УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА БИЗНИС ЛОГИСТИКА
СЕМИНАРСКА РАБОТА Предмет: Царински постапки
ТЕМА: Локално царинење – Конти Хидропласт
Ментор:
Кандидат:
Доц. Д-р Драшко Атанасоски
Адријана Мижорова Бр. на индекс: 21768
Ноември 2014
Краток извадок Една од најголемите пречки во функционирањето на трговијата претставуваат, компликуваните, бавни и скапи царински процедури. Затоа поедноставените постапки за царинење за македонските компании се предизвик и голема шанса да го глобализираат својот начин на работа. Со поедноставените царински постапки се надминува проблемот со роковите, се зголемува брзината на испораката на стока надвор од нашата земја, што е многу битно, бидејќи во најголем број случаеви се работи за терминска стока, која е поврзана со фиксни термини на испорака. Македонските компании веќе неколку години имале можност во своето секојдневно работење да користат поедноставени царински постапки при увоз или извоз на стоки, но тие дури во последно време почнуваат да ги користат поинтензивно.
Клучни зборови: трговија, царински процедури, компании, увоз, извоз
2
Abstract
One of the biggest obstacles in the functioning of the human pose , complicated , slow and costly customs procedures . Therefore simplified customs clearance procedures for Macedonian companies challenge and great opportunity to globalize their way to work. With simplified customs procedures outweighed problem with deadlines , increasing the speed of delivery of the goods out of the country , which is very important because in most cases it is for future goods , which is associated with fixed
terms
of
delivery
.
Macedonian companies for several years had the opportunity in their daily work to use simplified customs procedures for import or export of goods , but they only recently starting to use them more intensively.
Keywords: trade, customs procedures, companies, import, export
3
СОДРЖИНА
ВОВЕД ......................................................................... Error! Bookmark not defined. 1. Општи информации за локалното царинење при извоз и увоз............6 2. Царинење на стока во поедноставена постапка......................................7 2.1.Одобрение за поседноставена постапка..........................................10 3. Постапка за локално царнинење..............................................................12 4.Одобрение за локално царинење при увоз.............................................15 4.1.Опис на постапката..............................................................................15 4.2.Потребни документи............................................................................16 5. Поедноставена постапка за декларирање - Извоз................................16 6. Конти Хидропласт Гевгелија.....................................................................18 6.1. Кратка историја за компанијата.......................................................18 6.2.Хронологја............................................................................................19 ЗАКЛУЧОК...............................................................................................................22 ПРИЛОЗИ.................................................................................................................23 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...................................................................................28
4
ВОВЕД Целта на ова семинарска работа е да ја проучам проблематиката за локалното царинење, како една од поедноставените постапки, и самата царинска процедура за нејзино извршување. Дел од компаниите и шпедитерите ги користат поедноставените царински постапки со цел останатите компании да увидат кои се предностите од истите и да направат проценка дали и тие би можеле да ги применат и да си ја олеснат и поедностават својата работа. Поедноставената
царинска
постапка
на
трговските
друштва
им
овозможува забрзување и олеснување на целата царинска процедура. Постојат три вида на поедноставени постапки, тоа се: поедноставено декларирање, локално царинење и овластен испраќач или примач. Кај локалното царинење, постои два вида и тоа: локално царинење при увоз и локално царинење при извоз. Локалното царинење овозможува стоката да се увезе или извезе во просториите на фирмата или на друго место наведено во одобрението, а сите царински формалности што вообичаено се извршуваат од царинските службеници ги извршуваат самите компании. Темата која што ќе ја обработам во оваа семинарска работа ќе биде насочена кон локалното царинење при извоз, и само некои основни податоци за локалното царинење при увоз
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛОКАЛНОТО ЦАРИНЕЊЕ ПРИ ИЗВОЗ И УВОЗ 5
Извозниците што имаат одобрение за поедноставена постапка можат царинењето на стоката да го вршат во своите простории, не одат на терминал, не плаќаат терминалски трошоци и шпедитерски услуги. Тоа значи дека самите се цариници со тоа што во зависност од одобрението во рок од 30 минути пред да излезе за извоз мора да најават во системот на Царинската управа дека имаат намера да извезуваат одредени стоки. Доколку во тие 30 минути не добијат никаков одговор од Царинската управа дека ќе се врши контрола тогаш можат слободно да извезуваат. Овие постапки овозможуваат царинењето да се врши 24 часа на ден и секој ден, без разлика на тоа дали е работен ден или празник. Основниот бенефит од примената на процедурите за локално царинење е забрзување на протокот на стока. За да добијат одобрение за поедноставени постапки фирмите ќе мораат да исполнуваат одредени услови, како што е уредна евиденција која по проценка на Царината од време на време ќе се контролира. Вакви одобренија добиваат компаниите кои покрај тоа што имаат уредни евиденции кои се лесни за следење, не правеле или не прават царински прекршоци, ниту пак имаат било какви проблеми од овој вид, а воедно имаат и интерни контролни системи. За локалното царинење при увоз одобрени се две поедноставени постапки кога: Била предмет на транзитна постапка на ОП, и ставена на увид кај царинскиот орган кај транзит Локално (домашно) царинење овозможува: - при увоз камионите од граница да се движат право во просториите на увозникот, или - при извоз камионите од просториите на извозникот да се движат право нa граница избегнувајќи ги скапите царински терминали и намалувајќи го времето потребно за царинење. Можноста од локално (домашно) царинење подразбира подобра контрола, царинење вон работното време на царинската испостава (во недела и празници) и тоа во просториите на вашата компанија, заштеда на трошоци и 6
зголемена царинска усогласеност.Изборот на вистинскиот партнер и подршка е најважниот чекор. ЈАСС ќе ви помогне да ги добиете сите потребни одобренија и ќе ви овозможи целокупна логистичка подршка за царинење во своите простории. Спроведување на царинската постапка "дома" значи дека треба да направите значајни промени во системот. Исто така, треба да се осигурате вашите пратки да се движат дури и ако вие или вашиот персонал не сте достапни. ЗОШТО да го одберете ЈАСС? Лесна имплементација. ЈАСС ќе ви помогне во воведувањето на соодветна евиденција, во изработката на потребната документација и добивањето на царинско одобрение, како и соодветно прилагодување на вашиот систем. Сигурност. ЈАСС ќе го обучи вашиот персонал и ќе се грижи за ваше усогласено работење со царинските прописи. Интернет работа. ЈАСС е интернет-базиран и може да ви олесни во спроведување на локалното (домашно) царинење.
2. ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ ВО ПОЕДНОСТАВЕНА ПОСТАПКА Со цел да се поедностават формалностите и постапките колку што е можно повеќе, а истовремено да се обезбеди правилно водење на постапките, царинскиот орган само во посебно оправдан случај може да одобри1: -
Царинската декларација да не содржи некои од податоците или да не се приложат некои од документите кон царинската декларација;
-
Поднесување на комерцијален или административен документ, заедно со барање за ставање на стоката во предметната царинска постапка, наместо царинската декларација и
-
Ставање на стоката во предметната царинска постапка со запишување во евиденцијата на имателот на одобрение.
1
Извадпк пд Службен весник на Република Македпнија” брпј 39/2005, стр. 15
7
Во тој случај царинскиот орган може да не бара од декларантот да ја стави
стоката
на
увид.
Царинската
декларација
со
поедноставување,
комерцијалниот или административниот документ или записот во евиденцијата мора да ги содржат најмалку податоците потребни за идентификација на стоката. Кога стоката се запишува во евиденција на имателот на одобрението, мора да се наведе и датумот на запишувањето. Поедноставената постапка за декларирање овозможува стоката да биде ставена во предметната царинска постапка со поднесување на поедноставена декларација и со дополнително поднесување на дополнителна декларација, која во зависност од случајот може да биде општа, периодична или рекапитулативна.2 Постапката на локално царинење овозможува ставањето на стока за предметната царинска постапка да се врши во просториите на странката или на други места определени или одобрени од царинскиот орган. За да може да се употребуваат поедноставените постапки потребно е одобрение. Постапката за добивање на одобрение за поедноставени постапки по правило започнува со информативен состанок помеѓу подносителот на барањето за поедноставувањето и управникот на надлежната царинарница со вработените во царинарницата. На овој информативен состанок се врши размена на информации, односно иницијални информации од можниот барател. Барањето може да се поднесе на пропишан образец или во слободна форма која мора да ги содржи податоците од пропишаните образци. Барањето се состои во три дела: 1. Општ дел, во кој подносителот на барањето ги наведува основните податоци (трговското друштво, седиште, даночен број) 2. Дел кој ги содржи податоците за исполнување на условите за бараното поедноставување (вид на книговодство и начин на водење на водење на евиденција за стоката, предвиден број на пратки, време на пуштање на стоката во бараната постапка, податоци за продолжениот инструмент за обезбедување) 3. Дел за постапката, во кој подносителот подетално ги определува своите барања во врска со извршувањето на поедноставувањето. 2
Извадпк пд Службен весник на Р. Македпнија - бр 66/2005, стр 27
8
Надлежниот орган од формална гледна точка проверува: -
дали барањето е пополнето на соодветен образец (вид на стоката и постапка);
-
дали образецот е правилно пополнет;
-
дали барањето е целосно пополнето и дали се поднесени сите соодветни документи кои се потребни за одлучување по предложената царинска постапка.
Доколку барањето е непотполно, надлежната царинарница бара да се дополни, а доколку барателот не постапи по налогот на царинарницата, барањето се отфрла. Пополнетото барање го разгледува надлежната царинарница и од содржинска гледна точка во смисла на тоа дали истото ги исполнува условите за спроведување на поедноставувањето. Проверката го опфаќа следново: -
оцена на исполнување на обврските во спроведување на досегашните царински постапки;
-
соодветност и вид на евиденција на барателот (трговското друштво) кое овозможува непречена контрола;
-
соодветност на информацискиот систем и програмска опрема на барателот;
-
оправданост
на
издавањето
на
бараното
поедноставување
за
определена царинска постапка; -
оцена на способноста на одговорните лица кои се вработени кај барателот
предложени
за
спроведување
на
предложеното
поедноставување; -
способност
на
спроведување
надлежната на
царинарница
постапката
и
да
да
врши
извршува
надзор
над
контроли
без
административни оптоварувања непропорционални со подносеното барање на странката; -
дали подносителот на барањето во досегашното работење ги има прекршено царинските прописи и дали навремено ги плаќал даночните давачки;
-
список на стока кој подносителот на барањето сака да ги употребува во поедноставена постапка. Дали одредена стока е предмет на некои
9
забрани и ограничувања, доколку е, се проверува дали стоката ги има потребните одобренија; -
дали е обезбедена ефикасна контрола за почитување на увозни/извозни забрани, дали постои ограничување на таа контрола од други прописи кои
се
однесуваат
на
избраното
поедноставување,
согласно
одобрението; -
дали се нудат сите потребни гаранции за правилно спроведување на постапката,вклучувајќи и гаранција за евентуален царински долг. Подносителот на барањето мора за поедноставувањето да приложи и
список на стоки со тарифна ознака и детален опис на стоката или спецификација 3 . Списокот на стоката се депонира кај царинската испостава. Стоката која може да се употребува во бараното поедноставување е наведена во одобрение, а за дополнување на списокот на стока се поднесува барање по кое одлучува надлежната царинарница. При издавање на одобрението за поедноставени постапки е потребно да се исполнат и одредбите за забрани и ограничувања, односно мерки на трговска политика. Не се дава одобрение доколку подносителот на барањето за
соодветно
поедноставување
не
располага
со
соодветни
потврди,
согласности или одобренија во однос на стоката и царинската постапка.
2.1. Одобрението
за
Одобрение за поедноставена постапка поедноставена
постапка
го
дава
надлежната
царинарница. Царинарницата го евидентира одобрението и му доделува број од посебен контролник за поедноставени постапки, кој треба да ги содржи следниве рубрики: 1. реден број (евидентен број на одобрението); 2. датум; 3. имател на одобрение; 4. вид на постапка; 5. важност на одобрението и 6. важност на гаранцијата кај увозните постапки и транзитните постапки. 3
Спецификација – дпкумент штп спдржи ппис на делпвите и ппдрпбнпстите на некпј прпизвпд.
10
Во одобрението се определуваат правата и обврските за имателот на одобрението. Надлежната
царинарница
доставува
копија
од
одобрението
до
Одделението за контрола на трговски друштва, Одделение за царински и даночни постапки, како и решение за промена на одобрение. Доколку постапката на поедноставувањето се извршува вон работно време на испоставата, за условите за изведување на истото во претходна контрола треба да бидат вклучени и вработени од Одделението за оперативни работи, (мобилните екипи) па во овој случај копија од одобрението се доставува и на оваа одделение. Одобрението може да се издава со ограничен рок на важност. Доколку пак царинската испостава, надлежната царинарница или контролниот царински орган утврди дека еден или повеќе услови за издавање на одобрението не се применуваат или не се исполнуваат, тогаш се превземаат мерки за укинување или менување на одобрението. Сите барања за измени на одобрение се прават така што подносителот ги поднесува кај надлежната царинарница, која за тоа одлучува. Доколку пак бара за измена на список на стока која ќе ја употребува во соодветното поедноставување, барателот тоа го образложува, наведувајќи ја причината за тоа. Кога барањето се однесува и на промена на одговорни лица и во тој случај се носи решение за измена на одобрението. Кај постапката на локалното царинење, имателот на одобрението мора на
царинската
испостава
определена
во
одобрението
да
и
поднесе
дополнителна декларација. Дополнителната декларација и поедноставената декларација претставуваат единствен неделив документ, кој произведува дејствие
на
денот
на
прифаќањето
на
царинските
декларации
со
поедноставувања. Кон дополнителната декларација се доставуваат сите документи потребни за проверка на правилноста на извршување на постапката. Дополнителната декларација се поднесува во форма на образец ЕЦД4. Таа
се
поднесува
збирно
за
сите
4
уписи
во
евиденцијата
и
сите
ЕЦД – се листпви пд пбразецпт ЕЦД пптребни за спрпведуваое на пдредена царинска ппстапка. ЕЦДтп претставува псумлистен кпмплет пд листпвите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8.
11
административни или комерцијални документи во одреден рок (месечен или неделен) со листа на поедноставени декларации или евиденции. Контролата врз извршувањето на одобренијата ја врши царинската испостава или оделението за оперативни работи. Заедно со стоката се проверува и евиденцијата одржувана од страна на имателот на одобрението и придружната
документација
поднесени
или
чувани
од
имателот
на
одобрението. Во врска со резултатите од контрола се составува записник во два примероци. Еден примерок му се врачува на имателот на одобрението, а вториот го задржува царинската испостава. Контролата што ја врши Одделението за контрола на трговски друштва при Царинска управа е во форма на надворешна контрола, која може да се врши во моментот кога поедноставувањето се извршува или по пуштањето на стоката во избраната постапка или кога се поднесува дополнителна декларација. Се препорачува првата контрола кај ново издадените одобренија да се изврши во рок од шест месеци по давањето. Понатамошните контроли течат согласно годишните планови, подготвени од страна на Централната управа, а кои треба да бидат изведувани најмалку еднаш на шест месеци. Записниците за извршените контроли како информација се испраќаат на надлежната царинарница и Одделение за царински и даночни постапки при Централната управа во рок од 15 дена од извршената контрола. 3. ПОСТАПКА ЗА ЛОКАЛНО ЦАРИНЕЊЕ – ИЗВОЗНИ ПОСТАПКИ Надлежната
царинарница
на
лице
кое
сака
да
врши
извозни
формалности во своите простории или на друго место одобрено од страна на царинскиот орган му одобрува декларирање на стока за извоз со постапка на локално царинење. Имателот на таквото одобрение се стекнува со статус на одобрен извозник. Заради обезбедување на контрола на спроведување на извозната постапка, имателот на одобрението мора: -
да ја извести извозната царинска испостава за преместување на стоката за да може таа да се пушти и тоа во форма и на начин одредени во одобрението;
-
да ја запише стоката во сопствена евиденција; 12
-
да му ги даде на располагање сите документи на извозната царинска испостава од кои зависи спроведувањето на прописите за извоз на стоката. Имателот на одобрението на извозната царинска испостава мора да и
предаде известување 5 за ставање на стока во извозна постапка во време наведено во одобрението, а најдоцна еден час пред завршувањето на работното време на извозната царинска испостава. Во време на известување стоката се наоѓа во превозното средство и е со обележја на одобрениот извозник. Најавата се врши со известување кое се испраќа во писмена форма, по факс или на друг начин определени во одобрението. Одобрението за ова поедноставување треба да содржи: -
рок во кое ќе се предава известувањето;
-
извозна царинска испостава на кој известувањето ќе му се испраќа;
-
рок во кој извозната царинска испостава ќе најавува можна контрола, која тече од моментот кога известувањето е примено; За време на рокот определен во одобрението кое тече од испраќање на
известување
извозната царинска испостава може да најави вршење на
контрола. По истек, на тој рок се смета дека на имателот на одобрението стоката му била пуштена во бараната извозна постапка. Во одобрението се одредува еден од следниве начини на известување: -
поединечно известување за секој извоз посебно кое се испраќа преку факс, електронска пошта или на друг начин одреден во одобрението;
-
со однапред најавена програма за извоз која се однесува на одреден временски период под услов да се однесува за сигурна и точна информација. Оваа програма на пример може да се однесува за една недела или за
еден месец со тоа што одобрениот извозник распоредот за време кога стоката ќе ја товари во превозното средство го поднесува со барањето и оваа програма се наведува во одобрението. На пример може да се наведе дека ќе врши извоз во 09:00, во 11:00, 13:00, 15:00.... часот и за секој од овој саат испраќа известување. Доколку одобрениот извозник сака стоката да ја подготви за 5
Образец на известуваое за ставаое на стпка вп извпзна ппстапка.
13
извоз во 08:00 часот наместо во 09:00 за таа промена мора да бара одобрение од извозната царинска испостава. Имателот
на
одобрението
може
да
биде
ослободен
од
секое
известување за преместување на стоката, а заради видот на предметната стока или зачестеност на извозните операции. Оваа мора да е наведено во одобрението, засновано врз програмата која е договорена и наведена во одобрението како што е објаснето погоре. Доколку стоката се преместува вон работно време на извозната царинска испостава, тогаш имателот на одобрението е должен да го извести одделението за оперативни работи, на начин и во време како е определено во одобрението и договорено со надлежната царинска испостава. Стоката се пушта во бараната царинска постапка во моментот на упис во евиденцијата и во време наведено во извозната програма, освен ако извозната царинска испостава во посебен случај или за одреден временски период не одреди поинаков начин на пуштање на стоката. Во известувањето одобрениот извозник е должен на извозната царинска испостава да ги достави сите податоци, потребни за евентуален преглед на стоката. Стоката се смета дека е пуштена во барана постапка по истек на определениот рок од предавање на известувањето за намерата да се изврши преместување на стоката, под услов ако извозната царинска испостава не најавила вршење на контрола. Тој рок се одредува во одобрението, но во поединечен случај извозната царинска испостава може да одлучи поинаку. Ако
одобрениот
извозник
е
ослободен
секој
пат
да
најавува
преместување на стоката, внесувањето во евиденцијата се смета за пуштање на стоката, под услови наведени во одобрението. Одобрениот извозник веднаш по запишување на стоката во одобрената книговодствена евиденција ја известува извозната царинска испостава за преместување на стоката. Евиденцијата мора да содржи најмалку податоци потребни,
евиденцијата
и
природата
на
стоката.
Известувањето
кое
одобрениот извозник го врши до извозната царинска испостава има еднаков ефект како и поднесување на царинска декларација. За надзор и како доказ дека стоката фактички го напуштила царинското подрачје на Р. Македонија, се дозволува употреба на лист број 3 од ЕЦД за
14
извоз кој е претходно заверен од извозната царинска испостава или е заверен со печат на одобрен извозник. Надлежната царинарница во одобрението ги одредува мерките за идентификација на стока. Одобрениот извозник може да побара употреба на посебни царински обележја
6
како што се пломби на одобрен извозник.
Извозната царинска испостава може да се откаже од поставување на пломби, ако може да се утврди идентитетот на стоката врз основа на описите во извозната декларација или придружните документи или со почитување на други мерки за обезбедување на идентитетот. Се смета дека описот на стоката одговара за утврдување на идентитетот на стоката доколку е тој доволно прецизен за да овозможи едноставно утврдување на идентитетот во однос на количеството и природата на стоката. 4. ОДОБРЕНИЕ ЗА ЛОКАЛНО ЦАРИНЕЊЕ ПРИ УВОЗ
Постапката на локално царинење при увоз е поедноставување кое на имателот на одобрението му овозможува стоката да ја стави во избрана увозна царинска процедура во свои простории или на други места одобрени од страна на царинскиот орган. Имателот на одобрение го евидентира почетокот на постапката во својата одобрена евиденција и ја информира царинската испостава за пристигање на стоката. 4.1.
Опис на постапката
1. Барањето за одобрение за локално царинење при увоз се поднесува на пропишан образец до надлежната Царинарница. 2. Барањето го разгледува формално и содржински овластена Комисија. 3. По комплетирање на истото се врши контрола кај подносителот на барањето заради оцена на условите за барана постапка.
6
Царински пбележја – тпа се специфични знаци и прппишани начини за пбележуваое на царинската стпка. Сп нив јаснп се става на знаеое дека пдредена стпка се напда ппд царински надзпр, и никпј не смее непвластенп да ги симнува при извпзпт и тпа пд извпзнптп царинеое дп излезната гранична царинарница.
15
4. Административна
такса
за
одобрение
е
500,00
денари
и
административна такса за барање е 50,00 денари. 5. Одобрението го издава надлежната Царинарница. Предвиден рок за постапката: 30 дена. 4.2. Потребни документи
Барање за одобрение за локално царинење при увоз,
Административна такса за одобрени во износ од 500,00 денари
Административна такса за барање во износ од 50,00 денари
Список на стоките (два примерока) и
Список на одговорни лица
5.ПОЕДНОСТАВЕНА ПОСТАПКА ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕ – ИЗВОЗ Поедноставена постапка за декларирање овозможува стоката да се стави во царинска постапка според поедноставена декларација во форма на непотполна декларација на образец на ЕЦД7 кој ги содржи најмалку податоците неопходни за идентификација на стоката или со административен
или
комерцијален документ кон кое е приложено барање за спроведување на определена царинска постапка. Поедноставена постапка за декларирање се одобрува кога стоката се извезува директно кај гранична царинска испостава кај која стоката се става на увид, доколку таа испостава е определена
за извршување на извозната
постапка, во спротивно стоката се става на увид во внатрешна царинска испостава. Одобрението за поедноставена постапка за декларирање при извозот се смета за одобрување на општо барање за извршување на царински постапки наведени во одобрението. Поедноставената декларација може да биде во форма на: -
7
непотполна декларација на единствен царински документ или
ЕЦД – единствен царински дпкумент
16
-
административен или комерцијален документ кон кој е приложено барање за пуштање во слободен промет. Поедноставена постапка со употреба на комерцијален или друг документ
(фактура, доставница или други соодветни документи) се одобрува доколку ги содржи сите податоци и поединости кои што се потребни за идентификување на стоката и тоа: -
вид на стока (опис на стока или опис и тарифна ознака на стоката, количина, цена на стока, број на колети и бруто/нето маса;
-
држава на намена;
-
регистарски број на превозното средство;
-
забелешка: ПОЕДНОСТАВЕНА ДЕКЛАРАЦИЈА и број на одобрението за поедноставена постапка. Поедноставената декларација се поднесува во три примерока за
царинската испостава каде што стоката е ставена на увид. Царинската испостава
на
поедноставената
декларација
го
запишува
бројот
од
контролникот за поедноставени декларации за извоз, става датум и печат, еден примерок задржува, а вториот и третиот примерок ја придружуваат стоката до излезната царинска испостава. Излезната царинска испостава го потврдува стварното изнесување од царинското подрачје со запишување на евидентниот број од соодветниот контролник, става датум и печат на двата примерока, едниот го задржува, а другиот го враќа на превозникот/декларантот со седиште на граничниот премин или на друг соодветен начин. Превозникот на царинската испостава може да и достави и адресиран плик со платена поштарина со кој царинската испостава поедноставената декларација ја испраќа на имателот на одобрението/декларантот или на друг начин. Царинарницата во одобрението одредува до која царинска испостава се поднесува дополнителната декларација. Во случај кога дополнителната декларација заедно со листата на поедноставените декларации се поднесува кај царинската испостава која не е испостава каде била прифатена поедноставената декларација 8 , таа веднаш по приемот на дополнителната декларација ја известува за истото во писмена форма царинската испостава кај која се поднесени поедноставените декларации со доставување на едниот 8
пријава (сп пптребните ппдатпци) на стпка или импт заради наплата на царина или данпк;
17
примерок од дополнителната декларација и списокот на поедноставени декларации во кој го наведува бројот на дополнителната декларација, датумот и шифрата на испоставата каде е поднесена. Поедноставените декларации царинската испостава која ги прифатила, ги раздолжува со бројот од дополнителната декларација, датумот и шифрата на царинскиот орган каде истата е прифатена. 6. КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ГЕВГЕЛИЈА Конти Хидропласт се бави со увоз на материјали за производство на црева и цевки
како
пролипропилен
гранулат,
регранулат,
кополимери
на
пролипропилен, мастербач итн. Најчесто се увезува од Франција, Тајван, Тајланд, Грција.
6.1. Конти
Кратка историја за компанијата Хидропласт
е
извозно
ориентирана
македонска
компанија,
за
производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика. По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес оваа компанија е извозно ориентирана, и 95% од нивните производи ги пласираат на меѓународните пазари. Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои се спремни да одговорат, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди. Моментална производствена програма на компанијата ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм па се до 2000мм.
18
Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема. Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок. Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти. 6.2.
Хронологија
Конти Хидропласт со производство на цевки започна во 1990 година со една единствена линија за производство на полиетиленски црева, со вкупен број од 10 вработени. До 1994 година
прозводствената
програма
се
зголеми
со
уште
5
производствени линии и покрај полиетиленските црева и ЛДПЕ цревата , Конти Хидропласт почна да ја проширува својата производствена програма и со нови видови производи како и развој на поширок ранг на димензии. Со развојот на нови класи на полиетилен (ПЕ) се прошири и употребата на ПЕ цевките за куќни инсталации и притисочни системи. Со употребата на полиетилен од втората генерација како што се ПЕ63 и ПЕ80 започнавме со производство на цевки за домашни инсталации со притисок до 16 бари. Рангот на димензии се зголеми со цевки до Ф 110мм. Во 1996 година беа произведени првите цевки од материјал од третата генерација на полиетилен односно ПЕ 100 материјалот. Ова овозможи цевките да можат да се користат во инсталации со работен притисок од 32 бари. Оваа година исто така започнавме со производство на цевки за транспорт на гас за употреба во инсталации со работен притисок од 10 бари, како и цевки кои можат да се употребуваат во други индустрии.
19
Го зголемивме рангот на димензии уште еднаш со тоа што овој пат најголемата димензија беше Ф160мм. Во 1998 година димензиониот ранг повторно е зголемен со нова најголема димензија од Ф250мм. Оваа година Конти Хидропласт се здоби со ИСО 9001 сертификатот за квалитет на менаџмент системот. Во 1999-2000 Конти Хидропласт почна да се проширува со тоа што ги отвори своите први претставништва во државата како и Србија и Бугарија. Ова проширување застана тука затоа денес Конти Хидропласт има претставништва во сите балкански земји. Во 2001 може да се каже дека Конти Хидропласт го достигна најголемото проширување на производствените капацитети дотогаш, со набавката на две комплетни екструзиони линии. Првата екструзиона линија ја прошири палетата на цевки за домашни инсталации со цевки до Ф400мм, додека втората екструзиона линија беше наменета за производство на двослојни полиетиленски цевки за канализација со димензии до Ф315мм. Оваа година како дополнување на ИСО 90010 сертификатот го добивме и ИСО 14001 Сертификат за менаџмент систем за заштита на животната средина. Во 2002 компанијата ги прошири капацитетите и палетата на производи со уште една производствена линија за куќни инсталации како и канализациски цевки со димензии до Ф630мм. Во 2003 година се отворија нови претставништва на компанијата во Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во 2004 се започна со производство на нов производ, станува збор за спирални цевки за канализација со дјаметар до Ф1200мм. Во 2006 инсталирана е нова производствена линија за ребрасти двослојни цевки со дијаметар до 1200мм. Во 2008 го зголемивме производствениот капацитет на ребрасти цевки со уште една производствена линија како и со линија за притисочни цевки. Во 2009 Конти Хидропласт ги прошири производствените погони и ја збогати производствената програма со уште еден производ, станува збор за ПП ХМ 20
Планови за понатамошни инвестиции се однесуваат на подобрување на производствените процеси на сите нивоа со инсталирање на линии за рециклирање. Ние веруваме во квалитет, затоа нашето дејствување е насочено кон континуирано подобрување, со тоа што финалниот исход секогаш ќе биде задоволството на клиентите.
ЗАКЛУЧОК Како што насочив и на почетокот во овој труд беа обработени поедноставените царински постапки поточно локалното царинење при извозот и некои мали 21
објаснувања за локалното царинење при увоз. Локалното царинење при извоз претставува скратена постапка која се извршува во просториите на одобрениот извозник. Глобализацијата на светскиот пазарот ја прави потребата од непречен проток на
стоки,
услуги
и
капитал
основен
императив
за
водење
бизнис.
Компликуваните, бавни и скапи царински процедури се едни од најголемите пречки во функционирањето на модерниот „синџир на трговија“. Затоа поедноставените постапки за царинење за македонските компании се предизвик и шанса да го „глобализираат“ својот начин на работење. Со поедноставените царински постапки,
се надмина повеќегодишниот
проблем со роковите за испорака кој ги имаа компаниите поради неможноста за спроведување на царинските постапки надвор од работното време на царинските служби. Македонските компании веќе неколку години имаат можност во своето секојдневно работење да користат поедноставени царински постапки при увоз и извоз на стоки, но забележено е дека тие дури во последно време почнуваат да ги користат поинтензивно. Според податоците на Царинската управа, која ги издава одобренијата за поедноставени царински постапки, бројот на издадени одобренија за една година пораснал за 57%, од 200 на крајот на 2011 година на 314 на крајот на 2012 година. Се увиде дека зголемениот интерес укажува дека овој начин на работа се повеќе навлегува во филозофијата на работење на економските оператори, што пак значи зголемување на капацитетот на економските оператори и на Царинската управа за управување со ризиците, забрзување на увозот и извозот и намалување на трошоците
ПРИЛОЗИ
Подносител на барањето _______________________________________________
22
Надлежна царинарница ___________________________________________________
БАРАЊЕ ЗА ЛОКАЛНО ЦАРИНЕЊЕ ПРИ УВОЗ По д но си т ело т н а б ар а ње то бар а о д на д ле ж н а та цар и н ар н иц а да м у се да де о до бр е н ие за л о ка л но ца р ине ње на ст о ка при у во з со г ла с но со то ч ка та в) о д ста в е де н о д чл е н 8 8 о д Ц ар и н с к ио т за ко н ( С л. вес н и к на Р М б р .3 9 /0 5 , во по н ат ам о ш ен те кс т : ЦЗ) и во со г лас но ст со ус ло в и т е о д ч ле но в и те о д 1 7 9 до 1 9 5 о д Ур ед ба та за спр о ве д ув а ње на цар и нс к ио т з а ко н ( С л.в ес н ик н а Р М бр .6 6 /0 5 , во по на там о ше н те кс т : Ур ед ба ). И . П о да т о ци за по д но сит ел от на б а ра њет о 1. Наз и в:
2.
Се д иш т е:
3.
Дано че н бр о ј
4.
Дат ум и бр о ј на п о сто ј но то о до бр е н и е, до по л ну ва њ е/ изм ена на о до б рен ие
ако
се
по д не с ув а
б а ра ње
за
И И . П о да т о ци за испо л ну ва њет о на у сл о вит е за б а ра но т о по едно с т а ву ва ње 5. В и д на ев и де н ц и и што ги во д и по д но с и те ло т ( д а с е о п и ш е ) :
6.
По д ато ц и з а пр е д ло ж ен ат а о пш та гар а н ц иј а за о без бе д ув а ње ( д а с е н а в е д а т податоци за гарантот, обезбедување):
висината
и
рокот
на
важноста
на
инструментот
за
7.
Пр е дв и де н бр о ј на пр а т к и, ко и во те ко т на е де н м есе ц б и се д ек л а р ир а л е вр з о сно ва н а ло ка л но цар и не ње :
8.
Со по д не с ув ањ е на о в а бар ањ е изј а в ув ам е д ек а г и и с по л н ув а нм е с ит е ус ло в и во вр с ка со уво з ни т е за бр ан и и л и о гр а н ич ув а ња и м ер к и те н а тр го вс ка т а по л и т и ка, ко и ва жа т з а с то к ит е, з а ко и бар ам е по ед но ст а в ув ањ е.
9.
Со по д нс ув а ње то на о ва бар а ње и зј ав ув ам е де ка ц ар и н с ки т е пр о пи си н е см е г и пр е кр ш ил е по те ш ко и л и по ве ќе п ат и и де ка см е с и г ур н и цар и н ск и п л аќ ач и во по с л ед н и те тр и ка л е нд ар ск и го д и н и.
23
10.
(Пополнува месно надлежната царинарница)
По д но си т ело т на бар а ње то во д и е в ид е н ц ии , ко и н и о во зм о ж ув аа т н епр ече н и ко н тр о л и.
Да
Не
По д но си т ело т на б ар а ње то г и им а по дм ир е н о си те до с пе а ни о бвр с к и ко н м е с но на д ле ж н ат а цар и нар н и ц а и о с та н ат и те цар и н ар н иц и .
Да
Не
Да
Не
Да
Не
Да
Не
По д но си т ело т н а ба р ање то фи н ан с ис к и с та б и ле н.
е
с и г ур е н
и
По д но си т ело т на б ар а ње то г и им а по дм ир е н о си те да но ц и и пр и до не с и ко н У пр ав ат а з а ј авн и пр и хо д и н а Р М. По д но си т ело т на б ар а ње то не г и пр е кр ши л по те шко или по в еќ еп ат и цар и нс к и те и да но ч н и те пр о п ис и во по с ле д н ит е три ка ле н дар с ки го д и н и.
(Д е т а л и т е з а и с п о л н у в а њ е н а у с л о в и т е о д ч л е н 239 од ЦЗ да се наведат во прилог) .
Дат ум н а пр о вер ка на ус л о в и те
По т п и с
Печа т н а цар и нар н и ц иа та
24
11.
(Пополнува управа)
Централната
управа
на
Царинска
По д но си т ело т н а бар ање то во из м и н ат ио т тр иго д иш е н п ер и о д во за ко нс к и р о к г и по дм ир и л с во ит е о бвр с к и. По д но си т ело т на б ар а ње то г и им а по дм ир е н о си те до с пе а н и о б вр ск и ко н Це н тр а л на т а уп р а ва н а Ц ар и нс ка уп р ава .
Да
Не
Да
Не
Дат ум По т п ис на ус л о в и те
на
пр о в ер ка
Печа т н а цар и нар н и ца т а
И И И . С про ве ду ва ње н а по ед но ст а ву ва њет о 1 2 . Претходни царински постапки за стоките (да се означи, односно да се наведе соодветното): транзитната постапка во рамките на која бараме одобрение за употреба на поедноставување на формалностите кај одредишниот царински орган (статус на овластен примач) согласно со точка д) од став еден од член 249 од Уредбата и под услови од членовите од 250 до 255 и од 272 до 275 од Уредбата за спроведување постапки со економски ефект (да се наведат двоцифрени шифри на постапките) ____________ транзитна постапка, но не во рамките на одобрението за овластен примач за стоките не постои обврска да се стават на увид согласно со член 51 од ЦЗ Стока, за која се бара локално царинење:
(Список на стоките се приложува кон барањето)
25
13.
Бараните постапки за локално царинење (да се означи соодветното): (40) пуштање на стоките во слободен промет (41) пуштање во слободен приомет во рамките на постапката увоз за облагородување (систем на враќање на увозни давачки)
(51) увоз за облагородување (систем на одложено плаќање) согласно чл.128 ст.1
(а) од ЦЗ
(53) постапка на привремен увоз (61) повторен увоз со пуштање во слободен промет (71)ставање на стока во постапка на царинско складирање (4071) пуштање во слободен промет на стоки кои биле во постапка на царинско складирање друго (да се наведе постапката и шифрата на постапката) 14.
Место на приложување на стоките (да се наведат сопствените, односно другите простории каде што ќе наоѓаат стоките пред пуштањето во бараната постапка, како и времето на пуштање; царинската испостава и неговата шифра.):
15.
Царински орган(и), кој (кои) ќе биде (бидат) известен(и) за пристигнувањето и пријавувањето на стоките - да се наведе називот и шифрата на царинска испостава (во тек на работно време) и мобилната служба (вон работното време):
16.
Предложен начин на известувањето за пристигнувањето и пријавувањето на стоките кај надзорниот царински орган (да се означи соодветното): со факс со електронска порака со најава на пристигнувањето на стоките непосредно пред пристигнувањето со неделни најави врз основа на точка б) од став два од член 182 од Уредбата ве молиме да бидеме ослободени од соопштувањето на секое пуштање на стоките во постапка (во прилогот треба да се образложат посебните околности). Воедно се обврзуваме дека на надлежната царинарница ќе и ги доставиме сите податоци, коишто му овозможуваат да може по потреба да го спроведува своето право на преглед на стоките.
26
17.
Предложено време на пуштање на стоките во бараната постапка (да се означи соодветното, ако има повеќе локации, се наведеува времето на пушптање за скоја локација посебно):
по истекот на ....... минути од известување на царинскиот орган во моментот на запишување на стоктие во евиденцијата (кога имателот на одобрението е ослободен од соопштување на секое пропуштање на стоктие во постапка)
друго (да се наведе во прилогот) 18.
Пр е д ло ж е н и ца ри нск и о рга ни за по дн есу в а ње на до по нит ел нат а ца рин ска декл а ра ц иј а (д а с е н а в е д е н а з и в о т и ш и ф р а т а н а ц а р и н с к и и с п о с т а в и ) :
19.
Предложен рок за поднесување на дополнителната царинска декларација (да се означи соодветното)
месечно неделно 20.
Форма на дополнителната декларација (да се означи соодветното): образец ЕЦД
21.
Одоговорни лица за спроведување на бараното поедноставување (да се наведе името, презимето, функција во друштвото (подносителот на барањето), телефонскиот број и електронската адреса):
(Списокот на одговорни лица се приложува кон барањето)
22.
Други податоци кои можат да влијаат на одлуката за поедноставувањето:
Прилози:
список на стоките список на одговорни лица друго (да се наведе)
Име, презиме и потпис на подносителот на барањето:
27
Место и датум:
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 1. Упатство за поедноставени постапки – Акт на Царинската управа на Република Македонија бр.07-4127 2. http://www.customs.gov.mk – портал на Царинска управа на Република Македонија 3. http://www.kapital.mk/MK/prilozi_edicii.aspx.aspx/94852/lokalnoto_carinenje_j a_zgolemuva_konkurentnosta_na_kompaniite.aspx?iId=3115 4. http://www.akademik.mk/document/odobrenie-za-loklano-tsarinene-pri-uvoz 5. http://www.uslugi.gov.mk/Formular.aspx?FileName=%D0%9B%D0%BE%D0 %BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%20%D1%86%D0%B0%D1%80 %D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%9A%D0%B5%20%D1%83%D0%B2%D0 %BE%D0%B7-15.pdf&UslugaID=9a4fa4b1-9f29-456d-82bd-7444983b31b5 6. Службен весник на Република Македонија - број 66/2005 7. Службен весник на Република Македонија - број 39/2005
28