат како помошни средства кои имаат улога да го засилат дејството на основните состојки, да го прикријат мирисот и да обезбедат пријатен вкус и мирис, да го подобрат изгледот на препаратот како и да ја продолжат трајноста на препаратите. Како додатни компоненти во козметичките препарати се користат: конзерванси и антиоксиданси, мирисни материи, бои, биолошко активни материи и површинско активни материи (ПАМ). Конзерванси се супстанции со антимикробно дејство кои се додаваат на препаратите за да им се зголеми трајноста, како и да им се обезбеди нивна здравствена исправност. Конзервансите треба да имаат силно антимикробно дејство, да делуваат на широк спектар на микроорганизми, да се без боја, мирис и вкус и да не дејствуваат алергиски. Како конзерванси најчесто се користат салицилната и бензоевата киселина. Употребата на конзервансите во препаратите е строго контролирана и е утврдена со правилници. Антиоксиданси тоа се супстанции кои дејствуваат на спречувањето или успорувањето на процесот на оксидација, продолжувајќи го рокот на трење без при тоа да дејствуваат на промена на особините на препаратот. На оксидација се подложни масти, масла и восоци кои ги има во препаратите и кои под влијание на кислородот од воздухот и светлината, ужегнуваат, потемнуваат и го менуваат хемискиот состав. Со така променет состав имаат неповолно дејство на кожата. Како антиоксиданси се применуваат природните суровини кои содржат вит. Е, аскорбинска, винска и лимонска киселина и др., кои не предизвикуваат алергиски реакции. Мирисни материи се соединенија кои предизвикуваат чувство на мирис. Во козметичките препарати се додаваат со цел да му дадат пријатен мирис на препаратот но и како коректори на непријатниот мирис, кој најчесто потекнува од масните материи. Во парфемите се користат како основни суровини и го даваат основниот тон на парфемот, во тоалетните и колонските води се користат во помала концентрација отколку во парфемите. Според потеклото, мирисните материи можат да бидат од природно потекло (растителни и животински) и синтетички. Природните мирисни матери се добиваат од т.н ароматични суровини кои содржат етерични масла. Се добиваат на различни начини, најчесто со цедење, со дестилација со водена пареа, со екстракција со липиди, но најупотребувана е екстракција со растворувачи.
Етерични масла
54
Козметика и фризерство за I година
Од растително потекло најупотребувани се етерични масла: од лаванда, од дива или одгледувана ружа, од еукалиптус, од јасмин, љубичица, багрем, рузмарин, цитронски масла (лимон, портокал, мандарина, кои се добиваат со пресување на кората) и др. Мирисните материи од животинско потекло се малубројни, но тие сепак имаат значајно место. Покарактеристични се: Амбра - излачевина од китовите, Мошус - се добива од жлездите на еленот и Цибет - излачевина од вид дива мачка која живее во Африка. Синтетичките мирисни материи претставуваат хемиски соединенија со сложен хемиски состав кои се произведуваат во лаборатории. Нивниот мирис е идентичен како и мирисот на природните. Најчесто се алкохоли, алдехиди, естери, кетони и сл. Употребата на мирисните материи во препаратите е ограничена т.е. се додаваат по рецептура, во соодветно пропишани концентрации. Боите се од големо значење особено во декоративната козметика, а се додаваат и за подобрување на изгледот на препаратите. Треба да бидат неотровни и да не предизвикуваат алергии. Основната класификација на боите е според потеклото и тоа на природни и синтетички. Природните можат да бидат од растително, животинско и минерално потекло. Во растителни бои спаѓаат: хлорофил (зелена) боја во растенијата, каротеноиди (жолто-портокалова во морковот), бетанин (црвена боја во цвеклото) и др.
Каротен, бетанин
Во животински бои се вбројува кошинел или кармин црвена боја која се добива од женката на еден инсект кој живее како паразит на вид кактус во Мексико. Минералните бои уште се нарекуваат пигменти и можат да бидат бели и обоени пигменти. Во бели се вбројуваат: титан диоксид (TiO2); цинк оксид (ZnO); во обоените пигменти се вбројуваат железо оксидот (FeO) кој има жолта преку смеѓа до црвена боја; ултрамарин, кој хемиски претставува Na,Al-силикат и кој има сина, преку зелена до виолетова боја. Синтетички бои има многу. Овие бои се по постојани и со пониска цена па затоа се во предност пред природните. Најупотребувани во козметиката се индигоиди – светло сина боја, еритроцин – црвена, оранж – црвено портокалова, азо и нитро бои и др. Биолошко активни материи тоа се супстанции кои се додаваат на козметичките препарати со цел препаратите да добијат посебна намена и дејство. Како биолошко активни материи се употребуваат хормони, витамини и ензими. Од хормоните најчесто се употребуваат кортикостероидите како и естрогените и андрогените хормони и тоа во препаратите наменети за сенилно-атрофична кожа со цел да се успори процесот на стареење на кожата. 55
Козметика и фризерство за I година
Витамините покрај тоа што се употребуваат перорално преку храната, се употребуваат и локално преку употреба на креми, лосиони и др. препарати на кои им се додадени витамини и тоа вит. А, C, D, E, F, како и витамините од групата B. Исто како и хормоните и витамините се употребуваат во ограничени концентрации. Витамин B 6
Ензимите се доста нестабилни соединенија посебно во препаратите каде што има поголема количина на вода. Најупотребувани се протеолитичките ензими во пастите за заби, во пилинг препаратите, ензимите од овошјето и зеленчукот во маските за лице и др. Површинско активни материи (ПАМ) или тензиди ПАМ се составен дел на голем број козметички препарати. Повеќето козметички препарати се изработуваат од суровини кои меѓусебе не се мешаат (пр.: масло и вода). Ако во чаша вода додадеме масло, тие нема да се помешаат, а ако механички со матење ги помешаме, после кратко време маслото и водата ќе се одвојат. За да се овозможи мешање на двете фази се додаваат ПАМ. Тоа се органски соединенија кои имаат способност да го намалат површинскиот напон на течностите во кои се раствараат и да овозможат добра хомогенизација и стабилизација на смесата. ПАМ
Масло-вода
Површински напон е сила која се јавува на површината на течностите и не дозволува ширење на течноста по површината. Молекулите на ПАМ се составени од два дела: хидрофилен и хидрофобен. Со хидрофилниот дел е растворлива во вода, а со хидрофобниот е нерастворлива во вода, ја одбива водата и се ориентира кон маслото. На тој начин ја хомогенизира смесата. ПАМ се користат како: -
емулгатори во кремите и лосионите, како средства за перење (ги отстрануваат нечистотиите, во шампоните и пастите за заби), како средства за пенење (обезбедуваат пена во препаратите), како средства за квасење (обезбедуваат препаратот добро да се нанесе на површината), како солубилизатори (при изработка на парфеми, колонски води, лосиони и во сите препарати каде нерастворливите супстанции треба да се преведат во растворливи).
Од природните ПАМ најчесто употребувани се пектински материи, слузни, лецитин, протеини, виши масни алкохоли и др. 56
Козметика и фризерство за I година
запомни Конзерванси - за продолжување на трајноста на препаратот. Антиоксиданси - спречуваат процес на оксидација. Мирисните материи на препаратите им даваат пријатен мирис. Бои - го подобруваат изгледот на препаратите. Биолошко активни материи: хормони, витамини, ензими. Површинско активните материи (ПАМ) го намалуваат површинскиот напон, овозможуваат добра хомогенизација и стабилизација на смесата. Површински напон е сила која се јавува на површината на течностите. Солубилизација - кога нерастворлива супстанција се преведува во растворлива. Емулгатори - супстанции кои овозможуваат мешање на маслената и водената фаза.
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ
1. 2. 3. 4.
Што се подразбира под додатни компоненти во козметичките препарати? Која е улогата на конзервансите во препаратите? Дефинирај ги антиоксидансите! Кои суровини се подложни на оксидација и под кои услови се одвива оксидацијата? 5. Наброј некои бели и обоени пигменти! 6. Кои мирисни материи од животинско потекло ги знаеш? 7. Во која група на соединенија спаѓаат витамини, хормони и ензими? 8. Што е површински напон? 9. Дефинирај ПАМ! 10. Што е солубилизација? 11. Во кој случај ќе употребиме емулгатор? а) при мешање на конзерванси и антиоксиданси, б) при мешање на вода и масло, в) при мешање на солубилизатор и ПАМ. 12. Пополни ја табелата така што следниве додатни компоненти ќе ги распределиш соодветно по групи! (хормони, еритроцин, хлорофил, кошинел, TiO2, мошус, лимонска киселина, FeO, салицилна киселина, лецитин, каротеноиди, ензими, цитронски масла витамин А, бензоева киселина) ПАМ
Биолошко активни материи
Мирисни материи
Антиоксиданси
57
Бои
Конзерванси
Козметика и фризерство за I година
3.7 ПОИМ, ДЕФИНИЦИЈА И КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРЕПАРАТИ Kозметичките препарати се производи кои се користат за одржување на функцијата на кожата и отстранување на нејзините недостатоци, за нега на забите и усната шуплина, како и за подобрување на изгледот на кожата и нејзините израстоци. За одржување на здравјето на кожата и нејзините израстоци, забите и усната шуплина, во голема мерка придонесуваат средствата за одржување на лична хигиена. Овие средства претставуваат најзначајна група на козметички препарати. Во другата група спаѓаат препаратите за отстранување и прикривање на естетските недостатоци на кожата на човековото тело. Декоративните козметички препарати спаѓаат во посебна група, чија задача е да го подобрат естетскиот изглед на кожата и израстоците.
Козметичките препарати се произведуваат индустриски или во галенски лаборатории. Постапките на добивање се исти, со таа разлика што во галенските лаборатории се изработуваат мали количества на препарати, најчесто по нарачка на поединец. Индустриското производство се состои од низа последователни активности, поделени во научноистражувачки, производствени и прометни работи. се состојат од Научно истражувачките институти истражувачка лабораторија во која се формулира новиот препарат и контролната лабораторија во која се испитува квалитетот на суровините, полупроизводите и готовите производи.
Истражувачка лабораторија
Производството е организирано во производствени погони во кои се изработуваат исти или слични препарати. Прво се врши испитување на исправноста на машините и хигиенските услови. Се подготвуваат суровините, се вршат пресметки, се подготвува шаржата и на крајот се спроведува технолошката постапка за производство. Откако ќе се добие позитивен резултат од контролата, готовите производи се пакуваат и се пуштаат во промет. Службата за маркетинг и продажба има за цел да ја информира јавноста за иновациите во козметиката и да ги дистрибуира производите во трговијата и салоните за козметика. Козметичките препарати можат да се нанесуваат надворешно, на површината на кожата и нејзините израстоци, да се вбризгаат под кожата и да се даваат во вид на таблети. Козметичките препарати можат да бидат нанесени локално на одредено место (рака, лице) и дифузно на поголема површина на телото. Локално нанесување на препарат
58
Козметика и фризерство за I година
Козметичките препарати имаат многу сличности со лековите, како во однос на нивната улога - да заштитат и да лекуваат, така и според: суровините, технологијата на изработка, прописите, облиците на примена, методите на испитување на квалитетот. Сепак тие имаат заедничка крајна цел - одржување на здравјето.
Секој човек не треба да употребува секакви козметички средства. Затоа, стручното лице, кое работи на непосредната примена на препарати мора добро да ги познава физиолошките и индивидуалните својства на кожата и израстоците, а исто така, и физичко - хемиските дејства и својства на препаратот. Тоа подразбира познавање на видот на препаратот, суровинскиот состав, својствата на тие суровини и биолошкиот ефект на нивното дејство. Секое средство несоодветно изработено, може да има штетни дејства, а од вистинскиот избор на препаратот и постапката за нега, зависи резултатот од дејството.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРЕПАРАТИ Постојат повеќе видови класификации, зависно од тоа кои заеднички својства се земаат како основа на класификацијата.
Најпроста поделба е според конзистенцијата и тоа препаратите се делат на течни, полутечни и цврсти. За нив важи следното својство: со зголемување на вискозитетот се зголемува непосредноста на допирот со кожата.
Според физичко-хемиските својства препаратите се делат на: микродисперзни (вистински и колоидни раствори) и макродисперзни (емулзии и суспензии). Оваа поделба е заснована врз степенот на дисперзираност на честичките во препаратот.
Кај вистинските раствори разликуваме растворена супстанција и растворувач, кој најчесто е вода или етанол. Козметички препарати изработени како вистински раствори се лосионите и тониците. Колоидните раствори најчесто се среќаваат во полуцврста-гел состојба или во течна-сол состојба, а се применуваат како згуснувачи во препаратите. Емулзиите се смеса од две течности кои не се мешаат меѓу себе, како на пример маслото и водата. Со помош на трета компонента емулгатор се добива хомогена смеса, каде едната течност во вид на капки е распределена низ другата течност. Разликуваме два типа на емулзии: Вода-Масло (В-М) и Масло-Вода (М-В). Поголемиот број креми за нега се козметички емулзии. Емулзија М-В
59
Козметика и фризерство за I година
Суспензии се смеси од цврсти честички распоредени во течна фаза, како што се течните пудри, лаковите за нокти, црвилата за усни и др.
Според дејството и намената препаратите се делат на 2 главни групи:
I Препарати за нега, во кои спаѓаат: - препарати за нега и одржување на функцијата на кожата, препарати за заштита на кожата, препарати за отстранување на недостатоци на кожата. II Препарати за декоративна козметика, во кои спаѓаат: - пудри за лице, црвила за лице и усни, препарати за декорација на очни капаци, трепки и веѓи, парфеми и колонски води.
Препаратите можат да се класифицираат според местото на апликација (кожа, слузокожа) и според времето на задржување на кожата.
1. Средства кои доаѓаат во допир со слузокожата: - средства за чистење и нега на забите и усната шуплина, средства за боење на усните и на очните капаци, средства за интимна хигиена. 2. Средства кои остануваат подолго време на кожата: - средства за нега и заштита на кожата, средства за боење и разубавување на лицето и телото, парфеми и колонски води. 3. Средства кои после кратко време се отстрануваат од кожата: - средства за миење и чистење на лицето и телото, средства за бричење и депилатори.
запомни
Козметичките препарати се произведуваат индустриски или во галенски лаборатории. Индустриското производство се состои од научно-истражувачки, производствени и прометни работи. Козметичките препарати можат да бидат нанесени локално и дифузно. Козметичките препарати имаат многу сличности со лековите. Според физичко-хемиските својства препаратите се делат на: микродисперзни (вистински и колоидни раствори) и макродисперзни (емулзии и суспензии). Според дејството и намената препаратите се делат на препарати за нега и декоративни препарати. Според местото на апликација и според времето на задржување на кожата, препаратите се делат на препарати кои: доаѓаат во допир со слузокожата, по кратко време се отстрануваат од кожата и остануваат подолго време на кожата. 60
Козметика и фризерство за I година
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ!
1. Дефинирај ги козметичките препарати! 2. Направи споредба меѓу лабораториското и индустриското производство на козметичките препарати! 3. Објасни ги начините на нанесување на препаратите! 4. Зошто имаат сличности козметичките и лековитите препарати? 5. Опиши ги микродисперзните и макродисперзните системи! 6. Обиди се да дадеш примери за козметички препарати според различите начини на класификација!
3.8 КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА НА КОЖАТА НА ЛИЦЕТО И ТЕЛОТО Во козметички препарати за нега на лицето и телото се вбројуваат препаратите за лична хигиена, препаратите за нега и одржување на функцијата на кожата, препаратите за заштита на кожата и препаратите за отстранување на недостатоци на кожата. Во овој дел ќе се запознаеме со препаратите, нивните својства, некои карактеристични суровини кои влегуваат во состав на препаратите и нивната употреба.
3.8.1 ПРЕПАРАТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА Во препарати за лична хигиена на телото спаѓаат: средства за миење и чистење на кожата, средства за капење и средства за одржување хигиена на усната шуплина т.е. сапуни, средства за капење, пасти за заби и води за уста. Во процесот на чистење на телото учествува и самиот организам т.е. микрофлората на кожата ги разградува органските супстанции на неа. Средствата за лична хигиена се применуваат секојдневно и треба да се изврши правилен избор на препарати кои му одговараат на секој поединец. Сапуните се соли на неоргански (NaOH, KOH) или органски бази (триетаноламин) и виши масни киселини (палмитинска, стеаринска, олеинска). Под сапуни се подразбираат алкални соли на виши масни киселини и се употребуваат за лична хигиена. Најчесто сапуните даваат базна реакција pH=7,5-10. Сапуните можат да бидат обични (тоалетни) и медицински. Обичните сапуни наменети се за перење и немаат специјални додатоци.
Сапун
61
Козметика и фризерство за I година
Медицинските сапуни се употребуваат како подлоги за лековити препарати. Тоалетните сапуни содржат специјални додатоци од квалитетни суровини: маст, лој, масло од палма, масло од кикирики, масло од кокос и др. Квалитетните тоалетни сапуни треба да имаат приближно неутрална реакција (околу 7,5), растворени во вода добро да се пенат, да имаат цврст и постојан облик, убаво да мирисаат и убаво да изгледаат. Средствата за хигиена на телото можат да бидат во облик на средства за капење, соли, масла и пудри. Течните средства за капење имаат за цел да ја исчистат кожата, да ја навлажнат, да ја замастат кожата и да образуваат обилна пена во водата за капење.
Пенливо средство за капење на тело
Препаратите за туширање се проѕирни или заматени вискозни раствори. Тие се во облик на креми или пени. Солите за капење се додаваат во водата за капење со цел да ја намирисаат, обојат и омекнат истата. Тие се составени најчесто од неоргански соли на натриум. Доколку во составот содржат средства што испуштаат CO2, се работи за шумливи соли за капење. Маслата за капење се применуваат со цел благо да ја замастат кожата. Пудрите за тело се нанесуваат после капењето, за да ја адсорбираат влагата.
Препаратите за хигиена на забите и усната шуплина се применуваат со цел да се отстранат нечистотиите од површината на забите, да се освежи и дезинфицира усната шуплина и да се отстранат непријатните мириси.
Водите за уста најчесто се водено-алкохолни раствори кои во својот состав содржат етерични масла. Етеричните масла имаат дезодорирачко и антисептичко дејство. Водите за уста се изработуваат концентрирани, а се применуваат секогаш во разблажена форма. Пастите за заби се најупотребуваните препарати за хигиена на забите и усната шуплина. Тие се препарати со полутечна конзистенција и секогаш се спакувани во туби. Квалитетната паста секогаш се цени според белината и сјајот на забите, како ги отстранува наслагите и мирисите од устата, по вкусот, пената и бојата. Многу важно својство на пастите за заби е да ја одржуваат влажноста, бидејќи во спротивно ќе се исушат и нема да можат да се истиснуваат од тубите. Можат да содржат додатни компоненти за белење на забите или за зајакнување на глеѓта. Миење на заби 62
Козметика и фризерство за I година
запомни
Средствата за лична хигиена се применуваат секојдневно! Квалитетните тоалетни сапуни треба да имаат неутрална реакција (околу 7,5), во вода добро да пенат, да имаат цврст и постојан облик и убаво да мирисаат. Средствата за хигиена на телото можат да бидат во облик на средства за капење, соли, масла и пудри. Препаратите за хигиена на забите и усната шуплина се применуваат со цел да се отстранат нечистотиите од површината на забите и непријатните мириси, да се освежи и дезинфицира усната шуплина.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Какви препарати се сапуните и какви можат да бидат? 2. Со која цел се применуваат препаратите за хигиена на телото? 3. На кои суровини во состав на водите за уста се должи нивната хигиенска примена? 4. Размисли! Што ќе се случи доколку пастата за заби не содржи средства за навлажнување?
3.8.2 ПРЕПАРАТИ ЗА НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА НА КОЖАТА Козметичките препарати за нега и одржување на функцијата на кожата на лицето и телото, можат да се групираат во неколку групи: препарати за отстранување на нечистотиите и шминката од лицето, тоници за лице, креми за нега (емолиентни и хидратантни), креми за масажа, козметички маски и пакувања. 63
Козметика и фризерство за I година
1. Препарати за отстранување на нечистотиите и шминката од лицето Кожата на лицето и вратот се најизложени на неповолни, надворешни влијанија (влага, ветер, штетно зрачење на сонцето и др.), како и на намерно нанесената шминка. Овие ненамерно и намерно нанесени нечистотии треба секојдневно да се отстранат од кожата. За таа цел се користат препарати за чистење, кои во потполност го заменуваат сапунот. Честата примена на сапунот може да придонесе за одмастување на кожата, посебно кај сувата и чувствителна кожа. Препаратите кои се применуваат за чистење на кожата на лицето можат да бидат во облик на креми, суспензии и лосиони. Кремите за чистење ја отстрануваат нечистотијата од лицето и вратот. Овие препарати се среќаваат како неемулзиони и емулзиони креми. Неемулзионите креми се од типот на масти, се топат на температурата на кожата, се шират по кожата и ги раствораат нечистотиите растворливи во масти од површината на кожата (кај сува и нормална кожа). Изработени се од растителни и животински масти, масла и восоци. За масна кожа изработени се од минерални масти, масла и восоци. Се користат за чистење шминка. Маслата од овој тип се користат за отстранување на шминката од очите и за чистење на вратот. Поседуваат замастувачки ефект. Изработени се од растителни масла: рицинусово и маслиново. Емулзионите креми за чистење на кожата можат да се применуваат за сите типови на кожа. По својот состав, претставуваат емулзии, па затоа се поделени на емулзиони креми од типот на вода-масло (В-М) и емулзиони креми од типот масло-вода (М-В). Емулзионите креми В-М, лесно се нанесуваат на кожата, немаат изразено чувство на маснотија и добро ги чистат нечистотиите растворливи во вода. После чистењето лесно се отстрануваат од лицето. Во состав на овие креми се среќаваат минерални, растителни и животински масти, масла и восоци. Соодносот на овие компоненти зависи од типот на кожата. Емулзионите креми М-В, се нарекуваат козметички млека. Нивното својство за чистење се должи на присуството на стеаринската киселина и нејзините сапуни. Овие препарати лесно се нанесуваат на кожата, ги чистат сите видови на нечистотии со кои заедно се отстрануваат. Тие не ја иритираат кожата и не и´ ја менуваат pH вредноста. Освен овие основни типови на емулзиони креми за чистење, со додавање на додатни компоненти, се добиваат специјални антибактериски, детергентни и кисели креми за чистење. Козметичко млеко за чистење
64
Козметика и фризерство за I година
Суспензиите за чистење се познати како адсорбтивни препарати (ги адсорбираат нечистотиите) или ролинг суспензии. Тие имаат емолиентно, антисептично, благо абразивно и полирачко дејство. Се употребуваат кај кожи осетливи на сапун. Познат препарат од овој тип е козметичкиот песок, кој пред употреба се раствора во млака вода, до добивање на каша. Таа се нанесува на лицето, а по сушењето се отстранува заедно со нечистотиите, со помош на триење.
Лосионите за чистење најчесто се водено-алкохолни раствори. Тие се применуваат за чистење, омекнување и освежување на кожата, за подготовка на лицето за бричење со електричен апарат, за намалување на потењето, за дезинфекција после бричењето. Во состав на лосионите се користи концентриран или разблажен етанол, но и други додатоци. Голема примена во козметиката имаат антисебороичните лосиони, каде е искористено одмастувачкото дејство на етанолот. Спротивно на тоа, тие не треба да се применуваат за сува и осетлива кожа.
Лосион за чистење
Тоник за лице
2. Тоници за лице Овие препарати уште се нарекуваат води за лице. Слични се по состав со лосионите, но намената им е различна. Тониците се користат за отстранување на вишокот од кремата за чистење, за одржување на тонусот на кожата на лицето, за затворање на порите на лицето и за подобрување на изгледот на кожата. Тониците се применуваат за сите типови на кожа. Во зависност од намената тониците можат да содржат различни додатни материи. Такви супстанции се киселините (борна, лимонска), водени екстракти од растенијата (ароматични води) и мал процент на етанол како растворувач. Киселите тоници најчесто се користат за масна кожа на лицето. Содржат околу 4% слаби киселини, кои освен што ја регулираат реакцијата на кожата, делуваат на подобрување на циркулацијата на крвта во кожата.
65
Козметика и фризерство за I година
Тониците со растителни екстракти се користат со цел да го подобрат тонусот на кожата, да ги затегнат проширените пори, да ја подобрат циркулацијата на крвта во кожата. Во нивниот состав влегуваат екстракти од камилица, ружа, семе од горчлив бадем и др.
запомни
Препаратите за чистење на кожата на лицето можат да бидат во облик на креми, суспензии и лосиони. Неемулзионите креми ги раствораат нечистотиите растворливи во масти. Емулзионите креми В-М ги чистат нечистотиите растворливи во вода. Емулзионите креми М-В (козметички млека) ги чистат сите видови на нечистотии. Суспензиите за чистење ги адсорбираат нечистотиите. Во состав на лосионите се користи концентриран или разблажен етанол. Киселите тоници се користат да ја регулираат реакцијата на кожата, тониците со растителни екстракти го подобруваат тонусот на кожата, циркулацијата и ги затвораат порите.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Зошто е потребно да се користат препаратите за отстранување на нечистотии од кожата на лицето и тониците? 2. Направи споредба меѓу дејството на кремите за чистење и суспензиите за чистење! 3. Размисли со каков препарат ќе исчистиш шминка од масна кожа! 4. За каква кожа најчесто се користат лосионите за чистење? 5. Утврди во кои случаи ќе примениш кисел тоник за лице, а во кои случаи тоник со растителни екстракти!
3. Креми за нега на кожата Кожата е многу осетлив орган кој секојдневно ја губи својата влажност, еластичност, станува рапава, груба и се појавуваат брчки. За да се избегнат ваквите последици, кои се неизбежни како резултат на влијанијата на многу надворешни фактори, потребна е примена на препарати за нега. Како посебни групи на креми за нега на кожата се среќаваат емолиентните и хидратантните креми.
66
Козметика и фризерство за I година
Емолиентна крема
Примената на емолиентните креми и´ овозможува на кожата да и´ се врати влажноста и еластичноста. Кожата станува мека, мазна и еластична. (emollientia значи омекнување). Во зависност од намената и составот емолиентните креми можат да бидат масни и немасни. Емолиентните масни креми уште се нарекуваат ноќни, бидејќи се нанесуваат навечер, кога се подготвува кожата за одмор. Во својот состав содржат масни материи од 45-85%. Освен емолиентното дејство на кожата, ноќните креми ја потхрануваат. Масниот слој на кожата не дозволува испарување на влагата од површината на кожата, а влагата од внатрешните слоеви преминува во површинските слоеви. Емолиентните немасни креми се нарекуваат дневни, бидејќи се користат во текот на денот. Тие имаат помало количество на масни материи, а поголемо количество на вода. При нанесување на кожата даваат чувство на разладување. Најповолни се за сува и чувствителна кожа или како подлога за шминка. Во емолиентните креми се вбројуваат и биокремите, кои содржат во својот состав биолошки активни материи. Најчесто се применуваат од страна на постари лица, кај кои сувата кожа ја изгубила способноста да ја задржува водата. Дневна крема
Биокремите имаат и терапевтско дејство. Тие се применуваат во строго одредени количества и за одреден временски период. Можат да содржат витамини, ензими, хормони и други најразлични комбинации. Најважната задача на емолиентните креми е да ја вратат влажноста на кожата, за да може таа непречено да функционира. Со рехидратацијата на кожата се обновуваат клетките, се одржува тонусот, се забавува стареењето, се спречува создавањето на брчки. Специјалните емолиентни креми во својот состав вметнуваат компоненти кои се стремат да ја одржат кожата млада и максимално да го забават стареењето на кожата. Такви креми се колагенските, витаминските и кремите на база на липозоми. 67
Козметика и фризерство за I година
Освен емолиентните креми, хидратантните креми имаат многу важна улога во негата на кожата. Овие креми се користат дење, за заштита на кожата од надворешните влијанија и како подлога за шминка. Тие содржат минимално количество на масни материи, не оставаат масен филм на кожата и таа добива мат и нерамен изглед. Главна суровина во состав на хидратантните креми е стеаринската киселина, според која го добиле името стеаратски креми. Содржат големо количество на вода од 60-80% и навлажнувачки компоненти (хумектанси). Хидратантните креми се емулзии од типот масло во вода. Со помош на другите додатоци во кремите, тие лесно се нанесуваат на кожата, лесно се впиваат во неа и навлегуваат во длабоките слоеви. Хидратантна крема
Поради големото количество на вода хидратантните креми секогаш треба да се чуваат во добро затворени садови. Често се применуваат како суровини за добивање на други креми со различна намена (креми за раце, заштитни креми, креми за бричење и др.).
4. Креми за масажа Козметичката масажа е постапка што се изведува на лицето или на телото. Може да се изведува рачно или со помош на апаратура. За спроведување на рачната масажа е потребно да се користи крема за масажа за да се олесни лизгањето на рацете по кожата. Препаратите за масажа на лицето се разликуваат од препаратите за масажа на телото. Исто така, при избор на препарат се води сметка за типот на кожата. За правилен избор на крема за масажа треба да знаеме каков ефект сакаме да постигнеме со масажата.
Масажа на тело
Масажна крема
Масажата може да претходи на некоја козметичка процедура, може да се користи за подобрување на циркулацијата и метаболизмот на кожата, регулирање на работата на лојните жлезди. Сите креми за масажа треба да се нанесуваат лесно, добро да лизгаат по кожата, да не ја надразнуваат и иритираат и лесно да се отстрануваат од неа. Во некои случаи може да се употреби талкот за масажа на телото, поради неговите лизгачки својства. 68
Козметика и фризерство за I година
запомни
´ се врати влажноста Емолиентните креми и´ овозможуваат на кожата да и и еластичноста. Емолиентните масни креми (ноќни) содржат масни материи од 45-85% и ја потхрануваат кожата. Емолиентните немасни креми (дневни) ја навлажнуваат кожата. Биокремите содржат биолошко активни материи. Хидратантните креми содржат големо количество на вода од 60-80% и навлажнувачки компоненти (хумектанси). Кремите за масажа треба да се нанесуваат лесно, добро да лизгаат по кожата, да не ја надразнуваат и иритираат и лесно да се отстрануваат од неа. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Какви можат да бидат кремите за нега на кожата? Какви се резултатите од примената на емолиентните креми за нега? Кои се сличностите и разликите меѓу ноќните и дневните креми за нега? Објасни ја целта на примената на хидратантните креми за нега! Која суровина има централно место во составот на хидратантните креми? Зошто за рачната масажа е потребна крема? Определи го препаратот што ќе го примениш за масажа на сува кожа!
5. Козметички маски и пакувања Козметичките маски се нанесуваат на лицето, вратот и деколтето. Ефектот од нивната примена е веднаш забележлив. Кожата станува мека, затегната и без брчки. Маските се применуваат со различна цел: да ја исчистат кожата, да ја смират иритираната кожа, да ја затегнат кожата и порите, да ги отстранат орожнетите клетки и да ја забрзаат циркулацијата на крвта во кожата. Маските во својот состав содржат основни и додатни компоненти. Можат да содржат најразлични растителни, животински и минерални масла, растителни брашна од семиња (од дуња, од горчлив бадем, од лен), желатин, протеини, танини и антифлогистички суровини од растенијата (цвет од камилица, ајдучка трева, рузмарин, пелин, лист од жалфија, бреза, плод од боровинка и др.). Од неорганските суровини се применуваат каолин, бентонит, талк, калциум карбонат, цинк оксид, магнезиум оксид, сулфур и др. Како додатни компоненти се применуваат млекото, бадемовите трици, витамините, глицеролот, препаратите за белење и др. 69
Козметика и фризерство за I година
Нанесување на маска за лице
Маските се делат според природата на суровините на: маски од минерални суровини, од природни екстракти, мешовити маски. Според конзистенцијата се делат на: маски пасти и течни маски. Според намената и дејството разликуваме повеќе видови маски: Антифлогистички или смирувачки маски, за осетлива кожа, кои го смируваат црвенилото на иритираната кожа. Адстригентните маски се применуваат за затегнување на порите, кои се прошириле во текот на козметичкиот третман. Емолиентните маски имаат навлажнувачко и намастувачко дејство, со што кожата станува мека, нежна и мазна. Тонизирачките маски го враќаат тонусот на кожата, ја подобруваат циркулацијата, ги намалуваат брчките. Пилинг маските ги отстрануваат орожнетите клетки од површината на кожата и ја подобруваат циркулацијата на крвта во кожата. Маските за подобрување на циркулацијата на крвта во кожата содржат компоненти кои ја подобруваат размената на материи во кожата. Витаминските маски содржат биоактивни материи, витамински комплекси и екстракти и продираат длабоко во кожата. Лековитите маски може да се употребуваат кај проблематична кожа. Содржат билни екстракти, а имаат адсорбентно и адстригентно дејство. Сите маски треба да се нанесуваат брзо и едноставно на кожата, брзо да дејствуваат, да не ја надразнуваат кожата, да не се токсични и лесно да се отстрануваат од неа. Маските можат да бидат изработени како готови препарати или да се изработуваат од природни продукти во домашни услови. Козметичките пакувања се разликуваат од обичните маски по тоа што се комбинираат со некаков начин на затоплување, заради поефективно дејство на маската. Затоплувањето може да се врши со помош на термо маска, солукс ламба, парафинска маска и др.
70
Козметика и фризерство за I година
запомни Козметичките маски се нанесуваат на лицето, вратот и деколтето. Маските во својот состав содржат основни и додатни компоненти. Според конзистенцијата се делат на: маски пасти и течни маски. Според намената и дејството разликуваме: антифлогистички, адстригентни, емолиентни, тонизирачки, витамински, лековити, пилинг и за подобрување на циркулацијата. Козметичките пакувања се маски кои се комбинираат со некаков начин на затоплување.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4.
Што се постигнува со употребата на козметичките маски? Кои компоненти спаѓаат во основни, а кои во додатни компонени на маските? Класифицирај ги маските според намената и дејството! Потсети се за какво пакување може да се употреби термо маската!
3.8.3 ПРЕПАРАТИ ЗА ЗАШТИТА НА КОЖАТА Задача на препаратите за заштита на кожата е да го спречат нејзиното оштетување, создавајќи притоа заштитен филм. На местото на апликација треба да создаваат непрекинат филм кој е отпорен и механички цврст, не смее да испарува, ниту да продира во кожата. Препаратот не смее да ја иритира кожата, треба лесно да се нанесува и симнува од неа без растворувач, не смее да е леплив, масен и лизгав. Во препарати за заштита се вбројуваат препаратите за заштита од хемикалии, препаратите за заштита од сончеви зраци, препаратите за заштита од инсекти и препаратите за заштита на бебешката кожа. Со препаратите за заштита на рацете од хемикалии ќе се запознаеме во делот за маникир-педикирски препарати.
1. Препарати за заштита од сончеви зраци UV-зраците од спектарот на сончевата светлина се оние кои предизвикуваат запалување на кожата (еритема) и предизвикуваат потемнување на кожата. Еритема предизвикуваат UV-зраците со бранова должина меѓу 280-320nm, а зраците со =320-400nm предизвикуваат пигментација. 71
Козметика и фризерство за I година
Од штетното дејство на сончевите зраци кожата се штити со кожниот пигмент – меланин. За да се употреби некое средство како заштитно мора да поседува некои својства: во допир со UV-зраците да не се распаѓа, да ги апсорбира UV-зраците од 280-320nm, да не е токсично, да не ја надразнува кожата и да не го спречува дишењето на кожата. Препаратите за заштита содржат органски соединенија кои ги апсорбираат UV-зраците и неоргански соединенија кои ги рефлектираат (одбиваат) истите. Се среќаваат во облик на креми и масла. Кремите имаат дополнителна улога да ја негуваат кожата. Колекција за заштита од сонце
Препаратите за сончање имаат свој заштитен фактор (SPF = Sun Protection Factor) кој ни покажува колку пати кожата е позаштитена со препаратот во однос на незаштитената кожа изложена на сонце. Се смета дека минималниот SPF кој треба да е застапен во препаратите за сончање, во услови на денешното зголемено зрачење е 15. За чувствителни, светли кожи, како и за детската кожа се препорачува SPF=30, како и да се внимава кожата да не се изложува на сонце меѓу 10 и 16 часот.
запомни
Задача на препаратите за заштита на кожата е да го спречат нејзиното оштетување, создавајќи притоа заштитен филм. Еритема предизвикуваат UV зраците со бранова должина меѓу 280320nm Кожата се штити со кожниот пигмент – меланин. Oргански соединенија ги апсорбираат UV-зраците, a неорганските соединенија ги рефлектираат. Минималниот SPF во препаратите за сончање е 15.
ИСТРАЖУВАЈ! Какво е значењето на SPF и како се одредува според типот на кожата?
72
Козметика и фризерство за I година
2. Препарати за заштита од инсекти Отсекогаш инсектите биле проблем кој ги засегал луѓето. Тие порано се штителе од нив со помош на етеричните масла. Но, поради нивната јачина и надразливост врз кожата, почнале да се заменуваат со други препарати за заштита. Супстанцијата што ги одбива инсектите во состав на препаратите е со долготрајно дејство, без непријатен мирис, нетоксична, не ја иритира кожата и не ја губи својата активност под дејство на UV-зраците и потта. Ваквите соединенија во состав на препаратите за заштита се нарекуваат инсектрепеленти. Можат да бидат од природно, најчесто растително потекло или синтетски. Најчести облици на овие препарати се креми, лосиони, гелови, стикови, спрејови. Се нанесуваат еднократно, единствено ако е неопходно постапката се повторува. Можат да бидат комбинирани и во составот да содржат средства за заштита од сончеви зраци.
Препарати за заштита од инсекти
3. Препарати за заштита на бебешката кожа Бебешката кожа постојано е изложена на неповолни дејства на урината и фекалиите. Исто така, кожата на превоите лесно се иритира и зацрвенува. За заштита на чувствителната бебешка кожа се користат препарати кои ќе ја штитат од штетното дејство на урината и фекалиите, со благото антисептично дејство ќе го спречат развојот на бактериите, ќе го намалат триењето и благо ќе ја премастат кожата. Како колекции на препарати за заштита и нега на бебешката кожа се бебисапуните, шампоните, купките, маслата, кремите, лосионите, заштитните препарати од сонцето, пудрите. Овие препарати се разликуваат од препаратите за возрасните, бидејќи не содржат алкохол, не се парфимираат, не содржат биоактивни материи и pH вредноста одговара на бебешката кожа. 73
Козметика и фризерство за I година
Препарат за капење на бебиња
Суровините во состав на овие препарати мора да се хемиски и бактериолошки чисти, не смеат да ја иритираат кожата и не треба да го пореметуваат прометот на материи низ кожата.
запомни
Супстанција што ги одбива инсектите во состав на препаратите за заштита се вика инсект-репелент. Препаратите за заштита и нега на бебешката кожа се разликуваат од препаратите за возрасните, не содржат алкохол, не се парфимираат, не содржат биоактивни материи.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Какви својства треба да поседува инсект-репелентот? 2. Размисли во каков случај треба да се повтори нанесувањето на инсектрепелентот! 3. Зошто кожата на бебињата постојано треба да се негува и заштитува? 4. Какви својства треба да поседуваат бебешките препарати?
74
Козметика и фризерство за I година
3.8.4 ПРЕПАРАТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И ПРИКРИВАЊЕ НА НЕДОСТАТОЦИТЕ НА КОЖАТА Најчести недостатоци на кожата се хиперпигментацијата и депигментацијата, како и себороичната кожа. Доколку настанатите проблеми се резултат на некое заболување, потребно е да се пристапи кон лечење на таа болест. Улогата на козметичките препарати е да ги прикрие или замаскира депигментираните делови на кожата или да ги избели хиперпигментираните дамки.
1. Препарати за белење на кожата Дамките со зголемено количество на пигмент се појавуваат на носот, челото и образите. Тие можат да се избелат со примена на препарати за белење, кои делуваат површински или навлегуваат во кожата. Хиперпигментирана кожа
Живините соединенија во состав на овие препарати ја избелуваат кожата така што навлегуваат низ кожата и ја стопираат синтезата на кожниот пигмент-меланин. Водородниот пероксид и другите пероксиди ја избелуваат кожата, на која оставаат бела трага која се губи после некое време. Тој на кожата се применува во концентрација од 3%.
Крема за избелување
Пилинг крема
75
Козметика и фризерство за I година
2. Препарати за лупење на кожата Лупењето на површинскиот слој на кожата се врши со цел да се отстрани истиот и некои несакани промени на кожата. Оваа постапка е позната како пилинг. Пилингот може да биде механички, хемиски и длабок пилинг. Механичкиот пилинг користи разни лосиони или маски кои со помош на апарати (фриматор) врши лупење на кожата. Како механички пилинг се смета и криотерапијата за која се употребува течен азот или смрзнат јаглероден диоксид. Хемискиот пилинг за лупење на површинскиот слој употребува хемиски средства како што се салицилната киселина, резорцинолот и др. во состав на креми, лосиони, суспензии. Денес за хемиски пилинг се употребуваат овошните киселини познати како AHA киселини (алфа хидрокси киселини). Длабокиот пилинг се применува при зафати во естетската хирургија.
3. Препарати за нега на себороична кожа Себореата како проблем претставува засилено лачење на себумот-кожната маст. Овој проблем со себе повлекува создавање на комедони и во покомплициран случај создавање на акни. Препаратите за нега на себороичната кожа имаат за цел да ја одмастат кожата, да делуваат антисептички и да го регулираат лачењето на лојните жлезди. Најмногу се употребуваат антисебороичните лосиони, како водено-алкохолни раствори. Сепак, за вакви проблеми потребни се козметички третмани и консултации со дерматолог. Антисебороичен препарат
запомни Живините соединенија ја избелуваат кожата и ја стопираат синтезата на меланин. За белење на кожата се користи 3 % водороден пероксид. Механичкиот пилинг со помош на апарати (фриматор) врши лупење на кожата, а за криотерапија се користи течен азот и смрзнат јаглероден диоксид. За хемиски пилинг се употребуваат овошните киселини. Препаратите за нега на себороичната кожа ја одмастуваат кожата и регулираат лачење на себумот.
76
Козметика и фризерство за I година
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ!
1. 2. 3. 4. 5.
Зошто е потребно да се врши белење на кожата? Какви препарати се применуваат при белењето на кожата? Спореди ги постапките на механички и хемиски пилинг! Какви проблеми предизвикува себороичната кожа? Кои се ефектите од примена на препаратите за нега на себороична кожа?
3.8.5 ПРЕПАРАТИ СО РАЗЛИЧНА НАМЕНА И ДЕЈСТВО Во оваа група на препарати ќе ги спомнеме препаратите наменети за проблемите со потењето на кожата и зголемената влакнавост.
1. Препарати за спречување на потењето и непријатниот мирис Зголеменото лачење на пот може да се јави како резултат на различни состојби на организмот и се нарекува хиперхидроза. Ако потта има непријатен мирис, таа појава се нарекува бромхидроза. Најважна од се´ е личната хигиена и хигиената на облеката, а потоа примената на козметички препарати. Разликуваме два типа на препарати за потење. Првите, го спречуваат лачењето на потта на површината на кожата т.н. антиперспиранси. Тие во својот состав содржат адстригентни материи кои ги затегнуваат порите на кожата. Такви се танините, солите на алуминиум и циркониум. Вторите препарати не дозволуваат распаѓање на потта и создавање на непријатен мирис т.н. дезодоранси. Тие делуваат антисептички и бактерицидно (пероксиди). Антиперспирансите и дезодорансите можат да бидат изработени во вид на течни раствори, стикови, креми, пудри, сапуни, аеросоли, гелови и др.
Антиперспиранс
Дезодоранс
77
Козметика и фризерство за I година
2. Препарати за отстранување на влакната од кожата Проблемот со зголемено количество на влакна на кожата е познат како хипертрихоза. За таа цел се врши привремено и трајно отстранување на влакната. Привременото отстранување на влакната може да се изведе по механички пат (механичка депилација). На лицето влакната на малите површини се отстрануваат со пинцета (кај веѓите). Надусните, рацете, нозете, препоните и пазувите се депилираат со восочен депилатор. Самиот процес на депилација се состои од прилепување на препаратот за влакната и нивно заедничко отстранување. Постапката е малку болна, но е ефективна, бидејќи влакната се отстранети за подолг период до 30 дена. Депилаторот може да биде топол или ладен. Топлиот е потребно да се загрее и растопи, а ладниот се користи директно без загревање. Топлиот депилатор откако ќе се растопи во специјален сад, се остава да се олади до поднослива температура за кожата, се нанесува со шпатула во правец на растење на влакната и се остава да зацврсне. Со нагли движења спротивно на растот на влакната се отстранува депилаторот. Кожата понатаму треба да се дезинфицира и смири од постапката. Хемискиот начин на депилација ги отстранува влакната над површината на кожата. Се користат хемиски средства кои ги кинат врските во влакната. Восочен депилатор
Најчести суровини се редукциони соединенија со висока pH вредност од 10-12. Од неорганските соединенија се применуваат сулфидите, од органските тиогликолната киселина. Се изработуваат како креми, пасти и течности, кои треба да се чуваат затворени поради исушување. Непријатниот мирис на водородниот дисулфид и алкалната средина која ја иритира кожата, се недостатоци на овој начин на депилација. Ефектот на хемиската депилација е краткотраен од 8 -10 дена.
Крема за депилација
78
Козметика и фризерство за I година
запомни
Антиперспирансите го спречуваат лачењето на потта на површината на кожата. Дезодорансите не дозволуваат распаѓање на потта и создавање на непријатен мирис. Процесот на депилација се состои од прилепување на восочниот депилатор за влакната и нивно заедничко отстранување. Хемискиот начин на депилација ги отстранува влакната над површината на кожата.
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ!
1. 2. 3. 4.
Објасни ја појавата на хиперхидроза! Спореди ги ефектите од примена на антиперспирансите и дезодорансите! Какви облици на антиперспиранси и дезодоранси познаваш? Спореди ги восочната и хемиската депилација и истакни ги нивните предности и недостатоци!
3.8.6 ДЕКОРАТИВНО - КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ Целта на примена на декоративните препарати е разубавувањето и прикривањето на некои естетски недостатоци на лицето. Постојат различни препарати за декорација во облик на пудри, црвила за лице, усни, препарати за очни капаци, трепки и веѓи.
1. Пудри за лице Пудрите за лице го изедначуваат природниот тен на кожата и ги прикриваат нејзините недостатоци. Во својот состав содржат суровини кои не се токсични, не ја иритираат кожата, не се растворат во вода и масти, немаат остри рабови за да ја оштетат кожата и не ја менуваат реакцијата на кожата. Пудрите за лице ја адсорбираат потта од кожата и ја штитат од надворешни влијанија. Компактна пудра
79
Козметика и фризерство за I година
Пудрите во својот состав содржат покривни супстанции како цинк оксид, титан диоксид, каолин и растителни скробови. Мазноста на пудрата се добива од присуството на талкот во нејзиниот состав. За прилепување на пудрата на кожата се користат адхезивните супстанции кои најчесто се стеарати на земноалкалните метали. Адсорбенти на потта и вишокот на маснотија од кожата во состав на пудрите се калциум и магнезиум карбонатот, цинк оксидот, силициум диоксидот и др. Како додатни компоненти во пудрите се боите, кои одговараат на природниот тен. Такви се железните оксиди. Мирисните материи му даваат привлечен и траен мирис на препаратот. Пудрите се разликуваат според обликот и можат да бидат во прав, компактни и течни пудри. Во зависност од намената и типот на кожата пудрите можат да бидат лесни за сува и осетлива кожа, средно тешки за нормална и тешки пудри за нечиста, себороична кожа.
Нанесување на пудра
2. Црвила (руменила) за лице Црвилата (руменила) за лице се декоративни козметички препарати, кои нанесуваат на одреден дел на лицето, за да и´ дадат на кожата црвенило кое имитира природното и на тој начин на лицето му даваат свеж изглед. Во својот состав тие содржат фино дисперзирани пигменти и наликуваат пудрите за лице. Црвилата за лице треба лесно да се нанесуваат на кожата, рамномерно да шират по кожата, при ширењето да оставаат рамномерно обоен слој, добро да прилепуваат на кожата и да не се раствораат во вода и масти.
се го на се се
Руменилата се изработуваат во повеќе облици: Течните облици најчесто се суспензии на дисперзирани пигменти, со додаток на стабилизатори, парфеми и конзерванси. Маслените суспензии обично се изработуваат како пасти. Од црвилата за усни се разликуваат по тоа што имаат помека конзистенција, а содржат и помал % пигменти. Kремите се пигментирани, најчесто од типот на емулзии. Се изработуваат така што пигментот се додава на готов препарат, а потоа се врши хомогенизација. Најтрајни и најприменети облици на црвилата за лице се таблетните т.е. компактните пудри, со поголемо количество на боја, кои не се распукнуваат и не се премногу цврсти. Се нанесуваат со специјални четки или перничиња. 80
Компактно црвило
Козметика и фризерство за I година
запомни
Пудрите за лице го изедначуваат природниот тен на кожата и ги прикриваат нејзините недостатоци. Пудрите содржат покривни, адхезивни, адсорбентни супстанции, мириси и бои. Пудрите можат да бидат течни, во прав и компактни, а според типот на кожата користиме лесни, средно тешки и тешки пудри. Црвилата за лице се слични со пудрите и содржат поголемо количество пигмент.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ 1. Каква декоративна улога имаат пудрите за лице? 2. Зошто во изработката на пудри се користат адсорбентните и адхезивните супстанции? 3. Размисли! Каков тип на пудра ќе употребиш за масна кожа? 4. Какви својства имаат црвилата за лице и која е целта на нивната примена? 5. Пронајди ја разликата меѓу компактна пудра и црвилото за лице во таблетен облик!
3. Црвила за усни Овие декоративни препарати се применуваат за да им дадат на усните убав изглед, да коригираат некои недостатоци т.е. да ги направат широки тесните усни и обратно и да ги обликуваат усните според лицето. Воедно ги штитат усните од распукнување и ја одржуваат еластичноста. Црвилата за усни се познати како ружеви или кармини. Тие треба да имаат добар изглед и конзистенција, лесно да се нанесуваат на усните, да остануваат долго време, по потреба лесно да се отстрануваат, да не ги надразнуваат усните, да ги прават мазни и еластични и убаво да мирисаат. Црвило за усни
Во состав на црвилата за усни влегуваат боите и пигментите, мастите, маслата и восоците, антиоксидансите и конзервансите. Боите и пигментите ја даваат бојата т.е. нијансата на црвилото и неговата непроѕирност. Од боите порано се користел карминот, а денес се употребуваат еозинско-ксантенските бои. Пигментите му ја даваат непроѕирноста на црвилото. Од нив се применуваат титан диоксидот и цинк оксидот. 81
Козметика и фризерство за I година
Мастите во црвилата за усни се додаваат во мали количества, заради полесно дисперзирање на пигментите. Антиоксидансите и конзервансите се додаваат за спречување на оксидација на масните материи и расипување на препаратот. За корекција на мирисот се додаваат цветни мириси и овошни ароми. Освен црвилата за усни, како заштитни препарати на усните од распукнување се користат необоените препарати во вид на стикови или масти.
4. Препарати за очни капаци, трепки и веѓи Оваа група препарати, заедно со црвилата за усни, спаѓа во најупотребуваната декоративна козметика. Карактеристично за сите е присуството на боја во основната маса. Основната маса е смеса од масти, масла и восоци или прашкасти супстанции. Како бои се користат природни пигменти, кои не се токсични. Како црна боја се користи дрвениот јаглен, за зелена боја се користат оксидите на хромот, за сина боја – ултрамаринот, за смеѓи и жолти бои се користи комбинација од оксиди на железо, за светли бои се користат бели пигменти титан диоксид (TiO2) и цинк оксид (ZnO), за црвена боја – карминот. Ултрамарин
Препаратите за очни капаци се познати како сенки за очи. Се применуваат со цел да се истакнат очите, а бојата треба да се согласува со тенот, бојата на очите, косата и облеката. Сенките треба лесно да се нанесуваат и да се постојани. Можат да бидат компактни облици и масни суспензии.
Сенки за очни капаци
Маскара
Креони
Препаратите за трепки се познати како маскари. Тие имаат различна намена: ги истакнуваат, потемнуваат и ги издолжуваат трепките.
82
Козметика и фризерство за I година
При нанесувањето на маскарите тие не треба да ги залепуваат влакненцата, не смеат да бидат токсични и не смеат да ја иритираат слузокожата на окото. Се нанесуваат со специјални четкички. Од боите најупотребувана е црната, но се користат кафената, темносината, виолетовата и други бои. Препаратите за веѓи се изработуваат како моливчиња, познати како креони. Се употребуваат за корекција и истакнување на веѓите. Тие не смеат да бидат премногу цврсти, заради полесно нанесување. Средишниот дел на креоните содржи пигменти дисперзирани во масна подлога.
запомни
Црвилата за усни освен декоративната улога, ги штитат усните од распукнување. Во состав на црвилата за усни влегуваат боите, пигментите, мастите, маслата, восоците, антиоксидансите и конзервансите. Сенките за очи треба лесно да се нанесуваат и да се постојани. Маскарите ги истакнуваат, потемнуваат и ги издолжуваат трепките. За декорација на веѓите се користат креоните.
ПРАШАЊА
1. Кои услови треба да ги задоволува црвилото за усни? 2. Објасни ја улогата на суровините во состав на црвилата за усни! 3. Какви бои најчесто се применуваат во состав на препаратите за декорација на очите? 4. Кои својства ги поседуваат квалитетните маскари? 5. Размисли зошто средишниот дел на креоните не смее да биде цврст!
83
Козметика и фризерство за I година
3.9 КОЗМЕТИЧКА НЕГА НА ЛИЦЕТО И ТЕЛОТО Козметичката нега на лицето и телото претставува основна грижа за кожата. Негуваната кожа не е важна само заради естетскиот изглед, туку е важна за здравјето на човекот. Лицето пред сè, претставува одраз на личноста на човекот. Секојдневната нега е неопходна, бидејќи убавиот изглед на лицето и телото, ја зголемува самодовербата и задоволството кај човекот. Козметичката нега опфаќа хигиенско одржување, чистење на кожата, негување и потхранување со креми, масажа и заштита со различни маски и пакувања.
Козметичка нега на лицето
Постојат различни типови на кожата за кои се потребни соодветни препарати. Многу е важно да се изберат вистинските препарати, особено за нега на лицето. Претходно треба да се одреди типот на кожата.
3.9.1 ОДРЕДУВАЊЕ НА ТИПОТ НА КОЖАТА Потсети се
од претходната тема за типовите на кожата. Видовме дека постои нормална, сува, масна, комбинирана, сенилно-атрофична кожа. Наброј ги карактеристиките за сите поединечни типови на кожа!
Масна кожа
84
Козметика и фризерство за I година
Редоследно како што се постапува во еден козметички салон, странката се поставува на козметичкото легло. Одредувањето на типот на кожата е важно да се изврши за да не се предизвикаат несакани последици, доколку се одбере козметички препарат што не е соодветен на таа кожа. Состојбата на кожата зависи од многу надворешни фактори. Тука се вбројуваат времето, климатските услови, психо-физичката состојба, како и здравствената состојба на човекот. Сето тоа може да доведе до изменета слика за основниот тип на кожа што ја поседува странката. Затоа не може да се даде унифицирано правило за нега на кожата, туку тоа е индивидуално и зависи од многу фактори. Наједноставно утврдување на типот на кожата е со набљудување. Стручното лице го набљудува изгледот на кожата: дали се лупи, дали има брчки, дали свети, има ли широки пори, дали се познаваат капилари, изразено ли е црвенило или бледило? Од овие податоци во основа може да се утврди основниот тип на кожата. Со помош на допирање на кожата добиваме дополнителни информации за кожата и тоа дали е мазна, напната или лабава. Со допирање на кожата на местото каде сме притиснале може да остане подолго време блед отисок, што ни укажува на слаба циркулација на крвта во кожата. Ако бојата на кожата се врати во првобитната, тогаш тоа е знак за добра циркулација. Одредување на типот на кожата со допир
Сувоста или масноста на кожата се одредува со мазнење на кожата. Кога на хартиена салвета при мазнењето на кожата ќе остане интензивна дамка, тогаш се работи за масна кожа. Тоа не се случува кај сувата кожа. Со овие три начина го утврдуваме типот и состојбата на кожата. Кога не сме сигурни може да ја примениме и тест-ламбата, која дава различни слики за различни типови на кожа.
запомни
Наједноставно утврдување на типот на кожата е со набљудување. Со помош на допирање на кожата добиваме информации дали таа е мазна, напната или лабава. Сувоста или мазноста на кожата се одредува со мазнење на кожата. ВЕЖБИ
Спореди ја кожата на лицето на две или повеќе твои другарчиња, со набљудување и допирање! Какви сличности и разлики наоѓаш?
85
Козметика и фризерство за I година
3.9.2 НЕГА НА КОЖАТА НА ЛИЦЕТО За правилна и добра нега на кожата потребно е да се определи типот и состојбата на кожата, да се познаваат козметичките препарати и начинот на нивна примена. Кожата за да изгледа добро, бара систематски одбрана нега. Негата на кожата на лицето мое да се раздели на две основни групи:
секојдневна нега, која е потребно да ја применува секој човек, специјална нега, наменета за конкретна состојба на кожата.
1.Секојдневната нега на кожата на лицето е неопходна, независно од возраста и типот на кожата. Се изведува два пати дневно, наутро и навечер, главно во три чекорa: 1. чистење 2. тонизирање 3. навлажнување
Правци на нанесување на кремата
Чистењето на кожата на лицето се врши со цел да се отстранат нечистотиите и вишокот на маснотии, кои би можеле да ги запушат порите и да го нарушат изгледот на лицето. Освен натрупаните нечистотии во текот на денот и вишокот на маснотии, треба да се отстрани и шминката. За чистење се применуваат препарати како лосиони, креми, козметички млека и гелови. Во зависност од типот на кожата се користат соодветно: за нормална до масна кожа најмногу се користат гелови, а за нормална до сува кожа се користат кремите за чистење.
86
Козметика и фризерство за I година
Средството се нанесува на стерилен памук, а потоа се поминува кожата без многу притискање. Откако средството ќе се впие во кожата, вишокот се отстранува со памук навлажнет во млака вода. Чистење на лицето
Тонизирањето на кожата се применува со цел да се освежи и стимулира кожата на лицето. За оваа постапка се користат тониците. Со нивна помош се отстрануваат остатоците од нечистотиите, лицето се освежува, се подобрува крвотокот во кожата, се нормализира pH вредноста. По употреба на тоникот, кожата станува затегната и се намалуваат порите на лицето. Навлажнувањето на кожата е потребно во текот на целиот ден, бидејќи кожата преку ден е изложена на различни надворешни влијанија. Препаратите за навлажнување ја враќаат влажноста на кожата и ја подобруваат нејзината еластичност. Во зависност од додатоците во основните препарати за дневна нега, истите можат да имаат дополнителен ефект: заштита од сонце, намалување брчки, затегнување на кожата, снабдување со колаген и др. За секој тип на кожа постојат посебни навлажнувачи, а главно се разликуваат по количеството на масните материи, кое треба да е минимално за масна кожа. Нанесување на крема за навлажнување
Во текот на ноќта клетките на кожата се обновуваат. Затоа е многу важно да се употреби ноќна крема која ќе ја снабди кожата со потребните хранителни состојки. Со користењето на ноќната крема се зголемува влажноста и еластичноста на кожата, а воедно се измазнуваат брчките. Во ноќните креми се додаваат повеќе активни материи, бидејќи нема ризик од штетното дејство на сончевите зраци, а дејството се поттикнува со обновувачкото дејство на сонот. Се нанесуваат 30 минути пред заспивање за да можат да се впијат во кожата.
2. Масажата на лицето е постапка која се применува на исчистена кожа. На лицето се изведува рачна (мануелна) масажа, за која е потребно средство за масажа. Препаратите за масажа треба да се изберат во зависност од типот на кожата. Секој дел од лицето не се масира повеќе од две минути. Инфицирана кожа не се масира. Масажата на лицето се состои од движења во облик на мазнење, триење, тапкање, вибрации, штипкање и други. Поради распоредот на мускулатурата тие можат да бидат: кружни, праволиниски, лепезасти, цик-цак движења и други. Движењата на лицето се нежни и со одреден правец. Масажата на лицето се изведува со двете раце, со врвовите или јагодиците на прстите. Масажата на лицето започнува од челото, потоа ги опфаќа очите, носот, устата и образите. Масажата на лицето започнува со нанесување на масажна крема во облик на мазнење.
87
Козметика и фризерство за I година
Масажата е важна за кожата на лицето бидејќи има удел во подобрување на изгледот на кожата, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги затегнува брчките, кожата добива убава боја и свежина. Масажните движења на челото се состојат воглавно од мазнење со палците од средината кон слепоочниците, кружни движења во истиот правец, штипкање на веѓите кон надвор и мазнење на веѓите кон слепоочниците. Масажните движења околу очите се следните: мазнење на капаците од внатре кон надвор, кружни движења околу очите со средниот прст, тапкање со јагодиците околу очите и др. Масажните движења на носот се изведуваат со мазнење и кружни движења од коренот кон врвот на носот. Масажните движења околу устата и образите се состојат од повеќе различни движења, како гмечење и кружно триење на образите, лупкање околу усните со јагодиците, лизгање над усните кон аглите на устата, гмечење на брадата со палецот и показалецот кон ушите и др.
Масажни движења на лицето и вратот
88
Козметика и фризерство за I година
Секојдневната нега на лицето се изведува наутро и навечер, во три чекора: чистење, тонизирање и навлажнување. Масажата на лицето се изведува со двете раце, со врвовите или јагодиците на прстите. Масажата на лицето започнува од челото, потоа очите, носот, устата и образите. Масажните движења можат да бидат во облик на мазнење, триење, тапкање, вибрации, штипкање и други. ВЕЖБИ
Обиди се дома да ги извежбаш постапките за нега на кожата на лицето. Обиди се да ги примениш масажните движења на некој од твоите домашни.
3. Специјалната нега може да се изведува секојдневно или неколку пати во неделата. Се применува во вид на третман кај специфични состојби или проблеми на кожата. При ваквиот начин на нега, често го користиме пилингот или ексфолијацијата, која може да се изведува со триење или со пилинг маски. Пилингот со триење (scrub) е погруб и се препорачува кај изразени дамки, брчки, лузни и за помасна кожа. Препаратот содржи погруби честички, кои при триењето ги отстрануваат мртвите клетки од површинскиот слој на епидермисот. На овој начин се обновува кожата, се чистат порите, се отстрануваат нечистотиите и се подобрува циркулацијата.
Правци на движења при нанесување на пилинг препаратот
Се нанесува со втривање со лесни движења на влажна кожа, а потоа се плакне со ладна вода. После тоа задолжително се користи хидратантна крема. Примената на пилингот со триење се препорачува не повеќе од 1-2 пати неделно. Пилингот со маски може да се применува и кај чувствителни и суви кожи. Тој се применува со цел понежно отстранување на мртвите клетки. По нанесувањето се чека 15 минути маската да се исуши, при што се чувствува затегнување на кожата на лицето. Потоа се отстранува со лупење, лицето се измива со вода и се нанесува хидратантна крема. Може да се примени 1-2 пати неделно. 89
Козметика и фризерство за I година
Маските за лице можат да содржат различни суровини за длабоко чистење, растителни екстракти, минерали, витамини и други додатоци кои ја хранат кожата и ја заштитуваат од некои негативни влијанија. Маските секако мора да се соодветни на типот на кожата, а мора да ја следат и целта за која се употребуваат. Потсетете се од претходните часови за видови на маски!
Маската се нанесува на исчистена и тонизирана кожа. Таа се нанесува брзо за да не зацврсне, во следните правци: од брадата кон слепоочниците, од носот кон ушите, од средина на челото кон слепоочниците. Деловите околу очите, устата и носот остануваат слободни. Се остава околу 15 - 20 минути, а потоа се отстранува.
Маска за лице
За разлика од маските, облогите се меки и не зацврснуваат. Најчесто се изработени од природни суровини (овошје, заленчук, мед, јајца и др.) Хелиотерапијата се врши со помош на ламби кои емитираат UV (ултравиолетови) или IR (инфрацрвени) зраци. Инфрацрвените зраци навлегуваат низ кожата и ја подобруваат циркулацијата на крвта. При употреба на ултравиолетовите зраци потребно е да се заштитат очите за да не дојде до нивно оштетување. Во специјална нега може да ја вброиме и негата на кожата во областа околу очите. Кожата околу очите е тенка и нема масни жлезди. Нанесувањето на препаратите се започнува после 25-тата година, со што кожата околу очите ја добива влажноста, еластичноста и се забавува создавањето на брчки. Кремата се нанесува со лесно тапкање со четвртиот прст, за да се избегне енергично триење, со цел да се спречи истегнување на нежната кожа. Нанесувањето се врши од надвор кон внатре во областа под очите и врз горниот капак, на исчистена кожа.
Нанесување на кремата околу очите
90
Козметика и фризерство за I година
запомни Специјалната нега се применува кај специфични состојби или проблеми на кожата. Лупењето на површинскиот слој на епидермисот се врши со триење или пилинг маски. Маските со различна намена се нанесуваат на лицето, а по нивното делување се отстрануваат. Хелиотерапијата значи примена на UV или IR зраци. Третманот на кожата во пределот околу очите е специјална нега за лица во подоцнежни години.
активности
Пронајди рецептура за некоја маска за лице, која би одговарала на твојата кожа, подготви ја во домашни услови и потоа примени ја! После отстранување на маската опиши какво чувство имаш на кожата на лицето! Рецептурата, постапката и ефектите запиши ги во својата тетратка!
3.9.3 НЕГА НА КОЖАТА НА ТЕЛОТО Негата на кожата на телото, исто така, е од голема важност за здрав организам. Како кај лицето, така и кај негата на телото имаме: неопходна нега и специјална нега, која се применува само во одредени случаи. Освен веќе изучените препарати за лична хигиена кои се применуваат во секојдневната нега на телото, потребна е примена на препарати кои ќе ја негуваат кожата и ќе ја одржуваат нејзината функција. Крајната цел на негата на кожата на телото е да се добие свиленкаст изглед и нежност. Како комбинации на препарати кои се користат за нега на кожата на телото се средствата за капење, геловите за туширање, лосионите за тело (млеко за тело), разни креми со додатоци, кои ја навлажнуваат, потхрануваат кожата, ја затегнуваат и го спречуваат стареењето. Лосион за нега на телото
91
Козметика и фризерство за I година
Во неопходна нега на кожата на телото спаѓа употребата на антиперспирансите и дезодорансите, со кои не дозволуваме ширење на непријатна миризба на продуктите од распаѓањето на потта. Повторете за антиперспиранси и дезодоранси! Во неопходната нега слободно може да се наброи и отстранувањето на влакната од некои делови на телото, како нозете, рацете, препоните и пазувите. Постапката на отстранување позната како депилација може да се разбере и како декоративна постапка, бидејќи придонесува за естетскиот изглед на кожата. Потсетете се
Постапка на депилација
на препаратите и начините на депилација од претходните часови! Во негата на кожата на телото спаѓа масажата на телото. Таа се применува со цел: да се добие нежна, мека и сјајна кожа, подобрување на циркулација на крвта и лимфотокот, релаксирање на мускулите, отстранување на токсичните материи и разградување на целулитот, релаксирање на психата и др. Во зависност од начинот на масажа и целта која треба да се постигне, разликуваме: медицинска масажа, спортска масажа, рефлексолошка масажа, релаксирачка масажа, антицелулитна масажа. Како средства за масажа можат да се користат креми или најчесто се применуваат основни (базични масла) со додаток на етерични масла. Масажата се изведува рачно, а исто така, може да се изведува и апаратурно. Најупотребувана е релаксирачката масажа, со чија помош доаѓа до опуштање на телото и релаксирање на мускулите. Движењата кај оваа масажа се понежни и поспори.
Масажа на телото
Антицелулитната масажа спаѓа во специјалната нега на кожата на телото, бидејќи се употребува само за состојба на целулит. Со помош на оваа масажа се разбиваат насобраните масни наслаги, се стимулра лимфната дренажа и крвотокот. Движењата при антицелулитната масажа не треба да се изведуваат под голем притисок. 92
Козметика и фризерство за I година
Освен антицелулитната масажа, во борбата против целулитот се користат и различни препарати во облик на креми, лосиони и гелови против целулит. Со нивна примена доаѓа до разградување на заробеното масно ткиво, спречување на процесот на задржување на вода и токсични материи, подобрување на циркулацијата и лимфотокот. Најдобар ефект во борбата против целулит е да се користи комбинација од препарати, како на пример антицелулитен, масажен гел за туширање, гел за масажа на проблематичните делови на кожата, антицелулитен крем и антицелулитен лосион. При масажата и нанесувањето на кремата, најчесто се применуваат кружни и нежни движења. Во специјалната нега на кожата на телото е примената на препаратите против стрии, кои често се комбинирани како препарати против стрии и целулит. Тие во својот состав содржат морски алги. Се нанесуваат наутро и навечер со енергични масажни движења врз претходно исчистена кожа. Во овој тип спаѓаат и препаратите за затегнување на кожата на телото и нозете. Имаат сличен состав како препаратите против стрии и се нанесуваат на истиот начин. Слична намена имаат и препаратите за затегнување на кожата во областа околу градите, а постоечките стрии стануваат понезабележливи. Со стимулирање на лимфните жлезди, крвотокот и создавањето на колаген, кожата во оваа област станува позатегната, мазна и еластична.
запомни
Целта на негата на кожата на телото е таа да добие свиленкаст изглед и нежност. Неопходната нега на кожата на телото опфаќа: хигиена, нанесување на лосиони, креми, примена на антиперспиранси и дезодоранси. Депилацијата на делови од телото и масажата на телото се дел од секојдневието на човекот. Антицелулитната масажа и примената на препарати против целулит, стрии, затегнување на кожата, спаѓаат во специјална нега на кожата на телото.
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ!
1. 2. 3. 4.
Објасни ги постапките за неопходна нега на кожата на телото! Класифицирај ги типовите на масажа на телото според намената! Размисли зошто се разликуваат релаксирачката и антицелулитната масажа! Истражувај повеќе за масажата на тело со етерични масла! (Податоците сподели ги пред своите соученици!) 93
Козметика и фризерство за I година
3.9.4 ДЕКОРАТИВНА КОЗМЕТИКА НА ЛИЦЕТО Самото име „декоративна“ ни кажува дека се работи за козметика која го разубавува лицето. Секоја жена има право да биде убава. Ако некоја жена нема убав изглед, тоа е резултат на нејзиното незнаење да се разубави или отсуството на време. Процесот на разубавување е еден развоен процес кој ни помага да го усовршиме она што ни го дала природата. Козметиката и шминката играат улога на покажување грижа и умешност за да се постигне максимална привлечност и убавина. Шминката не е само процес на украсување, туку вклучува моделирање и корекција на одредени неправилности. Додека шминката е сплет на бои, моделирањето го чини играта на сенки, со користење на посветли и потемни тонови.
1. Отстранувањето на мовта и влакненцата од лицето, освен шминкањето, се вбројува во декоративна козметика. Нормална појава кај човекот е прекриеноста на кожата со мов и влакна. Но, има случаи предизвикани од некои нарушувања во организмот, кога таа појава е изразена. Кај некои жени не е пријатна глетката на зголемена влакнавост на лицето, под носот и брадата. Затоа е потребно нивно избелување или отстранување. Мажите влакната од лицето секојдневно ги отстрануваат со бричење, што не е препорачливо кај жените. Белењето на мовта на лицето се врши со водороден пероксид, во концентрација од 3%, неколку капки амонијак и прав од сапун. Смесата се нанесува на местото во тенок слој и после 10-15 минути се мие. Влакната третирани на овој начин се избелуваат и не се забележуваат. Депилацијата на влакненцата на лицето се изведува со помош на восочен депилатор, со кој се отстрануваат заедно со коренот. Местото останува подолго време без влакна. Сличен начин на овој е примената на пинцета, која исто така, ги отстранува влакненцата од корен, без да се уништи фоликулот на влакното. Најчесто употребуван начин за отстранување на влакненцата на лицето е примената на хемиски средства за депилирање. Тоа се најчесто креми кои се нанесуваат на обраснатото место, се оставаат да дејствуваат кратко време и потоа се отстрануваат со влакната. На овој начин не се отстранува коренот на влакното. Поради базната реакција на хемискиот депилатор, добро е лицето потоа да се освежи со лимонска киселина. Најдолготрајно отстранување на влакнате е со уништување на коренот со помош на епилација. Во претходните содржини видовме дека може да се изведува со игли и електрична струја, а најновите апарати работат со ласерски зраци. Овој начин бара претпазливост и трпеливост.
94
Козметика и фризерство за I година
2. Шминкањето на лицето опфаќа: шминкање на кожата на лицето, шминкање на усните и визуелна корекција на некои недостатоци во изгледот. За да се изведе шминкањето на лицето потребни ни се различни четки, сунѓерчиња, стапчиња, памучни тампони, хартиени марамчиња, а од препаратите потребни се: крема за лице, коректор, подлога, течна пудра, црвило за лице, црвило за усни, моливче и сјај за усни и пудра во прав. Секогаш пред да се започне шминкањето потребно е на лицето да се нанесе хидратантна крема за да ја одржува влажноста. Потоа, се нанесува подлога за пудра во тенок слој за да се постигне изедначување на тенот. Се препорачува нанесување со помош на силиконско сунѓерче, само во средината на лицето, а во делот под ноздрите, очите, усните и капаците да се нанесе посветла нијанса. Како подлога може да се употреби и пигментна дневна крема, која е добра комбинација на хранлива крема, UV филтер и малку пигмент. Нанесување на подлога
Нареден чекор во шминкањето е нанесување на пудрата. Улогата на пудрата во процесот на шминкање е да му даде мат изглед на лицето и да ја фиксира шминката. Освен тоа со оваа постапка се постигнува благ премин на бојата на црвилото за лице и сенките за очи. За таа цел се применува пудра во прав која се нанесува со голема четка со долга рачка или со пувката од кутијата, која прво се притиснува на дланката, а потоа со нежни кружни движења се притиска врз кожата. Пудрата еднаш се нанесува после нанесувањето на подлогата, а вториот пат на крајот на шминкањето, заради фиксирање. Со помош на течната и пудрата во прав можеме да направиме и визуелни корекции на носот, брадата. Нанесување на пудра во праав
Ќе се запознаете во предметот „Естетика“ со постапките за корекција на носот и брадата. Корекцијата на дамки, белези, капилари и мозолчиња се користат коректори. Тие можат да бидат жолти за изедначување на тенот, сини за бледа кожа и темни дамки, бели за сенките под очите, со боја на кајсија за изморена кожа.
95
Козметика и фризерство за I година
Црвилото за лице се користи за потенцирање на рабовите на лицето и за да и´ даде на кожата поприроден изглед. Најчесто се врши нагласување на јаболчниците. Може да биде во облик на крем или пудра. Црвилото во облик на пудра се нанесува со помош на четка почнувајќи од слепоочниците, лизгајќи косо надолу по образите. Ако црвилото е во облик на крем се нанесува со помош на тапкање на прстите. Со помош на црвилата за усни се нагласува природната боја на усните, се исцртува формата на усните, се нагласуваат убавите делови и се заштитуваат усните од распукнување. Со помош на моливчето за усни се корегира формата на усните и се продолжува трајноста на црвилото за усни.
Нанесување на црвило за лице
По нанесувањето на црвилото на усните, се исцртуваат усните со моливче, со што ќе се спречи разлевањето на црвилото. Усните потоа треба да се притиснат со хартиено марамче на кое има нанесено малку пудра (за да се впие маснотијата). На крајот се нанесува уште еден слој на црвило за усни. Така неговата трајност ќе ја продолжиме. Нанесување на течно црвило со четкичка
Ќе се запознаете во предметот „Естетика“ за визуелните корекции на неправилните усни.
запомни Најупотребуван начин за отстранување на влакненцата на лицето е примената на хемиски средства за депилирање. Најсовремен начин за отстранување влакна од лицето е ласерската епилација. Постапки за шминкање на лицето се: нанесување коректор, подлога, пудра, црвило за лице, усни и фиксирање на шминката. ВЕЖБА Примени ги практично своите знаења за шминкање на лицето.
96
Козметика и фризерство за I година
Интересни совети од професионалните шминкери!
- Ако ви се чини дека пудрата ве прави да изгледате постаро, тоа значи дека не сте ја избрале вистинската боја. - При избор на боја на пудрата, таа се нанесува на средината на лицето и доколку нема строга граница со природниот тен, тогаш таа е вистинската. - За да го определите почетното место за ставање на руменило, широко насмевнете се и таму каде што образите се најмногу надуени започнете со нанесување надолу. - Не е задолжително црвилото за лице и усни да имаат иста боја, но треба да се одберат од истата палета.
3. Шминкањето на очите е посебна умешност на секоја жена, а посебен предизвик на професионалните шминкери. Со помош на сенките за очи ние го привлекуваме вниманито кон очите, на кои име се зголемува впечатливоста и им се засилува блесокот. Бојата на сенката треба да одговара на бојата на очите. Прва постапка при шминкањето на очите е нанесување на сенката, кое се врши со помош на четка или апликатор. Сенките во облик на крема се нанесуваат со врвовите на прстите. Препорачливо е прво да се нанесат светлите сенки, а потоа потемните нијанси кои се нанесуваат на капакот во облик на бадем, косо нагоре.
Нанесување на сенка на горниот капак
Во случај на вдлабнат горен капак, можеме да ненесеме сенка и под окото, така што дебелината на линијата да се намалува од надворешниот кон внатрешниот дел на окото. Шминкањето под окото не се препорачува за мали и тесни очи.
97
Козметика и фризерство за I година
Понатаму следува нанесување на очната линија, со која уште повеќе се нагласува погледот. Може да ја извлечеме со туш или со моливче за очи. Линијата треба да е тенка и да налегнува точно по работ на капакот. Со тоа се зголемуваат очите, а трепките изгледаат погусти. При исцртување на линијата, кожата на капакот треба да се оптегне. Кога се користи моливче се започнува од внатрешноста на окото, кон средината линијата се задебелува и на крајот завршува во благ лак. Бојата на линијата треба да одговара на очите, а за вечерна шминка се користат темни бои. Извлекување на очната линија
Нанесувањето на маскарата на трепките е завршен дел од шминкањето. При вадење на четката од тубата се отстранува вишокот на течност. Четката се поставува хоризонтално под окото, се почнува од основата на трепките и се движи нагоре. Може да се нанесат повеќе слоја, при што се чека 1-2 минути за сушење на секој слој. На кратките трепки маскарата се нанесува со четката свртена вертикално. Треба да се внимава да не се залепат влакненцата. Доколку тоа се случи веднаш се разделуваат со помош на четкичка. Поставување на четката при нанесување на маскарата
Обликувањето на веѓите се врши со цел дооформување на убавиот облик очите и лицето. Бојата на веѓите треба да одговара на бојата на косата. Доколку премногу дебели и неправилни, вишокот на влакна отстранува со пинцета. Должината на веѓите ќе одредите со поставување на моливот според прикажан на начинот сликата. По потреба се скратуваат или се издолжуваат веѓите со моливче за веѓи или сенка за очи. Веѓите треба да се чешлаат, а бојата им се освежува со сенки и моливчиња. Поставување на моливот при одредување на должината на веѓите
Облици на веѓи
98
на се се ја
Козметика и фризерство за I година
Ќе проучувате корекција на изгледот на очите по предметот „Естетика“.
запомни
Постапки за шминкање на очите се: корекција на веѓи, нанесување сенки, очна линија и маскара. Боите на сенките се избираат така што да одговараат на очите, косата и облеката. Бојата на коректорот за веѓи треба да се совпаѓа со косата. ВЕЖБА Примени ги практично своите знаења за шминкање на очите, трепките и веѓите.
Интересни совети од професионалните шминкери!
- Не ја менувајте формата на веѓите, расчешлувајте ги и мазнете ги во саканата насока. Фиксирајте ги со гел за коса или безбојна маскара. - Преминот од една сенка во друга се врши со помош на стапче или апликатор и малку пудра. - Сенката во надворешниот агол не треба да слегува надолу, бидејќи му дава тажен израз на лицето. - Очната линија на горниот капак може да се нанесе и со помош на сенка и тенка четка. - За да се добие ефект на поголеми очи се нанесува бела линија на долниот очен капак. - Доколку на кожата под окото забележите точки од маскарата, отстранете ги со стапче за уши натопено во пудра.
99
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
ТЕМА БР. 4 Козметичка нега на раце и нозе Конкретни цели да:
ги познава современите апарати за нега на раце и нозе
прави правилен избор на козметички препарати за нега на рацете и нозете
ги познава основните техники за нега на рацете и нозете
укажува на ефектите од негата на нозете заболувањата и деформитетите на стапалата
101
врз
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
4.1 ПОИМ, РАБОТНИ ЗАДАЧИ, АЛАТ, ПРИБОР И АПАРАТИ ЗА РАБОТА ВО МАНИКИР - ПЕДИКИРСКО ЗАНИМАЊЕ Рацете и ноктите на рацете се едни од најзабележливите делови на телото и затоа е исклучително важно тие да изгледаат на најдобар и најпривлечен начин. Стапалата и ноктите на стапалата исто така, треба да изгледаат совршено негувани. Делот од применетата козметика кој се занимава со нега и декорација на рацете и стапалата како и ноктите на рацете и стапалата се нарекува маникир-педикирско занимање. Маникир претставува нега и декорација на рацете и ноктите на рацете. Потекнува од францускиот збор „manicure” што значи нега на раце и нокти, односно од латинскиот збор „manus” што значи рака. Педикир претставува нега на стапалата на нозете и декорација на ноктите на нозете. Потекнува од францускиот збор „pedicure” што значи нега на нозете, односно од латинскиот збор „pedis” што значи стапало. Според тоа основна задача во маникир-педикирското занимање е негата на рацете и стапалата која опфаќа и различни видови на масажа на рацете и нозете, отстранување на плускавци, задебелена кожа на табаните, сраснати нокти и сл. За изведување на маникир-педикирските третмани стручното лице маникирпедикирот користи соодветен алат, прибор, апарати и материјали за работа. Алат и прибор и апарати за работа во маникир-педикирското занимање За работа во маникир-педикирското занимање се користи следниов алат и прибор: ножички, турпија (метална или дрвена), турпија за нозе, туркач за заноктици, скалпел, длето, клешта за нокти, камен за мазнење на табаните, пинцети, кирета, сушач за сушење на лакот, стерилизатор, педографски апарат, шолов апарат, крпи во различна форма и големина, кади за натопување на нозете и др. Ножички – се користат за сечење на ноктите. Се изработуваат од нерѓосувачки челик. Рабовите им се оштри, а на краевите можат да бидат прави или свиткани. Ножичките со свиткани краеви можат да се користат за отстранување на кутикулите. Клешти за нокти – изработени се од нерѓосувачки челик и се користат за сечење на ноктите на рацете и нозете до саканата должина. Турпии за нокти – се користат за обликување, турпирање и фино мазнење на ноктите. Има различни видови на турпии (метални, дрвени), со различна форма и големина и со различна рапавост. Најчесто се користи металната турпија која од двете страни е рапава. Секоја турпија треба да биде еластична и лесно да се витка, со што се овозможува подобро турпирање на ноктите од сите страни. Освен метални турпии за фино мазнење на ноктите се користат и дрвени турпии на кои има залепено шмиргла. 103
Козметика и фризерство за I година
Туркач на заноктици (кутикула) – се користи за поттурнување на кожичката околу коренот на ноктот т.е. заноктиците. Најчесто е метален со заоблен раб. Секач за заноктици – се користи за отстранување на заноктиците. Пинцети – се користат за нежно отстранување на мали парчиња од кутикулата. Камени турпии – се користат во педикирските третмани за отстранување на тврдата кожа на петиците. Длето – се користи при третман на сраснат нокт во месото. Со длетото се врши поткопување и вадење на сраснатиот нокт. Скалпел - се употребува во третманите за вадење на плускавци. Сепаратори за прсти – се користат за да се одвојат прстите при лакирање на ноктите. Електрична брусалка – претставува апарат во маникир-педикирското занимање и се користи за турпирање и полирање на ноктите на рацете и нозете. Тоа е електрична машинка која може да биде со различна јачина и на неа се монтираат различни додатоци и наставки во зависност од потребата. UV лампа – претставува лампа која зрачи ултра виолетови зраци и се користи за сушење на лакот. Се користи и при техниката на надградба на нокти за сушење на акрил гелот. Педикир масажерски кади - снабдени се грејачи кои ја затоплуваат водата на T=47ºC, истата ја одржуваат одредено време кое може да се регулира со помош на дигитален тајмер од 1- 60min. Погодни се за која било педикирска постапка. Прибор во маникир-педикирското занимање – различни четки, помошни садови, сталки, наслони за рака, сепаратори, садови за стерилизација и сл.
Маникирски сет 1. ноктарица 2. ножички за нокти 3. туркач на заноктици 4. стапче за поттурнување 5. отстранувач на заноктици 6. метална турпија
104
Козметика и фризерство за I година
Турпија за нозе
Педикирска када за масажа
Додатни елементи
Електрична брусалка за нокти
Четка
Сепаратори за прсти
Алат и прибор во маникир педикирското занимање
Алат и прибор во маникир педикирското занимање
105
UV лампа
Козметика и фризерство за I година
Работна маса за маникирање
запомни Маникир - нега и декорација на рацете и ноктите на рацете. Педикир - нега на стапалата на нозете и декорација на ноктите на нозете. Алат во маникир-педикирското занимање - ножички, клешти за нокти, туркач на заноктици, камени турпии, длето, скалпел. Прибор во маникир-педикирското занимање - различни четки, помошни садови, сталки, наслони за рака, сепаратори, садови за стерилизација. Апарати во маникир-педикирското занимање - електрична брусалка, UV лампа, педикир масажерски кади. ПРАШАЊА
1. Дефинирај, што се подразбира под поимот маникир, а што под поимот педикир? 2. Наброј го алатот кој се употребува во маникир-педикирското занимање! 3. Кои апарати се користат во современите маникир-педикирски салони? 106
Козметика и фризерство за I година
4.2 МАТЕРИЈАЛИ ЗА РАБОТА ВО МАНИКИР-ПЕДИКИРСКОТО ЗАНИМАЊЕ Материјалите кои се користат во маникир-педикирското занимање всушност претставуваат препаратите за нега на рацете и нега на нозете. Препаратите за нега на раце се различни креми за нега на раце и нокти, лосиони, лакови, отстранувачи на лаковите, препарати за белење и отстранување на дамки од ноктите, за отстранување на кожичката околу ноктите и др. Кремите за раце – имаат за цел да ја сочуваат функцијата на кожата на рацете, да ја рехидрираат и да ја заштитат од сушење. Според функцијата претставуваат емолиентнохидратантни креми, а според формата се исчезнувачки од типот на стеаринските креми. Треба да ги исполнуваат следниве услови: брзо и лесно да се нанесуваат, брзо да дејствуваат, да даваат чувство на мазна и мека кожа, да ја рехидрираат, но при тоа да не оставаат чувство на масност. Крема за раце
Препаратите за отстранување на заноктици можат да бидат во форма на пасти или водени раствори. Делуваат кератолитички, така што ги набабруваат, омекнуваат и разградуваат цврстите кератински наслаги. Ваквото кератолитичко дејство потекнува од присуството на салицилната киселина. Препаратите за чистење и полирање на ноктите се употребуваат за отстранување т.е. избелување на дамки и флеки од површината на ноктната плочка. Тоа се оксидациони средства кои содржат пероксиди, како на пр: раствор на хидроген во концентрација од 1-3% или пасти на магнезиум пероксид и цинк пероксид, а се користат и редукциони средства како тиогликолати. За полирање, мазнење на ноктите се користат абразивни средства во форма на прашаци или пасти кои во својот состав содржат калциум карбонат, магнезиум карбонат, титан диоксид и талк, како лизгачко средство. Лаковите за нокти покрај декоративната улога имаат и задача да ги штитат ноктите од надворешните влијанија. Основната компонента од која се изработуваат лаковите е нитроцелулозата. Се додаваат и бои, мирисни материи, пластификатори, растворувачи, средства кои даваат сјај и др. Квалитетните лакови за нокти треба да задоволуваат одредени услови: рамномерно и лесно да се нанесуваат, брзо да сушат, да бидат отпорни на вода и филмот кој го создаваат не треба да пука. Лак за нокти
Препаратите за отстранување на лаковите претставуваат смеси на органски растворувачи кои делуваат одмастувачки на ноктите и други додатоци кои имаат улога да го корегираат одмастувачкото дејство на органските растворувачи. Од органските растворувачи најупотребуван е ацетонот на кој се додава масло како на пр: маслиново или рицинусово и мирисни материи за корекција на непријатниот мирис. 107
Ацетон
Козметика и фризерство за I година
Препаратите за нега на нозете се најчесто дезодоранси, пудри, соли за капење, гелови, креми и лосиони за нега како и препарати со кератолитичко дејство. Средства за миење – најчесто се соли или течни препарати кои содржат ПАМ како средства за перење, бои, мирисни материи и средства кои имаат бактерицидно и фунгицидно дејство. Лосиони и креми за нега – најчесто се емулзиони препарати кои содржат активни компоненти како дезодоранси и антиперспиранси, разладувачки средства и средства кои дејствуваат смирувачки (пр: екстракт од камилица). Креми за пилинг – се користат за пилинг т.е. отстранување на мртвите кератински клетки од површинскиот слој на кожата на стапалата. Пудри за нозе – се користат при потење на нозете. Во основа содржат талк кој делува адсорптивно на површината на кожата. Препарати со кератолитичко дејство – се користат при отстранување плуски на нозете и во својот состав содржат салицилна киселина.
запомни
Материјали за работа во маникир-педикирското занимање: препарати за нега на раце и нозе. Препарати за нега на раце – креми, препарати за отстранување на заноктици, лакови за нокти, за чистење и полирање на ноктите, за отстранување на лаковите. Препарати за нега на нозете - купки за миење, креми за пилинг, пудри за нозе, кератолитици.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Наброј ги препаратите кои се користат за нега на рацете и ноктите на рацете! Која е улогата на кремите за раце? Објасни ја изработката и употребата на лаковите за нокти! Какво е дејството на препартите за отстранување на заноктиците? Кои се препаратите за нега на нозете? Зошто се користат кератолитиците? Размисли и одговори како ќе ги отстраниш темните дамки и флеки од површината на ноктната плочка!
задача
Побарај на интернет! Што се користи за избелување на флеки и дамки од површината на ноктната плочка? 108
Козметика и фризерство за I година
4.3 МАСАЖА НА РАЦЕТЕ Секојдневно нашите раце се изложени на погледите на луѓето околу нас, на работа, на забава, во друштво и сл. Од таа причина рацете треба да бидат негувани што подразбира мазна и мека кожа, а подеднакво долги и убаво средени нокти. Еден од начините на негување на рацете претставува масажата на прстите и дланката. Со помош на масажата се смалуваат брчките на прстите и дланката, а исто така, масажата има и позитивно влијание на циркулацијата на крвта. За поедноставно изведување на масажните движења се користи некое масло или крема за раце.
1. Ја поставуваме дланката на странката на нашата дланка и почнуваме со масирање, најпрво со мазнење, а потоа нашата дланка ја затвараме во форма на тупаница и продолжуваме да триеме по дланката на странката.
2. Ја масираме дланката на странката со мали кружни движења со врвовите од нашите палци. Се масира дланката до рачниот зглоб при што внимаваме на коските од дланката секоја да биде одделно обработена.
3. Со помош на палецот и показалецот ги масираме прстите на странката, го масираме секој прст поединечно најпрво со лесно извлекување, притискање на врвот и со нежно кружно движење. Ова го повторуваме на секој прст поединечно на двете раце.
109
Козметика и фризерство за I година
4. Масажата ја завршуваме со кружно вртење на дланката на странката на следниов начин. Со едната рака ја фаќаме дланката во висина на коренот на прстите, а со другата рака веднаш под зглобот. Кружно ја вртиме дланката во што поголеми кругови прво на едната страна, па потоа на другата страна.
5. Ја земаме дланката на странката помеѓу нашите две дланки, ја држиме некое време, а потоа продолжуваме со масажа на другата рака. Постапките ги повторуваме по ист редослед како што се погоре опишани.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Кои се ефектите од примена на масажата на рацете? 2. Што ќе употребиш при изведување на масажните постапки за масажата да биде полесна и поедноставна?
вежби
Организирајте на часот вежби „Масажа на рака”. Обиди се масажата да ја примениш на кој било соученик од класот. За дома истото повтори го на некој од твоето семејство.
110
Козметика и фризерство за I година
4.4 ПОСТАПКА НА МАНИКИРАЊЕ Маникирање претставува постапка со која се врши естетско обликување и разубавување на ноктите на рацете. Затоа кога ќе се спомене маникирање не се мисли само на лакирање на ноктите туку и на нивното обликување и оформување. Класичната маникир постапка се изведува во неколку чекора. 1. Чистење на ноктите. Парче вата се натопува со средство за отстранување на лакот. Ватата се задржува неколку секунди на ноктот, а потоа движејќи ја ватата во правец на растот на ноктот се трие и се отстранува стариот лак.
2. Сечење и обликување. Сечењето на ноктите се врши со специјални ножички, клешти или со ноктарица. Ако ноктот не е многу израснат потскратувањето може да се врши само со турпија. Обликувањето на ноктите се врши со помош на фина и нежна турпија. Турпирањето секогаш се врши со движење на турпијата само во еден правец и тоа од крајот на ноктот кон средината на ноктот. (Никогаш не ја движете турпијата напред-назад, така ноктите ќе пукаат и ќе се лупат). 3. Потхранување, натопување на ноктите во бања. Се потопуваат ноктите во сад со топла вода во која има додадено некој гел за туширање. Се оставаат да стојат 5-10минути. При тоа освен што се отстрануваат нечистотии од ноктите, доаѓа и до омекнување на кутикулите. Омекнување се врши со масирање на кутикулите со крема. 4. Потурнување на кутикулата. Внимателно со туркач за заноктици се поттурнува кожичката. Не се препорачува сечење на кожичката бидејќи постои можност за нејзино оштетување и инфекција. Но, од естетски причини многумина тоа го практикуваат. Тоа е вкус и желба на странката. Доколку е потребно се врши и избелување на ноктите со соодветен препарат (пр: 3% хидроген). 111
Козметика и фризерство за I година
5. Полирање и лакирање. Во оваа фаза ноктите се полираат со полир креми или пасти. При тоа ноктите се мазни и подготвени за нанесување на основниот слој (базата) кој дава помазен изглед на ноктите. Откако целосно ќе се исуши основниот слој се преминува кон нанесување на првиот слој на лак. Нанесување на основен слој и лак за нокти
Потребни се 3-5минути за целосно сушење на лакот после што се нанесува вториот слој лак. Правилното нанесување на лакот подразбира нанесување на лакот со четкичка во рамни потези почнувајќи од аголот на ноктот - две движења и едно движење по средината на ноктот почнувајќи од коренот према слободниот раб на ноктот. Многу популарен стил на декорирање на ноктите е така наречениот Француски Маникир. Постапката е следна: Чекорите од 1 до 4 од класичната маникир постапка се повторуваат. Внимателно се поставуваат заштитни ленти на краевите на ноктите. Се нанесува бел лак на непокриениот дел од ноктите а потоа се чека да се исуши лакот. Се отстрануваат заштитните ленти од ноктите со внимателно повлекување. Се нанесува розев лак во два слоја врз целата ноктна плочка.
Класична елеганција - Француски маникир
Француски маникир
112
Козметика и фризерство за I година
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ 1. 2. 3. 4. 5.
Наброј ги редоследно фазите на класичната маникирска постапка! Објасни го сечењето и обликувањето на ноктите! Како правилно се врши лакирањето на ноктите? Што ќе ја советуваш странката околу отстранувањето на кутилата на ноктот? Направи споредба помеѓу класичен и француски маникир!
вежби
Организирајте на часот вежби „Маникирање на нокти на рацете – класичен и француски маникир“!
Истражувачки проект на тема: „Надградба на нокти и нивно декорирање“
Неколку корисни совети од професионалци
Многу широки нокти При нанесување на лак, оставете по 2mm од двете страни непокриени со лак. Така ноктите ќе изгледаат потесни. Пожолтени нокти Исполирајте ја горната страна од ноктите а веднаш потоа втријте сок од свежо исцеден лимон. Секогаш нанесувајте основен слој. Суви кожички Нанесувајте крема за омекнување на кутикулите секоја вечер, за да ги навлажните и потхраните. Меки нокти Секогаш кога сте во допир со вода користете ракавици.
113
Козметика и фризерство за I година
4.5 ПЕДИКИРАЊЕ Педикирање претставува козметичка активност која опфаќа нега на стапалата и отстранување на недостатоци како и естетско уредување на ноктите од нозете. Негата на нозете ја вршат стручни лица кои се нарекуваат педикери. Во својата работа педикерот се среќава со различни заболувања и деформитети на нозете. Најчести причинители за заболувања и деформитети на нозете се: замор после долго стоење во место, тесни или широки чевли, чорапи направени од синтетички влакна или едноставно несоодветна грижа, односно хигиена на нозете. Проблемите со кои најчесто се среќава педикерот се: плускавци, мозолчиња, задебелена кожа, габични заболувања, сраснат нокт, разни ранички и др. Потење на нозете претставува многу честа и непријатна појава особено во летниот период. Најизразено е на дланките и табаните каде што има и најмногу потни жлезди. Во присуство на бактериите потта се распаѓа и предизвикува непријатен мирис. При потењето на нозете, кожата набабрува, побелува и нозете изгледаат како варени. Највпечатливо е помеѓу прстите на нозете. За отстранување на овој проблем се препорачува секојдневно миење на нозете со ладна вода во која има додадено екстракт или парчиња од кора од даб или врба. Потоа нозете добро се сушат и се премачкуваат со борова маст. Против потењето на нозете се употребуваат и различни препарати како што се пудрите, кои ја апсорбираат (впиваат) влагата, а некои од нив имаат и антисептично (противвоспалително) дејство. Плускавците претставуваат проблем кој најчесто се јавува при носење на тесни или широки чевли. Се карактеризираат со појава на меурчиња исполнети со бистра течност и при триење со обувките предизвикуваат болка. Третманот опфаќа: чистење на местото со алкохол, отварање на плускавецот со стерилен нож за да истече течноста, повторно чистење на местото со алкохол и преврска со газа и завој. Сраснат нокт најчесто се јавува како последица од неправилното потсекување на ноктите. Ноктот сраснува во месото и предизвикува воспалување на околното ткиво. Правилното потсекување на ноктот подразбира обликување на ноктот во квадратна форма. Отстранувањето на сраснатиот нокт опфаќа најпрво чистење на местото со алкохол, потоа со стерилни клешти се зарежува странично сраснатиот нокт, со длето внимателно се ослободува околното ткиво, ослободеното парче нокт се вади со пинцета. Раната се дезинфицира, се премачкува со маст против воспаление и се преврзува. Габични заболувања на нозете и ноктите најчесто се предизвикани од габи и бактерии кои се присутни на нозете и ноктите. Ова заболување започнува со појава на црвенило на местото, чешање и перутање, кои после третман со соодветни препарати исчезнува. Габичните инфекции на ноктите предизвикуваат трајни промени.
114
Козметика и фризерство за I година
Бојата на ноктот станува смеѓо-жолта, а промени има и во ноктната плочка која станува рапава и испакната. Третманот на габичните заболувања е долготраен и специфичен процес, па затоа лечењето на габичното заболување е работа на доктор дерматолог. Задебелена кожа (кератодермија) се јавува на дланките, табаните и прстите. Причини за оваа појава може да бидат честите триења, како и притискањето на обувките. На тоа место се формираат мртви клетки без јадро кои се таложат, стврднуваат и предизвикуваат задебелување на кожата. На ист начин се јавуваат и плуски. Од задебелената кожа се разликуваат по тоа што плуските имаат корен (црна точка) кој навлегува длабоко во ткивото, притиска на нервите и предизвикува чувство на болка. Отстранувањето на кератодермиите се врши на следниов начин: се потопуваат нозете во топла вода во која има додадено сода бикарбона, потоа се мијат и добро се сушат. Со стерилен нож се започнува со сечење на околното ткиво се´ додека не се појави коренот на плуската, кој прво со длето се заокружува, а потоа со специјална пинцета се вади. На местото на раната се прави преврска. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Кои се најчести причини поради кои доаѓа до деформитети и заболувања на нозете и ноктите на нозете? 2. Наброј ги заболувањата со кои педикерот најчесто се среќава во својата работа! 3. Што ќе ја советуваш странката која се жали на проблем со прекумерно потење на нозете? 4. Што е кератодермија и како се третира? 5. Која е причината за појава на сраснат нокт? 6. Објасни како се отстрануваат плускавците! 7. Опиши ги промените на ноктот кои настануваат при габично заболување!
дискусија
Разговарајте на часот за некој проблем на нозете кој можеби го имате или сте го имале вие или некој ваш близок.
Обиди се на интернет да пронајдеш некои корисни совети за нега на нозете и истите запиши ги во својата тетратка. На наредниот час дискутирајте!
115
Козметика и фризерство за I година
4.6 НЕГА НА СТАПАЛАТА Исто како на рацете, така и на нозете им е потребна систематска грижа која опфаќа опуштање, потхранување и релаксација. Педикирањето на нозете се врши речиси на ист начин како и маникирањето на рацете. Постапките се следни: 1. Отстранување на стариот лак На парче вата се става некое средство за отстранување лак. Се трие со ватата во правец на растот на ноктот и лакот се отстранува. 2. Сечење и обликување на ноктите Со помош на специјални клешти или со нoктарица се сечат ноктите до бараната должина. Ноктите се сечат само во рамна хоризонтална линија, а не на краиштата и од страните. Со турпија со различна гранулација се обликуваат ноктите и им се дава саканата форма. 3. Потхранување и ексфолијација Во сад со топла вода во која има додадено некој гел за туширање се потопуваат стапалата 10 до 15минути. При тоа доаѓа до омекнување на тврдите делови од стапалата. Потоа со помош на специјална камена турпија за пети или со турпија за сув педикир се отстрануваат тврдите наслаги на стапалата. Ексфолијација се врши со специјална абразивна крема со чија примена се постигнува истиот ефект.
Потхранување, турпирање и ексфолијација
4. Хидратирање на стапалата Навлажнувачка крема за стапала се втријува по целото стапало.
5. Нанесување лак На претходно подготвени нокти се преминува кон нивно лакирање. Најпрво се ставаат специјални т.н. сепаратори помеѓу прстите, а потоа се преминува кон нанесување на лакот. 116
Козметика и фризерство за I година
4.7 МАСАЖА НА СТАПАЛО Покрај класичниот педикирски третман, обликувањето и декорирањето на ноктите на нозете, негата на нозете опфаќа и масажа на стапалото. Масажните движења се покажани на следната слика.
Масажа на стапалото
1. Се започнува со кружни движења на стапалото на странката со палецот од нашата рака. Се започнува од петата, а се завршува на воздигнатиот дел под прстите; 2. Се продолжува со праволиниски движења по должина на каналите помеѓу тетивите; 3. Обработување на надворешниот раб на стапалото со врвовите на палецот и прстите; 4. и 5. раздвојување и истегнување на секој прст напред и назад и потоа се обработува секој прст посебно од основата до врвовите на прстите;
117
Козметика и фризерство за I година
Неколку корисни совети од професионалци
Груби и испукани стапала Истријте ги грубите места на целото стапало и после тоа исплакнете ги нозете. Нанесете подебел слој навлажнувачка крема за стапала.
Уморни стапала Користете смирувачки екстракт како прв чекор при педикирот, додавајќи го во садот со топла вода и сапуница во која ќе ги покиснете стапалата.
Непријатна миризба Испрскајте ги стапалата со спреј за стапала. Спрејот стимулира, разладува и заштитува од потење.
Прекумерно потење Ставете пудра врз стапалата кои претходно добро сте ги исушиле. Пудрата ја апсорбира влагата и штити од потење.
118
Козметика и фризерство за I година
ТЕМА БР. 5 Фризерство Конкретни цели да: ги познава современите апарати во фризерството ги класифицира препаратите за коса го определува квалитетот на косата и прави правилен избор на препарати ја познава техниката на миење на коса ги истакне видовите оштетувања на косата ги познава техниките на потстрижување на коса ги разликува видовите ондулација ги познава промените на влакното од косата при ладна трајна ондулација ги познава техниките на изработка на ладна трајна ондулација на коса со различна структура ја истакне важноста на кругот на бои ги познава техниките на нијансирање и колорирање го објаснува хемискиот процес на боење и обезбојување на косата избира фризура според обликот на лицето ги познава техниките на бричење ги познава средствата и материјалите кои се користат во перикерството ги класифицира видовите перикерски производи ги применува подготвителните процедури, техника на местење и нега на перикерските производи
119
Козметика и фризерство за I година
Козметика и фризерство за I година
5.1 ПОИМ ЗА ФРИЗЕРСКО ЗАНИМАЊЕ
Убавината е повеќе од нешто идеално. Таа е во сите нас, понекогаш очигледно, а понекогаш зрачи во нас. Убавината е единствена, ние ја гледаме во нашите очи и ја чувствуваме во нашите срца. Убавината е посебна, богата и опојна како и животот сам по себе.
Фризерското занимање припаѓа на струката лични услуги и подразбира работни задачи поврзани со нега и естетско обликување на косата кај мажите и жените. Во ова занимање припаѓаат профилите: фризер за мажи и фризер за жени. Фризерот за мажи се занимава со бричење на брадата, обликување на брадата и мустаќите, нега и обликување на косата кај мажите. Со цел да ја обликува косата фризерот мора да знае различни техники за потстрижување, фенирање, хемиска ондулација, боење, белење и др. За правилно негување мора да ги познава современите препарати за миење и нега на косата и правилно да ги применува. Фризерот за мажи треба да поседува и знаења и вештини за масажа на кожата на главата и лицето, со што обезбедува нега за кожата на главата и лицето. Значи, од фризерот за мажи се бара да поседува знаење за кожата и косата, начинот на кој делуваат различните препарати и знаење за естетиката. Затоа во денешно време називот бербер не е сосема оправдан и може да се смета за застарен. Фризерот за жени има посложени работни задачи од фризерот за мажи. Фризерот за жени ја обликува косата со потстрижување, водена ондулација и фенирање, ладна трајна ондулација и др. Исто така, ја бои косата и веѓите, ја бели косата и ја негува со различни козметички средства. Со масажа и примена на различни препарати ја спречува појавата на првут и опаѓање на косата. Исто така, треба да поседува вештини за перење, нега и одржување на перикерските производи (перики, прамени, локни, плетенки и други додатоци за коса). Од фризерот за жени се очекува да има смисла за убавина, складност на бои и за модни детали. Мора да ја познава и анатомијата и физиологијата на човекот, а особено на кожата и влакното. Треба да има познавања и од хемијата, технологијата на фризерските материјали и естетиката.
121
Козметика и фризерство за I година
За успешно извршување на своите работни задачи фризерот за мажи и жени треба да има и познавања за правилниот однос кон странките, како и познавања за хигиената и заштитата при работа. Современите фризери мора да имаат познавања и од другите занимања кои припаѓаат на струката лични услуги како на пример: козметичка нега на лице, тело, раце и нозе, естетика на шминка, перикерство итн. Фризерите работат во специфични услови, а тоа се: работа во затворена просторија, долготрајно стоење, изложеност на различни испарувања и др. Работата на фризерите за жени и мажи се одразува на телесното и душевното здравје, односно на физичките и психичките способности на работникот. Затоа фризерите треба да водат уреден живот со правилна исхрана и доволно одмор, со цел да го зачуваат своето здравје и совесно да одговорат на работните обврски.
запомни
Фризерското занимање припаѓа на струката лични услуги. Подразбира работни задачи поврзани со нега и естетско обликување на косата кај мажите и жените. Во ова занимање припаѓаат профилите: фризер за мажи и фризер за жени.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5.
Кои профили припаѓаат во фризерското занимање? Кои се работни задачи на фризерот за мажи? Кои се работни задачи на фризерот за жени? Какви познавања и вештини треба да поседува современиот фризер? Какви се работните услови во фризерското занимање?
122
Козметика и фризерство за I година
5.2 АЛАТ, ПРИБОР И АПАРАТИ ЗА РАБОТА ВО ФРИЗЕРСКОТО ЗАНИМАЊЕ 5.2.1 Алат и прибор за фризерско занимање За успешно извршување на работните задачи фризерите употребуваат различен алат. За олеснување на работата постои и многуброен фризерски прибор и помагала. Ќе се запознаеме со основните карактеристики на најчесто употребуваниот алат како на пример: ножици, класичен брич, чешли, четки, виклери и др. Класичен брич Класичниот брич се употребува за бричење и обликување на машки бради и за потстрижување.
Класичен брич
Класичниот брич се состои од челичен дел со сечило и рачка. Се изработува од квалитетен челик кој не 'рѓосува. Има повеќе видови на бричеви кои се разликуваат по облик, широчина и дебелина. Во фризерското занимање се употребуваат: полн широк брич, средно широк брич, тесен брич. Најчесто се употребува средно широкиот брич. За успешна работа бричот треба да е секогаш добро наострен. Потреба од острење се јавува и во текот на работата. Бричот се остри со специјални ремени или со брусен камен. Ножици Ножиците се основен алат во фризерското занимање. Изработени се од квалитетен челик кој не 'рѓосува. Се состојат од два крака и два окасти држачи. Краците се меѓу себе споени со завртка. Според изгледот на внатрешниот раб на краците ножиците може да бидат со остри рабови, со еден остар и еден назабен раб и со два назабени раба. Ножиците со остри рабови служат за потстрижување на косата, а ножиците со еден или два назабени раба се употребуваат за ретчење на косата. Ножиците за ретчење се познати и како ефилир ножици и отсекуваат 5-10% влакна од праменот кој се обработува. 123
Козметика и фризерство за I година
Ножиците се разликуваат и според должината. Постојат долги, среднодолги и кратки ножици. Димензиите се движат од 8 до 25cm. Долгите ножици се употребуваат за потстрижување на косата кај мажите, а кратките и среднодолгите за потстрижување на жени.
Ножици за потстрижување (обични)
Ефилир ножици
Чешли Во текот на својата работа фризерите употребуваат различни видови на чешли. Тие се изработуваат од различни материјали како на пример: тврда гума, пластични маси, рогови од животни, метал и друго. Металните чешли најчесто се употребуваат за расчешлување на перики и други перикерски производи.
Најчесто се употребуваат следниве видови на чешли: широк чешел за расчешлување на косата; полуширок чешел се употребува при потстрижување; тесен чешел се употребува за фина обработка на косата зад увото и на вратот; штил чешел ( со долга тенка рачка) се употребува за разделување на прамени и за тапирање и др. Различни видови на чешли
124
Козметика и фризерство за I година
Четки За потребите на фризерското занимање се употребуваат различни видови на четки. Се употребуваат четки за расчешлување, за фенирање, за боење и белење, за чистење на влакна после потстрижување, за сапунење на брада при бричење и др.
Четки за расчешлување Расчешлување на косата со четка
Четки за фенирање
Четки за боење и белење
Четките за расчешлување се состојат од рачка и подлога на која се сместени пластични или метални игли. Се изработуваат со различни димензии и особено се погодни за расчешлување на долга коса. Четките за фенирање се состојат од рачка околу која се наредени влакна со различна должина. Влакната може да бидат природни или синтетички. Се изработуваат четки со различна дебелина. 125
Козметика и фризерство за I година
Виклери Виклерите се употребуваат за виткање на косата, односно за изработка на водена и ладна трајна ондулација. Виклерите се најчесто цилиндрични и се изработуваат со различна дебелина за виткање на коса со различна должина и за добивање на поситни и покрупни локни. Виклерите за водена ондулација се изработени од метал или пластика. Тие се шупливи за да се овозможи лесно сушење на косата при изработка на водена ондулација. На тој начин топлиот воздух струи од сите страни на навитканиот прамен. Косата на овие виклери се прицврстува со гумички или со игли.
Виклери за изрботка на водена ондулација
Виклерите за изработка на ладна трајна ондулација и мини-вал се изработени од пластичен материјал или од дрво. Овие виклери се полни, што овозможува косата да реагира со препаратите за ладна трајна ондулација. На телото на пластичните виклери се наоѓа жлеб, кој овозможува доток на препаратите во внатрешноста на навитканиот прамен коса. Недостаток на дрвените виклери е тоа што впиваат хемикалии при изработка на ладна трајна ондулација. Затоа после секоја употреба треба темелно да се перат и сушат.
Дрвени и пластични виклери за изработка на ладна трајна ондулација
Покрај споменатиот алат во текот на работата фризерите употребуваат и многуброен прибор како на пример: различни наметки за заштита на облеката на странките, боца прскалка, капи за покривање на косата при ладна трајна ондулација, капи за избелување на прамени (шатирање), четка за чистење на влакна, штипки, мрежи, штитници за уши, пластични садови за подготовка на боја и препарати за белење и друго. 126
Козметика и фризерство за I година
Различен прибор за фризерско занимање
запомни
Фризерскиот алат служи за успешно извршување на работните задачи. Фризерскиот прибор служи за олеснување на работата на фризерот. Во фризерски алат и прибор спаѓаат: брич, ножици, чешли, четки, виклери и др. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Кој е основниот алат и прибор во фризерското занимање? Кои се основните карактеристики на класичниот брич? Какви видови на ножици се употребуваат во фризерството? Какви чешли употребуваат фризерите во текот на својата работа? Какви четки употребуваат фризерите во текот на својата работа? Опиши четка за расчешлување! Опиши четка за фенирање! Какви видови на виклери разликуваме според намена и кои се нивните карактеристики? 127
Козметика и фризерство за I година
5.2.2 Апарати за фризерско занимање Електрична машинка за потстрижување Овој апарат пред сè се употребува за потстрижување на косата кај мажи. Електричната машинка за потстрижување ја движи електромотор кој предизвикува поместување на подвижниот нож на машинката. Неподвижниот долен дел може да биде со различна дебелина, која се менува за различни видови на потстрижување. На машинката се монтираат додатоци со висина 1, 2 и 3mm или специјален метален чешел од 5mm, кој при потстрижување остава коса со должина 7mm. Електрична машинка за потстрижување
Апарати за сушење на косата За сушење на косата во фризерското занимање се употребуваат фен апарати и капи за сушење (хауби). Апаратите за сушење имаат електромотор, грејач и вентилатор. Грејачот го загрева воздухот, кој со вентилаторот се насочува кон местото на сушење. Грејачот може да има различна моќност. Вклучувањето на апаратите е преку повеќестепен прекинувач, со кој се регулира температурата и брзината на дување на загреаниот воздух. Феновите се подвижни и со нив косата се суши прамен по прамен. На местото на излез на топлиот воздух се ставаат различни додатоци. Се употребуваат при обликување на косата со четки за фенирање.
Фен апарат
128
Козметика и фризерство за I година
Капите за сушење може да бидат подвижни и фиксирани. Со нив косата се суши подеднакво и истовремено од сите страни. Се употребуваат при изработка на водена ондулација.
Капи за сушење на коса (хауби): подвижна и статична
Апарати за скратување на времето потребно за боење и белење на косата Во оваа група спаѓаат сауна и солар апаратите. Овие апарати повеќекратно го скратуваат времето кое е потребно за делување на препаратите за боење и белење на косата бидејќи овозможуваат побрзо делување на препаратите, односно го олеснуваат отварањето на влакното и навлегувањето на препаратот во него. Сауна апаратот се загрева со водена пареа која кружи низ цевки кои се поставени во внатрешноста на апаратот. Апаратот треба да работи со мека вода. Солар апаратот се загрева преку специјални светилки кои емитираат инфрацрвени и ултравиолетови зраци.
Солар апарат
Сауна апарат
129
Козметика и фризерство за I година
Електрични апарати за обликување на косата Со овие апарати на косата може да и' се даде различен облик. Може да се формираат локни, да се добие брановиден изглед или косата да се исправи. Со овие апарати се работи на сува коса која е најдобро претходно да се заштити со специјални препарати за термозаштита на влакното. Апаратите имаат грејач со чија помош се загрева работниот дел на апаратот до потребната температура.
Апарати за обликување на косата (фигаро и преса)
За обликување на локни се употребува апаратот наречен фигаро, а за добивање на брановиден или рамен изглед на косата се употребуваат пресите.
запомни Апарати кои најчесто се употребуваат во фризерското занимање се: апарати за сушење на косата (фен и хауба); апарати за скратување на времето за боење и белење на косата (солар и сауна апарати); апарати за обликување на косата (фигаро и преса). ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Кои електрични апарати најчесто се употребуваат во фризерството? На кој принцип работи машинката за потстрижување? Опиши го принципот на работа на апаратите за сушење на косата? Наведи ги сличностите и разликите меѓу фен и хауба! За што се употребуваат сауна и солар апаратите? Како се загрева сауна, а како солар апаратот? Кои апарати се употребуваат за обликување на косата? Опиши го принципот на работа на апаратите за обликување на косата!
130
Козметика и фризерство за I година
5.3 МАТЕРИЈАЛ ЗА РАБОТА ВО ФРИЗЕРСКОТО ЗАНИМАЊЕ Под материјал потребен за работа во фризерското занимање се подразбираат различните препарати за хигиена, нега и декорација на косата. Зависно од намената и дејството тие се класифицират на повеќе групи, како на пример: препарати за миење на косата; препарати за нега и заштита на косата; препарати за зацврстување и обликување на косата; препарати за ладна трајна ондулација; препарати за боење на косата; препарати за белење на косата; препарати за бричење и др. Покрај оваа класификација за фризерските препарати е многу важно да се познава и нивната рН вредност. рН е ознака за степенот на киселост и алкалност на растворите и се нарекува водороден показател. Водородниот показател (рН) може да има вредност од 0 до 14. Ако рН=7 растворот е неутрален. Ако рН<7 растворот има кисели својства, а ако рН>7 растворот има алкални својства. Според рН вредноста препаратите кои се употребуваат во фризерството може да бидат: кисели, неутрални и алкални. Зависно од тоа, различните препарати на различен начин реагираат со влакното. Алкалните препарати предизвикуваат отварање на кутикулата на влакното и најчесто предизвикуваат хемиски промени во влакното. Промените предизвикани со дејството на овие препарати се со траен карактер. Алкални се препаратите за трајно боење на косата, за белење на косата и развивачот за ладна трајна ондулација. Киселите препарати го неутрализираат дејството на алкалните препарати и може да го прекинат процесот започнат со нив. Кисели препарати се фиксирот за ладна трајна ондулација и др. Слабо кисели се некои регенератори за коса, како и хидрогенот. Неутралните препарати не предизвикуваат промена во структурата на влакното и затоа се употребуваат за хигиена и внесување на витамини и хранливи материи во влакното. Многу кисели и многу алкални препарати може да предизвикаат оштетувања на влакната и на кожата. Затоа во фризерските препарати се додаваат суровини со кои се регулира киселоста на препаратите.
запомни Материјал за работа во фризерското занимање се: препарати за хигиена, нега и декорација на косата. Од рН вредноста на фризерските препарати зависи нивното дејство врз влакното. рН е ознака за степенот на киселост и алкалност на растворите и се нарекува водороден показател. рН може да биде: од 0 до 14. Ако рН=7 растворот е неутрален. Ако рН<7 растворот има кисели својства, а ако рН>7 растворот е алкален. Според рН вредноста препаратите се: кисели, неутрални и алкални. 131
Козметика и фризерство за I година
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Што се подразбира под поимот материјал за работа во фризерското занимање? 2. Дефинирај го поимот водороден показател! 3. Какви може да бидат фризерските препарати во зависност од нивната рН вредност? 4. Ако еден препарат има рН=3, каков е тој препарат? 5. Ако фризерски препарат има рН=9 како ќе дејствува на влакното?
5.3.1 Препарати за бричење За бричење на брадата кај мажите се користат две различни постапки: сува и влажна. Суво бричење се изведува со апарати за бричење кои работат на сличен принцип како машинките за потстрижување. Влажното бричење се изведува со брич, на брада која претходно е омекната со сапунење. За олеснување на бричењето и за овозможување на попријатно бричење се употребуваат различни препарати. Тие се делат на: препарати за употреба пред бричење, препарати за бричење, препарати за употреба после бричење. Препаратите за употреба пред бричење се употребуваат при бричење на брадата со сува постапка односно со апарат за бричење. Се употребуваат со цел да ги одмастат и исправат влакната од брадата за да го олеснат нивното сечење со апаратот за бричење. Тие се алкохолни раствори со додаток на средства за зацврстување и лизгачки средства. Алкохолот кој се употребува за производство на овие препарати треба да биде концентриран, односно да не содржи вода, за да не дојде до набабрување на влакната. Препарати за бричење се употребуваат при влажно бричење на брадата. Овие препарати ги набабруваат и омекнуваат влакната и овозмозуваат нивно полесно сечење. Исто така, овозможуваат бричот да се лизга по кожата и го прават бричењето попријатно.
Различни препарати за бричење
132
Козметика и фризерство за I година
Препаратите за бричење може да бидат: сапуни за бричење, креми за бричење и пени за бричење. Сапуните за бричење се први препарати кои се употребувале за бричење. На лицето се нанесуваат со четка и образуваат обилна пена. Во денешно време не се употребуваат често, бидејќи постојат посовремени препарати. Кремите за бричење може да се нанесуваат со четка и без четка. Кремите кои се нанесуваат без четка се емулзии од типот масло-вода, односно не се сапуни. Не го омекнуваат влакното и затоа се нанесуваат на претходно измиено и влажно лице. Кремите кои се нанесуваат со четка уште се наречени пенливи креми. Тие претставуваат сапунски креми и претставуваат дисперзија на сапун во смеса од вода, глицерин, сорбитол и други суровини. Содржат и лизгачки средства, конзерванси, антисептик, парфем и др. Овие сапуни создаваат обилна пена, ја омекнуваат брадата и не ја иритираат кожата. Пените за бричење се препарати кои наоѓаат најширока примена во денешно време. Претставуваат посебен вид на сапуни за бричење и се слични на пенливите креми. Ефикасно ја навлажнуваат и омекнуваат брадата, формираат стабилна пена со густа конзистенција и се лесни за употреба. Се пакуваат како аеросоли. Препаратите за употреба после бричење се употребуваат со цел да ги отстранат повредите на кожата при бричењето, да спречат инфекција на кожата, да ја нормализираат киселоста на кожата, да ја замастат кожата итн. Во оваа група спаѓаат: лосиони, креми и пудри кои се употребуваат после бричење и препарати за запирање на крварењето.
Лосиони и крем за употреба после бричење
Лосионите кои се употребуваат после бричење се употребуваат со цел да ја спречат инфекцијата на кожата и да ја намалат иритацијата, да го намалат печењето, да ја неутрализираат алкалноста на кожата итн. Лосионите содржат разблажен етил алкохол и парфем со додаток на ментол, камфор, антисептик, киселини, адстригентни средства и др. Кремите кои се употребуваат после бричење ја заштитуваат кожата од надворешни влијанија. Имаат и емолиентно дејство. Пудрите кои се употребуваат после бричење имаат цел да го одземат вишокот влага од кожата и да го спречат чувството на топлина. Може да содржат и антисептици и адстригенси. Се произведуваат како пудри во прав и како компакт пудри.
133
Козметика и фризерство за I година
Препарати за запирање на крвавењето се употребуваат ако за време на бричењето дојде до повреда или пресекување на кожата. Се изработуваат од алуминиумова стипса со додаток на феросоли.
запомни
За бричење на брадата кај мажите се користат две различни постапки: сува и влажна. Препаратите за бричење се употребуваат со цел да го олеснат бричењето и да го направат попријатно. Тие се делат на: препарати за употреба пред бричење, препарати за бричење, препарати за употреба после бричење.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Какви постапки за бричење постојат? 2. Како се класифицирани препаратите за бричење? 3. Кои препарати се употребуваат при сува постапка за бричење и зошто? 4. Опиши ги кремите за бричење (состав и дејство)! 5. Зошто пените за бричење имаат најширока примена? 6. Кои препарати се употребуваат после бричење? 7. Со која цел се употребуваат препаратите после бричење?
5.3.2 Препарати за миење на косата Шампоните се основни препарати за миење на косата. Во минатото се употребувале и сапуните, но во денешно време нивната употреба е намалена. Шампоните припаѓаат во групата на препарати за лична хигиена. Секој квалитетен шампон треба да ги поседува следниве особини: добро да емулгираат, да ја омекнуваат водата за миење, да создаваат стабилна и обилна пена, во тврда и мека вода и во присуство на сапуни, да бидат приближно неутрални, не смеат да бидат токсични и штетно да дејствуваат на кожата, да имаат пријатен мирис, темелно ја отстрануваат маснотијата и нечистотијата од косата и кожата на главата. Косата после миење треба да е мека, сјајна и миризлива. Шампоните имаат сложен суровински состав. Како основна суровина содржат површинско активни материи. Покрај тоа шампоните содржат: конзерванси, рН регулатори, бои, мирисни материи, регенератори и др. Шампоните се произведуваат како течни и како крем шампони. 134
Козметика и фризерство за I година
Разни видови на шампони и нивна примена
Зависно од намената разликуваме повеќе видови на шампони како на пример: шампони со растителни екстракти, витаминско протеински шампони, специјални шампони и пудри за суво миење на косата. Покрај тоа се произведуваат и шампони за различни типови и квалитет на коса како на пример: шампони за нормална коса, за масна коса, за сува коса, за боена и белена коса, за оштетена коса и др. Шампоните со растителни екстракти се употребуваат за здрав и убав изглед на косата. Може да содржат екстракти од: коприва, бреза, камилица, костен, хмељ и друго. Екстрактите може да се употребат поединечно или во комбинација. Дејството на шампонот зависи од екстрактот кој го содржат. Овие шампони се употребуваат за различен квалитет на коса, како и за миење на здрава коса. Витаминските и протеинските шампони најчесто се употребуваат за миење на слаба и оштетена коса. Витаминските шампони најчесто се збогатени со витамини од групата В. Протеинските шампони се наменети за оштетена и порозна коса и содржат делумно хемиски разградени протеини, кои се растворливи во вода, па косата може да ги впие. Со ова се подобрува квалитетот на оштетената коса. Специјалните шампони се наменети за миење на заболена масна и сува коса, како и за отстранување на првут. Покрај другите додатоци содржат и бактерицидни и фунгицидни средства, што значи дека го спречуваат развојот на бактерии и габи. Пудрите за суво миење на косата се наменети за делумно отстранување на маснотијата и може да се употребат еднаш до два пати. После тоа потребно е косата да се измие со соодветен шампон. По повеќекратна употреба на косата се формира сивкаст талог, кој го отежнува чешлањето. Основна суровина на овие пудри е специјално преработен оризов скроб. Покрај тоа содржат и смеса од магнезиум карбонат, боракс, сулфур во прав и др. Пудрата ја впива маснотијата од косата, а се отстранува со четкање и триење со фротирска крпа. Овие препарати најчесто се пакуваат како аеросоли. Дејство на шампоните Веќе кажавме дека основна суровина во шампоните се површинско активните материи. Тоа се молекули составени од хидрофилен и хидрофобен (липофилен) дел. Хидрофилниот дел ги привлекува молекулите на водата, а хидрофобниот молекулите на маснотијата.
135
Козметика и фризерство за I година
Во тек на неколку дена после миење косата се замастува. Лојните жлезди лачат лој, а на влакното се прилепуваат нечистотија и прав од надворешната средина. Само со вода не може да се отстранат нечистотијата и маснотијата од влакното. За да го постигнеме тоа мора да се употреби шампон кој со хидрофобниот дел од молекулата на површинско активните материи го разбива слојот на маснотија на влакното. Така се формираат топчести творби од маснотија кои се обвиткани со шампон и лесно се одлепуваат од влакното бидејќи е намалена допирната површина. На ваков начин емулгираната маснотија лесно се отстранува од влакното, бидејќи хидрофилниот дел на молекулата на површинско активните материи е ориентиран кон водата и со плакнење лесно се отстранува заедно со маснотијата.
запомни Шампоните се основни препарати за миење на косата и се вбројуваат во препарати за лична хигиена. Шампоните темелно ја отстрануваат маснотијата и нечистотијата од косата и кожата на главата. Како основна суровина шампоните содржат површинско активни материи. Зависно од намената разликуваме повеќе видови на шампони како на пример: шампони со растителни екстракти, витаминско протеински шампони, специјални шампони и пудри за суво миење на косата. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. Кои се основни препарати за миење на косата? 2. Наведи го суровинскиот состав на шампоните! 3. Кој особини треба да ги има квалитетниот шампон? 4. Какви шампони разликуваме според намената? 5. Какви растителни екстракти се употребуваат како суровина за шампони? 6. Истражувај и откриј го дејството на некои растителни екстракти во шампоните! 7. Кога и за каква коса се употребуваат витаминските и протеинските шампони? 8. Која е намената и какво е дејството на специјалните шампони? 9. Објасни како пудрите за суво миење ја отстрануваат маснотијата од косата! 10. Објасни го дејството на шампоните! АКТИВНОСТИ Одбери 20 различни шампони и направи табела во која ќе ги класифицираш според намената и типот на коса. Користи податоци од интернет или истражувај од понудените препарати во трговијата. Од направената табела извлечи заклучок за карактеристичното дејство на одделни растителни екстракти, витамини и протеини, во состав на шампоните.
136
Козметика и фризерство за I година
5.3.3 Препарати за нега на косата Препаратите за нега и регенерација на косата се употребуваат со цел косата да ја одржат здрава, да и' дадат сјај, да овозможат лесно чешлање и обликување на косата. Здравата коса има висок сјај бидејќи кутикулите од обвивката се затворени и влакното силно ја одбива светлината. Исто така, затворените кутикули овозможуваат косата лесно да се чешла и да не се заплеткува. Кај оштетената коса пак влакното е со отворени кутикули, нема сјај (ја впива светлината, место да ја одбива), тешко се чешла, лесно се електризира. Со правилна и редовна употреба на препаратите за нега сите овие појави треба да се спречат или да се намалат. Во препарати за нега на косата спаѓаат: води за коса (лосиони за коса), препарати за регенерација на косата и препарати за сјај на косата. Водите (лосионите) за коса се употребуваат со цел да се зајакне коренот на влакното и да се овозможи нега за кожата на главата. Тие со своето дејствување: спречуваат опаѓање на косата, го регулираат лачењето на лојните жлезди, ја подобруваат циркулацијата на крвта во кожата на главата, а со тоа и исхраната на влакното, помагаат во отстранување на првутот и др. Дејството кое го имаат е директно поврзано со суровинскиот состав.
Лосион за коса со растителни екстракти
Лосионите за коса се изработуваат како алкохолни раствори на: растителни екстракти, витамини, органски врзан сулфур, антисептици, дезинфициенси, хранливи материи, бои, мириси и други суровини. Поефикасно дејствуваат ако при нанесувањето се примени масажа на кожата на главата. Препарати за регенерација на косата се употребуваат после миење и имаат превентивно и лековито дејство, односно го спречуваат оштетувањето на косата и позитивно дејствуваат за обновување на оштетената коса. Овие препарати се кисели (рН<7) и ги неутрализираат алкалиите кои на косата може да заостанат после миење со обичен шампон, боење, белење и ладна трајна ондулација. Со тоа се спречува штетното дејство врз влакното и хемиското оштетување на косата. Исто така, препаратите заради киселоста ја затвараат кутикулата на влакното и косата лесно се чешла и е сјајна. 137
Козметика и фризерство за I година
Препаратите за регенерација може да се произведат како балсам-регенератори кои се емулзии од типот масло-вода и како регенеративни креми, односно маски и пакувања за коса. Вторите се употребуваат за многу оштетена коса и имаат појако регенеративно дејство од обичните регенератори. Може да содржат лецитин, ланолин и холестерол. Со примена на мала количина на крем се постигнува позитивен ефект врз косата. Ефектот понекогаш се зголемува со примена на топлина (пакување). Препарати за сјај на косата се употребуваат претежно за природно сува коса без сјај. Порано се употребувал брилјантинот и различни масла, кои давале сјај, но ја замастувале косата. Во денешно време се употребуваат специјални креми кои не ја замастуваат косата. Покрај тоа што даваат висок сјај, современите креми го намалуваат статичкиот електрицитет на влакната. Кремите за сјај содржат маснотии како на пример лецитин и холестерол, кои се емулгирани. Содржат и антистатици и други суровини. Постојат суви и масни креми за сјај. После нивна употреба косата е сјајна, мека, лесно се чешла и обликува. Покрај креми се употребуваат и масла за коса кои може да бидат природни и синтетички.
запомни
Препаратите за нега и регенерација на косата се употребуваат со цел косата да ја одржат здрава, да и' дадат сјај, да овозможат лесно чешлање и обликување на косата. Во препарати за нега на косата спаѓаат: води за коса (лосиони за коса), препарати за регенерација на косата и препарати за сјај на косата. Водите (лосионите) за коса се употребуваат со цел да се зајакне коренот на влакното и да се овозможи нега за кожата на главата. Препарати за регенерација на косата се употребуваат после миење и имаат превентивно и лековито дејство. Препарати за сјај на косата се употребуваат претежно за природно сува коса без сјај. ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Со каква цел се употребуваат препаратите за нега на косата? Наброј ги различните видови на препарати за нега на коса! Објасни ги поимите здрава и оштетена коса! Каков е суровинскиот состав на препаратите за коса? Објасни го дејството на регенараторите за коса! Кога и за каква коса се употребуваат препаратите за сјај? Спореди ги препаратите за сјај кои се употребувале порано со современите! 8. Истражувај и извлечи заклучок, дали постојат регенератори за различни типови на коса! 138
Козметика и фризерство за I година
5.3.4 Препарати за зацврстување и обликување на косата Препаратите за зацврстување на косата се употребуваат со цел да се олесни обликувањето на косата и фризурата да трае подолго. Се нанесуваат на миена коса, пред обликување или на веќе обликувана фризура. За да се разбере нивното дејство треба да се знае дека овие препарати го намалуваат статичкиот електрицитет на влакната. Со тоа косата станува „послушна“ и лесно се обликува. Препаратите за зацврстување образуваат заштитен филм околу влакното и го спречуваат впивањето на влага. На тој начин се зголемува трајноста на фризурата. Препаратите за зацврстување може да се поделат во две групи. Во едната група припаѓаат препарати кои се нанесуваат пред обликување на косата со фенирање или со водена ондулација. Наречени се зацврстувачи (фиксативи). Во втората група припаѓаат препарати кои се нанесуваат на веќе обликувана фризура, како на пример лаковите за коса. Зацврстувачите за коса се произведуваат како гелови, пени и течности за обликување. Како основна суровина содржат поливинил пиролидон или соединенија слични на него. Овие суровини се синтетички. Како додатни материи содржат: алкохол, вода, мирисни материи, бои и др.
Препарати за зацврстување на косата
Зацврстувачите се нанесуваат на измиена и избришана коса. Така нанесени и рамномерно распоредени, на влакното образуваат филм кој овозможува лесно обликување и трајност на фризурата. На косата и' даваат сјај, не ја мастат и не ја залепуваат. Лесно се отстрануваат со миење, а делумно и со чешлање. Постојат и обоени зацврстувачи кои истовремено ја нијансираат косата. Ефектот на колор зацврстувачите зависи од бојата на косата на која се нанесуваат. Најдобро се забележуваат на светла коса. Кај потемна коса даваат висок сјај и обоеност со послаб интензитет. Лаковите за коса се нанесуваат со распрскување на веќе обликувана фризура. Како основна суровина содржат поливинил пиролидон. Како растворувачи може да содржат етил или изопропил алкохол. Во улога на додатни суровини се јавуваат: мирисни материи, бои и др.
139
Козметика и фризерство за I година
Лаковите за коса мора да ги имаат следниве особини: да создаваат филм на косата кој добро зацврстува, не е кршлив и не ги слепува влакната. Лаковите лесно се отстрануваат со чешлање и миење на косата. Може да бидат обоени и тогаш истовремено се препарати за нијансирање на косата.
Лак за коса (нанесување)
Лаковите за коса се произведуваат во облик на течности, а се пакуваат како аеросоли.
запомни
Препаратите за зацврстување на косата се употребуваат со цел да се олесни обликувањето на косата и фризурата да трае подолго. Дејството е засновано врз нивната способност да образуваат заштитен филм на површината на влакното и да го намалуваат статичкиот електрицитет на косата. Се нанесуваат на чиста коса и не се плакнат. Може да се нанесат пред обликување (гел, пена, течност) или на веќе обликувана фризура (лакови за коса). ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Наброј некои видови на препарати за зацврстување на косата! Со каква цел се употребуваат препаратите за зацврстување? Класифицирај ги препаратите за зацврстување! Какво е дејството на препаратите за зацврстување? Кои суровини влегуваат во состав на зацврстувачите? Кои суровини влегуваат во состав на лаковите за коса? Кои препарати за зацврстување може да се употребат и за нијансирање на косата? 140
Козметика и фризерство за I година
5.3.5 Препарати за ладна трајна ондулација Ладна трајна ондулација е постапка за добивање на коса со кадрава форма. Во тек на оваа постапка доаѓа до хемиски промени во структурата на влакното. Затоа промената на формата е трајна (неколку месеци), односно не се губи после првото миење како кај водена ондулација. Хемиските промени во структурата на влакното настануваат под дејство на препаратите кои се употребуваат при изработка на ладна трајна ондулација. Тоа се два препарата кои во суштина имаат различно односно споротивно дејство врз влакното. Препаратот кој прв се употребува е наречен развивач, а вториот фиксир. Успехот во изработка на ладна трајна ондулација не зависи само од квалитетот на препаратите туку и во голема мера од стручната оспособеност на фризерот. Развивачот е препарат кој е достапен во повеќе видови зависно од квалитетот и структурата на косата за која се употребува. Постои развивач за здрава и јака коса, за боена и белена коса, за оштетена коса итн. Изборот на соодветен вид на овој препарат е многу значаен. Ако не се употребат правилно овие препарати може да бидат многу агресивни за косата и кожата на главата. Со нестручна употреба може да се предизвика кршење и кинење на косата. Особено внимание се посветува на хемиски третирана (боена и белена) и на оштетена коса. Составот на развивачот е: тиогликолна киселина, амониум хидроксид, амонијак, вода и заштитни материи. Од тиогликолната киселина и амониум хидроксидот се добива амониум тиогликолат кој е основна активна компонента на развивачот. Во развивачот постои и слободен амонијак и од него потекнува алкалноста на препаратот, односно рН = 8-10. Дејството на развивачот е редукционо. Тој ги уништува хемиските врски во молекулата на кератинот од влакното. Како резултат на ова влакното станува меко, млитаво и безживотно. Ја губи еластичноста, лесно може да се обликува и лесно прима нови форми.
Дејство на развивачот врз кератинот од влакното (Развивачот ги кине на дисулфидните мостови во молекулата на кератинот, влакното станува млитаво, меко и лесно прима други форми. Дејството е редукционо)
141
Козметика и фризерство за I година
Фиксирот се употребува после завршената редукција од страна на развивачот. Неговото дејство се состои во воспоставување на скинатите хемиски врски во молекулата на кератинот во влакното. Како резултат на ова влакното повторно е цврсто и еластично и може да ја задржи новата форма. Дејството на фиксирот е оксидационо.
Дејство на фиксирот врз кератинот на влакното (Фиксирот ги воспоставува новите дисулфидни мостови, влакното е повторно цврсто и еластично, но е фиксирано во нова форма. Дејството е оксидационо)
Составот на фиксирот е: оксидационо средство (пр.водороден пероксид), слаби киселини (пр.винска, оцетна, лимонска), пенливи супстанции, препарати за нега на косата, вода и др. Фиксирот е кисел препарат и неговата рН = 3-4. Мора да се истакне дека во пракса фиксирот често се нарекува неутрализатор, бидејќи ја неутрализира алкалноста на развивачот, но неговото основно дејство е да ја фиксира косата (влакното) во новата форма. За неутрализација на развивачот може да се употреби и вода, слаби раствори на киселини и др. Но, овие средства не би овозможиле фиксирање на косата и задржување на новата кадрава форма.
запомни Ладна трајна ондулација е постапка со која се добива нова (кадрава) форма на влакното. Во структурата на влакното настануваат хемиски промени и затоа новата форма трае неколку месеци. Препарати за ладна трајна ондулација се: развивач и фиксир. Тоа се два препарата кои во суштина имаат различно односно споротивно дејство врз влакното. Развивачот е алкален препарат и неговото дејство е редукционо. Фиксирот е кисел препарат и неговото дејство е оксидационо. Развивачот и фиксирот мора да се изберат соодветно според квалитетот на косата.
142
Козметика и фризерство за I година
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Со каква цел се изработува ладна трајна ондулација? Каква е промената во влакното при изработка на ладна трајна ондулација? Кои се препарати за ладна трајна ондулација? Каков е составот на развивачот? Објасни го дејството на развивачот! Кои супстанции влегуваат во состав на фиксирот? Објасни го дејството на фиксирот! Зошто не е правилно фиксирот да го наречеме неутрализатор?
5.3.6 Препарати за боење на косата Совреманата козметичка индуструја произведува препарати за боење на косата со различен состав и дејство. Овие препарати се употребуваат со цел да се промени бојата на косата, да се обои обелената коса или да се освежи бојата на косата. Зависно од намената и дејството препаратите за боење може да бидат: препарати за нијансирање, препарати за привремено боење и препарати за трајно боење. Препаратите за нијансирање на косата се готови бои, односно за нивно развивање не е потребно никакво средство (како на пр. хидроген). Овие бои образуваат обоен филм на површината на влакното и не се врзуваат хемиски за него. Затоа обоеноста трае само до првото миење, односно препаратите лесно се измиваат со вообичаена постапка за миење. Препаратите за нијансирање се употребуваат за освежување на бојата на косата. Позабележителен ефект имаат кај светла коса. За нијансирање се употребуваат обоените препарати за зацвстување на косата и може да се во облик на течности, пени или лакови за коса. Постојат и специјални препарати кои се употребуваат за боење на трепки и веѓи, како и за сценска шминка. Препаратите за привремено боење на косата овозможуваат обоеност на косата за извесен период (5-6 миења). Со секое миење интензитетот на обоеноста опаѓа. Трајноста зависи од видот на препаратот односно од начинот на поврзувањето со влакното. Во принцип овие препарати не се врзуваат цврсто со кератинот од влакното, односно се задржуваат (поврзуваат) само на површинскиот слој од влакното. Во оваа група на препарати спаѓаат колор-шампоните. Тие содржат бои растворени во површинско активни материи. Овие препарати добро ја бојат косата и истовремено ја отстрануваат маснотијата и нечистотијата од косата и кожата на главата. 143
Козметика и фризерство за I година
Постојат современи препарати во вид на течности, пени и емулзии за привремено боење, кои не содржат амонијак и хидроген. Овие препарати се ефикасни и не ја оштетуваат косата, па се погодни и за почеста употреба. Препаратите за трајно боење на косата ја бојат косата за подолг временски период. Може да бидат: растителни, метални и синтетички бои за коса. Растителните бои за коса се добиваат од различни делови на растенијата. Најчесто се употребуваат: к'на, камилица, индиго, екстракт од орев и др. К'ната е растителна боја која се добива од листовите коренот на растението Lawsonia alba. Претставува зеленкаст прашак добиен со мелење на растителните делови. Содржи соединенија кои имаат афинитет за врзување со кератинот од влакното и со тоа настанува боја. Косата се обојува во црвени тонови со различен интензитет зависно од природната боја на косата.
К'на (растителна боја за коса)
Коса боена повеќепати со к'на
Растителните бои не се отровни и не предизвикуваат алергии, но нивен недостаток е што по долготрајна употреба даваат боја на косата која не делува природно. Така на пример, по долга употреба на к'ната, косата може да добие боја на морков. Металните бои за коса во денешно време немаат големо значење и не се употребуваат, бидејќи се штетни за косата. Уште позначајно е дека овие бои се отровни и опасни за човековиот организам во целост, а не само за косата. Затоа нивната употреба во фризерството во многу земји е забранета со закон. Синтетичките бои за коса се препарати за трајно боење со најголема моќ за обојување и за покривање на седи влакна. Овие бои се наречени и катрански, бидејќи голем дел од нив се добиваат од органски соединенија одделени при преработка на катранот од камен јаглен. Синтетичките бои за коса може да бидат во облик на креми и течности. Овие креми или течности кои најчесто ги нарекуваме бои, не се вистински бои. Тие се всушност база (основа) за боја во облик на крем или течност. За да преминат во вистински бои треба да оксидираат, а тоа се случува под дејство на кислородот кој се ослободува од хидрогенот при мешање со бојата. Хидрогенот има улога на развивач на синтетичките бои. Бидејќи мора да оксидираат за да добијат способност да бојат, синтетичките бои за коса се наречени и оксидациони бои за коса.
144
Козметика и фризерство за I година
Различни видови на оксидациони бои за коса
Синтетичките бои за коса содржат: основна компонента-носител на бојата, модификатор и стабилизатор. Покрај тоа содржат и амонијак, мирисни материи и др. Основна компонента може да бидат различни синтетички пигменти со органско потекло. Овие соединенија се со мали молекули кои во присуство на кислород оксидираат и преминуваат во големи молекули на вистински органски бои. Модификаторите не се бои и се употребуваат со цел да го променат тонот на бојата. Притоа не го менуваат нејзиниот хемиски карактер. Стабилизаторите имаат улога да ја чуваат бојата од предвремена оксидација. Амонијакот за изработка на козметички препарати се употребува во вид на 25% раствор (амониум хидроксид). Во боите за коса тој има двојно дејство. Од една страна ја отвара кутикулата на влакното и овозможува навлегување на пигментот во косата, а од друга страна врши разложување на молекулите на хидрогенот и овозможува оксидација на пигментот од бојата. Заради присуството на амониум хидроксид оксидационите бои се алкални и нивната рН вредност се движи од 9 до 11. Мирисните материи во препаратот го ублажуваат карактеристичниот мирис на амонијакот, но не можат потполно да го покријат. Од претходно изнесеното може да се заклучи дека синтетичките бои за коса предизвикуваат хемиска промена во влакното. Под нивно дејство се отвара кутикулата и пигментот во вид на мала молекула навлегува во внатрешноста на влакното, односно во фибрилниот пласт. Таму под дејство на кислородот од хидрогенот оксидира и преминува во голема молекула на вистинска боја, која сега не може да излезе од влакното и тоа се пребојува. За пигментот да оксидира во влакното, потребно е подготовката на бојата да се врши непосредно пред употреба. Синтетичките бои во денешно време имаат најширока примена од сите препарати за боење на косата. Тие на косата и' даваат природен сјај и овозможуваат боење на косата во најразлични бои и нијанси.
145
Козметика и фризерство за I година
запомни Препаратите за боење на косата се употребуваат со цел да се промени бојата на косата, да се обои обелената коса или да се освежи бојата на косата. Зависно од намената и дејството препаратите за боење може да бидат: препарати за нијансирање, препарати за привремено боење и препарати за трајно боење. Препаратите за нијансирање го бојат влакното само надворешно и се отстрануваат со миење. Препаратите за привремено боење се задржуваат извесно време на површината на влакното. Препаратите за трајно боење предизвикуваат хемиска промена во влакното и обоеноста на косата е трајна.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Како се поделени препаратите за боење на косата? Кои се препарати за нијансирање на косата? Како дејствуваат препаратите за нијансирање на косата врз влакното? Кои се препарати за привремено боење на косата? Како дејствуваат препаратите за привремено боење врз влакното? Какви сè бои за трајно боење на косата постојат? Зошто синтетичките бои за коса се нарекуваат и оксидациони? Како дејствуваат оксидационите бои врз влакното и на кој начин го пребојуваат? 9. Претпостави што ќе се случи ако синтетичката боја за коса ја помешаме со хидроген еден час пред нанесувањето на косата!
5.3.7 Препарати за белење на косата Препаратите за белење на косата се употребуваат со цел косата да се осветли или обезбои. Овие препарати го разлагаат пигментот од косата, односно предизвикуваат хемиска промена во структурата на влакното, па затоа ефектот е траен. Препаратите за белење се оксидациони средства. Тие се алкални препарати и делуваат во внатрешноста на влакното. Препаратите за белење се направени од оксидациони средства, како на пр. амониум-пероксосулфат и калиум-пероксосулфат со додаток на амониумови соли. Од амониум-пероксосулфатот се развива амонијак, кој ја дава алкалноста на препаратот. 146
Козметика и фризерство за I година
Пред употреба се мешаат со хидроген и се добиваат јаки оксидациони средства со голема моќ на избелување на природни и синтетички пигменти. Зависно од степенот на избелување кој е потребен и од квалитетот на косата, препаратите за белење се мешаат со 3, 6 и 9% хидроген. Кај некои препарати можна е употреба на поконцентриран хидроген (водороден пероксид). Со цел да се заштити косата од несакани последици, потребно е препаратите за белење добро да се проучат и да се почитува упатството за работа. Се сретнуваат во различни облици: прашоци, течности, креми. Различните облици на препарати имаат различна моќ на избелување на косата. Прашоците за белење се наречени бланшеви. Се произведуваат во вид на прашок или гел. Гел-прашоците се поквалитетени и полесни за употреба. Бланшевите во својот состав имаат мал процент на заштитни супстанции и затоа имаат голема моќ на избелување. Се употребуваат за белење на јака и здрава коса.
Различни видови на препарати за белење на косата
Течностите за белење може да бидат во облик на масла или гелови, а кремите за белење претставуваат емулзии. Течностите и кремите за белење содржат масни заштитни супстанции, кои го спречуваат оштетувањето на косата и кожата на главата. Присуството на овие супстанции им ја намалува на препаратите моќта за избелување во однос на прашоците. Предност е што кремите и течностите може да се употребуваат и за слаба и оштетена коса.
Препарат за белење (бланш) измешан со хидроген
147
Козметика и фризерство за I година
Сите видови препарати за белење пред употреба се мешаат со хидроген со различна концентрација.
запомни
Препаратите за белење на косата се употребуваат со цел косата да се осветли или обезбои. Тие се алкални препарати и дејствуваат во внатрешноста на влакното. Промената во влакното е хемиска. Препаратите за белење се произведуваат во различни облици: прашоци, течности, креми. Различните облици на препарати имаат различна моќ на избелување на косата. Прашоците за белење се наречени бланшеви. Имаат голема моќ на избелување. Се употребуваат за белење на јака и здрава коса. Течностите и кремите имаат помала моќ на избелување, но содржат заштитни супстанции и може да се употребуваат за слаба и оштетена коса. Пред употреба препаратите за белење се раствараат со хидроген со различна концентрација.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4.
Со која цел се употребуваат препаратите за белење на косата? Каква промена во влакното предизвикуваат препаратите за белење? Кога се употребуваат прашоци, а кога креми и течности за белење? Објасни го составот и улогата на различните суровини во препаратите за белење!
5.3.8 Водороден пероксид (хидроген) Водородниот пероксид е една од најзначајните хемикалии кои се употребуваат во фризерството. Тој е оксидативно средство и се употребува за развивање на синтетичкиот пигмент кај синтетичките бои за коса и за оксидација (осветлување) на бојата на косата. Влегува и во состав на фиксирот за ладна трајна ондулација. Според хемискиот состав е соединение од два атома на водород и два атома на кислород. Неговата емпириска формула е Н2О2. Структурната формула може да се прикаже на следниов начин: Н-О-О-Н. 148
Козметика и фризерство за I година
Структура на водороден пероксид
Јасно се гледа дека атомите на кислород се непосредно поврзани меѓу себе. Оваа врска не е јака и затоа молекулата е нестабилна. Чистиот водороден пероксид се распаѓа на молекула на вода и атом на кислород. Од атомарниот кислород кој лесно се испушта, потекнуваат особините на водородниот пероксид да бели, оксидира и дезинфицира. Н2О2 = Н2О + Оˉ ˉ Заради овие негови особини водородниот пероксид наоѓа широка примена и во медицината, козметиката, прехранбената индустрија, текстилната индустрија итн. Најчесто се употребува како раствор со соодветна концентрација, на која треба многу да се внимава. Водородниот пероксид е слаба киселина (рН=6). Кислородот од водородниот пероксид полесно се ослободува ако неговата концентрација е поголема или во присуство на алкални средства. Разложувањето на молекулата на водороден пероксид е забрзано и под дејство на светлина и топлина. Ако во водородниот пероксид се додадат мали количини на слаби киселини, тој се стабилизира, односно се спречува неговото спонтано разложување, особено заради топлина и светлина. Стабилизираниот водороден пероксид се вика хидроген. Најчесто се произведува во облик на течност, но постои и во облик на таблети. Се чува на суво и ладно место. Во фризерското занимање се употребува како раствор со концентрација од 3%, 6%, 9% и понекогаш 12%. Ако се наоѓа во поголеми концентрации, пред употреба треба да се разреди. За современиот фризер е значајно да знае правилно да подготви раствор на хидроген со соодветна концентрација, односно да знае правилно да ги разреди растворите со повисока концентрација. Затоа секој фризер треба да има солидни познавања од областа на хемијата.
149
Козметика и фризерство за I година
запомни
Водородниот пероксид е една од најзначајните хемикалии кои се употребуваат во фризерството. Чистиот водороден пероксид се распаѓа на молекула на вода и атом на кислород. Од атомарниот кислород кој лесно се испушта, потекнуваат особините на водородниот пероксид да бели, оксидира и дезинфицира. Стабилизираниот водороден пероксид се вика хидроген. Водородниот перосид се стабилизира со додавање на мали количини на слаби киселини. Во фризерското занимање хидрогенот се употребува како раствор со концентрација од 3%, 6%, 9% и понекогаш 12%. Ако се наоѓа во поголеми концентрации, хидрогенот пред употреба треба да се разреди.
ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ
1. 2. 3. 4. 5.
Какво соединение е водородниот пероксид? Кои фактори влијаат врз стаболноста на водородниот пероксид? Како се стабилизира водородниот пероксид? Во што се состои разликата меѓу водороден пероксид и хидроген? Искористи го своето познавање од хемијата и пресметај! а) Колку ml 30% хидроген и колку ml вода е потребно за да се добие 100ml 9% хидроген? б) Колку ml 12% хидроген и колку ml вода е потребно за да се добие 50ml 3% хидроген? в) Колку ml 30% хидроген и колку ml вода е потребно за да се добие 75ml 6% хидроген?
150
Козметика и фризерство за I година
5.4. ОСНОВИ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ФРИЗЕРСКОТО РАБОТЕЊЕ Во тек на својата работа фризерот извршува различни работни задачи поврзани со нега и естетско обликување на косата. Покрај ова фризерите за мажи извршуваат и работни задачи како што се бричење на брадата и обликување на брадата и мустаќите. Во ова поглавје ќе се запознаеме со техниките на работа кои се користат во следниве постапки:
одредување на квалитетот на косата; миење на косата; нега и регенерација на косата; потстрижување на косата; водена ондулација и фенирање; ладна трајна ондулација; боење на косата: белење на косата; бричење и обликување на брадата и мустаќите.
5.4.1 Одредување на квалитетот на косата Одредувањето на квалитетот на косата е почеток на секоја фризерска постапка. Фризерот терба да ја процени состојбата на косата и кожата на главата, а потоа да преземе чекори за нега и обработка на косата. Квалитетот на косата се одредува со цел правилно да се изберат препаратите за нега и естетско обликување на косата. Ова е многу значајно бидејќи секоја коса различно реагира со препаратите. Само правилно избраните препарати даваат позитивни и очекувани резултати. Состојбата на косата (влакната) зависи од дебелината на влакната и од типот на косата односно од лачењето на лојните жлезди. Зависно од дебелината влакната може да бидат: тенки, среднодебели и дебели. Согласно дебелината влакната имаат различна јачина. Дебелината и јачината на влакната влијаат врз афинитетот на косата кон ондулација, боење и белење. Така на пример дебелата коса побавно реагира со препаратите за ладна трајна ондулација и потешко се витка, но навитканоста подолго трае. Исто така, може да се бои и бели со појаки оксидациони средства без притоа да се оштети. За разлика од неа, тенката коса брзо реагира со препаратите за ладна трајна ондулација и полесно се витка, но навитканоста трае пократко. Кај тенката коса не смее да се употребуваат јаки оксидациони средства за боење и белење. Зависно од функцијата на лојните жлезди косата може да биде: нормална, сува и мрсна. 151
Козметика и фризерство за I година
Нормалната коса е сјајна, лесно се чешла и обработува, не е ни сува ни многу мрсна. Сувата коса е последица на недоволно лачење на лојните жлезди. Косата лесно се електризира, нема изразен сјај и е кршлива. Многу е хигроскопична, па не може да го задржи зададениот облик и брзо ги впива препаратите за ладна трајна ондулација, боење и белење. Сè ова е последица од недоволното количество на излачен лој. Причина за појава на сува коса може да биде и нестручната употреба на препарати за боење и белење на косата. Мрсната коса е последица на прекумерно лачење на лојните жлезди. Ден или два после миењето е повторно мрсна. Оваа коса има слаб афинитет кон препаратите за ладна трајна ондулација, боење и белење. Причина за тоа е филмот од маснотија кој е присутен околу влакното и го отежнува продирањето на препаратите. Најчесто е потребно тие подолго да дејствуваат за да се постигнат задоволителни резултати. Мрсната коса тешко ја задржува и кадравоста, односно побрзо го губи обликот. Покрај вообичаените типови на коса и нивните особини потребно е да се познава и хемиски третираната коса, бидејќи бара посебна нега и заштита. Тоа е коса врз која се применети препаратите за боење, белење и ладна трајна ондулација. Промените кај оваа коса настанале заради хемиското дејство на препаратите во внатрешноста на влакното. Осетлива е кон понатамошни хемиски третирања и потребна е голема претпазливост при работа со оваа коса. Состојбата на кожата на главата мора да се провери при одредување на квалитетот на косата. Се проверува дали кожата е нормална, сува или мрсна. Исто така, треба да се забележи дали има првут или други промени. Квалитетот на косата се одредува визуелно (со набљудување) и со допир. Визуелно односно со наблудување ја проценуваме бојата и сјајот на косата. Ако косата има мат изглед (без сјај), тогаш станува збор за оштетена коса, односно кутикула. Оваа коса е отворена и не ја одбива светлината. Кај боената и белената коса се забележува разлика во обоеноста на прамените, а кај косата со остатоци од ладна трајна ондулација разлика во кадравоста на врвовите и кон коренот на влакното. Со допир може да се утврди дали косата е сува или мрсна. Сувата коса реагира побрзо со препаратите од мрсната коса. Квалитетот на косата најдобро се оценува кога косата е водена. Ова особено важи за белената коса која во водена состојба се растегнува како гума, а на краевите е распукана. Проблематична коса е онаа коса чиј квалитет најтешко се проценува. Таа наизглед е здрава. Покрај правилно избраните препарати и стручноста при работата може да се добијат лоши резултати при естетското обликување и декорацијата. Причина е тоа што состојбата на косата е поврзана со промените во човековиот организам. Понегогаш истоштеноста, земањето некои лекови, различни болести, бременоста, менструалниот циклус и др. може да го променат афинитетот на косата кон препаратите. Со исчезнување на овие фактори косата се враќа во нормална состојба. За успешна работа пожелно е фризерите да водат картотека на странки. Во картонот за секоја странка се внесуваат сите податоци за квалитетот на косата и начинот на кој реагира со различните препарати. Ова овозможува добивање на позитивни резултати и нивно подобрување, како и избегнување грешки и нивно повторување. 152
Козметика и фризерство за I година
Избор на препарати и начини на нега кај различни типови коса Негата на косата е правилна и целосна само ако е соодветна на квалитетот на косата. За поголема прегледност ќе дадеме табеларен приказ за негата на неколку типови на коса. Табела: избор на препарати и начини на нега зависно од типот на косата
Тип на коса
Причина за недостаток
Начин на нега Препорачлива е употреба на шампони и регенератори кои ќе ја одржат влажноста и виталноста на косата. На препаратите е нагласено дека се наменети за нормална коса.
Нормална коса-има сјај, делува здраво и привлечно, лесно се чешла и обработува
Се препорачува употреба на шампони и регенератори кои - честа употреба на јаки содржат хранливи и шампони; Сува коса-нема сјај, тешко се навлажнувачки материи. - неправилна употреба на чешла и се заплеткува. препарати за боење, белење Посебно внимание и заштита Влакната забележително се и ладна трајна ондулација; е потребна при хемиско истенчени кон краевите. - честа употреба на преси и третирање. Се препорачуваат и препарати кои го неправилно сушење... олеснуваат чешлањето. Мрсна коса- има сјаен изглед кој потекнува од маснотијата. Брзо после миење се замастува. Бавно реагира со препаратите.
Комбинирана коса- масна е во основата, а сува и оштетена на краевите кои може да се и распукани
Хемиски третирана косавлакното е порозно (шупликаво)
- прекумерно лачење на лојните жлезди како последица на хормонални нарушувања, стрес, могу чешлање и допирање, неправилна исхрана и др. - често боење и белење; - UV зраци; - сушење со многу топол воздух
- прекумерна и неправилна употреба на препарати за боење, белење и ладна трајна ондулација
153
Се препорачува употреба на шампони и регенератори наменети за масна коса, односно за нормализирање на функцијата на лојните жлезди. Предвид доаѓаат и различни лосиони за коса со соодветно дејство. Се препорачува употреба на шампони и регенератори за волумен, а на краевите препарати за сјај и серуми со витамини и протеини. Се препорачува употреба на шампони и регенератори за боена и белена коса кои содржат хранливи материи за дополнување и обновување на структурата на влакното.
Козметика и фризерство за I година
ЗАДАЧА
Истражувај и дополни ја горе понудената табела!
запомни Квалитетот на косата се одредува со цел правилно да се избератпрепаратите за нега и естетско обликување на косата. За правилно одредување на квалитетот треба да се процени состојбата на косата и состојбата на кожата на главата. Состојбата на косата (влакната) зависи од дебелината на влакната и од типот на косата односно од лачењето на лојните жлезди. Зависно од дебелината влакната може да бидат: тенки, среднодебели и дебели. Зависно од функцијата на лојните жлезди косата може да биде: нормална, сува и мрсна. Квалитетот на косата се одредува на два начина: визуелно и со допир.
ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5.
Со каква цел се одредува квалитетот на косата? Што треба да се увиди за правилно да се процени квалитетот на косата? Какви особини има косата со дебели и јаки влакна? Како тенката коса реагира со препаратите? Наброј какви видови на коса постојат според активноста на лојните жлезди! 6. Претпостави ја реакцијата на коса со дебели влакна од масен тип со препаратите! 7. Претпостави ја реакцијата на коса со тенки влакна од сув тип со препаратите! 8. За која коса велиме дека е хемиски третирана и како таа реагира со фризерските препарати? 9. Објасни го поимот проблематична коса! 10. Направи избор на препарати за миење и нега на комбинирана коса!
154
Козметика и фризерство за I година
5.4.2 МИЕЊЕ НА КОСАТА Миењето на косата е една од најзначајните фризерски операции. Косата се мие со цел да се ослободи од нечистотијата и маснотијата која секојдневно се таложи на влакната. За успешно миење, здрав и убав изглед на косата не е доволно само да се измие косата со шампон. Потребно е шампонот внимателно да се одбере и да е прилагоден според квалитетот на косата. Добриот фризер мора да знае дека придобивка од правилното миење не е само чиста коса, туку кај странката треба да предизвика и пријатно чувство на опуштање. Потребна опрема, прибор и материјал за работа при миење на косата се: када за миење со специјално обликуван леѓен, чија положба се регулира зависно од висината и положбата на странката; довод на чиста, топла и ладна вода и одвод за нечиста вода; чисти крпи; чешел или четка; соодветен шампон.
Кади за миење коса со специјално обликуван леѓен
Постапката за миење на косата се состои од следниве чекори: заштита на облеката на странката, расчешлување на косата, предмиење (прво шампонирање) и миење. За заштита на облеката треба да се одбере доволно голема чиста крпа која ќе ги покрие рамената и грбот на странката. Расчешлувањето на косата се врши со цел влакната да се расплеткаат и косата да се ослободи од грубите механички нечистотии и остатоците од лак и гел. За натопување на косата се употребува вода со температура околу 37°С, што се постигнува со мешање на топла и ладна вода. Фризерот мора да ја провери температурата на водата со насочување на млазот на внатрешниот дел на подлактицата, на зглобот на дланката. Со првото шампонирање се нанесува мала количина на шампон на натопената коса. Шампонот прво се размачкува на дланките, а потоа се нанесува на косата. Косата се трие со раширени прсти, од задниот дел на главата кон челото и слепоочниците. Се забележува дека во оваа фаза не се создава обилна пена, но косата се ослободува од нечистотијата. Предмиењето завршува со плакнење на косата со топла вода. 155
Козметика и фризерство за I година
Постапка за миење на косата
Второто шампонирање (главно миење) се иведува на сличен начин како и првото. Количината на употребениот шампон не треба да е повеќе од неопходната и повторно се размачкува меѓу дланките, а потоа се нанесува на косата. Со прстите лесно се масира при што се добива пена. Се почнува од задниот дел на главата и се масира со јагодиците на прстите со кружни движења. При масажата се врши благ притисок на кожата, а со кружните движења се подобрува циркулацијата на крвта. На тој начин кожата темелно се чисти од првут, пот и маснотија. Масажата постепено се пренесува на целата површина на главата. Особено пријатно чувство дава масажата на слепоочниците. После второто шампонирање косата треба темелно да се исплакне. Се плакне додека не се почуствува „чкрипење“ под прстите. Тогаш е сигурно дека нема остатоци од шампон на косата. По плакнењето водата се исцедува со притискање меѓу рацете и се брише со крпа. При тоа не смее силно да се трие, за да не се оштети косата механички.
запомни Косата се мие со цел да се ослободи од нечистотијата и маснотијата која секојдневно се таложи на влакната. Постапката за миење на косата се состои од следниве чекори: заштита на облеката на странката, расчешлување на косата, предмиење (прво шампонирање) и миење. ПРАШАЊА 1. 2. 3. 4. 5.
Со каква цел се мие косата? Колку е значаен изборот на шампонот и како се врши? Што е потребно од опрема, прибор и материјал за миење на косата? Од кои фази се состои миењето? Опиши ја постапката за миење на косата!
156
Козметика и фризерство за I година
5.4.3 Нега и регенерација на косата При расчешлување на косата после миење помалку или повеќе може да се јават проблеми, бидејќи при миење доаѓа до заплеткување на влакната. Помалку се заплеткува здравата, кратката и косата која не е хемиски третирана. Поголеми проблеми се јавуваат при расчешлување на долга, тенка, хемиски третирана, сува, порозна и оштетена коса. Причини за заплеткување на косата може да бидат: набабрените влакна, отворената и оштетената кутикула. Кај здравата коса кутукулата е затворена. Таа има сјај (ја одбива светлината) и лесно се чешла. Кај оштетената коса кутикулата е отворена или оштетена. Косата нема сјај (ја впива светлината) и влакната се заплеткуваат, односно тешко се чешла. Постојат повеќе причини за оштетување на косата, како на пример: механички, хемиски и патолошки. Механичкото оштетување на косата настанува најчесто со тапирање и силно затегање на косата при виткање. Може да настане и при неправилно сушење и честа употреба на електрични апарати за обликување на косата. Хемиското оштетување на косата настанува при неправилна употреба на препаратите за боење, белење и ладна трајна ондулација. Патолошкото оштетување на косата настанува како последица на некои болести, кои предизвикуваат промени на кожата и посредно на косата. Препаратите за нега и регенерација на косата имаат превентивно и лековито дејство. Тие се употребуваат со цел да го спречат оштетувањето кај здравата коса и да ја обноват оштетената коса. Како и шампоните и регенераторите треба да се соодветно избрани според квалитетот на косата. Особено е значајно да се нанесат после боење, белење и изработка на ладна трајна ондулација. Постапката за примена на овие препарати е прилично едноставна. Најчесто се нанесуваат на миена коса и по определено време за делување темелно се плакнат. Регенераторите се размачкуваат меѓу дланките и се нанесуваат на косата, особено на краевите. Потоа косата се расчешлува со широк чешел и регенераторот се остава да дејствува 1-5min. Времето за дејствување го определува производителот и тоа треба да се почитува, за да се постигнат позитивни резултати. На крај косата се плакне и се брише со сува и чиста крпа. После примена на регенератор косата е мека, сјајна и лесно се чешла. Масажа на кожата на главата Масажата на кожата на главата е одличен начин за нега на косата. Најчесто се применува при нанесување на различни лосиони (води) за коса, кои поефикасно делуваат ако се нанесат со масажа, а може да се примени и самостојно. Масажата на кожата на главата се изведува со цел да се подобри циркулацијата на крвта во кожата на главата. Со тоа се овозможува подобра исхрана на коренот на влакното.
157
Козметика и фризерство за I година
Масирањето на кожата на главата комбинирано со соодветни козметички препарати за нега на косата помага во спречувањето на некои појави како на пример: првут, предвремено опаѓање на косата, инфекции и др. Правилната масажа се одвива во три фази. Во почетокот со прстите од двете раце се масира челото, па се преминува на слепоочниците и зад ушите. Притисокот на прстите не треба да е силен. Со ова почетно масирање се подобрува одливот на крвта од вените. Во втората фаза се преминува на масажа на влакнестиот дел на кожата на главата. Прстите на двете раце се поставуваат на делот на слепоочниците и се поместуваат нагоре и кон тилот сè додека не се состават. Со кружни движења кожата наизменично се затега и опушта. Со оваа техника на кружно масирање се подобрува приливот на крвта во површината на кожата и се подобрува исхраната и функцијата на жлездите. Третата фаза се состои од масирање на кожата на вратот и рамената. Со палците на рацете се врши притисок на кожата во горниот дел на вратот. Со кратки движења надолу палците постепено се спуштаат во долниот дел на вратот. Истовремено со другите прсти се врши благ притисок во пределот на рамената. На овој начин се подобрува приливот и одливот на крвта и локално се подобрува размената на материи. Со масажата се делува и на нервните завршетоци во деловите на кожата каде се изведува. Затоа со масажа се предизвикува и пријатно чувство на опуштање. Масажата се изведува со потполно чисти, измиени раце. Пред масажа деловите на кожата на челото, на слепоочниците и зад ушите се пребришуваат со разблажен алкохол или со тоалетна вода. Масажата може да се изведува и со електричен апарат. Апаратурната масажа најлесно се изведува кај кратка коса, а не е погодна кога косата е подолга.
запомни
Кај здравата коса кутукулата е затворена. Таа има сјај (ја одбива светлината) и лесно се чешла. Кај оштетената коса кутикулата е отворена или оштетена. Косата нема сјај (ја впива светлината) и влакната се заплеткуваат, односно тешко се чешла. Постојат повеќе причини за оштетување на косата, како на пример: механички, хемиски и патолошки. Препаратите за нега и регенерација се употребуваат со цел да го спречат оштетувањето кај здравата коса и да ја обноват оштетената коса. Постапката за примена на овие препарати е прилично едноставна. Најчесто се нанесуваат на миена коса и по определено време за дејствување темелно се плакнат. Масажата на кожата на главата е одличен начин за нега на косата. Се изведува со цел да се подобри циркулацијата на крвта во кожата на главата. Со тоа се овозможува подбра исхрана на коренот на влакното. Правилната масажа се одвива во три фази.
158
Козметика и фризерство за I година
ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Со каква цел се применуваат различните препарати за нега на косата? Како се препознава оштетена коса? Кои се можни причини за оштетување на косата? Објасни го начинот на употреба на регенераторите! Со каква цел се применува масажа на кожата на главата? Зошто при масажа се јавува и чувство на опуштање? Опиши ја постапката за масажа на кожата на главата!
ЗАДАЧА: за ученици кои сакаат да научат повеќе Обидете се да изведете масажа на кожата на главата!
5.4.4 ПОТСТРИЖУВАЊЕ НА КОСАТА Потстрижувањето е постапка со која косата се крати и обликува. Тоа е еден од најзначајните фактори за фризурата да изгледа убаво и складно. Современото потстрижување е основа за оформување на фризура прилагодена на лицето и обликот на главата. Правилно потстрижената коса лесно се витка, фенира и обликува на други начини. Декоративните постапки боење и шатирање повеќе доаѓаат до израз на коса која има убав и складен облик постигнат со правилно потстрижување. Секоја нова модна линија на фризурата бара и соодветно потстрижување. Затоа современите фризери треба да владеат различни техники за работа и постојано да ги усовршуваат. Фризерот не може да ги постигне финесите кои ги бараат различните фризури ако применува само еден начин на работа. За жал се случува на потстрижувањето да не се придава доволно значење, па резултатот е кратење, но не и обликување на косата. Фризерите мора да увидат дека потстрижувањето на косата не смее да се работи шаблонски. Пред да се почне со работа треба да се замисли линијата на фризурата, да се одреди должината на косата и потоа да се почне со потстрижување. Обликувањето на косата со ножици не трпи површност и незаинтересираност во работата. Оваа постапка бара сигурна рака, прецизност и одговорност. Фризерот треба секогаш да знае како, кога и зошто еден прамен се крати и обликува на избраниот начин. Во минатото се потстрижувала само сува коса. Но праксата покажала дека кај сувата коса постои само можност за кратење и проретчување. Можноста за обликување на косата е минимална. 159
Козметика и фризерство за I година
За разлика од сувата, водената коса дава многу можности за кратење и обликување на косата и затоа во денешно време предност се дава на потстрижување на водена коса. Пред потстрижување косата треба да се раздели на прамени и тие да се прицврстат со штипки. Рапоредот и начинот на одделување на прамените зависи од густината на косата и од замислената фризура. Потребен алат и прибор за работа при потстрижување се:
ножици (обични и ефилир); класичен брич; жилет-ефилатор; машинка за потстрижување; чешли; штипки; наметка; боца прскалка; четка за чистење на влакна и др.
Секако кој прибор ќе се употреби зависи од начинот на работа и одбраната фризура. Техники на работа кои најчесто се користат при потстрижување се: тап и кос рез, рез на засукани прамени, двократен рез, ефилирање (ретчење) и др. За потстрижување на косата кај мажи, а поретко и кај жени се користи електрична машинка. Тапиот и косиот рез е еден вид на потстрижување кој може да се изведува со различни средства и на различен начин.Тапиот рез се постигнува со употреба на ножици (обични и ефилир), а косиот (надолжен) со класичен брич или со жилет ефилатор. Која техника на работа ќе се примени зависи од квалитетот, должината, густината и дебелината на косата, како и од линијата на фризурата. Должината на косата се регулира со ножици, а густината со брич, жилет ефилатор или ефилир ножици. При работа со брич и жилет ефилатор треба особено да се внимава бидејќи може многу да ја истенчат косата. Исто така, ако бричот не е добро наострен може да дојде до оштетување на косата по должина на влакната.
Потстрижување на косата со тап рез
160
Козметика и фризерство за I година
Рез на засукани прамени се применува за сите должини на коса, а особено кога е потребно долга коса да се скрати на врвовите. Со примена на оваа техника се добива прамен со различни должини на влакната. При овој начин на работа влажната коса се расчешлува и се дели на прамени кои не се многу дебели. Се зема еден прамен и со прстите на левата рака неколку пати се завртува, па со ножици се сече во линија на тап или кос рез. Двократен рез е техника на работа која е одамна позната и се применува при шишање на косата над прстите. Секој прамен поодделно се засекува на врвовите во два спротивни правци, односно еднаш од левата и еднаш од десната страна во правец на увото. Оваа техника овозможува убав и природен изглед на косата. Ретчење на косата (ефилирање) е постапка со која се намалува густината на косата. Може да се работи со жилет ефилатор, ефилир ножици и со обични ножици. Со жилет ефилатор се работи на водена коса и се внимава кратките влакна да останат во внатрешноста на праменот. Тоа се постигнува така што насоката на ретчење е обратна од таа во која ќе се чешла праменот. При работа со ефилир ножици под секој прамен се поставува назабената страна од ножиците и со наизменично отворање и затворање на ножиците, од коренот кон врвот, косата се разредува. Ножиците не се затвараат целосно. Ретчењето на косата со обични ножици е покомплицирано и бара многу искуство и „лесна рака“. После завршеното ефилирање врвовите на косата се израмнуваат.
Потстрижување на косата кај жени Потстрижувањето на косата кај жените е сложена работна задача бидејќи се јавува потреба од обликување на косата на многу различни начини и со различна должина. Со соодветно избрана должина и фризура и правилно шишање може да се прикријат некои недостатоци на главата (клемпави уши, високо и ниско чело, краток или долг врат и сл). Исто така, не е сеедно дали косата е мека или остра, ретка или густа, прва или кадрава итн. За потстрижување на жените се употребуваат сите досега објаснети техники на работа. Кај современото потстрижување се применува и отсекување на праменот меѓу прстите, од внатрешната страна на дланката. Се работи на водена коса со ножици и е особено погодно за обликување на тенка и ретка коса. Косата се дели на тенки прамени кои се земаат меѓу показалецот и средниот прст. При тоа прстите треба да се исправени. Врвовите на праменот зависно од саканата должина се отсекуваат со тап рез од внатрешната страна на дланката. Зависно од дебелината на одделените прамени се добива различна степеност на фризурата. На почеток на потстрижувањето се одделува тенок прамен по целата ширина на вратот. Со ножици се прави првиот рез во рамна, шилеста или асиметрична линија, зависно од саканата фризура. Овој рез треба да се отсече правилно и во понатамошната работа служи како показател колку коса треба да се отсече од следниот прамен. 161
Козметика и фризерство за I година
При земање на нескратен прамен истовремено се зема и праменот кој е скратен и заедно се чешлаат и се провлекуваат меѓу показалецот и средниот прст. Скратениот прамен покажува каде треба да се пресече косата. Одредени фризури бараат секој нареден прамен да се скрати неколку милиметри повеќе или помалку од претходниот. Со овој начин на работа косата се крати и постојано се контролираат веќе скратените прамени. При ова потстрижување потребна е голема прецизност во работата.
Потстрижување на косата кај жени
162
Козметика и фризерство за I година
Потстрижување на косата кај мажи Потстрижувањето на косата кај мажите во последно време е подеднакво сложено како и кај жените, бидејќи сè почесто се јавува потреба од обликување на фризури со поголема должина. Порано потстрижувањето на мажите се сметало за прилично поедноставно отколку кај жените со оглед дека најчесто носеле кратка коса за чие обликување била потребна помала вештина. Потстрижувањето на косата кај мажите може да биде целосно кратко и стрижење до кожа, класично потстрижување, Hardy потстрижување и др. Потстрижување на косата кај мажи
Целосното кратко потстрижување и стрижењето до кожа се изведува со електрична машинка за потстрижување. Ова е наједноставно потстрижување, бидејќи нема никакви премини во должината на косата. Класичното потстрижување се изведува со машинка и ножици. Може да се употреби и класичен брич и жилет ефилатор. Делот на косата на вратот, зад ушите и на слепоочниците се потстрижува со машинка, а косата на горниот дел на главата се обликува со ножици. Со машинката може да се изведе: ниско, полукратко и високо потстрижување. Кај ниското потстрижување со машинка се потстрижува косата на вратот до висина на долниот дел на увото. Останатата коса се обликува со ножици. Кај полукраткото потстрижување со машинка се потстрижува косата на вратот до висина на половина уво. Останатата коса се обликува со ножици. Кај високото потстрижување со машинка се потстрижува косата прилично високо над увото или до темето, како и над слепоочниците. Ниско потстрижување со машинка
163
Козметика и фризерство за I година
Кога ќе се заврши со потстрижувањето со машинка, потребно е грубите премини во должината на косата да се обликуваат со ножица и чешел. Прамените се извлекуваат со чешелот и врз него се отсекуват. Ова шишање на премините се изведува од едното до другото уво. На крај се скратуваат горните делови на косата со техника на двократен рез. Овалниот дел околу ушите се обликува со врвот на ножиците и потоа косата се чешла и се чистат влакната. На крај се бричи овалниот изрез околу ушите и вратот. Косата се чешла и се оформува фризурата. Hardy потстрижување се изведува со помош на брич, ножици и чешел. Косата треба да е водена и добро расчешлана. Почнувајќи од горниот дел на главата косата се крати и истенчува со наизменични движења на чешелот и бричот. Врвовите се рамнат со ножици со двократен рез. На крај косата се суши и обликува со фен. За ова потстрижување е карактеристично дека косата е убаво израмнета и нема скалести траги по должината на влакната.
запомни
Потстрижувањето е постапка со која косата се крати и обликува. Современите фризери треба да владеат различни техники за работа и постојано да ги усовршуваат. Потребен алат и прибор за работа при потстрижување се: ножици (обични ефилир), класичен брич, жилет-ефилатор, машинка за потстрижување, чешли, штипки, наметка, боца прскалка, четка за чистење на влакна и др. Потстрижувањето се изведува попрецизно и со поголеми можности за обликување ако косата е водена. Техники на работа кои најчесто се користат при потстрижување се: тап и кос рез, рез на засукани прамени, двократен рез, ефилирање (ретчење) и др. За потстрижување на косата кај мажи, а поретко и кај жени се користи електрична машинка. ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4.
Со каква цел се потстрижува косата? На што треба да се внимава при избор на фризура кај потстрижувањето? Наброј потребен алат и прибор при различни начини на потстрижување! Што сè треба да има предвид еден современ фризер за успешно потстрижување? 5. Спореди потстрижување на сува и водена коса! 6. Наброј неколку техники за потстрижување! 7. Опиши го двократниот рез! 8. Каква е должината на прамените кај резот на засукани прамени? Објасни зошто! 9. Опиши го современото потстрижување кај жените! 10. Опиши кратко, полукратко и високо потстрижување кај мажите! 164
Козметика и фризерство за I година
5.4.5 ОНДУЛАЦИЈА НА КОСАТА Ондулација е постапка со која се менува обликот на косата, привремено или трајно. Називот потекнува од латинскиот збор undo што значи бран, односно од undulatus што значи брановидно. Ондулацијата може да биде водена и трајна. При водена брановидниот облик на косата трае само до првото миење, а при трајна подолг период. Причината за ова е различниот карактер на промената што се случува во влакното кај изработка на различни видови на ондулација. Трајната ондулација може да биде електрична и ладна трајна ондулација. Во денешно време електричната трајна ондулација веќе не се користи. Покрај добивање на кадрава коса во пракса може да се јави потреба и од исправување на кадравата коса. Ова го овозможуваат истите промени во влакното како и при ондулацијата, само треба да се одберат соодветни средства и да се прилагоди начинот на работа.
5.4.5.1 Водена ондулација Водена ондулација е постапка при која водената коса со помош на различни средства за работа се обликува во кадрава или брановидна форма. За сушење на косата мора да се употреби топол воздух. Во водена ондулација спаѓа и обликување на косата со фен односно фенирањето. Разликата меѓу класичната водена ондулација и фенирањето е во средствата за работа. При водена ондулација косата се витка со виклери или штипки и се суши со хауба, а при фенирање се обликува со четка и се суши со фен. Сличноста е во тоа што косата мора да биде водена и да се суши со топол воздух и кај двете постапки. За да се разбере суштината на процесот на водена ондулација потребно е да се објаснат промените кои настануваат во влакното. Под дејство на топлата вода која се употребува за миење, кератинот од влакното набабрува. Доаѓа до олабавување и кинење на водородните врски меѓу молекулите на кератинот. Влакното омекнува и е лесно за обликување. Со сушење на косата водата испарува, кератинот се враќа во првобитна положба, односно повторно се зацврстуваат водородните врски. Влакното е повторно еластично и цврсто и може извесно време да го задржи новиот облик. Потребен алат, апарати и прибор за работа при изработка на водена ондулација и фенирање се:
различни видови на чешли за расчешлување; штил чешел; виклери; штипки за изработка на шестици; четки за фенирање; електрични апарати за сушење (фен или хауба); мрежи за коса и штитници за уши и др.
Кој алат, прибор и апарати ќе се употребат, зависи од тоа дали косата се обликува со класична водена ондулација или со фенирање. 165
Козметика и фризерство за I година
Постапката за изработка на водена ондулација се состои од неколку чекора. Прво косата се мие со топла вода и шампон. По потреба се нанесува средство за регенерација на косата и темелно се плакне. На чистата коса се нанесува препарат за зацврстување. Потоа се пристапува кон виткање на косата. Навитканата коса се суши под хауба и потоа се одвиткува. На крај косата се расчешлува внимателно и зависно од изборот на фризурата. На финално обликуваната коса може да се распрска лак за коса (по потреба). При изработка на водена ондулација голема важност има начинот на виткање на косата. Косата може да се обликува во вид на шестици со примена на штипки и да се витка со виклери. Порано се применувало и обликување на косата со изработка на бранови, што во денешно време нема голема примена. За изработка на шестици на употребуваат метални или пластични штипки со различна големина за прицврстување на навитканиот прамен. Праменот може да се навитка околу врвот на показалецот, околу иглата на штил чешел (кај многу кратка коса) или околу врвот на самата штипка. За виткање околу показалецот праменот треба да е широк околу 2cm. Добро се расчешлува и се навиткува околу показалецот. Потоа со штипка или со штил чешел навитканиот прамен се притиска кон коренот на косата, прстот се извлекува, а праменот се прицврстува.
Изработка на шестици
За виткање на косата со виклери косата се дели на прамени со различна дебелина. Ширината на праменот треба да е 1-2cm помала од должината на виклерот. Дебелината зависи од густината на косата, а насоката на виткање од обликот кој сакаме да го добиеме. Расчешланиот прамен се затегнува нагоре и се придржува со левата рака. Со десната рака се зема виклерот и се поставува на врвот на праменот. Со наизменично придржување и попуштање на показалецот и палецот праменот се витка околу виклерот сè до неговата основа. Виклерот може да се прицврсти со гумичка, игла или со штипка.
Виткање на косата со виклери
166
Козметика и фризерство за I година
Постапката за фенирање се состои од неколку чекора. Прво косата се мие со топла вода и шампон. По потреба се нанесува средство за регенерација на косата и темелно се плакне. На чистата коса се нанесува препарат за зацврстување. Потоа косата се дели на неколку прамени кои се прицврстуваат со штипки. Косата се суши и истовремено се обликува со навивање околу четка за фенирање. Се работи прамен по прамен. Треба да се внимава при виткање на врвот на праменот да не дојде до прекршување и фенот да не се доближува премногу до косата. Фенирањето на косата може да се изведе и со прсти, односно без употреба на четка. Ова претежно се користи за обликување на кратка коса. Фенирање на косата без четка
запомни
Водена ондулација е постапка при која водената коса со помош на различни средства за работа се обликува во кадрава или брановидна форма. За сушење на косата мора да се употреби топол воздух. Во водена ондулација спаѓа и обликување на косата со фен односно фенирањето. Промените во влакното при изработка на водена ондулација се состојат во негово омекнување под дејство на водата, при што лесно се витка и повторно зацврстување со сушење, за да го задржи новиот облик. Потребен алат, апарати и прибор за работа при изработка на водена ондулација и фенирање се: различни видови на чешли за расчешлување, штил чешел, виклери, штипки за изработка на шестици, четки за фенирање, електрични апарати за сушење (фен или хауба), мрежи за коса и штитници за уши и др.
ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.
Што се подразбира под поимот ондулација? Што е водена ондулација? Спореди водена ондулација со фенирање! Какви промени се случуваат во влакното при изработка на водена ондулација? Наброј алат, апарати и прибор потребен за водена ондулација и фенирање! Опиши ја постапката за изработка на водена ондулација! Опиши виткање на косата во шестици! Опиши виткање на косата со виклери! Опиши ја постапката за фенирање! 167
Козметика и фризерство за I година
5.4.5.2 Ладна трајна ондулација Ладна трајна ондулација е постапка при која доаѓа до промена на формата на косата под дејство на препаратите за ладна трајна ондулација и со примена на соодветни средства за работа. Во поглавјето кое се однесува на препарати за ладна трајна ондулација веќе е објаснето какви промени во влакното предизвикуваат развивачот и фиксирот. Бидејќи тие се случуваат во внатрешноста на влакното, односно доаѓа до промена на хемиската структура на кератинот, новиот кадрав одлик на косата е траен. Со миење косата не ја губи кадравоста. Обликот на косата добиен со ладна трајна ондулација е идеална подлога за изработка на водена ондулација и фенирање.
Изглед на коса со ладна трајна ондулација
Интресно е да се спомене дека со употреба на препаратите за ладна трајна ондулација (развивач и фиксир), може да се постигне и исправање на косата која е природно кадрава. За ова постои посебна постапка за работа, која треба правилно да се изведе. За изработка на ладна трајна ондулација е потребно:
препарати, развивач и фиксир; виклери за ладна трајна со различна дебелина; пластични садови и сунгерче; хартиени и поливинилски капи; мензура; заштитни ракавици; заштитна поливинилска наметка за странката.
Постапката за изработка на ладна трајна ондулација се состои од следниве чекори:
заштита на облеката на странката; одредување на квалитетот на косата; миење на косата; стрижење на косата; делење на косата на прамени и натопување со развивач; виткање на косата и натопување на навиткана коса со развивач; прва контрола на дејството на развивачот и определување на времето на дејствување на развивачот; 168
Козметика и фризерство за I година
покривање на косата со поливинилска капа; втора контрола на дејството на развивачот; плакнење на развивачот; фиксирање на навиткана коса; одвиткување на косата; фиксирање на одвиткана коса; плакнење на фиксирот и примена на препарат за нега на косата; сушење и финално обликување на навитканата коса.
Одредувањето на квалитетот на косата е многу значајно за правилно да се изберат препаратите кои ќе се употребат и за да се процени нивното време на дејствување. Миењето на косата се врши со цел да се отстрани маснотијата од влакната и да се обезбеди развивачот подобро да делува. За миење треба да се избере благ шампон и косата да се мие нежно со јагодиците на прстите. Кај тенка и слаба коса миењето може да се прескокне бидејќи маснотијата на косата служи како заштитен филм на влакното и го спречува брзото продирање на развивачот. Стрижењето на косата се изведува со цел да се израмнат и освежат врвовите. Таквата коса полесно се витка. Се употребува тап рез. Косата треба повеќе да се потстрижи ако има остатоци од стара ладна трајна. Овие остатоци треба да се отсечат. Делењето на косата на прамени се изведува за да се олесни виткањето. Косата најчесто се дели на девет прамена. Секој прамен се натопува со развивач. При тоа фризерот треба да работи со ракавици. Виткањето на косата се изведува со примена на пластични или дрвени виклери со различна дебелина. Ова е една од најважните операции во изработка на ладна трајна ондулација. Со виткање се почнува од задниот дел на главата бидејќи овде косата е најздрава и овој дел на главата е најладен, па е потребно повеќе време за дејствување на развивачот. Потоа се преминува на виткање на косата на предниот дел на главата. Ширината на праменот кој се витка треба да е помала од должината на виклерот. Прамените не треба премногу да се затегаат, но не смее ни да бидат лабави. Зацврстувањето на виклерите се изведува со гумички или со пластични игли. Виткањето на косата треба да трае околу 20min. После виткање косата на секој виклер се натопува со развивач, за да се надополни изгубениот препарат при виткањето.
Виткање на косата за ладна трајна ондулација
169
Козметика и фризерство за I година
Првата контрола на дејствувањето на развивачот се врши со цел да се провери како тој делува и да се определи времето на дејствување. Промените предизвикани од дејствувањето на развивачот најдобро се забележуваат на прамените кои биле први навиткани. Контролата се изведува на тој начин што се одвиткува косата на три виклери на различни места. Прамените се одвиткуваат до половина и се набљудуваат настанатите промени. Зависно од степенот на навитканоста се определува по колку време ќе се направи втората контрола. Покривањето на косата со поливинилска капа се практикува за да се обезбеди потребната температура за дејсѕвување на развивачот. Косата е водена и ако не се покрие може многу да се излади, со што ќе се успори промената во влакното. Втората контрола на дејството на развивачот се изведува кога ќе помине времето определено со првата контрола. Начинот на работа е ист. Ако на косата е постигната саканата кадравост, развивачот се плакне. Во спротивно се остава да дејствува уште некое време, кое фризерот треба точно да го определи. Плакнењето на косата се врши за да се прекине дејството на развивачот. Косата се плакне со топла вода. Фиксирањето на навиткана коса се изведува со нанесување на фиксир на секој виклер посебно. Со оваа постапка се овозможува влакното да се врати во нормална состојба, но се фиксира во новата форма. Со фиксирот се неутрализираат и остатоците од развивачот, доколку ги има. Фиксирот дејствува 5min. Одвиткувањето на косата се врши внимателно за да не се оштетат влакната кои сè уште се нежни. Со одвиткување се почнува од косата на вратот. Прамените остануваат во форма на локни. Фиксирањето на одвиткана коса повторно се врши прамен по прамен со помош на сунгерче натопено со фиксир. И при ова фиксирање времето за дејствување на фиксирот е 5min. Плакнењето на косата се изведува со топла вода за да се отстрани фиксирот. Потоа на косата се нанесува препарат за нега и регенерација. Со тоа дефинитивно се неутрализираат остатоците од препаратите за ладна трајна ондулација и се затвораат кутикулите на влакната. Косата добива сјај и лесно се чешла. Сушењето на косата се изведува на различен начин зависно од тоа дали таа на крај ќе се обликува со фенирање или со водена ондулација. Изработка на ладна трајна ондулација на коса со различна структура Постапката за ладна трајна ондулација треба да се прилагоди соодветно за различни квалитети на коса. Тоа пред сè, се однесува на примена на соодветни препарати, на скратување или продолжување на времето на дејствување на препаратите и на примена на соодветни мерки за заштита на косата. Чекорите на постапката остануваат исти. Цврстата, јака и здрава коса се третира со соодветен развивач и фиксир наменет за јака и здрава коса. Развивачот дејствува 20-25min, а може и подолго. Тенката и свиленкаста коса се третира со препарати кои имаат продолжено дејство. Ова е потребно бидејќи оваа коса многу брзо реагира со препаратите, брзо се витка, но навитканоста трае кратко. За фиксирање се користи фиксир за нормална здрава коса. Времето на дејствување на развивачот е индивидуално и треба точно да се определи со првата контрола. 170
Козметика и фризерство за I година
Оштетената коса се третира со препарати наменети за оштетена коса, односно со развивач со продолжено дејство и фиксир кој содржи препарат за нега на косата. Доколку косата има оштетени и порозни врвови истите може да се заштитат со нанесување на препарат за нега на косата со лековото дејство, кој не се плакне. На така заштитени врвови се нанесува развивач. Времето на делување на развивачот е индивидуално и треба точно да се определи со првата контрола. Делумно оштетена коса е онаа која во еден дел е новоизрасната, а на другиот дел има остатоци од боење, белење или претходна ладна трајна ондулација. Значи на влакната се присутни две различни структури. Во овој случај прво се заштитуваат оштетените делови на косата со премачкување со масен крем или со препарат за нега на косата со лековито дејство. Со разреден развивач се натопуваат оштетените делови, па косата се витка. Навитканата коса се натопува со развивач за здрава коса, бидејќи оштетените делови се во внатрешноста на праменот, а надвор е здравата коса. Се фиксира со фиксир за нормална и здрава коса. Боената и белената коса е порозна и затоа развивачот брзо дејствува. Во овој случај се користи развивач кој содржи препарати за нега на косата со лековито дејство, односно е наменет за боена и белена коса. Во некои случаи потребно е развивачот дополнително да се разреди. За фиксирање се употребува фиксир за нормална и здрава коса или специјално подготвен фиксир. Времето на дејствлување на развивачот е индивидуално и треба точно да се определи со првата контрола.
запомни
Ладна трајна ондулација е постапка при која доаѓа до промена на формата на косата под дејство на препаратите за ладна трајна ондулација и со примена на соодветни средства за работа. Промените под дејство на развивачот и фиксирот се случуваат во внатрешноста на влакното, односно доаѓа до промена на хемиската структура на кератинот. Затоа новиот кадрав облик на косата е траен. За изработка на ладна трајна ондулација е потребно: развивач и фиксир, виклери за ладна трајна со различна дебелина, пластични садови и сунгерче, хартиени и поливинилски капи, мензура, заштитни ракавици, заштитна поливинилска наметка за странката. Постапката за изработка на ладна трајна ондулација се состои од следниве чекори: заштита на облеката на странката, одредување на квалитетот на косата, миење на косата, стрижење на косата, делење на косата на прамени и натопување со развивач, виткање на косата и натопување на навиткана коса со развивач, прва контрола на дејството на развивачот и определување на времето на дејствување на развивачот, покривање на косата со поливинилска капа, втора контрола на дејството на развивачот, плакнење на развивачот, фиксирање на навиткана коса, одвиткување на косата, фиксирање на одвиткана коса, плакнење на фиксирот и промена на на препарат за нега на косата, сушење и финално обликување навитканата коса. 171
Козметика и фризерство за I година
ПРАШАЊА 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.
Што е ладна трајна ондулација? Наброј што сè е потребно за изработка на ладна трајна ондулација! Од што зависи изборот на препарати за ладна трајна ондулација? Наброј ги чекорите за изработна на ладна трајна ондулација! Какво е дејството на развивачот врз косата? Зошто и после виткањето на косата повторно се нанесува развивач? Како се определува времето потребно за делување на развивачот? Колку пати се фиксира косата? Претпостави што ќе се случи ако косата после плакнење на развивачот прво се одвитка, а потоа се фиксира!
5.4.6 Боење на косата Боењето на косата е декоративна постапка и неговата цел е естетско разубавување на косата. Постојат различни постапки со кои се менува или освежува бојата на косата како на пример: нијансирање, колорирање и трајно боење. За успешно изведување на постапките на боење и добивање на саканата боја често е неопходно да се измешаат неколку бои во различен однос. Затоа секој фризер треба да го познава поимот боја и кругот на бои. Круг на бои Белата сончева светлина е составена од бранови кои лесно може да се разложат ако таа се пропушти низ оптичка призма. На овој начин може да се добие спектар од следниве бои: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова. Иако спектарот содржи само шест бои, во природата гледаме многу повеќе бои и нијанси. Тие настануваат со мешање на овие шест бои. За полесно да се разбере мешањето на боите потребно е да се познава кругот на бои.
Круг на бои
172
Козметика и фризерство за I година
Кругот на бои се состои од три основни и три изведени. Основни бои се: црвена, жолта и сина. Со нивно мешање се добиваат трите изведени бои: портокалова, зелена и виолетова (секундарни бои). Со понатамошно мешање се добиваат голем број на бои и нијанси (терциерни бои). Во кругот на бои постојат и комплементарни бои. Тоа се парови на бои кои стојат една спроти друга и меѓусебно се дополнуваат. Такви се: црвена-зелена, жолта-виолетова, синапортокалова. При мешање овие бои една со друга се поништуваат. Ова во фрзерството се користи за матирање на несаканите тонови на боја на косата. На пример: жолтеникав тон се матира со додавање на виолетова боја, црвен со додавање на зелена итн. Боите во кругот може да се поделат и на топли и ладни. Топли се: црвена, портокалова и жолта. Ладни бои се: зелена, сина и виолетова. Комплементарни бои
Во кругот на бои не се забележува црна и бела боја. Црната се добива со мешање на виолетова, сина и зелена. Црна боја има тело кое ги апсорбира сите бои од спектарот. Бела боја има тело кое ги одбива сите бои од спектарот. Постапка за нијансирање на косата Нијансирањето е физички начин на боење на косата. При оваа постапка препаратите образуваат обоен заштитен филм на површината на влакното, кој се отстранува со првото миење на косата. За нијансирање се употребуваат обоените зацврстувачи, кои се нанесуваат на миена коса и рамномерно се распоредуваат. Косата не смее да се плакне. Пред нанесување на препаратите за нијансирање пожелно е косата да биде добро избришана. За оштетена или светла коса некои нијанси на колор-зацврстувачите може да бидат прејаки. Во тој случај може да се измешаат со необоени зацврстувачи, а потоа да се нанесат на косата. Постапка за колорирање Колорирање на косата е постапка за привремено боење на косата при кое препаратите површински се врзуваат за влакното. Со оваа постапка косата се бои, освежува и добива сјај. Делумно се покриваат и седите влакна. Најчесто за колорирање се употребуваат колор-шампоните. Постапката за колорирање се состои од неколку чекора. Прво се поготвува странката, односно се заштитува облеката и се расчешлува косата. Потоа се подготвува колор-шампонот со мешање со 3% или 6% хидроген, до добивање на хомогена смеса. Подготвената смеса со четка се нанесува на косата, на дебело одделени прамени. По нанесувањето на препаратот косата се масира и се остава да делува 20-30min. На крај косата се додава малку вода и се трие до добивање на обилна пена. Потоа косата обилно се плакне, додека не протече чиста необоена вода. 173
Козметика и фризерство за I година
Постојат и посовремени препарати кои пред нанесување не се раствараат со хидроген. Се нанесуваат на измиена водена коса и се оставаат да дејствуваат 2030min. Потоа косата обилно се плакне, додека не протече чиста необоена вода. Постапка за трајно боење на косата Трајното боење на косата најчесто се изведува со промена на оксидациони бои кои дејствуваат во внатрешноста на влакното и предизвикуваат хемиска промена, при што доаѓа до пребојување на пигментот. Затоа ова боење е трајно. Во денешно време постојат многу препарати кои овозможуваат добивање на најразлични бои и нијанси, покривање на седи влакна и висок сјај на косата. Успешноста во голема мера зависи од умешноста на фризерот и неговата способност за мешање на бои со цел да се добие саканиот резултат.
Од алат, прибор и материјал за трајно боење на косата е потребно: поливинилска наметка за заштита на облеката на странката; хартиена лента за вратот; заштитни ракавици; сад за мешање на бојата; четка за нанесување на бојата; мензура; чешел; боја; хидроген. Постапката за трајно боење се состои од следниве чекори: одредување на квалитетот на косата; избор на боја; испитување на осетливоста на кожата; подготовка на странката; подготовка на бојата; нанесување на бојата и делување; миење на косата.
Одредувањето на квалитетот на косата е со цел да се направи правилен избор на боја. Здравата и хемиски нетретираната коса впива помалку боја за разлика од косата која е хемиски третирана. Причина за ова е порозноста на косата која е боена, белена или трајно ондулирана. Различните видови на коса имаат и различен афинитет кон боите. Изборот на боја се прави со помош на каталог на бои, кој го изработува производителот. При избор на боја се зема предвид бојата на косата што служи како основа при боењето. Често се јавува потреба од мешање на неколку бои за добивање на саканиот резултат. Овде доаѓа до израз умешноста на фризерот.
174
Козметика и фризерство за I година
Каталози за избор на боја
Испитувањето на осетливоста на кожата е со цел да се утврди дали странката е алергична на бојата за коса. Ова се проверува пред првото боење на косата. Мала количина на боја се нанесува зад увото, се остава да дејствува 5min и се брише. Потоа се чека 24-48h, за да се утврди дали ќе се појави реакција на кожата. Подготовката на странката се состои во заштитување на облеката, расчешлување и заштита на кожата на челото и на вратот. Кожата се заштитува со премачкување со масен крем. Подготовката на бојата се состои во мешање на бојата со хидроген со соодветна концентрација до добивање на хомогена смеса. Садот во кој се меша не смее да биде метален. Количината на хидроген потребна за оксидација на бојата ја одредува производителот и од неа не треба да се отстапува. Подготвената боја веднаш се нанесува.
Подготовка на бојата за коса
Нанесувањето на бојата се изведува со четка со тенка рачка која служи за одделување на прамени. Косата пред нанесување на боја се мие само во случај ако е многу мрсна. По правило бојата прво се нанесува на задниот дел на главата, а потоа на предниот. Во случај кога на предниот дел има многу седи влакна, бојата прво се нанесува на предниот дел, а потоа на задниот дел на главата. По нанесување на бојата, косата не треба да се расчешлува за да не се отстрани бојата. Пожелна е лесна масажа и одлепување на косата од кожата на главата. 175
Козметика и фризерство за I година
Нанесување на бојата на косата
Времето за дејствување на бојата зависи од афинитетот на косата и се движи од 30 до 45min. Производителот на бојата дава ориентационен податок за времето на дејствување на бојата.
Дејствување на бојата на косата
Плакнење на бојата и миење на косата се изведува кога ќе помине времето потребно за дејствување. Прво со топла вода се плакне вишокот на боја, без додаток на шампон. Потоа косата се шампонира, па темелно се плакне. На крај се нанесува препарат за нега и регенерација на косата, кој овозможува лесно чешлање, сјај и мекост на косата.
176
Козметика и фризерство за I година
запомни
Боењето на косата е декоративна постапка и неговата цел е естетско разубавување на косата. Постојат различни постапки со кои се менува или освежува бојата на косата како на пример: нијансирање, колорирање и трајно боење. Кругот на боите треба да се познава за полесно да се разбере мешањето на боите. Постапката за нијансирање се состои од: нанесување на препарат на измиена коса и нејзино сушење и обликување. Постапката за колорирање се состои од: подготовка на странката, подготовка на препаратот, нанесување на препаратот и дејствување, миење или плакнење на косата. Постапката за трајно боење се состои од следниве чекори: одредување на квалитетот на косата, избор на боја, испитување на осетливоста на кожата, подготовка на странката, подготовка на бојата, нанесување на бојата и дејствување, миење на косата. ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.
Каква постапка е боењето на косата? Кои постапки за боење на коса ги познаваш? Зошто фризерите треба да го познаваат кругот на бои? Објасни како се добива зелена, како портокалова и како виолетова боја! Опиши ја постапката за нијансирање! Опиши ја постапката за колорирање! Што е потребно за изведување на трајно боење? Наброј ги чекорите од постапката за трајно боење!? Претпостави зошто при трајно боење нанесувањето на препарат треба да започне од задниот дел на главата!
5.4.7 Белење на косата Белење на косата е постапка со која темната боја на коса преминува во светла. При белење на косата се случува хемиска промена на пигментот во влакното. За разлика од боењето каде во влакното се внесува пигмент, при белењето доаѓа до оксидација, односно разградување на пигментот. Белењето на косата спаѓа во декоративни постапки. Белењето може да се изведува на цела коса или на одделни прамени. 177
Козметика и фризерство за I година
Од алат, прибор и материјал за белење на косата е потребно:
поливинилска наметка за заштита на облеката на странката; хартиена лента за вратот; заштитни ракавици; сад за мешање на препаратот за белење со хидроген; четка за нанесување на смесата за белење; мензура; чешел; капа или фолии за белење на прамени; бланш или друг вид на препарат за белење; хидроген.
Постапката за белење на цела коса започнува со определување на квалитетот на косата со цел да се направи правилен избор на препаратот за белење. Доколку косата се бели прв пат се проверува дали странката е алергична на препаратот за белење. Ова се изведува на ист начин како и при боењето на косата. Потоа се подготвува странката, односно се заштитува облеката и се расчешлува косата. Подготовката на препаратот се состои во мешање со определено количество на хидроген, до добивање на хомогена смеса. Подготвениот препарат веднаш се нанесува на косата со специјална четка, од двете страни на секој прамен. Времето на дејствување на препаратот не е одредено и се определува индивидуално. На крај косата се плакне со топла вода, се мие со шампон и се нанесува препарат за нега и регенерација. Постапката за белење на прамени од косата може да се изведува на различни начини. За белење на прамени може да се употребат: гумени капи, фолии, најлонски ќеси, дебели пластични виклери и др. Најчесто се употребуваат гумени капи и фолии. При оваа постапка прво е потребно да се определи квалитетот на косата, како и осетливоста на кожата. Потоа се подготвува странката односно се заштитува облеката и се расчешлува косата. Белење со помош на виклери
Белењето на прамени со капа најчесто се применува кај кратка коса. Гумената капа се поставува на исчешлана коса и низ отворите на капата со кукаста игла се извлекуваат прамени за белење. Прамените треба да се правилно распоредени по цела површина на главата. Потоа се подготвува препаратот за белење. При оваа постапка може да се употребува и нешто појак хидроген, бидејќи капата ја штити кожата и останатата коса од дејството на смесата за белење. Сепак јачината на хидрогенот треба да е прилагодена на квалитетот на косата и на саканата нијанса. Белење на прамени со капа
178
Козметика и фризерство за I година
Подготвениот препарат со четка се нанесува на прамените и се остава да дејствува. Потоа косата се плакне, па се шампонира. На крај се нанесува препарат за нега и регенерација. Белењето на прамени со фолија се применува за подолга коса. Покрај алуминиумски фолии во денешно време се употребуваат и специјални самолепливи фолии кои може да се употребат неколку пати и го олеснуваат пакувањето на праменот и проверката на процесот на белење.
Белење на прамени со фолија
При белење со алуминиумска фолија на одделениот прамен се нанесува препарат за белење, при што се внимава да не се нанесе до коренот. Намачканиот прамен се поставува на фолијата и потоа се пакува. При користење на самолепливите фолии препаратот за белење може да се нанесе на фолијата, па се поставува праменот и уште еднаш се премачкува со препарат за белење. Потоа фолијата се преклопува, односно се лепи. По завршеното дејство на препаратот фолиите се вадат, препаратот за белење се плакне, косата се мие и се нанесува препарат за нега и регенерација. Белената коса или белените прамени може да се нијансираат, колорираат или бојат. 179
Козметика и фризерство за I година
запомни
Белење на косата е постапка со која темната боја на коса преминува во светла. Белењето на косата спаѓа во декоративни постапки. Белењето може да се изведува на цела коса или на одделни прамени. Од алат, прибор и материјал за белење на косата е потребно: поливинилска наметка, хартиена лента за вратот, заштитни ракавици, сад за мешање, четка за белење, мензура, чешел, капа или фолии за белење на прамени, препарат за белење, хидроген. Постапката за белење е различна зависно дали се белат прамени или цела коса, но во секој случај мора да се определи квалитетот на косата за да се изберат соодветни препарати. Белената коса или белените прамени може да се нијансираат, колорираат или бојат. ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.
Каква постапка е белењето на косата? Каква промена во влакното се случува при белење на косата? На кои начини може да се бели косата? Наброј што сè е потребно за изведување на постапката за белење на косата? Опиши ја постапката за белење на цела коса! Опиши белење на прамени со употреба на капа! Опиши белење на прамени со употреба на фолии!
5.4.8 Бричење на брадата Бричењето е важна работна задача на фризерот за мажи. Под бричење не се подразбира само отстранување на влакната од брадата туку и обликување на косата околу увото, обликување на брада, мустаќи и веѓи. Бричењето е вештина која се стекнува само со работа и вежбање. При работа со брич горниот дел на раката, надлактицата и подлактицата треба да бидат сосема мирни. Долниот дел на раката, односно дланката и прстите треба да се подвижни. Исто така, многу е важно правилното држење на бричот. Тој треба да се држи косо во однос на кожата, а при движење врвот да оди секогаш напред во благ лак. Додека не ги совладаат овие вештини со вежбање, и не стекнат сигурност во работата, младите фризери и учениците не смеат да преминат на практично изведување на оваа работна задача. 180
Козметика и фризерство за I година
Потребен алат и помошни средства при бричење се:
класичен брич; острило за брич; четка и сад за сапун; платнена наметка и крпи; препарат за бричење; средство за дезинфекција на бричот и четката; препарати за после бричење.
Потребен алат и материјал за бричење
Постапката за бричење се состои од подготвителни работи, изведување на бричењето и завршни работи. Во подготвителни работи спаѓаат: поставување на наметка на странката, проценување на кожата и влакната, ставање топли облоги и сапунење на брадата. Проценувањето на кожата се врши со цел да се утврди нејзината дебелина и осетливост. Се забележуваат и евентуални промени или заболувања, кои би барале посебен третман. Ако постои сомневање за заразно заболување, на странката не треба да се пружи услуга во салонот. Ако постојат акни, сапунењето треба да се изведе внимателно, а алатот после употреба задолжително да се дезинфицира. Со проценување на влакната се оценува нивната дебелина и потребата од топли облоги. Со поставување на топли облоги се омекнуваат кожата и влакната и се олеснува нивното отсекување. Се изведува со поставување на чиста крпа натопена со топла вода. Сапунењето на брадата се врши со цел да омекнат влакната и кожата. Се изведува со четка или со рака зависно од препаратот за бричење. Правилното сапунење го прави бричењето попријатно бидејќи бричот се лизга по Сапунење на брадата брадата и влакната полесно се отсекуваат. 181
Козметика и фризерство за I година
Самото бричење се изведува со движење на бричот во насока на растење на влакната. Должината на движењето на бричот зависи од квалитетот на кожата и дебелината на влакната. За поуспешно бричење потребно е кожата да се затега со употреба на еден или два прста. Со тоа кожата се израмнува, а влакната се исправаат и полесно се отстрануваат. На барање на странката бричењето може да се повтори, со повторно сапунење на брадата, а со цел влакната да се избричат поблиску до кожата.
Постапка за бричење на брадата со класичен брич
Завршните работи се состојат од: миење и бришење на лицето, ставање топли и ладни облоги, дезинфицирање на кожата и нанесување препарати за нега и заштита на кожата од надворешни влијанија. Доколку дојде до повреда на кожата и крвавење, истото треба да се запре со соодветни препарати. Обликување на брадата и мустаќите кај мажите Носењето брада порано имало симболично значење и било привелегија на определени групи луѓе. Во денешно време обликот на брадата е диктиран од модните трендови. Правилно обликуваната брада има влијание врз естетскиот изглед на лицето, односно може да се изврши визуелна корекција на формата на лицето. Така на пример за многу издолжено лице се препорачува полна и широка брада, а за широко лице долга брада. Мустаќите може да имаат различна форма. Обликувањето на мустаќите зависи од формата на главата и цртите на лицето. Со носење брада и мустаќи може да се покријат и некои кожни недостатоци и израстоци кои може негативно да влијаат врз изгледот на лицето. Доколку изборот на странката е носење брада или мустаќи, фризерот е должен убаво да ги обликува, но истите бараат и редовно одржување и негување со цел нивниот изглед да биде уреден и привлечен.
182
Козметика и фризерство за I година
Основен прибор за работа во береберски салон
запомни
Бричењето е важна работна задача на фризерот за мажи. Под бричење не се подразбира само отстранување на влакната од брадата туку и обликување на косата околу увото, обликување брада, мустаќи и веѓи. Потребен алат и помошни средства при бричење се: класичен брич, острило за брич, четка и сад за сапун, платнена наметка и крпи, препарат за бричење, средство за дезинфекција на бричот и четката, препарати за после бричење. Постапката за бричење се состои од: подготвителни работи, изведување на бричењето и завршни работи.
ПРАШАЊА 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Каква постапка е бричењето и што се подразбира под бричење? Наброј потребен алат и прибор за бричење! Од кои активности се состои постапката за бричење? Опиши ги подготвителните работи за бричење! Зошто е важно сапунењето на брадата? Опиши го бричењето! Што подразбираат завршните работи при бричење? Какви визуелни корекции може да се извршат кај лицето со носење брада? 183
Козметика и фризерство за I година
5.5 ПЕРИКЕРСТВО Перикерството е занимање кое повторно станува актуелно. Работата на перикерот се состои во изработка на перикерски производи, нивна нега и одржување. Во последно време перикерските производи наоѓаат широка примена, како модни новитети, за потребите на сценската уметност и за луѓето кои од различни причини останале без коса. Од фризерите не се очекува познавање на изработката на перикерските производи, но секако треба да умеат правилно да ги наместат, негуваат и одржуваат. Затоа секој современ фризер треба да ја познава изработката на перикерските производи, особините на материјалот од кој се изработени, нивната правилна примена и начинот за нега и одржување.
5.5.1 Средства и материјал за работа во перикерското занимање Алат и прибор за работа во перикерско занимање За изработка на перикерски производи е потребен соодветен алат, апарати и прибор. Најчесто се употребуваат: гребен, кардеш, стапчиња за вплетување, модел глави, игли за врзување, четки, чешли и др. Гребенот служи за расчешлување на влакната. Се состои од метална подлога во вид на правоаголна плоча на која се распоредени остри челични игли. Се прицврстува за работната маса. Кардешот служи за извлекување и сортирање на влакната по должина. Се состои од подлога од кожа или пластика во која се вметнати игли со свиткани врвови. Се употребува во пар.
Постапка за изработка на перика
Стапчиња за вплетување на косата се употребуваат при изработка на плетенки и други додатоци за коса. Се состојат од две дрвени стапчиња долги по 30cm, фиксирани на држачи или на подлога. Стапчињата се вртат околу својата оска. Едното стапче има 3-5 отвори на кои се поставуваат макари со конци или жици. Другото стапче има отвор и околу него се намотува готовиот производ. Се поставуваат на оддалеченост 60-80cm. Модел глави се употребуваат за изработка, обликување, перење и сушење перики и други влакнени производи. Се изработуваат од материјал кој не впива вода и ги има со различни големини како на пр. 55, 58, 62cm. Се поставуваат на постојка која се прицврстува на работната маса. 184
Козметика и фризерство за I година
Иглите за врзување се направени од челик и имаат дрвена или пластична рачка. На врвот иглата е назабена и служи за врзување на влакната на мрежата од монтурата на периката. Четките за расчешлување на перикерските производи имаат метални игли всадени на мека гумена подлога. Се употребува за расчешлување на производи од природни и синтетички влакна. Чешлите се изработуваат од нерѓосувачки челик и се употребуваат при виткање и финално обликување на производите. Во прибор кој начесто се употребува спаѓаат: клешти за монтирање, игли за шиење, напрсток и др.
Модел глава
Сталак за перика
Алат за изработка на перики
Материјал за работа во перикерско занимање Основен материјал за работа во перикерското занимање се различните видови на влакна. Според потеклото може да бидат природни и вештачки (синтетички). Природните влакна може да бидат: растителни, животински и од човечка коса. Растителните влакна се влакната добиени од лен, коноп, морска трева и др. Од нив се изработуваат перики за кукли. Од влакната со животинско потекло најчесто се употребуваат влакна од: коњ, бивол, коза и др. Се употребуваат за изработка на додатоци за коса и за изработка на бради, мустаќи, зулуфи и други театарски реквизити. Влакната од човечка коса се најценета суровина за изработка на перикерските производи. Отсечените влакна од косата и понатаму може да се обработуваат како и косата, па периките и другите производи може да се бојат, белат и обликуваат на различни начини. За изработка на различни производи најчесто се користи косата со потекло од Европа и Азија. Синтетичките влакна се добиваат по индустриски пат. Квалитетните синтетички влакна треба да се средно дебели, да имаат мала маса, голем волумен, стабилна боја и сјај. Не смее хемиски да се третираат. Поефтини се од природните влакна, што ја намалува и цената на производите добиени од нив. 185
Козметика и фризерство за I година
Перики од природни влакна
Перика од синтетички влакна
запомни
Работата на перикерот се состои во изработка на перикерски производи, нивна нега и одржување. За изработка на перикерски производи е потребен соодветен алат, апарати и прибор. Најчесто се употребуваат: гребен, кардеш, стапчиња за вплетување, модел глави, игли за врзување, четки, чешли и др. Основен материјал за работа во перикерското занимање се различните видови на влакна. Според потеклото може да бидат природни и вештачки (синтетички). Природните влакна може да бидат: растителни, животински и од човечка коса. ПРАШАЊА 1. 2. 3. 4.
Во што се состои работата на перикерот? Зошто современиот фризер преба да ги познава перикерските производи? Наброј кој е основен алат за перикерско занимање! Какви видови на влакна се употребуваат за изработка на перикерски производи?
5.5.2 Видови перикерски производи Постојат различни видови на перикерски производи. Тука спаѓаат додатоците за коса, периките, брадите, мустаќите, трепките и др. Овде ќе се задржиме на објаснување само на оние производи кои се применуваат во фризерството.
186
Козметика и фризерство за I година
Некои од перикерските производи се изработени на монтура, односно подлога (како на пр. периките), а некои немаат монтура. Тоа е еден од факторите кои го определуваат начинот на употреба, негата и одржувањето на производите. Од перикерските производи во фризерството се употребуваат: прамени, плетенки, локни, репови (чопови), трансформации, тупеи и перики. Прамените се влакнени додатоци со должина 10-15cm. Може да се со различна боја. Се состојат од исплетен и слободен дел. Во косата се прицврстуваат со шноли. Се употребуваат со цел да ја освежат и украсат фризурата. Обично се одбира прамен со боја која е различна од природната со цел да делува декоративно.
Прамени
Прамени вметнати во косата
Плетенките се изработуваат најчесто од синтетички влакна. Се употребуваат како украс на долгата коса. Се произведуваат со различна боја и должина. Локните се влакнени додатоци со кадрава форма. Обично се групираат 2-3 дела со иста должина, кои на горниот дел се споени. Најчесто се прицврстуваат од страна или на задниот дел од фризурата. Реповите или чопови имаат должина 50-60cm. На горниот дел во ширина од околу 8cm се цврсто зашиени, а останатиот дел е слободен. Најчесто се произведуваат од синтетички влакна. Се употребуваат за изработка на пунџи и различни вечерни фризури. Трансформации за жени и тупеи за мажи се додатоци за коса изработени со различна форма и големина. Служат за покривање на делумна ќелавост. Се произведуваат индустриски и рачно. Се изработуваат на специјално направена монтура од мрежест тил, најчесто од природна коса. Периките се изработуваат рачно и индустриски, од природна коса и од синтетички влакна. Изработени се на монтура од еластичен или тврд тил. Еластичниот тил се прилагодува на различни големини на глава. Кај тврдиот тил големината на периката е точно определена. Некои перики во задниот дел имаат гума со која може да се регулира големината. Се произведуваат перики со различна должина, форма и боја. Перика со монтура
187
Козметика и фризерство за I година
Различни видови на перики
запомни
Перикерски производи кои се употребуваат во фризерството се: прамени, плетенки, локни, репови (чопови), трансформации, тупеи и перики. Монтура е подлога на која се изработуваат некои перикерски производи. ПРАШАЊА
1. 2. 3. 4. 5.
Наброј ги перикерските производи кои најчесто се употребуваат! Што е монтура? Кои перикерски производи се изработени на монтура? Кога и зошто се употребуваат прамените? Какви видови на перики постојат?
5.5.3 Местење на перикерски производи, нега и одржување Техниката на местење на перикерските производи зависи од тоа дали треба да се намести додаток за коса или перика. Постапката за местење на додатоци за коса се состои од неколку чекора. Прво додатокот се поставува на модел глава и убаво се расчешлува. Потоа се подготвува местото на главата каде треба да се прицврсти додатокот. Се одделуваат прамените со кои ќе се покрие монтурата или горниот дел на додатокот. Влакнениот додаток се зема од модел главата и се прицврстува на главата од странката со шноли, чешли или на друг начин, зависно од видот на додатокот. 188
Козметика и фризерство за I година
На крај се чешла природната коса заедно со додатокот за да се измешаат и со одделените прамени да се покрие местото на кое е прицврстен додатокот. Додатоците мора да бидат добро прицврстени, за странката да има чувство на сигурност. Местењето на периката треба да е изведено така што таа на главата да стои сигурно. Не смее да биде лабава и премногу затегната. Овде е потребна вештина особено за местење на периките кои на задниот дел имаат гума со која се регулира големината на периката. За добро и правилно местење на периката важно е соодветно да се подготви природната коса односно по потреба уредно да се собере. Негата и одржувањето на перикерските производи подразбира нивно редовно чешлање, перење, обновување на формата и бојата. За правилно изведување на овие работни задачи значајно е дали производите се изработени од природни или синтетички влакна и дали имаат монтура. Перењето на влакнените додатоци се изведува на два начина. Додатоците кои се прицврстени на монтура се перат во сад со млака вода и шампон. Ако немаат монтура се перат прицврстени на модел глава. Пред перењето, влакнените додатоци треба да се расчешлаат. По плакнењето на шампонот се употребува балзам емулзија која не се плакне. Потоа влакнениот додаток се суши. Ако се работи за синтетички производ, не смее да се изложува на директна топлина. Боењето на влакнените додатоци се изведува со цел да се освежи нивната боја или за да се пребојат. Постапката се изведува на модел глава. Боењето на влакнените додатоци, особено трајното се применува кај производите од природни влакна (особено од коса). Синтетичките производи не смее да се бојат со оксидациони бои. Препарирањето на влакнените додатоци се врши со цел да ја задржат кадравата форма. Производите од природни влакна може да се виткаат со примена на постапката за водена ондулација или со ладна трајна ондулација. Се виткаат прицврстени на модел глава. Кај синтетичките производи овие постапки не смее да се изведуваат. Чешлањето на периките се изведува на модел глава. Кај синтетичките перики не смее да се употреби пластичен чешел или четка. Перењето на периките е постапка која се состои од неколку чекора. Прво се пере монтурата со нанесување густ шампон со парче вата. Потоа периката се поставува на модел глава, се зацврстува со иглички и се расчешлува. Периката заедно со модел главата се потопува во сад во кој е растворен шампон и стои извесно време. Повремено се притиска со рацете, а не смее да се трие. Периката се плакне под млаз вода и на крај се употребува средство за регенерација. Кај синтетичката перика мора повеќе да се внимава на температурата на водата за миење. Периките се сушат поставени на модел глава. Синтетичките се сушат на собна температура, без директно изложување на топлина. Боењето на периките се изведува на модел глава, исто како и кај природната коса, само се внимава да не се обои монтурата. Оваа постапка се применува само кај природните перики. 189
Козметика и фризерство за I година
Обликување на природните перики може да се изведува со фенирање, водена ондулација и ладна трајна ондулација исто како и кај природната коса. При тоа периката се поставува на модел глава. Синтетичките перики се обликуваат со посебна постапка. Виткањето се врши на испрана и влажна перика поставена на модел глава. Навитканата перика се покрива со најлон ќесичка која не смее да пропушта воздух, се става под хауба и се остава 20 min. Температурата на топлиот воздух за сушење треба да изнесува 50°С. Под дејство на топлината синтетичките влакна омекнуваат и го попримаат обликот на виклерите. Бидејќи најлонот не дозволува испарување на водата влакната се заштитени од оштетување. По изминатото потребно време за препарирање, се прекинува дејството на топлиот воздух, се вади најлон ќесичката и периката се остава природно да се исуши, а потоа се одвиткува.
запомни
Техниката на местење на перикерските производи зависи од тоа дали треба да се намести додаток за коса или перика. Негата и одржувањето на перикерските производи подразбира нивно редовно чешлање, перење, обновување на формата и бојата. За правилно изведување на овие работни задачи значајно е дали производите се изработени од природни или синтетички влакна и дали имаат монтура.
ПРАШАЊА 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Од што зависи техниката на местење на перикерските прозводи? Како се мести влакнен додаток? На што треба да се внимава при местење на перика? Како се перат влакнените додатоци? Дали сите влакнени додатоци може да се бојат? Спореди перење и сушење на природна и синтетичка перика! Како се бои и обликува природна перика? Претпостави зошто синтетичката перика не смее да се бои со оксидациони бои! 9. Што ќе се случи ако на синтетичка перика се изработи ладна трајна ондулација? 10. Опиши ја постапката за виткање на синтетичка перика!
190
Козметика и фризерство за I година
РЕЧНИК НА НЕПОЗНАТИ ЗБОРОВИ
Абразивно – средство со кое се чисти, со помош на триење т.е. стружење. Адсорпција – концентрирање на супстанцијата на површина на адсорбенсот. Адстригентен – ја стега, собира површина на ткивата, поради тложење на протеини. Адхезивен – се припива, прилепува за кожата. Аморфен – без одреден облик, спротивно од кристален. Анатомија - наука за градабата на живите организми. Антисебороичен – намалува или спречува зголемено лачење на лој (себум) од лојните кожни жлезди. Антисептик – спречува развој на микроорганизми со инхибирање на нивната активност. Антистатик – намалува или спречува статички електрицитет. Антиферментативно – спречува ферментативни процеси. Антифлогистик – средство кое смирува или ублажува воспаление. Апсорпција – врзување на гасна супстанција за апсорпционо средство. Атрофија – закржлавеност, слабост, слаба нахранетост. Бактерициден - уништува бактерии. ДДД (дезинфекција, дезинсекција, дератизација) – збир на постапки за уништување на микроорганизми, глодачи и инсекти. Дезинфекција – уништување на патогените микроорганизми, но не и спорите. Деминерализација – прочистување на водата преку размена на јони. Дестилација – издвојување на течности во смеса, со различни точки на вриење. Дехидрација – губење на водата. Екстракција – извлекување од дрогите со помош на растворувач. Ексфолијација – лупење на изумрените кожни клетки. Егзем – воспалени кожни површини со ситни меурчиња, со јадеж и лупење на кожата. Еластин – главна состојка од еластичното ткиво на човековиот организам. Емолиентен – омекнува површина на кожа и слузокожа. Емулгатор - компонента за добивање стабилна емулзија. Епителизација – обновување на епителните клетки. Еритем – запалување на кожата. Инкорпорира – се вградува, вклучува. Кардеш - прибор за изработка на перики (подлога со вметнати игли). Каустично – нагризувачко дејство со кое се уништува или одстранува здраво или заболено ткиво. Кератин – рожеста материја. Кератоза – зголемено орожнување. 191
Козметика и фризерство за I година
Кератолитици – средства за отстранување на непотребно ткиво, со нагризување. Конзерванс – средство кое го заштитува препаратот од микробиолошко расипување. Конзистенција – состојба, цврстина, густина. Криотерапија – механички пилинг со течен азот или снег од CO2. Липофилна фаза – се раствара во липиди. Номенклатура – именување на суровините. Ондулација – постапка за виткање на косата. Органолептичко – испитување со помош на сетилата. Пенетрација – продирање на препаратот (супстанцијата). Поливинил – синтетички материјал, отпорен на вода и некои хемикалии. Пилинг – лупење на изумрените клетки од горниот слој на кожата. Порозна – шупликава. рН-регулатори – средства кои ја регулираат киселоста. Репеленти- одбивачи на инсекти. Рехидрација – враќање на влажноста на кожата. Себореа – прекумерно лачење на себум (лој) од лојните жлезди. Сензибилизација – чувствителност. Солубилизатор – го хомогенизира растворот. Стандардизација – постапка за изедначување на квалитетот. Тензиди – површинско активни материи. Термозаштита – заштита од температурни промени. Токсични – отровни. Тонизира -воспоставува нормален тонус на епидермалното ткиво. Тонус – нормална напнатост на клетката. Физиологија - наука за природните процеси во живите организми. Филм – тенок рамномерен слој врз некоја површина. Фунгициди – уништуваат габички. Хидрофилна фаза – се раствара во вода. Хидрофилни – врзуваат вода. Хидрофобни – одбиваат вода. Хигроскопност – својство на материјата да впива влага од воздухот. Хипертрихоза – зголемена влакнавост на телото. Хиперхидроза – зголемено лачење на пот. Хомогенизација – мешање на препаратот, додека не се добие еднаква концентрација во сите неговиточки. Хумектанс – средство за навлажнување.
192
Козметика и фризерство за I година
ЛИТЕРАТУРА:
1. Д.Васиљевиќ, С.Савиќ, Љ.Ѓорѓевиќ, козметологије, Београд, 2007
Д.Крајишник:
Приручник
из
2. Г.Вулета: Фармацеутска технологија са биофармацијом, Београд, 2007 3. Службен весник на Република Македонија, бр.152 од 18 декември 2007 4. Галафарм, Вадемекум, Скопје, 2007 5. Д. Ајронс: Убава жена, Скопје, 2004 6. М. Чајковац: Козметологија, Загреб, 2000 7. Rieger MM, Harry`s Cosmeticology, New York, 2000 8. Р.Јаневска, К.Петров: Основи на козметиката и фризерството, Скопје, 1994 9. Г. Вулета: Козметологија, Београд, 1994 10. Williams, Shmitt: Chemistry and Technology of cosmetics and toiletries industry, Glasgow,1994 11. С. Мазиќ, Ж. Ниџовиќ: Козметологија са практикумом, Београд, 1989 12. С. Мазиќ: Познавање материјала, Београд-Нови Сад, 1988 13. Д. Пекариќ: Фризер, козметичар, власуљар,Сарјево,1987 14. Р. Поповиќ, О. Поповиќ: Технологија материјала, Београд, 1970 15. В. Абрамовиќ: Козметика, Београд- Загреб, 1968
193