АКТУЕЛНО
стоматолошки
ТРИБИНА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
„Биди авангарден во својата професија” со конкретни предлози и инцијативи за стоматолошката дејност големување на капитацијата, но и зголемување на лимитот на специјалистичка дејност, како и изземање на забниот техничар од специјалистичката дејност, се само дел од барањата на стоматолозите кои ги предложија учесниците на трибината “Биди авангарден во својата професија” што на 24 декември 2013 година ја организираше Стоматолошката комора на Македонија. Повеќе од сто стоматолози од јавното и приватно здравство, учествуваа на Трибината, дебатираа и ги изнесоа своите ставови во однос на најбитните
З
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
прашања од фелата, финасирањето, капитацијата, вработувањето и мотивацијата, како и превенцијата. Присутни беа стоматолози од сите региони во земјата. „Имајќи предвид дека во 2004 година се реализираше трансформацијата на стоматологијата, кога над 90% од стоматолошките ординации станаа приватни субјекти, сметавме дека временска дистанца е повеќе од доволна за да направиме пресек на ефектите, недостатоците и последиците врз целокупниот стоматолошки здравст-
вен систем. Целта ни е како стручна фела, директни учесници во овој здравствен сегмент, да го дадеме нашето мислење и придонес на кој начин и што треба да се промени за да се добијат подобри ефекти од здравствен, професионален и финансиски аспект”, изјави претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, проф. д-р Марија Накова. Во однос на капитацијата заклучоците се однесуваат на неопходноста од зголемување на капитацијата, зголемување на лимитот на специјалистичката дејност, изземање на забниот техничар од специјалистичката дејност или примена на комбиниран модел на финансирање... со што би се стимулирале приватните стоматолошки ординации да вработуваат млади доктори по основ на капитација со што ќе се создадат услови за генерациски континуитет во стоматолошката професија. Овие промени се потребни за стимулирање на професионалците и ефикасност во работата, како и за создавање на легитимна конкурентност во работата. Според учесниците на оваа Трибина, треба повеќе внимание да се посвети на превентивната стоматологија и порачаа задолжителни годишни систематски прегледи на децата од учи-
3
АКТУЕЛНО
стоматолошки
лишна и предучилишна возраст, средношколците, студентите, но и на вработените. На Трибината учестуваа и претставниците од Министерството за здравство, на Фондот за здравствено осигурување, стоматолошките факултети, Институтот за јавно здравство, претседатели и претставници на стручните стоматолошки друштва и здруженија, регионалните одбори на Комората. Проф. д-р Марија Накова, како претседател на СКМ, изразувајќи задоволство за големиот интерес што го предизвика собирот, ги отвори клучните прашања за стоматолошката дејност во Македонија: -Дали моделот на финансирање во стоматолошката здравствена заштита дава позитивни резултати во пракса? -Дали начинот на регулирање на стоматологијата во Македонија, од секој аспект, нуди стимулитивни можности за новите кадри? -Која е взијата за стомаологијата во нашата држава во иднина? Таа истакна дека не очекува на овој собир да се одговорат или најдат реше-
а,
ЗАКЛУЧОЦИ: 1. Да се изготви макропроект од епидемиолошки карактер за состојбата на оралното здравје кај населението во РМ за да се добие реална и релевантна слика од каде потоа ќе може да се планира севкупната организација на стоматологијата.
нија за сите отворени прашања, туку дека Трибината е можност за размена на искуства меѓу институциите и стоматолозите, но и можност да се слушнат и личните видувања на оние кои имаат став за отоврените прашања. Деканот на Стоматолошки факултет – Скопје, проф.д-р Љубен Гугувчевски, изрази големо задоволство што присуствува на собир со еден мошне провокативен наслов. Тој истакна дека ните стоматолошки дисциплини недостасува порактичната работа. Предлог на Комората е овој дел од едукацијата на младите кадри да се спроведува и во акредитирани приватни здравствени установи кои ги задоволуваат сите стандарди за спроведување на ваков тип настава.
5.Стоматолошката комора на Македонија инсистира да не се ограничува опсегот на стоматолошките здравствени услуги што стоматолозите може да ги спроведуваат во своите ординации, односно да се пристапи кон реализа3. Во превентивните тимови на ција на поливалентната стоматологија Министерството за здравство, бидејќи кон излезните квалификации дадени стоматолошките сестри се инсуфици- од високообразовната институција. ентни, онаму кајшто фалат сестри во 6. Во специјалистичките ординации тимовите, да се вработат младите по ортодонција и протетика, износот невработени доктори по стоматологија што Фондот за здравство го дава за кои се оспособени за едукација, мотионие кои имаат склучено договор со вација и за залевање на фисури, со оваа институција да биде само за цел, да се води активна и агресивна тимот. Техниката финансиски да се кампања во однос на одржувањето на исплаќа директно од буџетот на оралната хигиена кај децата од преФондот. тшколска и школаска возраст. 7. Во оваа фаза, поради зголемени 4. Докторите на стоматологија кои режиски и материјални трошоци во додипломската пракса ја поминуваат стоматолошките ординации да се во Универзитетскиот стоматолошки изврши зголемување на капитацијата клинички центар имаат малку можво примарната стоматолошка дејност. ност практичниот дел да го спроведат 8. Да се пристапи кон промена на со работа на пациенти поради што во нивните теоретски познавања во раз- моделот на финансирање и да се 2. Во приватните стоматолошки здравствени установи за двајца или повеќе доктори на стоматологија во една ординација да има една стоматолошка сестра.
а
4
авангардноста на Факултетот на којшто тој е декан ја гледа, пред се, во тоа што веќе пет децении оваа наставно-научна институција е креатор на забоздравството и стоматологијата во државата и дека целта на институцијата е и во иднина да се труди да биде лидер во стоматологијата со идејата да ја следи секоја новина во делот на едукацијата и примената на стоматологијата како наука. Тој потенцираше дека Стоматолошкиот факултет-Скопје цврсто сака да сработува во Стоматолошата комора на Македонија, особено во однос на едукацијата и дека Факултетот е подготвен за сугестии од страна на стручната фела. “Авангардата е едукацијата, односно, еден добро едуциран доктор на стоматологија секако е авангарда”, рече деканот Гугувчевски. Претставникот на Министерството за здравство, д-р Бранко Милошевски, даде краток пресек на промените во стоматолошката здравствена заштита во периодот од 2004 до 2013 година. Појдовната точка за реформите во стоматологијата, според него, е соработи на прифаќање на моделот на извршена услуга што ќе биде од интерес за сите три субјекта во државата. Во почетокот, поради адаптрација, да се применува комбиниран модел, и капитација – извршена услуга, а во регионот Струмица да се спроведе пилот-моделот по извршена услуга. 9. Видеометеријалот од Трибината да се достави до Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и регионалните одбори на Комората. 10. Да се изготви акционен план во којшто ќе се дадат можни решенија за надминување на тековните проблеми што постојат како и динамиката за реализација на поставените цели и задачи. Тим за изготвување на акционен план: - проф.д-р Марија Накова (координатор) - д-р Горан Ивановски - д-р Томе Лазаров - д-р Јован Гагалески - д-р Благој Петров - д-р Горан Мишевски - д-р Недим Касами - д-р Јулија Донева - претставник на Министерството за здравство - претставник на Фондот за здравствено осигурување на Македонија
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
АКТУЕЛНО односот меѓу бројот на жители и доктори на стоматологија и заклучкот дека во урбаните, градски средини има повеќе стоматолошки тимови отколку што е неопходно, а дека во помалите места недостасуваат стоматолошки тимови, односно постои нивна несоодветно распореденост. Во однос на превентивната стоматологија, д-р Милошевски истакна дека Националната стратегија за превентива се спроведува во континуитет и дека со повеќе од 425 илјади деца секојдневно работат 150 превентивни тимови. Според него, по првата етапа на петгодишно спроведување на Националната стратегија за превентивата за околу 60% е намален кариесот кај децата. “Во 2014 година Владата на Македонија ќе даде извештај за спроведената Национална стратегија и пред Светската здравствена организација”, објасни д-р Милошевски. Професор Соња Апостолоска, претседтел на Македонското стоматолошко друштво (МСД), авангардата ја сфаќа како нешто во што ќе се појавиш како прв и во позитивна наска ќе бидеш предводник во одредена област. “Во Македонија е тешко да се зборува за авангарда пред се поради тоа
стоматолошки
што со најновите законски промени се бришат одредени специјалности, како што е на пример ендодонцијата и оралната патологија, кои се клучен сегмент во севкупниот стоматолошки процес”, истакна проф. Апостолоска. Според неа мора да се изготви стратегија за тоа како да се сочуваат специјалистичките гранки, а голем недостаток е тоа што во Македонија не е изготвена ниту една епидемиолошка студија. “Оралната хигиена кај населението е на многу ниско ниво, па оттука не може да се говори за авангарда во стоматологијата во државата”, смета претседателот на МСД и го постави прашањето дали секое ново стоматолошко здружение е доволно стручно, однсно има стручни и компетентни членови за да биде организатор на еден сериозен процес на континуирано едуцирање на колегите. М-р Влатко Конески изнесе статистички податоци за оралните заболувања кај населението во РМ кои би биле во прилог на тоа дали и кои специјалности се се уште нужност за зачувување во државата, а во кои сегменти и Македонија треба да ги следи модерните теркови на развиените земји.
Конкретни видувања за тоа во која насока треба да се движат промените во начинот на организирање и финансирање на стоматолошката здравствена заштита даде д-р Томе Лазаров, претставник на Регионален одбор Струмица. Тој предложи неговиот концепт да се искористи како разработена метода која би можело да се примени како пилот-проект во регионот на Струмица, за да се види дали тој ќе резултира со позитивни импликации и во практиката, што како идеја беше едногласно поддржана од сите присутни на Трибината. Трибината, како модел на комуникација и размена на мислења ја поздрави и д-р Недим Касами, претседател на Стоматолошко друштво на Албанците кој истакна дека осебно ја цени авангардноста на раководството на Комората и дека се надева дека и во иднина ќе се организираат слични собири на кои ќе се разменуваат искуства и ќе се дискутира за проблемите и начините на кои тие да се решаваат, а сето тоа да се стави во функција на одржување на оралното здравје на граѓаните и во сочувувањето на дигнитетот, етичноста и профисионализмот на доктоторите по стоматологија.
стоматолошки
Избори за регионални одбори, делегати во Собрание и Претседател на Комора по која ќе се спроведуваат изборите на сите нивоа. Претседателите на регионалните одбори беа задолжени да свикаат состаноци и да го организираат одборот со точен датум, место и час кога ќе се свикаат регионалните состаноци на кои членовите на СКМ од тој регион ќе ги определат избирачките места, избирачките одбори за регионалните изборни комисии, а потоа ќе постапуваат според планираната динамика на Регионалната изборна Комисија. а 8 јануари Претседателот на Стоматолошката комора донесе Одлука за распишување на избори за членови на регионалните одбори, делегати во Собранието на Комората и за претседател на СКМ. Изборите во Комората се спроведуваат на секои четири години, а оние кои добиле еден четиригодишен мандат имаат право на мандат на уште четири години едно по друго. Изборите се непосредни, слободни и тајни, односно членовите на Комората со непосредно и тајно гласање избираат членови во регионалните одбори, делегати во Собранието и претседател на Стоматолошката комора на Македонија. Гласањето се спроведува на избирачки места во регионалните одбори, а доктор по стоматологија може да гласа доколку како член на Комората е евидентиран во единствениот избирачки список. За избор на член на регионален одбор и за делегат во Собранието доктор по стоматолија може да гласа за оние предложени кандидати кои според местото на живеење припаѓаат на ист регионален одбор. Доктор по стоматологија на кого му е одзмена лиценцата во време на одржување на изборите нема право да избира, ниту да биде избран во Собранието, во регионалните одбори или во друг орган на Комората. Републичката изборна комисија на Комората на својот прв состанок го прецизираше избониот процес и до регионалните одбори достави упатство како треба да се организираат и спроведат изборите по регионите, со листа на доктори запишани на избирачкиот список според место на живеење, како и план за динамиката
Н
6
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
ДАТУМ 8 јануари
ТЕЛО Претседател на комората
АКТИВНОСТ Донесeна одлука за распишување на избори
9 јануари
Републичка изборна комисија
Одржан состанок за текот на изборите со утврдување на следниве обврски: -Достава на допис до сите регионални одбор (РО) со известување дека се распишани изборите, со задолжување да се организира и одржи собир на докторите најдоцна до 5 февруари со точки на дневен ред. *избор на членови на регионална изборна комисија (3 членапретседател, секретар и член), *предлагање на кандидати за членови на РО и делегати во Собранието на Комората, *предлагање на кандидат за претседател на Комората. Во дописот, РО се задолжува известувањето за датумот и часот на одржување на состанокот до Републичката изборна комисија да го достави најдоцна до 25 јануари за благовремено да се објави на web страницата на Комората.
Најдоцна 3 дена по одржување на состанокот
Предложен кандидат за член на РО или делегат во Собранието
Доставува образложение за својата кандидатура, CV, успесите кои ги постигнал, како план и програма за работа во иднина на РО и изјава дека ја прифаќа кандидатурата
Регионален одбор
До Републичка изборна комисија по одржување на собирот доставува: -записник од одржан собир, -одлука за членовите на регионалната изборна комисијa.
До 10 февруари
До 10 февруари
Регионалната изборна комисија доставува
До 14 февруари
Републичка изборна комисија
17 февруари
Републичка изборна комисија
По увид и анализа на кандидатурите Регионалната комисија до Републичката изборна доставува - листата на предложени кандидати за членови на РО и делегати во Собранието, -кандидатурите и изјава за прифаќање на кандидатурата -определените избирачки места со членови на избирачките одбори. Утврдува дали постојат неправилности во поглед на предложените кандидати, а доколку се констатираат неправилности ја повикува регионалната изборна комисија најдоцна во рок од 3 дена да ги отстрани. Доколку тоа не е можно ќе побара од РО постапката да се повтори. Ги објавува датумите на гласање за предложените кандидати по региони
Републичка изборна Комисија
Доставува избирачки материјал до регионалната избирачка комисија
Избирачки одбор
Доставува резултати од гласањето до регионалната изборна комисија, а таа до Републичката изборна комисија
Републичката изборна комисија
Ги објавува резултатите од гласањето
благовремено пред денот на изборите Веднаш на денот на гласање, по завршување на гласањето По сумирање во најбрз можен рок
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
7
стоматолошки
АКТИВНОСТИ
Забелешки на СКМ на предлог договорите за примарната и секундарната стоматолошка заштита томатолошката комора на Македонија во средината на ноември 2013 година до Фондот за здравствено осигурување на Македонија достави повеќе забелешки и сугестии на предлог-договорите за 2014 година. Предложените забелешки и сугестии за промена на одредени одредби од важечките договори за примарна и специјалистичка стоматолошка здравствена заштита претходно беа разгледани од Комисијата за економски прашања, а беа потврдени на седница на Извршниот одбор одржана на 09.11.2013 година. Во прилог ви ги доставуваме предлогзабелешките за промена на важечките договори од дејностите примарна и специјалистичка стоматолошка здравствена заштита.
С
Забелешки на договорите за примарна стоматолошка здравствена заштита: Член 12 - став 12 и 15 (променет со анексот за 2013 г.). Став 12 - освен почетната реченица, останатиот дел да се избрише затоа што не е во согласност со ниту еден член од ЗЗЗ и ЗЗО, туку е од областа на Законот за работни односи за кој Фондот нема никакви ингеренции, (а и по Законот за работни односи нема обврска излезници да се заведуваат во деловодна книга). Истото важи и за став 15- да се брише. Став 16 (променет со анексот) Додадените зборови со АНЕКСОТ да се бришат, нема законска обврска во ординација да се чуваат материјални картици кои се дел од книговодственото работење. Став 21 - (променет со анексот за 2013 год.) – да се избриши согласно член 44 од Законот за здравствена заштита кој гласи: (1) Здравствените установи во мрежата можат да вршат здравствена дејност на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства, ако:
8
- за таа дејност имаат дозвола за вршење на здравствена дејност и ако се запишани во регистарот на здравствени установи, - во последните 12 месеци во целост ја исполниле својата обврска од договорот со Фондот или по исклучок со согласност на Министерството за здравство, - тоа не влијае на обемот и на квалитетот на вршењето на здравствената дејност во мрежата и на продолжувањето на времето на чекање за користење на определена услуга и - имаат кадровски, просторни и други капацитети кои ги надминуваат критериумите за определување на мре-
жата и условите кои произлегуваат од договорот со Фондот и кога истите не се потребни за спроведување на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување согласно со договорот со Фондот, како и за обезбедување на дежурства и приправност. (2) Здравствените установи од ставот (1) на овој член можат да ги вршат здравствените услуги кои: - не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување врз основа на прописите од областа на задолжително здравствено осигурување,
Капитација од најмалку едно евро по осигуреник Месечната капитација за избраните стоматолози наместо сегашните 35 денари треба да изнесува едно евро во денарска противредност. Аргументи за ваквото барање: износот на сегашната капитација које е прениска не е корегиран веќе пет години, па стоматолошките ординации едвај опстојуваат. Во исто време цените на режиските трошоци и поторшните стоматолошки материјали се зголемени за над 35 отсто. Со капитацијата од 35 денари по пациент стоматолозите добиваат по околу 28.000 денари месечно, а реалните трошоци покриваат со пациенти кои доаѓаат за приватни стоматолошки услуги кои и не се во така голем број. „Ретко кој од стоматолозите има 2.000 пациенти, бидејќи речиси половина нација нема матичен стоматолог. Стоматолозите во просек имаат по околу 1.000, а има некои кои имаат прикрепено само по 800 пациенти. Кога ќе се одбие делот за превентивни цели, од 35 денари капитацијата се симнува на 28 денари, па ако лекарот има 1.000 осигуреници ќе добие 28.000 денари. Кога ќе платат струја и вода, и стоматолошката сестра, стоматологот може да исплати плата од 12.000 денари. А каде се средствата за амортизација на опремата. Мора и таа
да се обновува, осоовременува...“, објаснува проф. д-р Марија Накова, претседател на Стоматолошката комора на Македонија и најавува дека допрва ќе почнат преговори со здравствените власти. Се предлага да се намали и превисокиот лимит од 2.000 осигуреници за еден стоматолог со цел еден стоматолог да вработи уште еден помлад колега, како и да се дозволи една сестра да опслужува двајца стоматолози. „Со ова ќе се реши и проблемот со дефицит на кадар, но и со тоа да мора да вработи сестра со каква било стручност, па дури и акушерки само ординацијата да има тим“, објаснува д-р Накова. Се бара да се воведе и субвенција за младите стоматолози во против вредноста на капитацијата за 1.000 пациенти. „Половина нација нема матичен стоматолог, па парите кои би биле наменети за капитација да се пренаменат како поддршка за младите колеги“, вели проф. Накова. За да се подобри грижата за здравјето на забите на населението, а со тоа и да се принудат осигуренците да изберат матичен стоматолог, Комората предлага да се воведат систематски прегледи еднаш годишно за сите возрасти.
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
- се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се вршат по желба на пациентот за поинаков или повисок стандард од оној утврден со прописитеод областа на задолжително здравствено осигурување, - се вршат врз основа на договори со странски партнери или корисници и - се вршат за странци кои самите ги намируваат трошоците за лекување. (3) Здравствената установа од ставот (1) на овој член е должна на видно место да истакне дека врши и здравствена дејност за пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства, видот на здравствените услуги кои ги врши во форма на здравствена дејност што се плаќа од лични средства, времето и местото на нивното вршење, цените на здравствените услуги и листа на здравствените работници кои ја вршат оваа дејност. (4) Здравствената установа во мрежата може да укажува здравствени услуги на пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства и во работното време наменето за вршење на здравствена дејност во мрежата за здравствените услуги кои: - се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се вршат со материјали по избор на пациентот со поинаков или повисок стандард од оној утврден со прописите од областа на задолжително здравствено осигурување или - не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а кои не можат да се вршат одделно од здравствените услуги кои се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, по претходна согласност од Фондот. (5) Здравствената установа од ставот (1) на овој член е должна на секои шест месеци до Министерството за здравство да поднесува извештај за обемот и видот на извршените здравствени услуги за пациентите кои услугите ги плаќаат со лични средства. Став 30 - додаден со анексот од 2013 година – да се брише (важи за ординациите по општa медицина). Член 14, став 2 – да се брише делот: сметководството и финансиите – Фондот нема ингеренции по ова прашање.
Побарано толкување за дополнителната работа на приватните стоматолози Стоматолошката комора на Македонија со официјален допис од Министерството за здравство кон крајот на 2013 година побара правно образложение на регулативата околу работењето на докторите по стоматологија од приватните здравствени установи во други приватни здравствени установи. „Бидејќи во Законот за здравствена заштита јасно е дефинирана дополнителната дејност меѓу здравствени работници вработени во јавниот сектор кои нудат здравствени услуги или консултативни услуги во приватни здравствени установи, Стоматолошката комора на Македонија Ве замолува да ни дадете поконкретно правно образложение и во врска со тоа како е регулирано работењето на здравствените работници од приватни здравствени стоматолошки установи во други приватни здравствени установи без оглед дали се работи за давење на здравствени услуги или консултативни услуги", е образложено во барањето упатено до Министерството за здравство. Имајќи предвид дека доктор на стоматологија може да работи во ординација за којашто има лиценца за спровеСтав 9 (променет со анекс) – да се брише, Фондот нема ингеренции по Законот за работни односи и не смее да се казнува согласно овој Закон.
Член 21, став 11- да се разгледа согласно член 44 од ЗЗЗ.
Член 24, став 3 (променет со анекс) – и оваа одредба е според Законот за работни односи по кој Фондот нема ингеренции да контролира и уште помалку да казнува.
Член 23, став 7 – променет со анексот – да се брише, согласно член 44 од ЗЗЗ.
Став 4 – пред зборот „затворена“ да се додаде - неоправдано.
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
дување на конкретната дејност, Стоматолошката комора побара толкување на неколку прашања кои се од посебен интерес за докторите по стоматологија: - Дали при компликации во работата во една општа ординација може да биде повикан доктор специјалист од соодветната област што се наметнала во текот на давањето на здравствената услуга врз пациентот? - Дали доктор специјалист од одредена област може да биде повикан во друга специјалистичка ординација во која се спроведува специјалистичка дејност која не е во доменот од неговата лиценца но има потреба од интердисциплинарно решавање на случајот? Особено ако се земе предвид дека во државава постои само еден Универзитетски стоматолошки клинички центар во којшто може да се даваат интердисциплинарно услуги и консултации. „Однапред Ви благодариме и се надеваме дека ќе ни излезете в пресрет за разрешување на овие наши дилеми за да може да го информираме членството на Стоматолошката комора", e потенцирано во официјалниот допис до Министерството за здравство.
Забелешки на договорите за секундарна стоматолошка здравствена заштита: Член 6 – да се оддели заботехничката лабораторија од договорот. Член 8 – претпоследен став, да се применува при такви ситуации. Забелешките за сите членови кои се по Законот за работни односи, а не по ЗЗЗ и ЗЗО се исти како и за договорот во примарната стоматологија.
9
стоматолошки
ПРАКТИКА
Етичка и законска одговорност на докторот по стоматологија сториски гледано откако постои стоматологијата како струка и наука, која се ефектуира помеѓу два субјекта, од една страна докторот стоматолог како давател на услугите, било од дијагностички, терапевтски или реставративнореконструктивен аспект, а од друга страна пациентот како примател на услугите, многу често постоеле, постојат и ќе постојат и незадоволство, поплаки и жалби како од етички, стручен така и од материјалнофинансиски аспект. Со спроведените реформи во стоматологијата во 2006 година во Р. Македонија, најголем дел од стоматолошките здравствени установи се приватизираа (околу 90%), со што секоја ПЗУ ги зема обврските за почитување на етичките и законските одредби во стоматолошката ординација која е самостоен правен субјект. Паралелно со тоа растеше и свеста на дел од граѓаните за важноста на оралнатото здравје, но и за материјалните трошоци кои се неопходни при извршување на одредени стоматоллошки интервенции, а не се покриени од ФЗОМ. Оттука се повеќе во секојдневната практика имаме пациентите кои ги бараат своите права за квалитетно извршена услуга. Во некои случаи тие нивни барања се основани и реални, а во други паушални и субјективни, односно претставуваат обид да се оствари материјална добивка. Кај одреден број случаи се се завршува со договор со докторот- стоматолог. Меѓутоа, ако не дојде до таков договор, пациентите се почесто упатуваат преставки до Стоматолошката комора или поведуваат судски спорови. Докторот по стоматологија при својата работата во стоматолошката ординација или поточно при давање на стоматолошки здравст вени услуги, треба да водат грижа за:
И
- Имплементација на стручното знаење и хуманиот (етички) однос кон пациентот - Целокупната постапка трба да
10
ја води со почитување на деонтолошките начела, односно обврски и законските прописи - Почитување исклучиво на административно-законска одговорност - Потпишување на изјава од страна на пациенто дека се согласува на интервенцијата која треба да ја изврши докторот - Целокупната работа на докторот по стоматологија да базира на неговите стручни знаења, нивна практична имплементација и хуманиот, односно етичкиот однос кон пациентот. Лекарската етика и ден денес е фундирана на Хипократовите принципи меѓу кои најосновен и најзначаен е првиот - да не му се наштети на пациентот или “primum non nocere”. Сите други се подредени на овој прв принцип и потекнуваат од него. За разлика од лекарската етика која зборува за моралните квалитети и однесувања на докторот по стоматологија, лекарската деонтологија ги пропишува обврските и должностите на докторот по стоматологија Терминот деонтологија за прв пат се споменува во 19. век од страна на англискиот филозоф Ј.Бентхама (Deontologs,1834). Поимот лекарска етика се поклопува со поимот лекарска деонтологија, бидејќи тоа е компилација на овие два појмови во стоматологијата, каде покрај етичките се опфаќаат и правните начела
кои се во контекс со стоматолошката дејност. Со други зброви, лекарската деонтологија е врска помеѓу лекарската етика и правилата на однесување на докторите, а од друга страна медицинското право или законодавство (jurisprudencija). Деонтологијата е наука за должностите на лекарот, за почитување на одредени норми и обврски при реализација на неговата професија.Таа постои за секоја професија, меѓутоа од посебно значење е во медицината поради специфичноста и чувствителноста на самата дејност. Професијата „доктор“ не може да се спореди со која било друга професија поради тоа што објектот на следење, опсервација и третманот е човекот-пациентот. Стоматолошката професија не претставува ниту само вештина, ниту само теоретско знаење, туку таа претставува компилација од теоретските знаења, стручни вештини како и на целокупната посветеност на човекот во одржување на неговите морфофункционални и естетски карактеристики, а се ставено во функција на неговиот живот. (Пејаковиц, Грмек) Во Република Македонија докторите по стоматологија се должни да се придржуваат кон начелата и правилата пропишани во Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија. Стоматолошката комора на Македонија поради заштита на здравјето на пациентите како и поради зачувување на достоинSTOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
ството и угледот на докторот стоматолог го изработи Кодексот кој се базира на одредбите на Законот за здравствена заштита и Статутот на Стоматолошката комора. Кодексот на стоматолошката етика и деонтологија претставува систем на етички норми врз основа на кои се втемелени взаемните обврски помегу стоматолошката професија и општеството, ставени во функција на заштитата и унапредување на човековото здравје, наспроти професионото однесување, при лекувањето на пациентот, заштита на неговиот личен интегритет и интегритетот на секој стоматолошки работник. Етичките и законските норми се блиски по нивната суштина, но сепак, тие не се со исто значење. Законските решенија секогаш се стремат да бидаат етички засновани, но тие никогаш не можат да ги санкционираат сите етички норми. Ова статија е од информативен карактер, со неа сакаме да го информираме секој стоматолог во Р. Македонија за разликите кои постојат во водењето на постапката за сторена повреда односно направените грешки од етички и стручен аспект во однос на пациентот, својот колега и оние кои се од правен аспект, каде има повреда на Законот за здравствена заштита и последиците од тоа... Секако, базирано на постоечката законска регулатива. Во делокругот на работата на Комората и водење на постапка за сторена повреда од етички и стручен аспект се врши во следните случаи: l
l l l l l
При нарушување на етичките аспекти во остварување на правата на пациентите Нарушување на меѓучовечките колегијални односи Непочитување на одлуките на органите на Комората Одговорност при направена административна грешка Оддавање на лекарска тајна Направена стручна грешка при давање на стоматолошки здравствени услуги, од дијагностички, терапевтски и реставративно-реконструктивен карактер
Во случај на повреда и направен прекршок на која било од наброените прекршоци, според Кодексот на STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошката професија, се отпочнува да се води постапка од страна на органите и телата на Стоматолошката комора. Постапка против членот на Комората кој направил повреда на некои од наведеите случаи, поведува Обвинителот на Комората, кој во писмена форма, со целокупниот прибран материјал и документација, како и предлог за тоа дали сторителот на повредата е виновен или не, и која мерка да му се изрече, се доставува до Судот на честа, односно до претседателот на Судот на честа. По примањето на одлуката за поведување на постапка во форма на обвинување, претседателот на
Судот на честа во рок од 10 дена одлучува дали ќе отвори поведување на постапка пред Судот на честа или ќе донесе решение со кое се отфрла одлуката за поведување на постапка од страна на Обвинителот. Доколку не постојат аргумент за отфрлање на обвинителниот акт, Претседателот на судот на честа донесува решение за отворање на постапка пред Судот на честа и Обвинителот, согласно предлогот на Обвинителот на Комората, го започнува претресот на обвинителниот акт. По завршениот претрес и спроведување на целокупната постапка на обвинителниот акт, одлуката на Судот на честа се доставува до Об-
ĵIJĵĤİIJĩĨıIJıĤıĩĵķĦĤĞĩ
Еднократна употреба потре ин Хигиенски начин на нанесувањее Помага во природното заздравување Достапен во сите аптеки
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и нескаканите дејства на медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт!
11
стоматолошки
винителот и обвинетиот. Одлуката на Второстепениот совет на Судот на честа е конечна и против неа не е дозволена жалба. Судот на честа на Стоматолошката комора на обвинетиот член на Комората може да му изрече: l l l
l l
Опомена Јавна опомена Забрана за извршување на функции во органите на Стоматолошката комора Привремено одземање на лиценца Трајно одземање на лиценца за работа
Донесената одлука од страна на Второстепениот совет на Судот на честа е конечна и против неа не е дозволена жалба до друг орган на Комората, туку за изречената мерка „времено“ или „трајно „ одземање на лиценцата за работа дозволена е жалба до министерот за здравство. Изречената мерка може да биде објавена во „Службен весник“ на Р. Македонија и во информативнотостручно гласило на Комората. За изречената мерка задолжително се информира јавната или приватната здравствена организација каде работи членот на Комората. Одлуката за мерката „опомена“ се доставува до обвинетиот. Одлуката за „јавна опомена“ се доставува до обвинетиот и се објавува во јавни гласила Одлуката за „забрана на извршување на функции во органите на Комората“ се доставува до обвинетиот и се објавува во гласилото на Комората. Мерката „времено“ или „трајно“ одземање на лиценцата за работа се доставува до обвинетиот и до организацијата во која работи членот на Комората. Но, лиценцата за работа на докторот по стоматологија „привремено“ или „трајно“ може да му се одземе без Комората да води и покренува посебна постапка, кога докторот стоматолог дирекно го прекршува Законот за здравствена заштита и тоа во следните случаи: 1. Не ја продолжил лиценцата за работа во роковите утврдени со законот за здравствена застита (член 132 став 2 објавен во Сл. Весник 43/12, 145/12, 87/13 ) и Правилникот за издавање продолжување и обновување на
12
лиценци според кој докторот стоматолог е должен шест месеци пред истекување на лиценцата да поднесе барање за нејзино продолжување. 2. Не ја завршил дополнителната обука во утврдениот рок. 3. Не ја завршил со успех дополнителната проверка на стручните знаења и способности. 4. Има судско правосилно решение со кое привремено му е забрането вршење на дејноста или професијата. 5. Ги прибавил доказите за исполнување на условите пропишани со овој Закон спротивно на Законот и тоа се утврди по доделувањето на лиценцата за работа. 6. Врши дополнителна дејност дејност од членовите 222 и 223 од Законот за здравствена заштита. 7. Работи надвор од лиценцата за работа или работи во услови за кои нема дозвола за работа издадена во согласност со Законот за здравствена заштита. 8. Врши здравствени или консултативни услуги и/или склучува договор за вршење на здравствени или консултативни услуги со приватни здравствени установи спротивно на член 167-а од Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита од јуни 2013 година кој гласи: „...вршење на каков било вид на здравствена или консултативна услуги на пациенти и/или склучување на договори за вршење на здравствени или консултативни услуги на пациенти со приватни здравствени установи од страна на здравствени работници односно соработници, вработени во јавни здравствени установи, претставува конкурентско работење и истото е забрането“... (Сл.Весник 87/13)
која здравствениот работник со високо образование треба да ја изврши согласно со програмата од членот 127 од Законот за здравствена заштита (Сл. Весник 145/12), а успешно треба да се заврши и дополнителната проверка на стручните знаења и способности пред испитна комисија на Комората за да може повторно да се издаде лиценцата. Преку овој текст веруваме ќе може појасно да се направи дистинкција околу тоа кога и во кој случај Комората отвора и води постапка за привремено одземање на лиценцата, а кога тоа е чиста законска регулатива се со цел да се одбегнат сите нејаснотии, погрешни или паушални толкувања:
Во случај на прекршување на овој член од Законот за здравствена заштита се применува членот 132, став 2 точка 6 и 9 кој гласи „на работник со високо образование му се одзема лиценцата за работа во период од четири години и истиот не може да врши дополнителна дејност во период од две години од денот на повторното издавање на лиценцата.“(Сл. Весник 87/13) Во решението за привремено одземање на лиценцата по било кој основ од претходно цитираните се определува дополнителна обука
Проф. д-р Марија Накова
1. Комората отвора и води постапка за приврено одземање на лиценцата, во случај кога докторот по стоматологија ќе направи прекршок од етички и стручен карактер. 2. Комората не води постапка за привремено одземање на лиценцата во случај кога е направен прекршокот кој е од правен аспект, односно ако директно e прекршен Законот за здравствена заштита. 3. Во случај кога е направен прекршок од правен аспект, постапката ја води Санитарниот и здравствен инспекторат при Министерството за здравство, а целокупниот прибран материјал, записник и решенијата ги доставува до Комората со препорака за понатамошна постапка, бидејќи издавањето, продолжувањето и одземањето на лиценците се овластување кои на Комората и го пренесува министерот за здравство.
ЛИТЕРАТУРА 1. Grmek MD, Uvod u medicinu. Medicinska kniga, Zagreb,1970,270. 2. Pejkovic S. Sudskomedicinska ekspertiza i lekarska greska pred drustvom i sudom.Naucna kniga,Beograd 1991. 3. Martic J.NMedicinska etika. Megraf. Beograd.2001 4. Zagradjanin D. 2007. Greske u lecenju i krivicna odgovornost stomatologa. SDJ 2007,54. 5. Закон за здравствена заштита на РМ (Сл. весник 43/12.145/12, 87/13) 6. Статут на СКМ, јануари 2013. STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
НА 11 И 12 ОКТОМВРИ ВО САРАЕВО СЕ ОДРЖА VI МЕЃУНАРОДЕН СТОМАТОЛОШКИ КОНГРЕС
Коморите ги „скенираа” состојбите во регионот областа на стоматологијата . Во рамките на Конгресот се одржа и состанок на К4 групата на кој присуствуваа по неколку претставници од сите делегации членки на оваа професионлна групација, а нашата ја претставуваа д-р Јосиф Трајковски и д-р Јован Гагалески. На денвен ред беа: 1. Запознавање со работата на коморите во изминатиот период. 2. Начин на организирање на стоматолошката здравствена заштита во регионот. 3. Континуираната едукација, бодувањето и признавањето на бодовите. 4. Договор за наредниот конгрес.
о присуство на претставници на стоматолошките комори на К 4 групата во која членуваат Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија на 10 и 11 октомври 2013 година во Сараево се одржа меѓународен конгрес насловен: НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА. На овој еминентен стручен и професионален собир активно учествуваше и неколкучлена делегација на Стоматолошката комора на Македонија. Конгресот го отвори претседателот на федерацијата на Босна и Херцеговина што несомнено го покажа големото значење што го доби овој настан. Учесниците на Конгресот ги поздравија и претседателите на коморите од К4 групата меѓу кои, во име на Стоматолошката комора на Македонија и проф. д-р Марија Накова на присутните им се обратија д–р Јосиф Трајковски.
В
На Конгресот беа презентирани голем број предавања меѓу кои најмногу од областа на имплантологијата. Предавачите беа од Хрватска, БиХ, Словенија, Македонија и Србија, како и гости од Германија и Италија. Паралелно се одржуваа и работилници со демонстрација на атхезивна препарација за безметална керамика. STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Конгресот беше одлично организиран со дополнителни презентации на стоматолошки материјали, апаратура, литература, со присуство на голем број на производители и компании од
Претставниците на секоја делегација елаборираа за нивната работа во изминатиот период. Во Словенија имало избори и нов претседател, намалување на финансирањето од фондот за 10 %. Континуираната едукација е во траење од 7 год. за кој период е потребно да се обезбедат 75 бода за релиценцирање. Хрватска – промена на финансирањето на здравствените домови како
К4 ВО СКОПЈЕ
Заедничко решавање на проблемите во практиката На 29 и 30 јануари 2014 Стоматолошката комора на Македонија беше домаќин на меѓукоморскиот состанок на претседателите и претставниците на коморите од Република Словенија, Република Хрватска и Република Босна и Херцеговина. На состанокот присуствуваше и Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија. Претставниците на четирите комори дискутираа за повеќе значајни прашања а особено се задржаа на претстојните активности околу следниот Конгерс на нови технологии на К4 (домаќин ќе биде СКМ), на потребата за формирање на мешана комисија од претставници од земјите на К4 групата која ќе работи на можностите за олеснување на процедурата на докторите по дентална медицина за стекнување со работни лиценци во земјите од К4 групата во рамки на
европските стандарди и можности. Коморите се согласија дека идејата за изготвување на печатено или електронско издание на стручните трудови презентирани на конгресите на К4 би било убава можност за промовирање на стручните и научни знаења на докторите на стоматологија во регионот. Коморите беа единствени и во ставот дека е важно да се подготви заеднички проект за оралното здравје и за потребите од третман кој би бил според стандардите на WHO, а особено важен за населението од државите во регионот. Притоа, како што беше заклучено, записниците од состаноците на К4 и заедничките ставови, во иднина, коморите ќе треба да ги доставуваат до своите министерствата за здравство како можност за заедничко решавање на проблемите во деонтолошката практика.
13
стоматолошки
нелојална конкуренција, превентивата ја плаќа фондот и плаќа плус 5 %. Забните асистенти и техничарите се во Стоматолошката комора со законска промена, се издаваат две списанија од кои едното за пациенти, воспоставена е соработка со денталната индустрија, регулирање на признавањето на квалификациите на докторите по стоматологија од ЕУ и обратно, едукација-10 бода по симпозиум, користење на европски средства за конгреси и за Комората. Искажана е волја да се направат напори преку Хрватска и Словенија и К4 групата да добива финансиска поддршка од европските фондови, како и да се обезбеди гратис претплата на европски стручни списанија. Босна и Херцеговина – речеиси целокупната стоматологија е приватна иако постои и јавна која не функционира, а им се исплатува плата од 1500 к. м. или околу 750 евра со просек по 1.7 пациенти. Направен е неуспешен обид за запишување на пациентите кај матични стоматолози, а затоа е донесен Закон за стоматологија во кој заедно се опфатени и техничарите и забните асистенти. Нашите претставници елаборираа за состојбата со капитацијата, ниските цени на бодот и услугите, изработката на новиот ценовник, едукацијата со регулирањето на организацијата и бодирањето, за тоа колку стоматолошки факултети и стоматолози има, за наредни избори... На состанокот беше договорено дека Македонија ќе биди организатор на следниот конгрес на К4 групата, и беше договорено Стоматолошката комора на Македонија да организира подготвителен состанок во Скопје, во јануари или февруари, кога ќе се одреди и датумот на неговото одржување. Побарано е на оваа средба да се дискутира за темата numerus clausus како голем проблем со бројот на стоматолози кои се продуцираат во секоја држава. На крајот сите искажаа задоволство од меѓусебната соработка и соработката со нашата Комора, а посебно за подготвеноста за организирањето на следниот конгрес во нашата држава во организација на Стоматолошката комора на Македонија.
Законски обврски за обновување на лиценците за работа по истекот на седумгодишниот лиценцен период Законските обврски по однос на начинот на обновување на лиценците за работа на докторите на стоматологија, согласно член 129 и член 132 од Законот за здравствена заштита на Р. Македонија од 29 март 2013 бр. 43 се: 1. Доктори на стоматологија кои не работат во дејноста за која се стекнале со лиценца за работа согласно член 129 од Законот за здравствена заштита на РМ од 29 март 2013 бр. 43, нема да имаат можност да го исполнат условот за обновување на лиценците за работа во следните случаи: - Доктор на стоматологија по примарна стоматолошка здравствена заштита, за да ја обнови работната лиценца за вршење на примарна здравствена заштита, законски е обврзан најмалку четири години од седумте кои се предвидени како период на којшто се обновува работната лиценца (односно најмалку 60% во дејноста за која се стекнале со работна лиценца), да дава стоматолошки услуги во ординација регистрирана за вршење на примарна стоматолошка здравствена заштита. - Доктор специјалист по одредена специјалност од областа од стоматологијата законски е обврзан да дава специјалистички здравствени услуги согласно специјалистичката лиценца најмалку четири години во специјал-
стичка здравствена установа која е регистрирана да ја спроведува соодветната специјалистичка дејност за која докторот специјалист се стекнал со специјалистичка лиценца. 2. Здравствен работник со високо образование од областа на стоматологијата му се обновува лиценцата за работа ако во периодот на важноста на лиценцата континуирано стручно се усовршувал за што во Комората доставува копии од сертификатите од споетените стручни стоматолошки собири (согласно член 129 од Законот за здравствена заштита на РМ од 29 март 2013 бр. 43). 3. Привремено одземање на лиценцата за работа се спроведува и доколку докторот на стоматологија не ја продолжил лиценцата за работа во роковите утврдени со Законот (член 132 од Законот за здравствена заштита на РМ од 29 март 2013 бр. 43), односно согласно Правилникот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценците за работа шест месеци пред истекот на работната лиценца. Во секој од овие случаи докторот на стоматологија може да ја обнови лиценцата за работа доколку поднесе барање за спроведување на обука и проверка на своите стручни знаења и истата со успех ја спроведе (член 130 и член 132 од Законот за здравствена заштита на РМ од 29 март 2013 бр. 43).
Д-р Јован ГАГАЛЕСКИ
14
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
Vovednik Почитувани колешки и колеги,
стоматолошки
Izleguva tri pati vo godinata
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Glaven i odgovoren urednik: prof. d-r Mirjana Popovska Ureduva~ki kolegium: d-r Marija Nakova, d-r Aleksandar Gr~ev, d-r Toma Todorov, d-r Fadiq Mehmeti, d-r Hrvoje Pezo (Hrvatska), d-r Dijana Terlavi} (Slovenija), d-r Sead Rexepagi} (BiH), d-r Sa{a ^aki} (Srbija), d-r Vaska Vandevska Radulovi} (Holandija), d-r Ana Angelova Bolopni (Velika Britanija), Oliver Hofman (SAD), Riste Nedanovski i Jasminka M. Janeva Kompjuterska i grafi~ka obrabotka: Oktaj Omeragi} IZDAVA^: Stomatolo{ka komora na Makedonija Ul: „Ogwan Prica“ br. 1 1000 Skopje Tel: 02/ 32 46 851; 32 46 852 faks: 02/ 32 46 850 @iro - smetka: 300000000477179 Deponent: Komercijalna Banka AD Skopje EDB: 4030996268633 www.stomatoloskakomora.org
Најнапред Ви ги честитам новогодишните и божиќните празници и Ви посакувам во новата 2014 година, многу здравје, среќа и успешни денови Вам и на Вашите семејства. Зад нас оставивме уште една бурна година исполнета со многу премрежја, одговорности, успеси, неуспеси, задачи и планови. За овие последните се надевам дека секој од нас ќе се потруди да ги исполни во годината што следи. Со задоволство можам да констатирам дека нашиот партнер Комората во годината која што одмина, успешно работеше во сите пори на нашите еснафски потреби. Како независна непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија Стоматолошката комора на Македонија има посебен удел во унапредување на стручноста, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, како и за заштита на интересите на стоматолошката професија. Сметам дека и Вие почитувани колеги ќе се согласите со мене дека грижејќи се за угледот и дисциплината во вршење на стоматолошката професија Комората остварува една од основните нејзините задачи, кои успешно ги спроведува години наназад. Оваа година во Комората ни претстојат сериозни активности. Имено,во предвестието на избор на претседател на Комората, една од најскорашните активности и задачи кои ни претстојат, е избор на членови на регионалните одбори и делегати во Собранието на Комората со мандат од четири години. Во врска со ова, драги колеги, скромно ќе Ве потсетам дека со тајни, слободни и непосредни избори треба да избереме свои претставници во регионалните одбори и во Собранието на Комората. Предлозите за кандидати за членови на регионалните одбори и делегати на Собранието да го направиме самосвесно, одговорно и реално бидејќи од нашиот избор зависи и понатамошната работа на оние кои ќе не претставуваат, т.е. нашата иднина. На крајот од овој воведник, почитувани колеги, на сите оние кои имаат намера да се кандидираат им посакувам среќа. Главен и одговорен уредник Проф. д-р Мирјана Поповска
Pe~ati: „SOFIJA“ стоматолошки
na Stomatolo{kata komora na Makedonija izleguva 3 pati godi{no, vo tira` od 3.000 primeroci, na 32 stranici.
REKLAMEN PROSTOR: 1. Nadvore{na korica . . . . . 500 eur. 2. Prva stranica (LOGO) . . . 400 eur. 3. Vtora i pretposledna stranica (korica) . . . . . . . 400 eur. STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
4. Vnatre{na stranica . . . . . 400 eur. Zakup na vtora reklamna strana . . . . . . . . . . 300 eur.
Pla}aweto se vr{i vrz osnova na dostaveni fakturi vo denarska protivrednost, spored sredniot kurs na NBRM na denot na fakturirawe, zgolemeni za 18% DDV.
15
стоматолошки
KONGRESI, SIMPOZIUMI, Datum
Mesto
Sobir
Tema
22.02
Битола
симпозиум (караван)
Стоматолошко друштво на Македонија
01.03
Штип
симпозиум (караван)
Стоматолошко друштво на Македонија
01.03
Скопје
курс
Здружение на стоматолози Етернитас
15.03
Прилеп
симпозиум (караван)
Реставративно, протетски, пародонтални решенија за оптимални естетски решенија
16.03
Велес
симпозиум (караван)
Реставративно, протетски, пародонтални решенија за оптимални естетски решенија
16.03
Гостивар
симпозиум
22-23.03
Скопје (Дом на АРМ)
симпозиум
Да се радуваме на здравата насмевка – Dental meeting
22.03
Скопје (Промедика)
курс
ПРОТАПЕР - Техника за машинско проширување на канали
23.03
Скопје (Дом на АРМ)
курс
Нискоенергетски ласери во современата деонтална практика
23.03
Скопје (Дом на АРМ)
курс
Ендодонтска терапија на млади трајни заби
23.03
Скопје (Дом на АРМ)
курс
Белење на заби – во кои околности и како
23.03
Скопје (Промедика)
курс
Практична употреба на дентален микроскоп LEICA 320
29.03
Скопје
симпозиум
Современи пристапи кај пациентите со различни заболувања
29.03
Штип
симпозиум
Ризични пациенти ризични состојби во стоматологијата
од 24 до 27.04
Охрид
конгрес
Интернационален конгрес на максилофацијални хирурзи
16
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
, RABOTILNICI, KME 2014 Predava~i
Organizator
проф.д-р Слободан Додиќ, проф.д-р Косовка Ѓуриќиќ-Обрадовиќ, проф.д-р Бранислав Караџиќ, доц.д-р Ана С. Пејчиќ, асс.д-р вера Стојановска, Стоматолошко здружение на Македонија асс.д-р Гибева Силвија Димитрова. проф.д-р Слободан Додиќ, проф.д-р Косовка Ѓуриќиќ-Обрадовиќ, проф.д-р Бранислав Караџиќ, Стоматолошко здружение на Македонија доц.д-р Ана С. Пејчиќ, асс.д-р вера Стојановска, асс.д-р Гибева Силвија Димитрова.
aktivno
pasivno
12
8
12
8
Стоматолошко друштво на Албанците проф.д-р Љубен Гугувчевски, проф.д-р Силвана Георгиева, д-р Драгана Габиќ Пандуриќ, проф.д-р Дејан Марковиќ, доц.д-р Олиа Каменова, Валентин Рајнер
МСД
12
8
проф.д-р Соња Апостолска, д-р Методија Зероски (официјален презентер)
МСД
15
10
доц.д-р Олиа Каменова
МСД
15
10
проф. д-р Дејан Марковиќ
МСД
15
10
проф.д-р Елизабета Ѓоргиевска, проф.д-р Марија Стевановиќ
МСД
15
10
доц.д-р Мирела Бориславова Маринова
МСД
15
10
проф.д-р Борис Величковски, проф.д-р Алберто Бенедети, доц.д-р Марија Пеева Петреска, проф. Стоматолошки факултет Скопје д-р Марија Пандилова, асс.д-р Љуба Симјановска
12
8
д-р.Жан Митрев, проф.д-р Даница Поповиќ Моневска, доц.д-р Марија Вавлукис, доц.д-р Анита Стоматолошки факултет Штип Арсовска, проф.д-р Ивона Ковачевска, доц.д-р Вело Марковски, доц.д-р Васо Талески
12
8
Предавачи од земјата и странство
20
10
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
МСД - Здружение на максилофацијални хирурзи
17
стоматолошки
ХРВАТСКА
Четкички за заби во градинките
Просечен 12 - годишник во Хрватска има дури седум нездрави заби. Неговиот врсник од Франција само два, а 12 - годишен Скандинавец ниту еден. Хрватските стоматолози затоа бараат во градинките да се врати задолжителното четкање на забите. ”Мислам, дефинитивно, дека тоа е местото каде треба да се создаваат навиките за заштита на оралното здравје”, вели д-р Мирослав Сикора од Хрватската комора за дентална медицина.
Враќањето на пастата и четкичката за заби во градинките го поддржуваат двајца министри. „Несомнено би требало да се зајакнат капацитетите во градинките и во предучилишното воспитание да се воведе таа навика”, смета министерот за здравство д-р Рајко Остоиќ. Според негвиот колега од Министерството за образованиe, Жељко Јовановиќ, иницијативата запчињата да се четкаат во градинките е повеќе од одлична. Превнцијата е трошок, но и голема заштеда во здравството. “Правени се калкулации кои покажаа дека вложување од 40 милиони куни во превентивата, во куративата ќе заштедат цели 250 милиони”, објаснува д-р Сикора. Четкањето на забите во градинките, според него, е само прв чекор. Секое дете треба да си има и свој стоматолог.” Без здрави заби јасно е дека нема здрава нација”, додава тој.
ИН МЕМОРИАМ
д-р Миле ТУНТЕВСКИ Роден е на 26.09.1951 година во Битола. Основно училиште и гимназија ”Јосип Броз Тито” завршува во Битола. Во 1970 година се запишува на Стоматолошки факултет во Скопје и дипломира во 1978 година. По отслужување на воениот рок, се вработува во Медицински центар Битола во службата за општа стоматологија. Работи во село Бач, Битолско. После тоа работи во фабричка амбуланта во Битола. Специјализација по Болести на уста започнува во 1987 година и ја завршува
во 1990 година, по што работи во ординацијата за болести на уста при Здравствениот дом во Битола. На тоа место останува и по приватизацијата на стоматолошките служби, сега како приватен стоматолог, заедно со своите колеги од службата. Во 2010 година заминува во инвалидска пензија, по потешка сообраќајна несреќа. Почина на 17.10.2013 година.
ПРЕПОРАКИ
ДОВОЛНО Е ДА СЕ ЧЕТКААТ ЗАБИТЕ ДВАПАТИ ДНЕВНО Нема потреба од четкање на забите повеќе од двапати дневно, тврдат француските стоматолози и нагласуваат дека за таложење на забниот камен околу забите се потребни 12 часа. Тие велат дека не е неопходно да се четкаат забите по секој оброк, односно три или повеќе пати во текот на денот, доволни се двапати соопшти Француската унија за орално здравје. Ваквата препорака Унијата ја донела затоа што експертите сметаат дека е потребно да се прилагоди на работни-
те обврски на луѓето кои во текот на работниот ден не можат да одат дома за време на пуазата за ручек. Според резултатите на истражувањето, само една третина од оние кои се на работа ги четкаат забите по ручекот. Оваа Асоцијација препорачува двапати четкање дневно, бидејќи за таложење на каменцот околу забите се потребни 12 часа. Кога станува збор за ручекот, стоматолозите прпорачуваат користење на мастики за џвакање без шеќер по оброкот, но истакнуваат дека и покрај тоа не треба никако да се занемари хигиената на забите, непцата и усната празнина. Четкањето двапати дневно не смее да трае, како што сега многумина практикуваат, 40 до 50 секунди, туку прпорачани три минути. Во препораките се и употребата на електрична четкичка и забен конец.
СТРУЧЕН ИСПИТ Во периодот од септември до декември 2013 година, стручен испит положија и се стекнаа со лиценца: Суад Рушид, Аднан Таири, Горазд Стојановски, Бобан Карапеев, Марија Трајческа, Емина Кадриќ, Мартин Пандовски, Елена Апостолова, Наташа Димитриева, Герчо Митев, Методи Папалевски, Бојан Симовски, Шенај Раими, Марија Митева, Андреа Стојановска, Дарко Крстевски, Ѓорѓи Целески, Ристе Јованов, Шеји Мадрид, Марија Тошевска, Марко Марков, Катарина Михајлова, Жаклина Грческа, Флори Карапеева, Миника Додевска Костадиновска, Димче Павлески, Александар Ангелески, Благица Богатинова, Сашо Ивановски, Жаклина Грческа, Маја Димоска, Оливер Чаневски, Дарко Марковиќ, Љупчо Богатинов, Адмир Далипоски, Никола Николовски, Денис Омеров, Јета Беџети, Зеќир Хавзији, Верица Коцева, Маја Ивановска.
18
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
STRU^NI I NAU^NI TRUDOVI Prilog na „Stomatolo{ki informator“
УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКТИКА Д-р Мирјана ДИНЕВА ТРЕНЧЕВСКА, Д-р Тома ТОДОРОВ
ЛАСЕРОТ АЛТЕРНАТИВА ИЛИ ДОПОЛНА ВО ТЕРАПИЈАТА НА ОРАЛНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА проф. д-р Снежана ПЕШЕВСКА, проф. д-р Киро ИВАНОВСКИ
стоматолошки
Ургентни состојби во секојдневната стоматолошка практика Д-р Мирјана Динева Тренчевска, Д-р Тома Тодоров Во секојдневната практика докторот на стоматологија се сретнува со ургентни состојби кои може но не мора да завршат со фатален исход, па затоа потребно е познавање на таквите состојби во насока на брза дијагностика, диференцијална дијагностика и аналогно на тоа, брза реакција од стоматологот во третманот на истите како би се спречиле компликациите од нив. Затоа ваквите состојби се нарекуваат ургентни (итни) состојби. По дефиниција ургентни состојби се оние состојби кои се ненадејни или несакани состојби и побаруваат итна терапија без да се земе предвид дали го загрозуваат животот на пациентот директно или индиректно. Многу често ваквите состојби се пратени со губиток на свест и се со полесна или потешка клиничка слика, затоа ги делиме на: 1. Ургентни состојби кои се животно загрозувачки 2. Ургентни состојби кои не се животно загрозувачки Во групата на животно незагрозувачки состојби се вбројуваат: синкопа психички реакции l квинкеов (Quinke) едем l епизодни бесвесни состојби l
положба) и свеста се враќа спонтано и брзо. Психогени реакции во стоматолошката ординација се јавуваат најчесто поради присутен страв од интервенцијата и се манифестираат со појава на видлив страв, паника, препотување, палпитации, често може да завршат со губење на свест и синкопа. Терапијата кај овие опфаќа пред се разговор со истите,објаснување на постапките за да се појаснило на пациентот дека нема потреба од страв и дека тоа е вообичаена процедура,со што најчесто се подигнува прагот на толеранција кај ваквите пациенти. Доколку ова не помогне, тогаш се препорачува ординирање на медикаменти, пред се седација (анксиолитици, седативи) во умерени дози 1-2 часови пред интервенцијата. Синкопа или губиток на свест (онесвестување) секарактеризира со нагол губиток на свеста со пад на тонусот,и брзо закрепнување се јавува поради глобално намалување на церебралната циркулација што резултира со церебрална хипоперфузија, најчесто поради низок артериски притисок. Податокот дека настанува како резултат на ГЛОБАЛНА ХИПОПЕРФУЗИЈА на мозокот ни овозможува да ја разликуваме од другите состојби каде може да има губиток на свеста како што се епи-
лептични напади, потрес на мозокот, мозочен инсулт и сл. Многу често синкопата има продромален стадиум кој ни е вовед во синкопата, тој се карактеризира со вртоглавица, препотување, појавување на точки во видно поле (светли или темни полиња), палпитации, слабост и гадење. Овој стадиум може и да не заврши со синкопа и затоа го нарекуваме ПРЕСИНКОПА. Разликуваме неколку типови на синкопа (постојат повеќе класификации) 1. кардиогени (најсериозни-аритмии (вен.тах), срцева исхемија, миокарден инфаркт, тешки анемии, аортна стеноза, митрална стеноза, пулмонална емболија, акутна дисекцијана аорта) - за овие може да се каже дека се животно загрозувачки. 2. рефлексни синкопи 3. ортостатска хипотензија (вазовагална синкопа) КВИНКЕОВ (Quinke) ЕДЕМ (ангиоедема) се карактеризира со оток на дермисот, поткожата, мукозните делови и субмукозата, често пати ја помешуваат со уртикаријата но таа се разликува од неа бидејќи кај уртикаријата има отекување само на кожа и подкожно ткиво а кај квинеовиот едем и на мукозата и субмукозата.
l
Епизодни бесвесни состојби се доста чести во стоматолошките ординации и се карактеризираат со нагло губење на свеста кое кратко трае и брзо закрепнување без никакви последици. Причини за оваа појава се непријатните сензации кои пациентот ги чувствува во стоматолошката ординација, често се поврзани за мирисот на лековите, сензациите кои инструментите ги предизвикуваат кај нив. Најчесто нема потреба од медикаментозна терапија, доволно е само да се хоризонтализира пациентот (тренделебург-ова
20
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
Разликуваме неколку видови: l алергиски l идиопатски l наследен Ургентни животно загрозувачки состојби се: 1. анафилактички шок 2. акутен мозочен инсулт 3. хипогликемија и хипергликемија 4. акутен напад на бронхијална астма 5. кардиогена синкопа 6. хипертензивна криза 7. друго (крварење..) ЖИВОТНО ЗАГРОЗУВАЧКИ СОСТОЈБИ СРЦЕВ УДАР (инфаркт) се карактеризира со СТЕГАЊЕ и болка во градите која се шири кон раката (лева), чувство на глад за воздух (одземеност на здив), МАЧНИНА И БОЛКА во горен дел на абдомен, БЛЕДИЛО, пепеласта кожа и модри усни, СТРАВ, ПРЕПОТУВАЊЕ СО ЛАДНА ПОТ. МОЗОЧЕН ИНСУЛТ се препознава со следниве знаци: млитавост на лицето-нерамномерно движење на усните агли, спуштеност на едната веѓа, нарушување во говорот (од лесна неразбирливост до неможност да зборува), слабост и не
еднаква сила во двете раце, јака главоболка со можност за губиток на свест, одземеност еднострана на рака и нога или на сите екстремитети во зависност кој дел од мозокот е зафатен и големината на инзултот. АНАФИЛАКТИЧКИ ШОК се карактеризира со: нагло чувство на тежина, црвенило со свраб по целата кожа, појава на отоци на лице, раце, нозе, отежнато дишење со чувство за глад за воздух и активирање на помошна дишна мускулатура, оток на јазик и ларинкс, нарушување на свеста до губење на истата.
Што да се прави? Се поставува ив. линија и апликација на антишок терапија по протокол (антихистаминици, кортикостероиди доколку дојде до прогредирање и употреба на адреналин и атропин, бикарбонати). Секоја стоматолошка амбуланта мора да биде снабдена со следниов сет медикаменти за терапија на шокови состојби и тоа: l l
Ампули Адреналин 1мг/мл Кортикостероиди (ампу. Урбазон 8;20; 40мг, или Ултракортен, Дексаметазон, Дексазон)
Антихистаминици (амп. Фенерган 25мг, Синопен 20мг) l Бронходилататори (амп. Аминофилин 10мг) l Сет за оксигенска терапија l
Хипогликемија е состојба на ниско ниво на шеќер во крвта и се јавува најчесто поради неправилно земање на лекот(ив.,им. или погрешна доза), недоволен внес на храна, нарушувања во ГИТ (проливи, повраќања), зголемена физичка активност кај нарушувања на бубрежна функција каде имаме губиток на гликоза во урина или задршка на орални антидијабетични лекови. Симптоми на хипогликемија се: вознемиреност, тахикардија, бледило, страв, глад, препотување, кај прогредирање имаме и неприкладно однесување, неможност за концентрација, нарушување на свеста, а во потешки случаи и до кома. Поради сериозноста на ваквите состојби е потребно секој стоматолог практичар да има солидни познавања во делот на дијагностика и терапија со цел да се постигне правовремена и брза реакција во третманот на истите.
стоматолошки
Ласерот - алтернатива или дополнување во терапијата на оралните заболувања проф. д-р Снежана Пешевска, проф. д-р Киро Ивановски
НЕЛ FOTOBIOMODULACIJA
Стоматолошки факултет - Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје Со ласерската технологија светлината влезе во медицината, но во споредба со останатите медицински области, стоматологијата бавно ја прифаќа ласерската технологија. Најголемите очекувања се фокусирани кон високоенергетската ласер терапија која со прецизната ткивна аблација, бактерицидниот ефект и детоксификацијата, како и биостимулацијата, отвора нови можности во клиничките постапки, па оттука не изненадува и насоченоста на истражувачите, токму кон овој тип на ласери. Фактот што оваа технологија засега не е апсолутно супериорна во однос на конвенционалните стоматолошки постапки, како и големата цена на апаратите, се причини денес вниманието да се насочи кон нискоенергетската ласер терапија, што се потврдува со податокот дека во 2000 година, на PubMed, има 25 истражувања за нискоенергетската ласер терапија, за во последните 5 години да се објават околу 250 известувања. Ласер терапијата претставува дејствување на биолошки објект со терапиското дејство на нискоенергетското ласерско зрачење, кое е електромагнетно зрачење во оптичкиот дијапазон (светлина), а кое поседува такви својства како кохерентност, монохроматичност, поларизираност и насоченост на зракот, што овозможува строго определена моќ на дејство на површината на која е насочено. Не постои консензус околу номенклатурата на овој тераписки модалитет и тоа е причината зошто овој вид на терапија се среќава и како биостимулирачка ласер терапија, soft laser therapy, но сепак доминантно се користи терминот Low Level Laser Therapy (LLLT) / (НЕЛ-нискоенергетска ласер терапија), а ласерите за изведба на истата се нарекуваат нискоенергетски или терапевтски ласери. MeSH ( the
22
vo tkivata
ФОТОФИЗИЧКИ ТОПЛИНА
Спроводливост на нерви Капиларна дилатација
ФОТОЕЛЕКТРИЧНИ Влијание на ФОТОХЕМИСКИ Ослободување на азотен оксид клеточната мембрана АТП продукција Фибробластна миграција Интракл./екстракл. промени на јонските Макрофагна активност Кератиноцитна активност градиенти РНК/ ДНК синтеза АДП =АТП Ензимска продукција интраклеточна енергија 150% na mitohondrijalna energija
ПРИМАРНИ
ТЕРАПИСКИ ЕФЕКТИ
СЕКУНДАРНИ
ОПШТИ
Сл. 1 Ефекти на НЕЛ терапија во ткивата
Medical Subject Headings of the U.S.’s National Library of Medicine), дефинира дека ова е терапија која ја применува ирадијацијата со светло со низок интензитет и бранова должина во опсег од 540-830нм. Во оваа група на ласери се вклучени: хелиум неонските ласери, InGaAlP, GaAlAs ласерите. Хелиум неонските ласери се првите комерцијално достапни ласери во 80 –те години од минатиот век. Тие се заменети главно со помалку софистицираните InGaAlP ласери, со бранови должини од 633-690нм и моќност од неколку стотици миливати. GaAlAs ласерите доминираат на пазарот денес, поради ефтините диоди со овие бранови должини. Најчеста бранова должина е 808нм, која има најдобра моќ за оптички пробив во ткивата. Овој тип на ласери има моќ која е во опсегот на вати, но типична моќност е 100-500 mW. Моќта и предноста на терпевтските ласери е во мноштвото дефинирани и потврдени индикации. Но оваа предност едновремено е и слабост. Неверојатно е дека една тераписка можност може да има позитивни ефек-
ти во повеќе од 50 медицински индикации со различно потекло, при што едновремено нема известувања за сериозни штетни ефекти. Секако, не постои фармеацевтски препарат со ваква можност. Но, истражувањата ја разрешија оваа мистерија со логични објаснувања. Биолошките ефекти на нискоенергетските ласери се должат на енергијата која се складира во ткивата, каде што резултира во примарни, секундарни и општи тераписки ефекти. Ова се манифестира во аналгетско и антиинфламаторно дејство како и забрзано заздравување. Митохондриите се местото на иницијалните ефекти на ласерското светло, особено ензимот цитохром ц оксидаза (дел од респираторниот синџир) кој ги апсорбира фотоните, ја зголемува активноста и условува зголемена АТП продукција, модулирање на слободните кислородни радикали како и индукција на факторите на транскрипција. Поради ова доаѓа до зголемување на факторите на раст што ќе предизвика клеточна пролиферација, зголеSTOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
мена подвижност како и зголемено создавање на матрикс. Зголемените фактори на раст ќе условат и зголемена синтеза на колаген. Тоа ќе влијае на забрзано заздравување и ткивна репарација. Едновремено е зголемено и создавањето на крвни садови и намалувањето на инфламацијата, едемот и аналгетското дејство, што севкупно ќе биде причина за забрзување на регенераторно-репараторните процеси. Оваа терапија се базира на ArndtSchulz-овиот закон според кој ако стимулот е преслаб нема да се јави ефект. Зголемена стимулација и оптималната доза ќе условат оптимални ефекти, додека натамошното зголемување на дозата води до опаѓање на ефектот. Токму овоие факти се причина за добро познавање на принципите на ласер терапијата, како база за клиничка ефикасност на истата. Различните спектрални дијапазони имаат специфични дејства на биолошките објекти. Светлото во видливиот дел од спектарот се апсорбира пред сé во хроматофорните групи на белковините и делумно кислородот. Најважна улога има хемоглобинот, меланинот и дел од ензимите. Во инфрацрвениот спектар апсорпцијата се случува првенствено во молекулите на протеините и кислородот. Најголема примена на ласер терапијата има со ласери од црвениот (632нм) и инфрацрвениот спектар (760-1200нм), кои добро се апсорбираат во оралната слузокожа, при што распоредот на крвните садови и васкуларизираноста влијаат на дистрибуцијата на ласерската светлина. За одбележување е дека НЕЛ кај многу заболувања условува стимулација на отпорноста на организмот (фагоцитоза, активноста на лизозимот и др.), а исто така има и десензибилизирачко дејство. Овие ефекти се јавуваат на сите нивоа на организација на живата мате-
Пред НЕЛ терапија
Apsorpcija na fotonite vo fotoreceptorit e na organelite
Fotonska apsorpcija vo elektronskiot transporten sinxir na membranite na mitohondriite.
Najva`en receptor e citohrom -c oksidazata, koja e proizvoditel na ATP.
RESTAVRACIJA NA KLЕТОЧНА MORFOLOGIJA I FUNKCIJA
Сл. 2 Приказ на случувањата под дејство на НЕЛ во митохондриите
ИНДИКАЦИИ И КОНТРАИНДИКАЦИИ - НЕЛ е индицирана за третман на различни орални заболувања следени со воспалителни и дегенеративно-дистрофични процеси во ткивата, болни синдроми, како и за стимулација на регенерацијата и репарацијата на нарушените ткива. Контраиндицирана е кај премалигни и малигни заболувања, бенигни тумори со тенденција за раст, заболувања на тиреоидеата, активна ТБЦ, епилепсија, како и при фотосензибилност и фотоалергија.
ПОСТАПКИ ПРИ ОДРЕДЕНИ ЗАБОЛУВАЊА СТОМАТИТИ - Ласерот се применува самостојно или во комбинирана (заедно со медикаментозна) терапија на заболувањата. Неопходно е да се диференцира етиологијата на патолошкиот процес и да се исклучи онколошко заболување. Кај афтозниот стоматит се делува на самите морфи, но при тоа се ласерираат не само афтите, туку и околната зона (0,5-1цм). Имедијатното ослободување од болката, побрзата епителизација, како и пролонгираната рецидивност (кај 70%), заедно со неинвазивната постапка, се доволни причини оваа терапија да биде монотерапија во третманот на ова често заболување. Во терапијата на Erythema exudativum multifome, Stomatitis herpetica, НЕЛ
24 ч. по НЕЛ терапија
48 ч. по НЕЛ терапија
рија: на субклеточно, клеточно, ткивно, на ниво на органи и системско ниво. Сите стимулирачки, тераписки ефекти се развиваат постепено и потребно е кумулирање на дозите во тек на 5-15 континуирани секојдневни постапки.
Сл.3 Ефекти на НЕЛ терапија во третманот на Herpes labialis STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
23
стоматолошки
е исклучиво интегрален дел од комплексниот третман кој се темели пред сé на класичната медикаментозна постапка. По нормализирање на високата фебрилност и исчезнување на симптомите на интоксикација, се вклучува НЕЛ терапија во 10-14 (максимално) секојдневни постапки. Забрзаната регенерација и нагласеното аналгетско дејство, како и скратеното време на оздравување го оправдуваат применувањето на оваа терапија. Herpes simplex recidivans- Ласер терапијата се користи во сите фази на манифестација на патолошкиот процес. Најдобри ефекти има во раната фаза на заболувањето, при присуство на жарење, пецкање, чешање и отсуство на клинички знаци. Ласерот во оваа фаза ја спречува прогресијата на патолошкиот процес и појавата на промени. За постигнување на тераписки ефект доволни се 4-5 постапки на безконтактно озрачување, а можно е и 2 пати дневно третирање со интервал од 6-10 часа. Дури и при веќе појавени морфи, ласер терапијата ќе услови забавена појава и забрзана регресија на истите, а процесот на оздравување е помалку болен и побрз. Озрачувањето се врши по полиња опфаќајќи ја целата површина зафатена со херпетична промена, при што се оди од периферијата кон центарот опфаќајќи и 1 цм од здравото ткиво. ПОВРЕДИ НА ОРАЛНАТА СЛУЗОКОЖА - За терапија на трауми кои се последица на изложеност на слузницата на различни фактори како хемиски и термички, механички оштетувања и слично, се користи антиинфламаторното дејство на ласерот со цел да ја забрза едновремено и епителизацијата. По антисептичниот третман лезијата се озрачува, како и здравото ткиво на 0,5 цм од работ на раната. Ласер терапијата може да се комбинира со медикаменти користејќи го ефектот на ласерска фотофореза. Во третманот на Glossitis-ите и Glossopyrosis, НЕЛ има позитивни ефекти кои се огледаат пред сé во нагласеното обезболување, кое според литературните известувања е кај 46,7% од испитаниците и уште позначајно –овој ефект опстојува во наредните 12 месеци. Ветувачки се известувањата за зголемување на саливарниот проток под дејство на НЕЛ, забележани во истражувањата на Xerostomia- та. Понесени од бројните позитивни известувања, дел од истражувачите ги прошируваат индикационите подрачја за НЕЛ примената, па така има мноштво на статии посветени на примената на овој тера-
24
писки облик во третманот на Oral lichen planus (ОЛП). Авторите известуваат за успешност на НЕЛ во третманот на ОЛП, еднаква на топичната кортикостероидна терапија, но без несакани ефекти, а нагласено аналгетско дејство. До добивање на валидни, научно потврдени докази дека овој тераписки облик нема да предизвика негативни ефекти го респектираме ставот дека ОЛП е преканцероза, па стимулацијата на клеточната пролиферација може да биде опасна и сметаме дека треба да се избегнува ваквата примена на НЕЛ терапијата. Mucositis oralis- Истражувајќи ја можноста за вклучување на фотомедицината во оралната грижа кај пациентите со канцер, полемизирајќи за контроверзите на НЕЛ, Multinational Association of Supportive Care in Cancer/International Society of Oral Oncology (MASCC/ISOO), во упатството „базирано на докази“ од 2004 год., ја означува НЕЛ како „можна опција“ при дополнителната грижа и терапија на овие пациенти. До денес World Association for Laser Therapy (WALT), нема специфични препораки за оваа индикација, додека American Cancer Society, ја посочува истата како „ветувачка“. Заради нагласениот аналгетски, антиинфламаторен и антиедематозен ефект, а со цел намалување на болката, симпотомите на ксеростомија и подобрување на функциите на мастикација, голтање и говор, според дел од авторите оправдано е вклучувањето на НЕЛ кај пациентите на хемо и зрачна терапија. Се смета дека фотомедицината ќе стане рутинска постапка во оралната грижа кај пациентите со канцер во најблиска иднина. Нискоенергетската ласер терапија доминантно е дополна во терапискиот приод на повеќето наведени орални заболувања, но има потенцијал и за терапија која е алтернатива на конвенционалниот стоматолошки приод. Неинвазивноста, безбедноста, активацијата на биовиталитетот, забрзување на времето на оздравување, минимизирање на можноста за секундарна бактериска инфекција и нагласеното аналгетско дејство ја чинат НЕЛ терапијата моќен созјузник во ординацијата, на задоволство пред сé на пациентите. ЛИТЕРАТУРА 1. Bjordal JM, Bensadoun RJ, Tunèr J, Frigo L, Gjerde K, Lopes-Martins RA. A systematic review with meta-analysis of the effect of LowLevel Laser Therapy (LLLT) in cancer therapy-induced oral mucositis. Support Care Cancer. 2011Aug;19 (8):1069-77. 2. Boras V.V., D. V. Juras,A. A. Rogulj, D.
G.Pandurić,Ž.Verzak and V. Brailo. Applications of Low Level Laser Therapy. A Textbook of Advanced Oral and Maxillofacial Surgery, http://dx.doi.org/10.5772/52678. 3. Cafaro A, Arduino PG, Massolini G, Romagnoli E, Broccoletti R.Clinical evaluation of the efficiency of low-level laser therapy for oral lichen planus: a prospective case series. Lasers Med Sci. 2013 Apr 3. [Epub ahead of print] 4. de Lima AG, Villar RC, de Castro G Jr, Antequera R, Gil E, Rosalmeida MC, Federico MH, Snitcovsky IM. Oral mucositis prevention by low-level laser therapy in headand-neck cancer patients undergoing concurrent chemoradiotherapy: a phase III randomized study.Int J Radiat Oncol Biol Phys. 2012; 82(1):270-5. 5. Dos Santos Lde F, Carvalho Ade A, Leao JC, Cruz Perez DE, Castro JF. Effect of lowlevel laser therapy in the treatment of burning mouth syndrome: a case series. Photomed Laser Surg. 2011; 29: 793-6. 6. Ф. Е. Дзиццоева, З. К. Сотиева. Физические методы лечения стоматологическихзаболеваний. Учебно-методическое пособие к практическим занятиям по терапевтической стоматологии для преподавателей и студентов. СЕВЕРО-ОСЕТИНСКАЯ ГОСУДАРСТВЕННАЯ МЕДИЦИНСКАЯ АКАДЕМИЯ ФЕДЕРАЛЬНОГО АГЕНСТВА ПО ЗДРАВООХРАНЕНИЮ И СОЦИАЛЬНОМУ РАЗВИТИЮ, СТОМАТОЛОГИЧЕСКИЙ ФАКУЛЬТЕТ, 2007, ВЛАДИКАВКАЗ . 7. H.W.Yang and Y.F.Huang . Treatment of burning mouth syndrome with Low- Level Energy Diode Laser. Photomedicine and Laser Surgery, 2011, Vol29,No 2:123-125 8. Oliveira PC, Reis Junior JA, Lacerda JA, Silveira NT, Santos JM, Vitale MC, Pinheiro AL. Laser light may improve the symptoms of oral lesions of cicatricial pemphigoid: a case report. Photomed Laser Surg. 2009 Oct;27(5):825-8. doi: 10.1089/pho.2008.2352. 9. René-Јean Bensadoun. Low level laser therapy in the prevention and management of oral mucositis induced by cancer treatments: evidence-based data from randomized studies and meta-analyses. Laser in medicine, 2012, vol I, issue 1. 10. Serban Tovaru, Ioannina Parlatescu,AncaSilvia Dumitriu, Alexandru Bucur and Ilana Kaplan. Oral Complications Associated With D-Penicillamine Treatment for Wilson Disease: A Clinicopathologic Report. Journal of Periodontology. August 2010, Vol. 81, No. 8, Pages 1231-1236 11. Sperandio FF, Giudice FS, Corrêa L, Pinto DS Jr, Hamblin MR, de Sousa SC. Low-level laser therapy can produce increased aggressiveness of dysplastic and oral cancer cell lines by modulation of Akt/mTOR signaling pathway. J Biophotonics. 2013 Apr 2. doi: 10.1002/jbio.201300015. [Epub ahead of print] 12. Tunér J, Christensen PH. Low level lasers in dentistry. Available at: http://www.laser.nu/lllt/ Laser_therapy_%20in_dentistry.htm.2002.p p 263-283.
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
Препораки за контролорите за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци ПОВАЖНИ ДЕФИНИЦИИ: „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет (пр.име, презиме, адреса, телефонски број). „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба,откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување; „Збирка на лични податоци“ е структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа (пр. збирка на вработени, збирка на пациенти, збирка од видеонадзор). „Субјект на лични податоци“ е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци. „Контролор на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци (во натамошниот текст: контролор). Кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон или друг пропис, со истиот закон, односно пропис се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување (пр.стоматолошка ординација). „Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице или законски овластен орган на дрSTOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
жавната власт кое ги обработува личните податоци за сметка на контролорот (пр.книговодствено биро кое ја пресметува платата на вработените во стоматолошката ординација; правно лице кое ги одржува компјутерите – информацискиот систем); „Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело на кое му се откриваат податоците. Органите на кои можат да им се откриваат податоците во рамките на посебна истрага, не се сметаат за корисници во смисла на овој закон (пр.извршител, суд); „Согласност на субјектот на лични податоци“ е слободно и изречно дадена изјава на волја на субјектот на лични податоци со која се согласува со обработката на неговите лични податоци за однапред определени цели; „Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои го откриваат расното или етничко потекло, политичко, верско, филозофско или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и генетските податоци, биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот. НАЧЕЛА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ Личните податоци се: - обработуваат правично и во согласност со закон (пр. Задржувањето или копирањето на личната карта на пациентот од страна на Стоматолошката ординација од причина што не е наплатена здравствената услуга, е спротивно на закон); - собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Натамошната обработка на податоците за цели на историски, научни или статистички истражувања нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за собирање на податоците доколку се преземени соодветни заштитни мерки во согласност со закон;
- соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат; - точни, целосни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени и - чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ Обработката на личните податоци може да се врши: - по претходно добиена согласност на субјектот на лични податоци; - за извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или на барање на субјектот на лични податоци, пред негово пристапување кон договорот; - за исполнување на законска обврска на контролорот; - за заштита на животот или суштинските интереси на субјектот на лични податоци; - за извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на контролорот или на трето лице на кое му се откриени податоците или - за исполнување на легитимните интереси на контролорот, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси. Контролорот го докажува постоењето на согласност на субјектот на лични податоци од ставот 1 алинеја 1од член 5 од Законот за заштита на личните податоци. Забранета е обработка на посебните категории на лични податоци, но можни се исклучоци утврдени во член 8 од Законот за заштита на личните податоци.1
25
стоматолошки
МАТИЧНИОТ БРОЈ на граѓанинот може да се обработува само: - по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци; - за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и - во други случаи утврдени со закон. Контролорот е должен да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци. ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МАРКИ ЗА ОБЕЗБДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ За да се обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци на субјектот, контролорот и обработувачот мора да применат соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, особено кога обработката вклучува пренос на податоци преку мрежа и заштита од какви било незаконски облици на обработка. Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци2 преку неговата целосна и правилна примена ја обезбедува сигурноста на личните податоци како еден најважен сегмент од поширокиот поим „заштита на личните податоци“. Со примената на овој Правилник, односно преку примената на соодветни технички и организациски мерки се обезбедува заштита на личните податоци од секакво случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, особено кога обработката вклучува и пренос на податоците преку мрежа, како и заштита од какви било незаконски облици на обработка. Во насока на подобро разбирање на одредбите на Правилникот најнапред треба да се појасни значењето на изразите во Правилникот при што одделни изрази го имаат следново значење: 1. Авторизиран пристап е овластување доделено на овластеното лице за обработка на личните податоци, за користење на одредена информатичко комуникациска опрема или за пристап до одредени работни простории на контролорот;
26
2. Администратор на информацискиот систем е лице овластено за планирање и за применување на технички и организациски мерки, како и за контрола на обезбедувањето тајност и заштита на обработката на личните податоци; 3. Документ е секој запис кој содржи лични податоци и истиот може да биде во електронска или хартиена форма, да се чува на медиум и во информатичко комуникациската опрема која се користи за обработка на податоците, да се доставува преку пошта или да се пренесува преку електронско комуникациска мрежа. 4. Идентификација е постапка за идентификување на овластеното лице на информацискиот систем; 5. Информатичка инфраструктура е целата информатичко комуникациска опрема на контролорот, во рамките на која се собираат, обработуваат и чуваат личните податоци; 6. Информациски систем е систем со кој може да се обработуваат личните податоци со цел да бидат достапни и употребливи за секој кој што има право и потреба да ги користи; 7. Инцидент е секоја аномалија која влијае или може да влијае на тајноста и заштитата на личните податоци; 8. Контрола на пристап е операција за доделување на пристап до личните податоци или до информатичко комуникациската опрема со цел проверка на овластеното лице; 9. Овластено лице е лице вработено или ангажирано кај контролорот кое има авторизиран пристап до документите и до информатичко комуникациската опрема; 10. Лозинка е доверлива информација составена од множество на карактери кои се користат за проверка на овластеното лице; 11. Медиум е физички уред кој се користи при обработка на личните податоци во информацискиот систем, на кој податоците можат да бидат снимени или од кој истите можат да бидат повторно вратени; 12. Офицер за заштита на личните податоци е лице овластено од контролорот за самостојно и независно вршење на работите во смисла на член 26-а од Законот за заштита на личните податоци; 13. Проверка е постапка за верификација на идентитетот на овластеното лице на информацискиот систем; 14. Сигурносна копија е копија на личните податоци содржани во електронските документи, кои се зачувани на медиум за да се овозможи нивно повторно враќање.
Одредбите од Правилникот се применуваат и при обработката на личните податоци од страна на обработувачот на збирка на лични податоци. Одредбите од овој правилник се применуваат за: - целосно и делумно автоматизирана обработка на личните податоци и - друга рачна обработка на личните податоци што се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци. Нивоа на технички и организациски мерки и нивна примена Техничките и организациските мерки треба да се применуваат на начин кој ќе обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци, соодветно на природата на податоците кои се обработуваат и ризикот при нивната обработка. При тоа, техничките и организациските мерки согласно нивната природа и ризикот при нивната обработка се класифицираат во три нивоа: основно, средно и високо. За сите документи задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицирани на основно ниво. За документите кои содржат лични податоци што се однесуваат на: кривични дела, изречени казни, алтернативни мерки и мерки на безбедност за извршени кривични дела, задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицирани на основно и средно ниво. За документите кои содржат: посебни категории на лични податоци, лични податоци кои се обработуваат за полициски цели и лични податоци кои се обработуваат заради заштита на интересите на државната безбедност и одбраната на Република Македонија, задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицирани на основно, средно и високо ниво. За документите кои содржат матичен број на граѓанинот задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицирани на основно и средно ниво. За документите кои се пренесуваат преку електронско комуникациска мрежа, а содржат посебни категории на лични податоци и/или матичен број на граѓанинот задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицирани на основно, средно и високо ниво. Обработката на личните податоци надвор од работните простории на контролорот може да се врши врз осSTOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
нова на обезбедено писмено овластување од страна на контролорот и во согласност со соодветното ниво на технички и организациски мерки кои се применувале за обработка на податоците содржани во документите. Контролорот треба да ја евидентира и да ја чува целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и за сите негови промени. Физичките или правните лица кои вршат одржување на информацискиот систем на контролорот треба да ги применуваат прописите за заштита на личните податоци и донесената документација за технички и организациски мерки. I. Основно ниво на технички и организациски мерки Контролорот задолжително донесува и применува документација за технички и организациски мерки за овластените лица кои имаат пристап до личните податоци и до информацискиот систем која особено треба да содржи: - План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци; - Акт за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци; - Правила за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица при користење на документите и информатичко комуникациската опрема; - Правила за пријавување, реакција и санирање на инциденти; - Правила за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци; - Правила за начинот на уништување на документите, како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите. Технички мерки Контролорот треба да обезбеди соодветни технички мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци и тоа: 1. единствено корисничко име; 2. лозинка креирана од секое овластено лице, составена од комбинација на најмалку осум алфанумерички карактери (од кои минимум една голема буква) и специјални знаци; 3. корисничко име и лозинка која овозможува пристап на овластеното лице до информацискиот систем во целина, на поединечни апликации STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
и/или поединечни збирки на лични податоци потребни за извршување на неговата работа; 4. автоматизирано одјавување од информацискиот систем после изминување на определен период на неактивност (не подолго од 15 минути) и за повторно активирање на системот потребно е одново внесување на корисничкото име и лозинката; 5. автоматизирано отфрлање од информацискиот систем после три неуспешни обиди за најавување (внесување на погрешно корисничко име или лозинка) и автоматизирано известување на овластеното лице дека треба да се побара инструкција од администраторот на иниформацискиот систем; 6. инсталирана хардверска/софтверска заштитна мрежна бариера (“фајервол”) или рутер помеѓу информацискиот систем и интернет или било која друга форма на надворешна мрежа, како заштитна мерка против недозволени или злонамерни обиди за влез или пробивање на системот; 7. ефективна и сигурна анти-вирусна и анти–спајвер заштита на информацискиот систем, која постојано ќе се ажурира заради превентива од непознати и непланирани закани од нови вируси и спајвери; 8. ефективна и сигурна анти-спам заштита, која постојано ќе се ажурира заради превентивна заштита од спамови и 9. приклучување на информацискиот систем (компјутерите и серверите) на енергетска мрежа преку уред за непрекинато напојување. Организациски мерки Контролорот треба да обезбеди и соодветни организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци и тоа: 1. ограничен пристап или идентификација за пристап до личните податоци; 2. организациски правила за пристап на овластените лица до интернет кои се однесуваат на симнување и снимање на документи преземени од електронската пошта и други извори; 3. уништување на документи по истекот на рокот за нивно чување; 4. мерки за физичка сигурност на работните простории и на информатичко комуникациската опрема каде што се собираат, обработуваат и чуваат личните податоци и 5. почитување на техничките упатства при инсталирање и користење на информатичко комуникациската опрема на која се обработуваат личните податоци.
Вработеното лице кое ги врши работите за човечки ресурси кај контролорот, го известува администраторот на информацискиот систем за вработувањето или ангажирањето на секое овластено лице со право на пристап до информацискиот систем, за да му биде доделено корисничко име и лозинка, како и за престанок на вработувањето или ангажирањето за да му бидат избришани корисничкото име и лозинката, односно заклучени за натамошен пристап. Физичка сигурност на информацискиот систем Серверите на кои се инсталирани софтверските програми за обработка на личните податоци, треба да бидат физички лоцирани, хостирани и администрирани од страна на контролорот, а физички пристап до просторијата во која се сместени серверите може да имаат само лица посебно овластени од контролорот. Во случај кога е неопходен пристап и на друго лице до просторијата и личните податоци зачувани на серверите, тогаш тоа лице треба да биде придружувано и надгледувано од страна на некое од веќе овластените лица. Воедно, просторијата во која се сместени серверите треба да се заштити од ризиците во опкружувањето преку примена на мерки и контроли со кои се намалува ризикот од потенцијални закани (на пр.кражба, пожар, експлозии, чад, вода, прашина, вибрации, хемиски влијанија, пречки во снабдувањето со електрична енергија и електромагнетно зрачење). Само по исклучок, серверите на кои се инсталирани софтверски програми за обработка на личните податоци, можат да бидат физички лоцирани, хостирани и администрирани надвор од просториите на контролорот во кој случај меѓусебните права и обврски на контролорот и правното, односно физичкото лице кај кое се физички лоцирани, хостирани и администрирани серверите се уредуваат со договор во писмена форма, кој задолжително ќе содржи технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. Информирање за заштитата на личните податоци Лицата кои се вработуваат или се ангажираат кај контролорот, пред нивното отпочнување со работа се запознаваат со прописите за заштита на личните податоци, како и со донесената документација за технички и орга-
27
стоматолошки
низациски мерки. При тоа за лицата кои се ангажираат за извршување на работа кај контролорот во договорот за нивното ангажирање се наведуваат обврските и одговорностите за заштита на личните податоци. Лицата кои се вработуваат или се ангажираат кај контролорот, пред нивното отпочнување со работа своерачно потпишуваат изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци која задолжително содржи одредби дека лицата ќе ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци пред нивниот пристап до личните податоци; дека ќе вршат обработка на личните податоци согласно упатствата добиени од контролорот, освен ако со закон поинаку не е уредено и дека ќе ги чуваат како доверливи личните податоци, како и мерките за нивна заштита. Вака потпишана изјава потребно е да се чува во досиејата на лицата кои се вработуваат или се ангажираат кај контролорот. Обврски и одговорности на администраторот на информацискиот систем Обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица, контролорот ги дефинира и утврдува во Правилата за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица при користење на документите и информатичко комуникациската опрема. Во овие Правила задолжително се пропишува кој/кои лица се подведува/ат под поимот администратор на информацискиот систем, кои лице се сметаат за овластени лица и имаат пристап до информатичко комуникациската опрема, кои се обврските и одговорностите на администраторот на информацискиотсиситем, за вршењето на периодични контроли на неговата работа, како и за обврските и одговорностите на овластените лица кои имаат пристап до личните податоци и информатичко комуникациската опрема и за начинот на нивното информирање за техничките и организациските мерки кои се однесуваат на извршувањето на нивните обврски и одговорности. Контролорот задолжително врши периодична контрола над работата на администраторот на информацискиот систем и изработува извештај за извршената контрола. Евидентирање на инциденти Во Правилата за пријавување, реакција и санирање на инциденти, кон-
28
тролорот го определува начинот на евидентирање на секој инцидент, времето кога се појавил, овластеното лице кое го пријавило, на кого е пријавен и мерките кои се преземени за негово санирање. Идентификација и проверка Контролорот задолжително води евиденција за овластените лица кои имаат авторизиран пристап до документите и информацискиот систем, како и воспоставува постапки за идентификација и проверка на авторизираниот пристап. Кога проверката се врши врз основа на корисничко име и лозинка, контролорот секогаш ги применува правилата кои ја гарантираат нивната доверливост и интегритет при пријавување, доделување и чување на истите. Лозинките треба автоматски да се менуваат по изминат временски период што не може да биде подолг од три месеци утврден во Актот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, како и да се чуваат заштитени со соодветни методи, така што нема да бидат разбирливи додека се валидни. Контрола на пристап Овластените лица може да имаат авторизиран пристап само до личните податоци и информатичко комуникациската опрема кои се неопходни за извршување на нивните работни задачи при што се воспоставуваат механизми за да се оневозможи пристап на овластените лица до личните податоци и информатичко комуникациската опрема со права различни од тие за кои се авторизирани. Администраторот на информацискиот систем кој е овластен со Актот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци може да доделува, менува или да го одзема авторизираниот пристап до личните податоци и информатичко комуникациската опрема само во согласност со критериумите кои се утврдени од страна на контролорот. Управување со медиуми Со медиумите треба да се овозможи идентификација и евидентирање на категориите на лични податоци и истите треба да се чуваат на локација до која пристап имаат само овластени лица утврдени во Актот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Пренесување на медиумите надвор од работните простории може да се врши само со претходно писмено овластување од страна на контролорот. Уништување, бришење или чистење на медиумот По пренесувањето на личните податоци од медиумот или по истекот на определениот рок за чување, медиумот треба да се уништи, избрише или да се исчисти од личните податоци снимени на него. Уништувањето на медиумот се врши со механичко разделување на неговите составни делови, при што истиот повторно да не може да биде употреблив. Бришењето или чистењето на медиумот треба да се изврши на начин што ќе оневозможи понатамошно обновување на снимените лични податоци. Сигурносни копии и повторно враќање на зачуваните лични податоци Контролорот е одговорен за проверка на примената на Правилата за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторното враќање на зачуваните лични податоци во кои задолжително треба да се содржани постапките за реконструирање на личните податоци во состојба во која биле пред да бидат изгубени или уништени. При примената на основното ниво на технички и организациски мерки сигурносни копии задолжително се прават секој работен ден и на крајот од работната седмица, а само по потреба и секој последен работен ден во месецот. Сигурносните копии задолжително се прават на начин со кој ќе се гарантира постојана можност за реконструирање на личните податоци во состојба во која биле пред да бидат изгубени или уништени. Сигурносните копии се чуваат надвор од просторијата во која се наоѓаат серверите и треба да се физички и криптографски заштитени, заради оневозможување на каква било модификација. СРЕДНО НИВО НА ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ Покрај погоре наведените мерки, во случај на примена на средно ниво на технички и организациски мерки, во документацијата за технички и организациски мерки, задолжително треба да се содржани и постапки за вршење на периодични контроли, а заради следење на усогласеноста на работењето на контролорот со прописите за заштита на личните податоци и со донесеSTOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
стоматолошки
ната документација за технички и организациски мерки, како и за мерките кои треба да се преземат при користење на медиумите. Во случај на средно ниво информацискиот систем и информатичката инфраструктура на контролорот задолжително подлежат на внатрешна и надворешна контрола со цел да се провери дали постапките и упатствата содржани во документацијата за технички и организациски мерки се применуваат и се во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Надворешна контрола на информацискиот систем и информатичката инфраструктура се врши на секои три години од страна независно трето правно лице, а внатрешна контрола секоја година. Во извештаите од извршената контрола задолжително треба да има и мислење за тоа во колкава мера постапките и упатствата содржани во документацијата за технички и организациски мерки се применуваат и се во согласност со прописите за заштита на личните податоци, да се наведени констатираните недостатоци, како и предложените неопходни корективни или дополнителни мерки за нивно отстранување. Воедно, треба да се содржани и податоците и фактите врз основа на кои е изготвено мислењето и се предложени мерките за отстранување на констатираните недостатоци. Вака изработениот извештајот се анализира од страна на офицерот за заштита на личните податоци, кој му доставува предлози на контролорот за преземање на потребните корективни или дополнителни мерки, за отстранување на констатираните недостатоци. Евидентирање на авторизираниот пристап (логови) Во случај на примена на средно ниво, контролорот треба да води евиденција за секој авторизиран пристап која треба да ги содржи особено следните податоци: име и презиме на овластеното лице, работна станица од каде се пристапува до информацискиот систем, датум и време на пристапување, лични податоци кон кои е пристапено, видот на пристапот со операциите кои се преземени при обработка на податоците, запис за авторизација за секое пристапување, запис за секој неавторизиран пристап и запис за автоматизирано отфрлање од информацискиот систем. Во оваа евиденција се внесуваат и податоци за идентификување на информацискиот систем од кој се врши надворешен обид за пристап во оперативните функции или личните податоци без потребното ниво на авторизација. STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
Операциите кои овозможуваат евидентирање на податоците треба да се контролираат од страна на офицерот за заштита на личните податоци и истите да не може да се деактивираат. Евиденцијата за авторизиран пристап треба да се чува најмалку пет години. Контрола на физички пристап Во случај на примена на средно ниво на ТОМ, во документацијата за технички и организациски мерки покрај наведеното за основно ниво, контролорот треба да определи критериуми и за овластените лица кои можат да имаат пристап до просториите каде е сместен информацискиот систем. Управување со медиуми Контролорот треба да воспостави систем за евидентирање на медиумите кои се примаат или испраќаат од страна на контролорот со цел да овозможи директна или индиректна идентификација на видот на медиумот кој е примен, датум и време на примање, испраќач, број на медиуми кои се примени, вид на документ кој е снимен на медиумот, начин на испраќање на медиумот, име и презиме на лицето овластено за прием на медиумот. За пренесените медиуми надвор од работните простории на контролорот, треба да бидат преземени неопходни мерки за да се спречи неовластено обработување на личните податоци снимени на нив. Евидентирање на инциденти Во Правилата за пријавување, реакција и санирање на инциденти, контролорот ги определува постапките кои се применуваат за повторно враќање на личните податоци и начинот на евидентирање на овластените лица кои ги извршиле операциите за повторно враќање на личните податоци, категориите на личните податоци кои се вратени и кои биле рачно внесени при враќањето. За повторното враќање на личните податоци, контролорот издава писмено овластување на овластените лица за да ги извршат операциите за враќање на податоците. Сигурносни копии Во случај на примена на средно ниво на ТОМ, сигурносните копии задолжително се прават секој работен ден, на крајот од работната седмица и секој последен работен ден во месецот при што истите треба да се чуваат надвор од објектот во кој се наоѓаат серверите
или персоналните компјутери во кои се сместени збирките на лични податоци за кои се прави сигурносна копија. Во ваков случај сигурносните копии треба да бидат обезбедени со соодветни технички и организациски мерки, согласно документацијата за технички и организациски мерки при што меѓусебните права и обврски на контролорот и правното, односно физичкото лице каде се чуваат сигурносните копии, треба да бидат уредени со договор во писмена форма, кој задолжително ќе содржи технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. Тестирање на информацискиот систем Контролорот задолжително врши тестирање на информацискиот систем пред неговото имплементирање или по извршените промени со цел да се провери дали системот обезбедува тајност и заштита на обработката на личните податоци согласно со документацијата за технички и организациски мерки и прописите за заштита на личните податоци при што тестирањето се врши преку обработка на документи кои содржат имагинарни лични податоци од страна на независно трето правно лице. ВИСОКО НИВО НА ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ Сертификациони постапки Во случај на примена на високо ниво на ТОМ покрај мерките од основното и средното, контролорот може да применува и други технички мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци, преку примена на сертификациони постапки согласно прописите за податоците во електронски облик и електронски потпис. Пренесување на медиуми Медиумите можат да се пренесуваат надвор од работните простории само ако личните податоци се криптирани или ако се заштитени со соодветни методи кои гарантираат дека податоците нема да бидат читливи, при што само администраторот на информацискиот систем може да ги декриптира или лице овластено од него. Пренесување на личните податоци преку електронскокомуникациска мрежа Личните податоци можат да се пренесуваат преку електронско - комуникациска мрежа само ако се криптирани или ако се посебно заштитени со
29
стоматолошки
соодветни методи кои гарантираат дека податоците нема да бидат читливи при преносот. РАЧНА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ Основно ниво на технички и организациски мерки Одредбите од членовите 3, 5, 6, 7, 10, 12, 14, 15 и 16 од Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, соодветно се применуваат и при друга рачна обработка на личните податоци што се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел на збирка на лични податоци. Пристап до документите Пристапот до документите треба биде ограничен само за овластени лица на контролорот при што за пристапувањето задолжително треба да се воспостават механизми за идентификација на овластените лица и за категориите на личните податоци до кои се пристапува. Доколку е потребен пристап на друго лице до документите тогаш треба да бидат воспоставени соодветни процедури за таа цел во документацијата за техничките и организациските мерки. Правило „чисто биро“ Контролорот задолжително го применува правилото „чисто биро“ при обработката на личните податоци содржани во документите за нивна заштита за време на целиот процес на обработка од пристап на неовластени лица. Чување на документи Чувањето на документите треба да се врши на начин што ќе се применат соодветни механизми за попречување на секое неовластено отворање. Во случај кога физичките карактеристики на документите не дозволуваат примена на ваквите мерки, контролорот треба да примени други мерки кои што ќе го спречат секој неовластен пристап до документите. Уништување на документи Уништувањето на документите се врши со ситнење или со друг начин, при што истите повторно да не можат да бидат употребливи, за што комисиски се составува записник кој ги содржи сите податоци за целосна идентификација на документот како и за категориите на личните податоци содржани во истиот.
30
Средно ниво на технички и организациски мерки Контрола Правилата за перидоичникотнроли и контрола на информацискиот систем (членови 23 и 25 о Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци) треба соодветно се применуваат и при друга рачна обработка на личните податоци што се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел на збирка на лични податоци. Начин на чување на документите Во случај на средно ниво, плакарите (орманите), картотеките или другата опрема за чување на документи задолжително треба да бидат сместени во простории заклучени со соодветни заштитни механизми. Просториите треба да бидат заклучени и за периодот кога документите не се обработуваат од овластените лица. Ако физичките карактеристики на просториите не дозволуваат примена на вакви мерки, контролорот треба да примени други мерки за да се спречи секој неовластен пристап до документите. Високо ниво на технички и организациски мерки Копирање или умножување на документите Копирањето или умножувањето на документите може да се врши единствено со контрола на овластени лица определени со претходно писмено овластување од страна на контролорот. Пренесување на документи Во случај на физички пренос на документите контролорот задолжително презема мерки за нивна заштита од неовластен пристап или ракување со личните податоци содржани во документите кои е пренесуваат. ВИДЕО НАДЗОР Доколку вршите или имате намера да вршите обработка на личните податоци преку вршење на видеонадзор: Да донесете Акт за начинот на вршење видеонадзор кој особено ќе содржи одредби за:правниот основ за неговото донесување, наслов на актот, основни одредби со опис на системот за вршење на видеонадзор, цел, односно цели на обработка на личните податоци, категории на лични податоци, давање и пренос на лични податоци обработени преку системот за вршење видеонад-
зор, технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци преку системот за вршење на видеонадзор, овластени лица за обработка на лични податоци преку системот за вршење на видеонадзор, изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци преку системот за вршење на видеонадзор, рок на чување на снимките од видеонадзорот (максимум 30 дена), известување за вршење на видеонадзор, технички спецификации на опремата, план каде е поставен системот за вршење на видеонадзор и преодни и завршни одредби. Контролорот (во конкретниот случај стоматолошката ординација) може да врши видеонадзор во службени или деловни простории ако тоа е потребно за заштита на животот или здравјето на луѓето; заштита на сопственоста; заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата или обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории. Доколку се врши видеонадзор, односно снимање на стоматолошките зафати на лице место за да може да ги гледа самиот пациент истото ќе треба соодветно да се уреди со цел да се испочитуваат принципите и прописите за заштита на личните податоци (на пример: согласност, начин, пристап, рок на чување на снимките...) ОБВРСКИ НА КОНТРОЛОРИТЕ ВО ПОГЛЕД НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ – СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ l Право на информираност l Право на пристап l Право на исправка и бришење Кога податоците се прибираат од субјектот на личните податоци тој мора да биде информиран за: - идентитетот на контролорот и неговиот претставник во РМ, ако го има - целите на обработката - корисниците или категориите на корисници на личните податоци - задолжителноста на давањата одговори на прашањата - можните последици ако не даде одговор - постоењето на правото на пристап и исправка на неговите лични податоци. 1
2
Законот за заштита на личните податоци е објавен во „Сл. весник на Р. Македонија“ бр.07/05, 102/08, 124/10 и 135/11. Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци е објавен во „Сл. весник на Р. Македонија“ бр.38/09 и 158/10
STOMATOLO[KA KOMORA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA
www.stomatoloskakomora.org
Amoksiklav®2x
amoxicillin, clavulanic acid
Прашок за перорална суспензија 457 mg/5 ml Филм-обложени таблети 10 x 625 mg,10 x 1000 mg, 14 x 1000 mg
НОВО пакување од
ти
Vistinski klu~ za uspe{na terapija Amoksiklav 2x ефикасност и безбедност докажани преку 25 години клиничко искуство во Македонија
Amoksiklav 2x е регистриран во 65 земји на сите пет континенти во светот, што претставува уште еден доказ за неговиот квалитет
Amoksiklav 2x филм-обложени таблети е единствен
аmoxicillin, clavulanic acid достапен во Република Македонија во две пакувањa (10 и 14 таблети), со што Ви овозможува да го приспособите третманот на потребите на пациентот
Reference: 1. Data on file. Part from the registration dossier. Lek DOOEL Skopje, 2013