Описни оценки 1во тромесечие 1 ОДДЕЛЕНИЕ Група 1 Ученикот / Ученичката: _________________________________________________ Умее самостојно да поздрави и отпоздрави; умее да се претстави себеси, другарче и членовите од семејството, да праша за возраст и да одговори. Го идентификува и набројува основниот училишен прибор. Умее да брои од 1 до 10, ги разбира песничките и приказните и активно учествува во нив. Група 2 Ученикот / Ученичката: _________________________________________________ Умее самостојно да поздрави, отпоздрави и да се претстави себеси. Со поттик претставува другарче и членови од семејството, а со мала помош прашува за возраст и одговара. Со мали грешки умее да идентификува и да наброи основен училишен прибор. Умее да брои од 1 до 10 со мали грешки. Ги разбира песничките и приказните и учествува во нив. Група 3 Ученикот / Ученичката: _________________________________________________ Со помош од наставникот умее да поздрави, отпоздрави, да се претстави себеси, другарче и членови од семејството, да праша за возраст и да одговори. Има потешкотии при идентификување и набројување на основен училишен прибор, и прави грешки при броење од 1 до 10. Делумно ги разбира песничките и приказните и со поттик учествува во нив. 2 ОДДЕЛЕНИЕ 1 група: Ученикот/Ученичката _______________ Умее самостојно да се претстави себеси и другарче; препознава и именува членови од семејството и делови од облека; разбира и соодветно реагира на заповеди во училницата. Разбира едноставно прашање и умее да даде краток одговор. 2ра група: Ученикот/Ученичката ______________ умее самостојно да се претстави себеси и другарче; го разбира вокабуларот за членови на семејство и делови од облека, но со мала помош истиот го препознава и именува; разбира и соодветно реагира на заповеди во училница. 3та група: Ученикот/Ученичката ______________ со поттик умее да се претстави себеси и другарче; делумно го разбира вокабуларот за членови на семејство и делови од облека и со потешкотии го меморира и именува истиот. 3 ОДДЕЛЕНИЕ 1ва група Ученикот/Ученичката ______________ Умее самостојно да се претстави себеси, другарче и членовите од семејството. Разликува 3то лице еднина-машки и женски род. Знае да идентификува видови живеалишта, простории во
домот и мебел. Ги препознава броевите од 0-20 напишани со збор. Изучените букви и вокабуларот за истите умее да ги препознае, прочита и напише. 2ра група Ученикот/Ученичката ______________ Умее самостојно да се претстави себеси, другарче и членовите од семејството. Со мала помош разликува 3то лице еднина-машки и женски род. Со поттик идентификува видови живеалишта, простории во домот и мебел. Со мала помош ги препознава броевите од 0-20 напишани со збор. Изучените букви и вокабуларот за истите умее да ги препознае, а со поттик знае да ги прочита и напише. 3та група Ученикот/Ученичката ______________ Умее самостојно да се претстави себеси, другарче и членовите од семејството. Има потешкотии при разликувањето на 3то лице еднина-машки и женски род. Со големи потешкотии идентификува видови живеалишта, простории во домот и мебел. Делумно ги препознава броевите од 0-20 напишани со збор. Делумно ги препознава изучените букви и вокабуларот за истите. 4 ОДДЕЛЕНИЕ Оценка (1) Ученикот / Ученичката __________________________________делумно разбира, продуцира и репродуцира мал број на лексички единици (членови од семејство, простории и мебел во домот, училишни предмети) и со големи потешкотии ги применува граматичките структури (сегашно просто време, глаголот “сум“ и личните заменки, безличната форма- има, присвојни придавки, предлози за место). Притоа прави големи грешки во читањето и пишувањето на изучените зборови кои го попречуваат рабирањето. Оценка (2) Ученикот / Ученичката ___________________________________ со потешкотии разбира, продуцира и репродуцира ограничен фонд на зборови (членови од семејство, простории и мебел во домот, училишни предмети) и со потешкотии ги применува граматичките структури (сегашно просто време, глаголот “сум“ и личните заменки, безличната форма- има, присвојни придавки, предлози за место). Применува основни јазични функции и прави грешки во пишувањето и читањето на изучените зборови што го попречуват разбирањето. Оценка (3) Ученикот / Ученичката ___________________________________ разбира, продуцира и репродуцира ограничен фонд од изучениот вокабулар (членови од семејство, простории и мебел во домот, училишни предмети) и применува граматички структури (сегашно просто време, глаголот “сум“ и личните заменки, безличната форма- има, присвојни придавки, предлози за место) кои делумно го попречуваат разбирањето. Покажува потешкотии при разбирањето на конкретни информации во куси тестови. Со поттик пишува изучени едноставни реченици со грешки кои делумно го попречуваат разбирањето. Оценка (4) Ученикот / Ученичката ___________________________________ применува фонд од изучените зборови (членови од семејство, простории и мебел во домот, училишни предмети) и граматичките структури (сегашно просто време, глаголот “сум“ и личните заменки, безличната форма- има, присвојни придавки, предлози за место) со мал број грешки кои не го попречуваат разбирањето. Со мали грешки препознава едноставни упатства, натписи и куси
текстови. Оценка (5) Ученикот / Ученичката ___________________________________ успешно ги применува изучените зборови (членови од семејство, простории и мебел во домот, училишни предмети) и граматичките структури (сегашно просто време, глаголот “сум“ и личните заменки, безличната форма- има, присвојни придавки, предлози за место). Чита и пишува со незначителен број грешки кои не го попречуваат разбирањето. Репродуцира и продуцира изучени искази во соодветни говорни ситуации со незначителен број грешки.