Универзитет “Гоце Делчев” Факултет за природни и технички науки Политехника / Индустриска логистика
ЗАВРШЕН ИСПИТ Логистика на производство и дистрибуција на домашен производ ГОРСКА
Ментор:
Израборил:
Штип, ОКТОМВРИ, 2012
1
Содржина
ВОВЕД........................................................................................................................ 4 1.0 ЛОГИСТИКА НА ПРОИЗВОДСТВО И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ ОД ГОРСКА..6 1.1 Дизајнирање на производот................................................................................6 1.2 Идеја за иновација............................................................................................... 8 1.3 Деловна анализа................................................................................................. 9 1.4 Развој на производот.......................................................................................... 9 1.5 Маркениншки тест........................................................................................... 11 1.6 Комерцијализација............................................................................................. 13 1.7 Значењето на дизајнот..................................................................................... 13 2.0 Историја на логистиката.................................................................................. 15 2.1 Од каде потекнува зборот логистика?........................................................15 2.2 Дефинирање на логистиката.......................................................................16 3.0 Транспорт.......................................................................................................... 20 4.0 Улога на транспортот во логистиката......................................................................22 4.1 Алтернативни начини на транспорт................................................................23 4.1.1 Одлучување за избор на превозник...............................................................23 4.1.2 Критериуми за оценка на алтернативни начини на превоз...............................24 4.2 Основни модалитети на транспорт.................................................................27 4.3 Конкурентски предности на пооделните видови транспорт....................................27 4.3.1 Железнички транспорт..................................................................................27 4.3.2 Патен транспорт.......................................................................................... 29 4.3.3 Воздушен транспорт..................................................................................... 30 4.3.4 Воден транспорт (поморски и речен).............................................................31 5.0 Оптимизација во транспортот............................................................................32 5.1 Оптимизација на текот на робата...................................................................33 ЗАКЛУЧОК................................................................................................................. 34
2
Апстракт Во овој труд се опишува Логистиката и примената во производството и логистичките активности – складишта, пакување и дистрибуција на постојните производи и новите производи кои се планираат да се произведуваат во Кодинг – Скопје, од асортиманот Горска, Гора и енергетски пијалоци.
Abstract This paper describes the Logistics and the application of the current production and logistics activities – warehouse, packing and distribution of the existing products and new products which are planed to be producted in Koding – Skopkje, from the group of articles Gorska watter, Gor fruit juices and energetic drinks.
ВОВЕД
3
Изворот Трнскот кој е главниот фактор и главен дел при производството на производите Горска се наоѓа во многу чиста и еколошка средина и височина од 1.110 м во прекрасните предели на планината Кожуф. Со векови на подножјето на овој извор е селото Конопиште се говорело за ладната и прекрасна чиста вода, па се до падините на селота Бошава. Сепретпоставува дека изворот е од подземните води на планината, а многу преданија говорат дека многу војски вклучително фалангата на Александар Македонски кога минувале низ овие предели се освежувале од неа и ги продолжувале своите патишта кон походите. Водата позната по својот вкус, свежина и нејзиното лековито својство. Минува низ поголем број на минерални карпи и со процес на природна филтрација со години успеала да го задржи непроменет идеалниот минерален состав.
Слика 1. Производен погон на Кодинг – Горска Figure 1. Production enterprice of Koding - Gorska
Компанијата Кодинг со својот бренд ГОРСКА и водач и лидер на пазарот на негазирана вода во РМ спо повеќе од 75% пазарен удел. Освен негазираната 4
вода, брендот ГОРСКА произведува и газирана вода со удел на пакувана вода до 25%. Истовремено се појавиле безалкохолние овошни густи сокови и чаеви од асортиманот ГОРА во сие можни пакувања, како и енергетските пијалоци ГОРСКА Мечка и Л-Каритидин.
Слика 2. Производен аспортиман на Кодинг – Горска Figure 2. Production articles of Koding - Gorska
Постојано инвестира во нови производи, ги развива постојните производи со широк асортиман, а следбеник е и добитник на ISO (International Organization for Standardization) сертификата 9001:2000 во 2005 година, а во 2007 година добила Сертификат НАЅЅР (Hazard Analysis and Critical Control Points), a 2008 година Сертификат ISO 22000 од познатото сертификационо тело BSI (British Standard Institute).
5
1.0 ЛОГИСТИКА НА ПРОИЗВОДСТВО И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ ОД ГОРСКА 1.1 Дизајнирање на производот Обликувањето (дизајнирањето) на производите е важен фактор за освојување на пазарите. Сигурно дека производот мора да ги задоволува барањата на купувачите. Затоа производите што се дело на човечкиот труд, минуваат низ еден сложен процес на создавање. Од појавувањето на идејата за нов производ, па се до неговото физичко создавање(оформување) поминува еден подолг процес кој е исполнет со истражувања и опити.
Слика 1. Производство на дизајнирани производи на Кодинг – Горска Figure 1. Production of design products of Koding - Gorska
Иако под зборот дизајн буквално се подразбира: означување, обележување, (лат. designare и англ. design) сепак тој означува многу сложена активност почнувајќи
од
согледување
на
потребата
од
постоење
на
производот,
определување на својствата на новиот производ (употребни, функционални, естетски, економски, еколошки и сл.), потоа што треба да содржи производот, изнаоѓање техничко решение за производот со определени својства, согледување на економската оправданост за негово производство и еколошката подобност. 6
Процесот на дизајнирање на производот опфаќа голем број на истражувања како на пазарот т.е барањата на потрошувачите, понудата и сл.) така и техничкотехнолошки
истражувања,
економско-финансиски
истражувања
(економска
оправданост), еколошки истражувања и сл. Општо погледнато процесот на дизајн на производот опфаќа повеќе фази. Видот и бројноста на фазите што се сретнуваат во литературата е различен и е зависен од видот на производот, степенот на поделбата на процесот по пооделни групи на активности. Во процесот на дизајн на производот се разликуваат повеќе фази, но како поистакнати се следните пет фази: - идеја за иновација, - деловна анализа, - развој на производот, - маркетиншки тест и - комерцијализација
1.2 Идеја за иновација Дизајнирањето на производот најнапред започнува со идеа. Но, заради посеопфатно согледување и оформување на сите негови својства, неопходно е да се отпочне со прибирање на повеќе идеи. Идеите за иновациите можаат да потекнуваат од различни субјекти. Од самиот човек иноватор, од некои потрошувачи, од лица кои се занимаваат со наука и истражување, од конкуренцијата, од лица кои се занимаваат со продажба или посредуваат во продажбата (посредници-трговски патници), од раководството на фирмата, од вработените, од разни списанија, рекламен материјал и слично. Основно е да се приберат што поголем број на идеи, како би се извршил избор од најдобрите идеи. Избраните идеи треба да бидат еведентирани и ставени на располагање за нивна прелиминарна проценка. Таа проценка подразбира проверка на секоја идеа од стојалиштето на целите на фирмата (остварување на профитот, стабилност на продажбата, растеж на организацијата и имиџот на фирмата), а потоа и од стојалиштето на постоењето на физички и кадровски можности за остварување на 7
идејата, како и расположливиот капитал за инвестирање. Со прелиминарната проверка се цели да се селектираат прибраните идеи односно да се избераат оние идеи кои ќе го оправдаат понатамошното истражување. Тоа е потребно заради економската оправданост на истражувањето и иновацијата. 1.3 Деловна анализа Деловната анализа го опфаќа процесот на анализа на идејата за економската оправданост на иновацијата. Всушност преку оваа анализа треба да се добие одговор (пресметка) за цената на чинење на истражувањата и готовиот производ,
обемот
на:
производството,
продажбата,
приходите,
користите,
издатоците, односно дали тој производ покрај своите останати својства ќе ги покрија своите трошоци и ќе придонесе за профитабилно работење на организацијата. Затоа е потребно целосно, сеопфатно испитување на пазарот. Бидејќи во оваа фаза сеуште не се располага со доволно точни податоци туку со претпоставки, затоа е пожелно да се направат повеќе алтернативи т.е сценарија со користење на влезови (издатоци за суровини, материјали, работна рака, реклама и сл.) и излези (т.е. продажните цени и обемот на продажба) за да се пресмета економската оправданост односно заработувачката на организацијата со продажбата на новиот производ. Со тоа би се добила појасна слика за оправданоста за производство на новиот производ. Всушност деловна анализа (анализа на оправданоста за дизајнирање на нов производ) се состои во: анализа на маркетингот, дали нашата идеја е во согласност
со
барањата
на
потрошувачите
и
нашите
производители?, анализа на нашиот производен процес
можности
како
(дали можеме како
производители да го произведуваме тој нов производ? Дали новиот производ е компатибилен со постојнот призводен процес, опремата, постројките, способноста на
работниците? итн,
анализа на финансиската можност, анализа
на
оперативната организираност, менаџментот и сл.
8
1.4 Развој на производот По фазата на деловна анализа, каде идејата се конкретизира и се дава виза за иновацијата, следи фазата на развој на новиот производ (иновацијата). Всушност во оваа фаза идејата за прв пат се трансформира во производ со конкретна материјална форма. Тоа значи дека во ова фаза на развој се врши вложување во време, материјали, пари, експерементирања (опити) и сл. сè со цел да се создаде (произведе) производ согласно идејата. Важно е да се спомни дека процесите на развојот на производот во ова фаза се разликуваат од тоа дали тоа се трајни производи или потрошни нетрајни производи. Доколку се во прашање трајни производи, тогаш идејата што ќе ја помине фазата на деловната анализа, се пренесува во службата за проектирање и конструирање на производи, заради развивање на прототип. Целта на изработката на прототип на производот е да се согледа можноста без посебни проблеми да се проектира остварувањето на економично производство на производот. Затоа е потребно изработка на прототипови во повеќе верзии, с# додека не се остварат задоволителни резултати. При развојот на потрошни нетрајни производи, како што се производите за исхрана или пример во тутунска индустрија цигарите, во фазата на развој на новиот производ (производи) се врши тестирање на вкусовите на потрошувачите на одделните својства на производите, со цел да се најде најдобра комбинација на својствата. Така на пример при тестирањето на новите цигари се врши дегустација на цигарите при што се утврдува иритацијата,
вкусот на цигарите, аромата,
јачината и согорувањето на цигарата потоа се утврдува отпорот на повлекување на филтерот, воздушната пропусливост на цигарната хартија, како и должината на цигарата, изгледот и сл.Како составен дел на на фазата на развој на производот е поврзана и пакувањето на производот. Пакувањето т.е. амбалажата на производот игра голема улога, како од аспект на заштита на производот, така и од аспект на естетскиот изглед на производот и привлечноста на купувачот. Формата на пакувањето, материјалот на амбалажата, ликовната естетика, функционалноста и тн. се важни фактори за самиот производ. 9
Дизајнирањето во фазата на развојот (прелиминарниот и финалниот развој) на производот се раководи од следните аспекти: - дизајнирање од аспект на функционалност на новиот производ; - дизајнирање од аспект на обликуваност (форма, естетика) на новиот производ; -дизајнирање од аспект на производни можности (комбинации) на новиот производ - дизајнирање од аспект подобрување (усовршување) на новиот производ;
Слика 3. Развојни компоненти на Кодинг – Горска Figure 3. Development components of Koding - Gorska
1.5 Маркениншки тест Во ова фаза всушност се врши запознавање на реалните состојби на производот. Тоа произлегува од самата улога на маркетингот како процес кој овозможува производите да стигнат до купувачите, а информациите од купувачите да стигнат до производителите. Новите производи во оваа фаза веќе се пуштаат во нормални услови на пазарот. Купувачите директно доаѓаат во контакт со производите бидејќи пред нив го имаат новиот производ (производи), при што производителите ќе можат реално да ги согледаат нивните реагирања во однос на изгледот на производот, употребните својства, цените, пропагандата, намената и сл.
10
Маркетингшkиот тест е многу значаен за воведувањето на новиот производ. Преку него всушност се дознава пазарната прифатеност на производите. Затоа тој тест мора да биде добро подготвен (планиран) и добро да се спроведе. Зависно од информациите што ќе се добијаат од маркетингшкиот тест, производителот може да донесе различни одлуки. Доколку резултатите по сеопфатниот тест, покажуваат дека производите се прифатени од пазарот, тогаш се отпочнува со производство и реализација. Доколку, пак, на маркетиншкиот тест се покаже дека производот лошо се продава т.е. прифаќа од купувачите, тогаш би можело да се постапи на следниов начин: да се понови маркетиншкиот тест со поголема ангажираност на личностите задолжени за тестот (поголема пропаганда, објаснувања и сл.), да се модификува производот и да се повтори тестот и на крајот ако показателите покажуваат дека новиот производ (производите) не се прифаќаат на пазарот да се прекине од понатамошните активности врз производот.
Слика 4. Маркетинг тест на Кодинг – Горска Figure 4. Marketing test of Koding - Gorska
11
Маркетиншкиот
тест
дава
добра
основа
како
за
планирање
на
производството така и за планирање и спроведување на реализацијата на производите.Маркетиншкиот тест содржи: - првични испитувања на производот на пазарот од аспект на добивање на информации за целокупните негови карактеристики (прифатеност-неприфатеност, предности-недостатоци, реакции и сл. -Во зависност од добиените информаци, производителот донесува содветни одлуки (за корекции-некорекции, производство или непроизводство, дополнување-преиспитување и сл.) -по дефинитивно извршениот маркетиншки тест се носат одлуки за комерцијализација на производот. 1.6 Комерцијализација Комерцијализацијата се јавува како една од крајните фази на дизајнирањето на производот. Ова фаза е поврзана со претходната фаза т.е. маркетиншкиот тест. Откако производот преку маркетиншкиот тест, добие виза дека е прифатен на пазарот се отпочнува со неговата комерцијализација т.е. продажба. При продажбата на производот мора посебно да се внимава на самиот производ да ги поседува сите карактеристики и своства согласно на маркетиншкиот тест и добро да е амбалажиран поради негова заштита и изглед зашто понекогаш и амбалажата го продава производот. Фазата на комерцијализација на производот треба да биде добро организирана за производите непречено да стигнуваат до потрошувачите. Тоа бара подготовка и обука на персоналот во повеќе области. Персоналот во продажбата мора да знае и умее да се однесува, соработува и одговара на прашањата и барањата на купувачите. Да ја организира промоцијата, продажбата, пропагандата, да одговара посебните барања или реагирања на купувачите на достоинсвен и со почит изразен однос.
12
1.7 Значењето на дизајнот Дизајнирањето на производот е основната постапка кај секој производ. Неговото значење е многу големо за секој производ. Со дизајнот треба да се остварат такви својства кај производот со кои ќе се задоволат определените потреби и желби кај потрошувачот, вработените во организацијата, сопствениците, добавувачите и партнерите и општеството. Со оглед на тоа што потребите и желбите на потрошуважите се различни, треба и дизајнот на производите да биди прилагоден за поголема група на потрошувачи. Пример некоја марка на цигари ја пушат одредена група на луѓе, бидејќи токму тие цигари со својот вкус и другите особини ги освоиле потрошувачите. Значењето на дизајнот го прави и материјалот од кој производот ќе биде изработен.
Потоа,
погодноста
за
изработката,
висината
на
цената
што
потрошувачот е спремен да ја плати за производот, можноста производот да се произведе со опремата која ја поседуваме во претпријатието, можноста за подобрување на квалитетот на новиот производ и многу други карактеристики кои ќе го направат производот баран на пазарот. Иако се јавуваат голем број на услови кои треба да ги исполни дизајнот сепак ќе меѓу нив ќе ги наброиме овие: - да одговара на барањата на потрошувачите; - да ги антиципира променливите потреби на потрошувачите; - да овозможува континуирано и квалитетно производство; - да овозможува економично производство; - целосна реализација; - економска оправданост; - маркетиншка насоченост, брза адаптибилност на промените на барањата на потрошувачи и постојано усовршување; - ги задоволи интересите на: купувачите, луѓето во организацијата, сопствениците
т.е.
инвеститорите,
добавувачите
односно
партнерите
и
општеството.
13
За остварување на наведените и многу други ненаведени услови односно цели на дизајнот постојат повеќе насоки, патишта, постапки односно политики. Сепак тие се зависни од видот, функцијата, намената и другите особини на производот. 2.0 Историја на логистиката Логистиката е дејност која се бави со совладување на просторот и времето со најмали трошоци. Во современи услови најчесто се користи за означување на деловни функции и научнa дисциплинa која се занимава со координирање на сите движења
на
материјалите,
производите
во
физички,
организационен
и
информацискипоглед. Тоа е кружен процес од набавка преку производство и продажба до потрошувачот. Логистиката претставува процес на планирање, спроведување и контрола на: набавката, одржувањето, складирањето, транспортот, информацијата и продажбата со единствена цел - нивно подобрување. 2.1 Од каде потекнува зборот логистика? Од францускиот збор logistique→ изведено од подофицерскиот чин "Marechal de logis" чија задача била да ги планира сите административни работи поврзани со повлекувањето на снагите на француската војска во 17 век. Францускиот збор logerзначи – да се живее под ведро небо, да му се обезбеди некому сместување. Коренот на зборот логистика се наоѓа и во грчкиот збор logosкој значи знаења за принципите и облиците на правилно мислење, планирање, план, донесување одлука. Logistikosзначи вештина, искуство и знаење за зачувување, проценување и пресудување на сите релевантни елементи во просторот и времето потребни за оптимално решавање на стратешки и тактички задачи во сите подрачја на човековите активности. Зборот логистика се објаснува и како “Целокупен процес на планирање, обезбедување, контрола и евиденција на снабдувањето и згрижување на материјалните средства (интендантска служба), организација на транспортот 14
(сообраќајна служба) и одржување на постројките на вооружените снаги (воена индустрија, воени услуги и др.)” Некои сметаат дека поимот логистика потекнува од латинскиот збор logistaсо кој се нарекувани чиновниците кои извршувале административни работи во римските легии. Примената на логистиката датира од длабоко во минатото, уште со појавата на првобитно организираната наука. Логистиката била присутна уште во најстари времиња и посебно била присутна при големите движења на народите. Најзначајна примена на сознанијата од логистиката, пред да влезе овој збор во употреба, била на планот на подготовката, поддршката на најразлични воени активности, за што сведочат бројни историски записи. 2.2 Дефинирање на логистиката Деловната логистика во современиот свет станува актуелна проблематика на која и се посветува сé поголемо внимание. Во многу земји со развиени пазарни економии учеството на логистичките активности во формирањето на бруто националниот производ надминува 20%, што директно влијае врз сите аспекти на економијата (инфлација, продуктивност, каматна стапка итн.). Ова е и една од главните причини за зголемениот интерес за оваа проблематика. Во областа на логистиката може да се сретнат повеќе термини како што се: управување со материјали, физичка дистрибуција, деловна логистика, логистички менаџмент (синоним на деловната логистика), управување со синџири на снабдување и др. Сите овие термини ја објаснуваат истата област – логистиката. Првата фаза на текот на материјали опфаќа набавка на материјали (суровина, помошни материјал, енергенти, трговска стока и резервни делови) со транспорт од добавувачот до влезот во приемното складиште (меѓускладиште) на некое производно претпријатие. Оваа фаза се дефинира како логистика на набавка. 15
Во втората фаза материјалите, влегуваат во процесот на производство, а потоа од производството готовите производи и полупроизводи преоѓаат во дистрибутивно (отпремно) складиште. Делот од системот кој ја реализира втората фаза т.е. движењето на текот на материјали низ производниот систем се дефинира како производна (индустриска) логистика. Во третата фаза доаѓа до тек на готовите производи или полуфабрикати, кои може да имаат и функција на резервни делови, но и обележје на готова стока. Разбирливо е дека одредена количина од стоката може да биде испорачана до купувачите од дистрибутивните складишта, а во одредени случаи и директно од производството. Логистичкиот процес кој ја реализира третата фаза се дефинира како дистрибутивна логистикаили логистика на дистрибуција. Во четвртата фаза стоковиот тек има спротивна насока, бидејќи пред сé се работи за тек на секундарни суровини и отпад кои се предмет на понатамошна преработка или уништување. Овие повратни текови ги опфаќаат и тековите на оштетена или погрешно испорачана стока како и таканаречени повратни (изменливи) теретни единици како што се користени контејнери, палети и други облици на теретни единици кои се користени за пакување или формирање на логистички единици. Овој дел од логистичкиот систем се дефинира како логистика на отпад и повратни материјални ресурси. Во анализата на логистичкиот процес не можеме да се ограничиме само на парцијални делови на логистичката организација туку мора да се земат во предвид сите места и функции кои делуваат на трансферот на стока од изворната точка па сé до понираењето т.е. местото на кое има потреба од стоката. Типичен пример или подобро кажано прототип за содејството на хетерогените процеси во повеќефазниот трансфер на стока е транспортниот синџир (ланец). Транспортен синџир претставува низа од технички и организационо поврзани процеси и операции, кај кои стоката, возилата и луѓето се движат од изворот до целта, односно транспортниот синџир означува просторно- временска врска на испорачувачот и примачот на стоката, кои ги поврзува едно или повеќе транспортни средста, процеси на пакување, транспорт, претовар, заедно со соодветен информационен процес. 16
Според тоа, микрологистичкиот подсистем треба да се диференцира според објаснетиот
функционален
принцип
односно
фазите
на
реализација
на
логистичките услуги, на: логистика на набавка на материјали (набавна логистика), производна логистика, дистрибутивна логистика, логистика на отпадни и повратни материјални ресурси. Прикажаниот начин на расчленување на логистиката на микрологистички подсистеми почива на парадигмата на претпријатието како систем во кој процесот на економска трансформација на стоката се одвива преку мрежата на текот на стоката Инпут-Трупут-Оутпут (Input-Throughput-Output). Оптимизацијата на ваквите системи во структурална и процесуална смисла е прашање на интелигентно поврзување и распростирање на стоковите текови. Како наука логистиката се бави со истражувања во областа со подршка за функционирање на системите во остварувањето на нивните цели, функции или операции. Тоа е мултидисциплинарна област која подразбира познавање и следење на достигнувањата во: Информациските технологии, Операционите истражувања, Теоријата на системи, Теоријата на управување и организација итн. Во духот на современотоработење може да се каже дека логистиката е збир на активности кои имаат за цел да се работи побрзо, подобро, поквалитетно и правовремено – Just in time. Целта на логистикатасе состои во зголемување на ефикасноста на работење по пат на забрзување на циркулацијата на ангажираните средства. Оваа цел се остварува на два начина: По пат на скратување на просечното време на ангажирање (пр. со елиминација на препреките кои предизвикуваат застои на внатрешниот транспорт и сообраќајот воопшто, со примена на специфични методи). 17
По пат на смалување на просечната сума на ангажирани средства. Логистиката како деловна функцијаги опфаќа сите потребни дејности за комплексна подготовка и реализација на просторна и временска трансформација на добрата и знаењата. Таа настојува со искористувањето на човечките ресурси и средства да ги стави добрата (производите) на располагање на пазарот во право време, на право место, во потребната количина, квалитет и цена со точни информации за тие производи. Акцентот е на минимални трошоци и оптимизацијаза постигнување поголема профитабилност.Во многу верзии се среќава дефиницијата 7”R” (Seven ―Right) (right – право) за која понекогаш се вели дека е лаички опис на логистиката. Таа гласи: “Да се обезбеди достапност на правиот производ, на право место, право време, во права количина, во права состојба, за правиот купувач и по права цена.“ Дефиницијата 7”R” ги содржи најважните активности на логистиката: Ја нагласува просторната и временската димензија (место, време, движење и складирање), Обезбедува темелно сфаќање на подрачјето на логистиката, Ги нагласува трошоците и услугата. Другиот аспект на оваа дефиниција е значењето за исполнување на барањата на
потрошувачите.
Суштината
на
логистиката
е
во
фокусот
да
бидат
потрошувачите, бидејќи логистиката игра важна улога во исполнување на нивните барања. Додаден елемент во дефиницијата 7”R” е квалитетот, т.е. идејата дека претпријатието мора да изврши: Права работа Во право време На конкурентски пазар (право место). Логистикатаможе да се дефинира и како ефикасно управување и контрола на залихите (суровина, добра во процесот на преработка и готови добра) при нивното движење или при нивното задржување во некој погон. 18
Советот за управување со логистиката (Тhe Council of Logistics Management – CLM) 1985 год. логистиката ја дефинирал на следниот начин: “Логистиката е процес на планирање, примена и контрола на ефикасниот и ефективен тек
(и
складирање)
на
суровините,
добрата
во
процесот
на
производство, готовите производи, услуги и информации поврзани со нив, од местото на потекло до местото на потрошувачка, опфаќајќи ги при
тоа
екстерните
влезните движења,
(inbound), со
цел
излезните(outbound), прилагодување
на
интерните барањата
и на
потрошувачите”.
3.0 Транспорт Кога се зборува за логистика голем број луѓе замислуваат камиони кои возат по автопат. Меѓутоа логистиката има далеку пошироко значење, но транспортот е една од главните компоненти. Системот на транспортирање претставува физичка врска која што ги поврзува потрошувачите на една фирма, снабдувачите на суровини, фабриките (производствените погони), складиштата и членовите во каналот, односно, сите фиксни точки во рамките на логистичкиот снабдувачки синџир. Имено, фиксните точки во логистичкиот систем се оние точки каде што некои активности во извесен временски период застануваат, односно го запираат протокот на добра. Со движењето на добрата и производите од една до друга точка, транспортот создава просторна корист. Значи, со транспортот се решава прашањето на допрема на набавените добра потребни за постојани извршувања на производствениот процес, нивното пренесување низ компанијата и на крај отпрема на готови производи до местото на потрошувачката. При набљудувањето од микро аспект, односно, од аспект на една компанија, транспортното работење се манифестира преку извршувањето на задачи на преземање, внатрешен транспорт и испорачување на стоките. Под преземањесе подразбира транспорт на набавената стока од местото на нејзиното преземање од добавувачот, па се до складиштето на компанијата.
19
Внатрешниот транспортго опфаќа движењето на стоката во рамката на одделните организациски единици, како и движењето на стоките меѓу нив во рамките на една компанија.
Слика 5. Складирање и транспорт на производи Горска Figure 5. Warehouse and transport of Gorska products
Слика 6. Производна лента и транспорт на производи Горска Figure 6. Продуцтион белт and transport of Gorska products
Во производствените компании внатрешниот транспорт се однесува на движење на материјалите во самото складиште, пренос на материјалите во 20
самото складиште, пренос на материјалите од складиште до работното место, пренос меѓу работните места и погони, пренос на довршеното производство од работното место до складиштето за готови производи, движење на готови производи, движење на машините, амбалажата, отпадоците и др. Во трговските претпријатија како внатрешен транспорт најчесто се нарекуваат движењата на стоките во рамките на складиштето во продажните стоваришта, прирачните складишта, продавниците, како и во рамките на самите продажни објекти. Испораката, пак, претставува транспорт на продадената стока од местото на складирање до местото на нејзиното преземање од страна на купувачот. Од претходново се заклучува дека преземањето и испораката претставуваат надворешен
транспорт, затоа
што
се
одвиваат
на
релацијакомпанија
–
окружување, додека внатрешниот транспорт е појава од интерен карактер т.е. транспорт во рамките на самото претпријатие.
4.0 Улога на транспортот во логистиката Логистичкиот систем на една компанија се состои од голем број фиксни места каде суровините, материјалите, полупроизводите и готовите производи извесно време остануваат независно дали се во процес на обработка или пак во складиште. Врската меѓу овие фиксни места ја обезбедува транспортниот систем. Транспортот им овозможува на добрата да се движат меѓу различните фиксни точки
со
што
го
премостува
просторот
меѓу
купувачот
и
продавачот.Притоа, изборот на превозникот претставува одлучувачки фактор за компаниите во определувањето на ефикасноста на функционирањето на вкупните капацитети на снабдувачкиот синџир и делумно ја определува конкурентската позиција на компанијата, како и побарувачката за производот на определен пазар. За ефикасно и економично функционирање на логистичкиот систем во една компанија неопходно е познавањето на транспортниот систем. Транспортот ја зголемува вредноста на компанијата со тоа што креира корисност во 21
време и место.Додадената вредностсе изразува преку физичкото движење на добрата со што тие се носат на саканото место и во саканото време. Оваа улога на транспортот е особено значајна денес во услови на глобализација, кога компаниите имаат географски дисперзирани активности, односно, кога се оддалечени од изворите на снабдување, со што се предизвикува зависност од транспортот чија задача е да ги поврзи компаниите со изворите на набавка од една страна и потрошувачката од друга. Во услови на глобална економија снабдувачките синџири стануваат се подолги заради што се зголемува улогата и значењето на транспортната функција која што треба да совлада огромна оддалеченост во намерата да ги поврзи купувачите и продавачите. Ова пак се одразува врз зголемувањето на транспортните трошоци. Покрај тоа, големите растојанија го продолжуваат времето за извршување на транспорт, а тоа пак налага чување на поголеми количини на залихи и нивно подолго чување, со што се зголемуваат трошоците на залихи. Оттука, може да се заклучи дека колку е поголемо растојанието меѓу купувачите и продавачите, трошоците на транспорт и чување на залихи се повисоки. 4.1 Алтернативни начини на транспорт 4.1.1 Одлучување за избор на превозник Еден приод во одлучувањето за избор на превозник го третира истото како “специјализиран процес на купување”. Како што е тоа случај со најголем број одлуки за набавка, најчесто цената на превозот не е единствен критериум за избор на превозник. Навистина превозната тарифа претставува значаен фактор при донесување на одлуката, но фирмата мора до го земе предвид и квалитетот на услугата и како таа услуга влијае врз оперативните трошоци на капацитетите. Изборот на превозник најчесто се врши во две фази. Притоа, фирмата, најнапред прави избор на начинот на транспорт. Конкретниот избор ги вклучува основните модалитети на транспорт како што се: железнички, патен, воден, воздушен
и
цевоводи.
Покрај
наведениви
основни
модалитети
постои 22
интермодален транспорт кој користи два или повеќе од основните начини на транспорт, односно, прави нивна комбинација, за да обезбеди услуга според дадена сообраќајна линија. Највообичаени форми на интермодален транспорт се: железница – камион позната како piggyback, камион – воздух и железница – вода. Вториот чекор во одлучувањето е да се избере конкретен превозник во рамките на веќе избраниот модалитет на превоз. Изборот на превозник бара од фирмата да избере законски вид на превозник: обична транспортна фирма или некој друг вид превозник. Секако дека бројот на алтернативни превозници е многу поголем при селекцијата на конкретни превозници, отколку што е тоа случај во фазата на избор на модалитет на превоз. На пример додека основните модалитети за превоз се пет, бројот на превозниците кои може фирмата да ги избере е огромен и се мери со илјади. Кога зборуваме за одлуката за избор на начин на превоз и вид на превозник треба да нагласиме дека оваа одлука има карактер на одлука за “повторно купување”. Тоа значи дека еднаш избран модалитет или превозник се користи повеќе пати, односно одлуката добива карактер на политика (принцип, начело). Фирмите ги користат избраните превозници повеќе пати сé додека нивото на услуга што го добиваат ги задоволува нивните барања, а исто така и тарифата што за услугата ја плаќаат е прифатлива. Фазата на селекција на начинот на превоз предизвикува силно внимание. Тоа обично вклучува оценка на стапката и нивото на услуги на алтернативни начини и комбинација од модалитети. Секако дека фирмата ќе избере начин на превоз кој ќе обезбеди најниски вкупни логистички трошоци, а потоа истите ќе ги применува врз изборот на посебен превозник. 4.1.2 Критериуми за оценка на алтернативни начини на превоз Во литературата што ја третира оваа проблематика како главни критериуми за избор на превозници се трошоците на превоз и перформансите на услугата. 1. Транспортните трошоципретставуваат доминантна детерминанта при изборот на превозник. Tранспортните трошоци вклучуваат: 23
Транспортни тарифи Минимум тежина Опрема за утовар и растовар Пакување Оштетување при транспорт и Некои специјални услуги кои определени превозници ги нудат.
Сите овие елементи имаат различно учество кај различните начини на транспорт, заради што треба да се направи анализа на трошоците при оценката на секој модалитет на транспорт кога се во прашање транспортните трошоци, а имајќи го во предвид концептот на деловна логистика која што го фокусира вниманието врз рамнотежата на вкупните трошоци во логистичкиот систем, односно меѓу услугата што превозникот ја нуди и трошоците на користење на опремата. Но и покрај тоа, во денешново нерегуларно окружување, транспортните трошоци остануваат еден значаен критериум во изборот на превозот. 2. Значајни детерминанти на перформансите на услугата се:
Време на превоз Доверливост Способност Пристапност (достапност) и Сигурност.
Време на превозе вкупното време што поминува од моментот кога испраќачот на стоката (консигнаторот) ги става производите на располагање за отпрема, до моментот кога превозникот не му ги испорача истите на примачот на стоката. Ова вклучува време потребно за подигнување и испорака, за ракување со производите во терминалот, и за движење помеѓу местото на потекло и местото на крајната дестинација. Доверливостасе однесува на конзистентноста, односно, доследноста на времето за превоз што го обезбедува превозникот. Претходниве две детерминанти влијаат врз трошоците на залихи и трошоците заради недостиг од залихи (изгубенa продажба). Имено, пократко време за превоз резултира во помали залихи, додека поголема зависност предизвикува пониски нивоа на залихи или трошоци на недостиг на залихи. 24
Во услови кога постои доследност, со дадено ниво на време потребно за нова набавка, фирмата може да ги минимизира залихите и како резултат на тоа и трошоците на чување залихи. Но, во услови на неконзистентно време на превоз, фирмата мора да ги зголеми залихите над нивото што би се чувало ако времето за превоз се запазува доследно. Способноста и пристапноста(достапност) се однесуваат на тоа дали определен превозник може физички да ја изврши саканата транспортна услуга. Способностаопределува во која мера превозникот може да обезбеди опрема и објекти што се неопходни за потребното движење на производите. Конкретно, способноста е определена од опремата што ја поседува превозникот, а која обезбедува контролирана температура или влажност на воздухот, како и од специјалната опрема за ракување. Пристапноста (достапноста)ја означува способноста на превозникот да понуди услуга за правецот што се бара, односно, да обезбеди физички пристап до објектите. Всушност, станува збор за географски ограничувања на мрежата на патишта на превозникот (водни патишта, железница). Безбедностасе однесува на пристигнување на производите со исти особини какви што ги имале при товарењето кај превозникот. По правило, превозникот ги презема надлежностите околу оштетувањето на производите што би можеле да се случат во текот на транспортот. Затоа, и ова е еден од условите кој значајно влијае врз изборот на превозник.
4.2 Основни модалитети на транспорт Логистичкиот менаџер има на располагање пет основни модалитети на транспорт кои имаат различна економска и техничка структура и секој од нив нуди различен квалитет на услуга. Основни начини на транспортирање се следниве: железнички, патен, воден, воздушен сообраќај и цевководи.
25
На пазарот на транспортни услуги постои силно изразена конкуренција помеѓу одделните видови на транспорт. Конкурентноста на одделните видови на транспорт се определува преку следните карактеристики:
Tранспортна способност Брзина Сигурност (уредност и точност) Безбедност Флексибилност на превозот Трошоци на превозните услуги.
Развиеноста на транспортната понуда денес е значително висока, а транспортниот превоз претставува еден од најразвиените превози на стоки и услуги. И покрај постоењето на имперфектност на овој превоз, тој се карактеризира со силна конкуренција меѓу пооделните видови транспорт. За да се направи правилен избор на начин на превоз и конкретен превозник неопходно е да се согледа неговата конкурентна предност во секоја конкретна ситуација.
4.3 Конкурентски предности на пооделните видови транспорт 4.3.1 Железнички транспорт Овој вид на транспорт, во основа има најголема транспортна способност, и нуди најниски трошоци на транспорт во континенталните сообраќајни системи. Најголеми предности нуди во следните случаи: кај превозот на масовни стоки кај стоки со мала поединечна вредност на релации помеѓу главни производно-потрошувачки (дистрибутивни) центри, кои бараат минимална манипулација кај стоки кај кои во текот на транспортот не постои потреба за дополнително манипулирање, класификација и сортирање на пратките. Железницата е сигурен, уреден и точен транспортер, бидејќи железничкиот превоз не може да биде сериозно загрозен од страна на неповолни временски услови, а исто така нејзини значајни предности се и високиот степен на 26
безбедност на превозот, енергетската заштеда, како и изразито нискиот степен на загадување на животната средина, познато како еколошка толерантност, во однос на патниот сообраќај. Конкурентните предности на железницата посебно доаѓаат до израз кај превозот на средни и поголеми растојанија (над 200 km). Кај пократките релации, оваа предност се намалува, пред се поради високите терминални (почетни и завршни) трошоци. Ова е еден од недостатоците на железничкиот транспорт. Друг недостаток на железничкиот транспорт е ниската флексибилност на превозот, која е условена од малата густина на сообраќајната мрежа, и високата транспортна способност на превозните средства. Практично, тоа значи дека железницата не може да превезе помали количини на стоки на поголем број на дестинации. Во однос на патниот сообраќај, железничкиот сообраќај е значително помалку флексибилен – пред се, во поглед на возните редови, што има за резултат помала фреквенција на превоз и намалување на комерцијалната брзина на превозот. Исклучок се големите пратки, за кои постои можност да се формираат маршрутни возови. Железничките инвестициите,
капацитети како
и
железничкиотсистем
со
се
одликуваат техничко
со
висока
технолошко
(инфраструктурата,
возниот
интензивност
на
единство
на
парк
и
сл.).
Модернизирањето и унапредувањето на капацитетите кај железницата подразбира вложување на големи износи, и подолги временски периоди за реализација и остварување на ефекти. 4.3.2 Патен транспорт Главна конкурентска предност на овој тип на превоз е високата еластичност – флексибилност. Тоа е резултат на големата густина на сообраќајната мрежа, која е десетина пати поголема од железницата, и малите транспортни единици. На тој начин, овој вид на транспорт овозможува превоз на различни количини на стоки на голем број на дестинации, односно, т.н. превоз ―од врата до врата‖, на сите континентални релации.
27
Овој вид на транспорт е многу флексибилен и во поглед на времето на превоз, бидејќи транспортните единици се технолошки самостојни, и не бараат посебни процедури во поглед на организирањето на превозот, како што е случај со железницата. Тоа придонесува и за голема комерцијална брзина на превозот. Сигурноста, уредноста и точноста се позитивни страни на овој вид на транспорт, иако се помали во однос на железницата. Голема предност се и релативно ниските вложувања за набавка на превозни капацитети, кои можат да ги реализираат и малите фирми, така што голем број на фирми поседува сопствен возен парк. Недостатоци на патниот транспорт се: ниска безбедност голема потрошувачка на енергија по единица превоз високи екстерни – еколошки трошоци, поради загадувањето на животната средина мала транспортна способност на транспортните единици (која се корегира со зголемување на нивниот број). Во поглед на трошоците, патниот транспорт има пониски терминални трошоци од железницата, но значително повисоки оперативни трошоци кои настануваат при превозот. Од тие причини, трошковно-ценовната конкурентност на овој вид на транспорт посебно доаѓа до израз на растојанија до 200 km, а истата опаѓа на подолги релации, за да стане изразито ценовно инфериорен на големи растојанија. Од претходно изнесеното може да се заклучи дека патниот транспорт има изразена конкурентска предност при превоз на мали количини на стоки, на мали до средни претпријатија. 4.3.3 Воздушен транспорт Главна предност на овој вид на транспорт е големата брзина на превозот. Ова особено се однесува на превозот на големи растојанија, пред се во меѓународниот транспорт. Исто така, тој се одликува со голема фреквенција, и
28
релативно голема сигурност, посебно на релации кои поврзуваат големи центри, на кои функционираат редовни воздухопловни линии. Негативна страна која го прави неконкурентен се високите трошоци. Тој ја манифестира својата предност при превоз на стоки со голема вредност, но со мала количина и тежина. Кај ваквите стоки, транспортните трошоци имаат мало учество во цената, а големите брзини на испорака овозможуваат намалување на другите логистичко-дистрибутивни трошоци, пред се трошоците на чување на залихи.
Намалувањето
на
овие
трошоци
е
посебно
можно
во
интерконтиненталната размена на производи, каде што конкурент на брзиот воздушен транспорт е изразито побавниот поморски транспорт. Високите трошоци го прават овој вид на транспорт инфериорен во однос на другите видови на транспорт. Сепак, постојат причини кои одат во прилог на користењето на воздушниот транспорт, а тоа се следните: итни испораки на резервни делови за критична или скапа опрема итни испораки на пратки поради спречување на загуба во продажбата на значајни пазари пополнување на залихите со критични единици за одржување на континуитет во производниот процес намалување на трошоците на држење на залихи и складирање намалување на вкупните трошоци на транспорт, кога воздушниот сообраќај драстично ја намалува должината на транспортните релации, и трошоците на транспортните пакувања проширување на пазарот на подрачја кои е невозможно да се снабдуваат на друг начин, поради расипливост, ограничен рок на траење или некои други карактеристики на производите. Следи заклучок дека воздушниот транспорт се користи пред се за испорака на помали количини на стоки, кои можат да поднесат високи транспортни трошоци, или пак за итни испораки кои треба да спречат поголеми загуби во производството или продажбата.
29
Овој превоз е оправдан од аспект на намалување на вкупните логистичкодистрибутивни трошоци, кај одредени специфични производи. Можностите за поголема примена на овој вид на транспорт се зголемуваат со организирањето на специјализирани сервиси за брзи воздушни испораки на стоки, до било која дестинација. 4.3.4 Воден транспорт (поморски и речен) Главна конкурентска предност на овој вид на транспорт е високата транспортна способност, како и ниските трошоци на превоз. Транспортните единици на поморскиот сообраќај овозможуваат превоз на стоки од стотици илјади тони. Само за илустрација, максималната носивост на танкерите изнесува околу 500.000 тони, а на линиските бродови 80.000 тони. На тој начин, преку користење на економијата на обем во транспортот, овој вид на транспорт обезбедува ниски превозни цени, а со самото тоа и ниски транспортни трошоци за корисниците. Со тоа водениот транспорт е поконкурентен од континенталните видови на транспорт (патнички и железнички). Недостатоцитена овој транспорт се манифестираат преку: малата брзина на превоз ниската еластичност на прилагодување на барањата на корисниците нискиот степен на сигурност и уредност, поради чувствителноста на експлоатацијата на капацитетите на временските услови. Според тоа, конкурентните предности на поморскиот и речниот транспорт доаѓаат до израз при превозот на масовни и евтини стоки (јаглен, нафта, руда, житарици, неметални мин. суровини и сл.), кои не бараат брз превоз. Табела 1. Рангирање на различните видови на транспорт Table 1. The ranking of the various types of transport
30
5.0 Оптимизација во транспортот Во логистичкиот пристап на управување со транспортот, оптимизацијата на транспортните текови на робата како и оптимизацијата на користењето на транспортни средства, претставува исклучително значајна полуга за оптимизација на транспортниот систем во целина. При тоа постојат две класи (групи) на проблеми кои се наметнуваат во оптимизацијата на транспортните текови низ логистичкиот систем на фирмата: Првата група проблеми се однесува на оптимизација на движењето на робата помеѓу одреден број изворни и одредишни места (точки); Другата група проблеми се однесува на оптимизација на рутите на движење на возилата помеѓу едно место на извориштето и одредено, поголем број на одредишта на превозот.
5.1 Оптимизација на текот на робата Проблемот на оптимизација на робата се поставува тогаш кога треба да се одреди програма за снабдување на одреден број одредишни места, кои се дефинираат како места на побарување, од одреден број на изворни точки, кои се дефинираат како места на понуда, со минимизирање на транспортните трошоци.
31
Овој вид на проблеми може да се појави во различни ситуации: При оптимизација на снабдувањето на одреден број купувачи од одреден број производни погони (фабрики), При оптимизација на снабдувањето на одреден број складишта на производителот од одреден број негови производни погони (фабрики), При оптимизација на снабдувањето (испораката) на одреден број купувачи од одреден број на складишта, без оглед на тоа кој е носител на понудата: производителот, големопродажба или малопродажба. Во сите случаи проблемот се сведува на оптимизација на тековите на робата помеѓу даден број на места на побарувачка – одредишни места, и даден број на места на понуда – изворни места. Во практичната примена на транспортниот модел можни се три случаи: Вкупната понуда и побарувачка меѓусебно да се еднакви Вкупната понуда да е поголема од вкупната побарувачка Вкупната побарувачка да е поголема од понудата. Првиот случај обезбедува исполнување на вообичаената претпоставка кај решавањето на транспортниот проблем. Во вториот и третиот случај таа претпоставка не е исполнета, па при решавањето се воведува додадено (фиктивно – dummy) место на побарувачката односно понудата, кое што симулира надоместување на обем на побарувачка (понуда) кој недостасува. Во тој случај се зема дека трошоците на транспорт до (или од) додаденото место се еднакви на нула, бидејќи непостоечкиот превоз не предизвикува никакви трошоци. Транспортниот проблем се решава преку итеративна процедура (Симплекс метода), се до изнаоѓање на оптимално решение, односно оптималем програм на транспорт кој обезбедува минимални вкупни транспортни трошоци. Транспортниот проблем, со техниката на линеарно програмирање, на доста едноставен начин овозможува оптимизација на текот на робата помеѓу зададен број на изворишта и одредишта на превоз. Во случај на помал број на изворишта и одредишта, може доста бргу да се реши без користење на компјутер, доволно е мал калкулатор.
32
Во случај на голем број на центри од кои робата се испорачува на голем број одредишта, зголемениот број на пресметковни операции бара користење на компјутерска техника. За таа цел постојат развиени едноставни компјутерски алгоритми, кои овозможуваат брзо изнаоѓање на оптималното решение. ЗАКЛУЧОК Логистиката (историјата и значењето) и примената во производството и логистичките активности – складишта, пакување и дистрибуција (сите видови на транспорт) на постојните производи и новите производи кои се планираат да се произведуваат во Кодинг – Скопје, од асортиманот Горска, Гора и енергетски пијалоци, адекватно се изложени и прикажани, за подобро запознавање на квалитетните производи кои многу силно направија пробив на пазарот.. Литература [1] Котлер Ф., Армстронг Г., (2008), Принципи на маркетинг, Влада на РМ (превод) [2] Котлер Ф., Келер К. Л., (2009), Маркетинг менаџмент, Влада на РМ (превод) [3] Котлер Ф., Ли Н., (2010), Маркетинг во јавниот сектор, Влада на РМ (превод) [4] Питер П.Џ., Олсон Џ., (2010), Однесување на потрошувачите и маркетиншките стратегии, Влада на РМ (превод) [5] Голомеова М., (2012), Маркетинг логистика, Скрипта УГД-ФПТН-Штип [6] Беј М. Р., (2009), Економија на менаџментот и бизнис страстегијата, Влада на РМ (превод) [7] O. C. Ferrell, Michael Hartline (2010), Marketing Strategy, Cengage Learning, Apr 8, 2010 - 743 pages [8]Marcia Yudkin, (2001)“Internet Marketing for Less Than $500/Year:How to Attract Customers and Clients Online Without Spending a Fortune”, Maximum Press, Sep 1, 2001 - 293 pages [9]Paul Fifield, (2007) Marketing Strategy: The Difference Between Marketing and Markets, Elsevier/Butterworth-Heinemann, Aug 29, 2007 - 316 pages 33
[10] Steven P. Schnaars, (1998), Marketing Strategy: Customers and Competition, Free Press, 1998 - 216 page [11] David Mercer, (1998), Marketing Strategy: The Challenge of the External Environment, SAGE, Jun 18, 1998 - 325 pages [12] Orville C. Walker, Harper W. Boyd, Jean-Claude Larréché, (1999), Marketing Strategy: Planning and Implementation, Irwin/McGraw-Hill, 1999 - 393 pages [13] Frederick E. Webster, (1995), Industrial Marketing Strategy, John Wiley and Sons, May 1, 1995 - 384 pages [14] Jim Blythe , (2003),Marketing Strategy, McGraw-Hill Education, 2003 - 299 pages [15] [PDF] B2B Business Models, www.ebscohost.com/uploads/thisTopic-dbTopic1074.pdf [16] Marketing for B2B vs. B2C – Similar but Different, asterful Marketing masterful-marketing.com/marketing-b2b-vs-b2c/ [17] B2C Marketing «www.studiowide.co.uk/blog/b2c-marketing [18] B2C Marketing - Business to Customer Marketing, www.squidoo.com, › UpMarket [20] [PDF] E-COMMERCE STRATEGY FOR COMPANIES B2B B2C C2B C2C www.leidykla.vu.lt/fileadmin/Vadyba/12-13/14-17.pdf [21] E-Commerce: An Indian Perspective 2Nd Ed. - Google Books Result books.google.com/books?isbn=8120327888... [22] The C2B Revolution: The C2B revolution (Consumer to Business) c2b.typepad.com/c2b/2005/08/the_c2b_revolut.html [23] Examples of B2B B2C C2c - Ask.com www.ask.com/questions-about/Examples-of-B2B-B2C-C2c
34